Екипата на Македонија Ѓорче Петров победнички се одјави од Првата лига на Македонија (ПМФЛ), со триумф над Силекс (4-2) во последното коло на шампионатот. „Лавовите“ и актуелниот Куп-освојувач одиграа ефикасен натпревар, кој заврши со триумф на екипата на Боби Божиновски. Силекс на овој меч беше без двајца од главните играчи, Дарко Додев и Дарко Анѓелески, кои се со националниот тим на Македонија. Домаќинот на дуелот поведе уште во 15. ...

Екипата на Тиквеш забележа сигурна победа во дуелот со Работнички (1-3) за крај на сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Кавадарчани имаат сигурен статус во ПМФЛ и за следната сезона, додека Работнички се сели во понизок ранг. Дуелот во Скопје беше за престиж затоа што се беше решено, а подобро на теренот се снајдоа гостите. Со три гола во мрежата на Ондоа, Тиквеш извојува висока победа и заслужено се радува на трите бода во ...

Ракометарките на Војводина и официјално обезбедија пласман во АРКУС лигата, откако во баражот за влез во елитното друштво убедливо го совладаа Железничар. Големи заслуги за успехот на Војводина има Андријана Будимир, која беше ангажирана за шеф на стручниот штаб од управата предводена од Тања Медвед. Двете претходно беа во Македонија, сега работат во Србија. Андријана Будимир зад себе има богата кариера, како освојувач на Лигата на шампионите ...

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, ја објасни својата одлука на списокот за претстојното Светско првенство да нема ниту еден фудбалер од Реал Мадрид. Одлуката предизвика бурни реакции во мадридската јавност, но шпанскиот стратег дипломатски стави крај на сите шпекулации околу изборот на играчи. „За среќа, јас не гледам од кој клуб доаѓа некој фудбалер. Гледам дали може да биде дел од репрезентацијата и дали заслужува да биде со нас на ...

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар се врати на тронот, но од денес врти нов лист. Човекот кој го донесе шампионскиот пехар Гоце Седлоски се посветува во целост на репрезентацијата, а црвено-црните се префрлаат под аргентинска палка. Кристијан Фабиани, Аргентинец со одлична фудбалска кариера, но релативно млад тренер, ја презема работата во таборот на Вардарци. 42-годишникот зад себе има фудбалска кариера во Јужна Америка, во која ...

Ракометарите на ГРК Охрид, по европскиот предизвик на гости кај Татабања, веднаш се враќаат на обврските во домашното првенство, каде што ги очекува последниот натпревар од сезоната против екипата на Тиквеш. Во пресрет на дуелот, своите очекувања ги сподели ракометарот на охриѓани, Дејан Кукуловски, кој истакна дека тимот го очекува тежок натпревар против мотивиран противник. „После натпреварот со Татабања ни следува и последниот натпревар од ...

Тренерот на Вест Хем, Нуно Еспирито Санто, не го криеше разочарувањето по испаѓањето на клубот од Премиер лигата и им се извини на навивачите за неуспешната сезона. Вест Хем за првпат по 15 години испадна од елитното англиско друштво, откако сезоната ја заврши на 18 место со 39 освоени бода. Во последното коло „чеканите“ славеа со 3-0 против Лидс, но тоа не беше доволно бидејќи Тотенхем го победи Евертон со 1-0 и обезбеди опстанок. „Тажни сме ...

Шкендија официјално потврди дека Јетон Беќири нема да остане на клупата на тетовскиот клуб и следната сезона. Соработката меѓу двете страни завршува по истекот на договорот со крајот на натпреварувачката сезона 2025/26, а од клубот соопштија дека по заедничка проценка е донесена одлука патиштата да се разделат. Беќири го презеде тимот во јануари 2024 година и во периодот минат на клупата на „црвено-црните“ остави значаен белег. Под негово ...

Тренерот на Комо, Сеск Фабрегас, не го криеше воодушевувањето откако неговиот тим обезбеди историски пласман во Лигата на шампионите. Комо во последното коло од Серија А славеше убедлива победа од 4-1 против Кремонезе и сезоната ја заврши на четвртото место, што носи директен настап во елитното европско натпреварување. „Кога пристигнав тука пред четири години како играч, се пресоблекувавме во бар. Немавме ниту спортски центар, трениравме на ...

Младиот фудбалер на Барселона, Гави, на емотивен начин ја дочека веста дека ќе биде дел од составот на Шпанија за претстојното Светско првенство. Шпанскиот репрезентативец преку телевизискиот пренос го следеше објавувањето на списокот од селекторот Луис де ла Фуенте, без претходно да знае дали неговото име ќе се најде меѓу повиканите фудбалери. Gavi’s reaction to the World Cup call after long injury, filmed by Lamine Yamal. ...

