Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Македонската поетеса и писателка Билјана С. Црвенковска ќе биде специјална гостинка на 36. издание на културната манифестација „Денови на македонската поезија во Шведска“, која денеска ќе се одржи во Градската библиотека во Гетеборг. Настанот традиционално го организира Македонскиот сојуз во Шведска и секоја година претставува место за средба на македонските автори и љубителите на литературата што живеат во оваа скандинавска земја. Во рамки ...
Стручната книга „Превентивна стоматологија“, во издание на „Арс Ламина“, ќе биде промовирана на 16 октомври (петок), со почеток во 10:30 часот, во амфитеатарот на Стоматолошки факултет во Скопје. Кон делото ќе се осврнат промоторите: проф. д-р Дејан Марковиќ, кој специјално за овој настан доаѓа од Белград, проф. д-р Мира Јанкуловска и уредничката Бранка Бугариска. На настанот ќе се обратат и дел од авторите: Елизабета Ѓоргиевска (уредник), ...
Со концерт на Камерниот оркестар на Битола, вечерва ќе биде затворено јубилејното 35. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“. Под диригентската палка на Владимир Димовски, оркестарот ќе настапи во Офицерскиот дом, со виолинистот Емир Имеров од Германија како солист. Годинашното издание собра реномирани музички уметници од Македонија, Унгарија, Италија, Косово, Франција и Германија. Во рамките на фестивалската ...
Со промоција на блу-реј изданието на македонскиот игран филм „Македонска крвава свадба“ на Трајче Попов од 1967 година, кој е екранизација на истоимената драма на Војдан Чернодрински од 1900 година, денеска напладне во Кинотека ќе се одбележи 27 Октомври – Светскиот ден на аудиовизуелното наследство Филмот беше дигитализиран во 2025 година како дел од проектот „Сезона на филмски класици“ инициран и координиран од Асоцијацијата на европски ...
Институтот за македонска литература го промовира зборникот на трудови „Траумата во литературата“ и презентација на резултатите од истоимениот научноистражувачки проект на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, поддржан од Министерството за образование и наука на РС Македонија. Промоцијата ќе се одржи на 29 октомври 2026 г. во 12 часот во конференциската сала на Институтот за македонска ...
Актерката Весна Димитровска ја освои наградата за „Најдобра актерка“ на 31. издание на Меѓународниот фестивал на истражувачки театар „Isola dei Teatri“ („Остров на театрите“) што се одржа во Сасари, Сардинија, Италија. Димитровска наградата ја доби за изведбата на монодрамата „Кога земјата молчи“, инспирирана од култниот роман „Пиреј“ на македонскиот писател Петре М. Андреевски, со која таа имаше премиерна изведба пред италијанската публика. ...
Јубилеј што го истакнува придонесот на Силјан во вреднувањето, афирмацијата и зачувувањето на македонското книжевно наследство По повод четириесет години од објавувањето на „Пронајден облик“ (1986), првата авторска книга на Раде Силјан со критики и есеи, објавена е неговата нова книга „Поетски облици на времето“, во издание на „Матица македонска“. Јубилејот го насочува вниманието кон значаен придонес во македонската книжевност и култура: ...
Романот ги поврзува насилството во општеството и притисокот во семејството со прашањето за правото на сопствен избор. „Матица македонска“ го објави на македонски јазик романот „Загубениот збор“ од турската писателка Оја Бајдар. Во него, политичкото насилство и семејните односи се поврзуваат преку прашањето колку сме подготвени да им ја признаеме на другите слободата што ја бараме за себе. Романите на Бајдар се објавени на 38 јазици, а меѓу ...
Во населбата Ѓорче Петров вчера беше отворено новото ликовно ќоше „Бои и вино“, наменето за сите возрасни групи, љубители на уметноста и креативното изразување. Учесниците имаа можност да ја разбудат својата креативност и да сликаат на платно, инспирирани од темата „Алиса во земјата на чудата“. Најмладите, пак, заедно со логопетката Јулијана Секулоска, спец. клинички логопед во логотеката „Пеперутка“, преку боење дрвени лалиња и картонски ...
Новиот „Германско-македонски училиштен речник“, од авторскиот тим д-р Валентина Илиева, м-р Кристина Крстевска, м-р Симона Монавчева и д-р Николче Шулевски, неодамна излезе од печат во издание на „Арс Ламина“. Изданието е наменето првенствено за учениците од основното и средното образование, но и за сите љубители на германскиот јазик. Со практични преводи на македонски јазик, тој им помага на читателите полесно да го разбираат значењето на ...
Тринаесеттото издание на фестивалот, под темата „Crafting Tomorrow“, од 21 до 27 ноември ќе обедини дизајнери од Европа и Македонија, архитектура, современо занаетчиство, одржливи практики и нови генерации креативци. Од 21 до 27 ноември, Скопје повторно ќе стане регионална и меѓународна точка на средба на дизајнот, креативните индустрии и современите идеи. Тринаесеттото