Аурелио де Лаурентис и Антонио Конте официјално ја потврдија разделбата по заеднички состанок по завршувањето на сезоната во Серија А. На стадионот „Диего Армандо Марадона“, двете клучни фигури на Наполи се појавија заедно на прес-конференција и практично го потврдија крајот на една ера. Конте официјално го потврди заминувањето и зборуваше за причините за разделбата. „Не сакав да знам ништо за идниот проект кога го повикав Де Лаурентис. ...

Белграно од Кордоба го забележа најголемиот успех во историјата на клубот победувајќи ја Ривер Плата со 3-2 во финалето на аргентинската Апертура 2026. „Пиратите“ стигнаа до шампионската титула со пресврт и тоа предизвика ерупција од ентузијазам кај навивачит,е кои го чекаа овој момент со децении. Тимот од Кордоба успеа да го сврти натпреварот кој се чинеше дека оди во корист на гигантот од Буенос Аирес, а потоа ја прослави историската ...

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, би можел да остане без историскиот рекорд за најмногу асистенции во една сезона во Премиер лигата, иако официјално во моментов има 21. Португалецот во победата на Јунајтед против Брајтон со 3-0 ја забележа својата 21-ва асистенција, откако од корнер го проигра Патрик Доргу за водство на „црвените ѓаволи“. Со тоа Бруно ги надмина легендите Кевин Де Брујне и Тиери Анри кои претходно го делеа ...

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, го објави списокот на фудбалери за претстојното Светско првенство. На списокот нема ниту еден фудбалер од Реал Мадрид, нешто што веќе се случи и пред Европското првенство во 2021 година кога селектор беше Луис Енрике. Де ла Фуенте реши да го изостави Дин Хујсен, кој беше на претходните списоци, а место немаше ниту за искусниот Дани Карвахал, како и за Алваро Карерас. Список на Шпанија за Мундијалот: ...

Новиот македонски репрезентативец Дин Аломеровиќ одговори на првиот повик од селекторот Гоце Седлоски. Бекот кој настапува со успех во Романија за УТА Арад ги сподели првите импресии на собирот. „Чувството е прекрасно, со голема чест и задоволство сум тука. Желба ми беше од мали нозе да дојде денот да заиграм за А-репрезентацијата. Порано бев член во сите младински категории, а сега фала му на Господ се најдов тука и во сениорскиот тим. Со ...

Фудбалската репрезентација на Македонија се собра во скопскиот хотел „Хилтон“ во пресрет на пријателските натпревари против Босна и Херцеговина и Турција. Селекторот Гоце Седлоски вторпат ќе ги поведе фудбалерите во уште еден циклус, овојпат од пријателски карактер. На списокот имаше неколку новајлии, а времето за подготовка за двата дуели е ограничено. Репрезентативците кратко ќе тренираат во Скопје. Потоа ќе отпатуваат за дуелот против ...

Антонио Конте и официјално го напушта кормилото на Наполи по две бурни, но и генерално успешни сезони во Неапол. Искусниот стратег вчера ја потврди разделбата на заедничката прес конференција со претседателот Аурелио Де Лаурентис. Конте зад себе остава значаен резултат, откако уште во првата сезона успеа да го врати Скудетото во Неапол, а оваа сезона тимот ја заврши како второпласиран во Серија А. Италијанецот го презеде Наполи во момент кога ...

Третолигашот Победа Валандово на уникатен начин ја заокружи шампионската сезона, откако последниот натпревар го одигра во специјално изработени маици посветени на Фолк Фест Валандово, ставајќи акцент на традицијата и духот на градот. Во свечена атмосфера, на клубот му беше доделен пехарот за освоеното прво место во Третата македонска фудбалска лига – Југоисток, со што и официјално беше крунисана успешната сезона. Фудбалерите, стручниот штаб и ...

Трофејот од Купот е освоен, излезот во Европа обезбеден, и со тоа е остварена главната цел на Силекс за оваа сезона. Кратовскиот тим денеска против Македонија ЃП ја „спушта завесата“ на натпревари во ПМФЛ, а потоа се фокусира кон настапите во Европа, во Лигата на Конференции. Силекс, сепак, посакува триумф на последниот натпревар против Македонија ЃП, за во голем стил да ја заврши сезоната и да замине на пауза. „Иако е ова последно коло, и ...

Работнички ќе ја заокружи лошата сезона со домашен натпревар против Тиквеш во 33. коло од Првата фудбалска лига. Планот е да се забележи победа и да се освојат три бода на последниот меч пред своите гледачи. „Ќе одиграме одговорно до крај, посакуваме да ги освоиме трите бода. Верувам дека со добар пристап можеме да стигнеме до успех“, вели тренерот Муарем Муарем. Натпреварот меѓу Работнички и Тиквеш се игра од 16:30 часот на Националната ...

Хаотични сцени го одбележаа крајот на натпреварот меѓу Раднички Крагуевац и Јавор во последното коло од српската Суперлига, кој заврши без победник 2-2, резултат што му обезбеди опстанок на домашниот тим во елитата. Според српските медиуми и снимките кои се појавија на социјалните мрежи, веднаш по последниот судиски свиреж дошло до голема мешаница на теренот и на трибините на стадионот „Чика Дача“ во Крагуевац. Дел од навивачите влегле на ...

Еурофарм Пелистер во сезоната 2025/26 ќе биде посилен за уште еден ракометар од Босна и Херцеговина. По потписот со Едвин Џелиловиќ, нов член на македонскиот клуб е и средниот бек Омер Мехмедовиќ. Овој 26-годишен ракометар потпиша на една сезона, со опција за уште една со деветкратниот македонски шампион. Мехмедовиќ е етаблиран ракометар, кој поникна во Грачаница, кратко играше во Барнбах Хофланд во Австрија, а во Битола доаѓа од Рико Рибница ...

Екипата на Охрид направи голем чекор кон освојување на ЕХФ Купот, откако на гостински терен славеше против Татабања со 28-29 во првиот финален натпревар. По мечот, играчот на охриѓани, Дарко Ѓукиќ, истакна дека неговиот тим го дал максимумот и дека оваа минимална победа е повеќе од вредна, иако остава простор за жалење. „Мислам дека го дадовме максимумот и стигнавме до минимална победа, која ако некој ни ја понудеше пред натпреварот сигурно ...

Фудбалерот со македонски корени, Милан Илоски блесна со три погодоци во натпревар полн со голови, во кој Интер Мајами ја совлада Филаделфија Унион со 6-4. Илоски имаше фантастичен старт, постигнувајќи два гола уште во воведните десет минути – најпрво во третата, а потоа и во десеттата минута, со што му донесе предност од 2-0 на својот тим. Сепак, мечот доби сосема поинаков тек, а Илоски својот трет погодок го постигна во судиското продолжение ...

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс извојуваа нова победа над Оклахома Сити Тандер со 103-82. Драмата продолжува во Западната конференција и серијата е повторно израмнета. Со победата на Сан Антонио Спарс над Оклахома, резултатот сега е 2-2. Актуелниот шампион на НБА дозволи брејк во првиот натпревар откако Вамбањама имаше неверојатен настап со 41 поен и 24 скока, но Оклахома го врати брејкот во третиот натпревар, изненадувајќи ги Спарси. ...

Шпански Овиедо остана без тренер, откако клубот официјално потврди дека Гиљермо Алмада повеќе нема да го предводи тимот. Искусниот Уругваец беше трет стратег на клупата сезонава, но не успеа да го спаси тимот од експресно враќање во понизок ранг. Сезоната ја започна српскиот селектор Вељко Пауновиќ, кој доби отказ по само осум кола. По него екипата од октомври до декември ја водеше Луис Кариљон, а на крајот изборот падна на Алмада. Сепак, ...

Алармот се вклучи низ цела Аргентина само неколку недели пред почетокот на Светското првенство. Лионел Меси беше принуден да го напушти натпреварот на Интер Мајами против Филаделфија со очигледен мускулен проблем, предизвикувајќи голема загриженост и во неговиот клуб и кај навивачите на „гаучосите“. Капитенот на Аргентина го одигра последниот натпревар за тимот од Мајами пред паузата за Светското првенство, кога на крајот од натпреварот ги ...

Вистински тест на почетокот на Ролан Гарос имаше најдобриот на сите времкња - Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер славеше против Џовани Перикард од Франција со 5-7, 7-5, 6-1, 6-4. Новак го извлече најдоброто од Перикард во првиот сет, 22-годишниот млад ас сервираше беспрекорно, имаше неверојатни 91% освоени поени на прв сервис и не му дозволи на Новак да го направи она што го прави најдобро и по што е најпознат во светот на тенисот, а тоа е ...

Tинекс Пролет се закити со титулата кадетски шампион на Македонија, откако скопскиот тин победи на „фајнал-фор“ турнирот што денес се одигра во Битола. Две тешки победи за помалку од осум часа извојуваа кадетит на Пролет, и тоа над Охрид и над Мулти Есенс. Противник во полуфиналето ни беше кадетскиот тим на Охрид, кој скопјани го совладаа со 34-25, а во мечот за титула Пролет го надигра Мулти Есенс со 37-34 (13-17). ...

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, победи на трката за Големата награда на Канада во Формула 1, која вечерва се возеше на патеката „Жил Вилнев“ во Монтреал. Дождот им создаваше проблеми на организаторите во текот на целиот ден, но не доволно за да предизвика какви било поместувања во плановите за старт и трката се одржа на релативно сува патека. Тоа ни донесе голема драма, пред сè од технички причини. Почетокот понуди дуел меѓу двајцата ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
70%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
64%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.76
76%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
52%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.7
52%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
72%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
68%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.66
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59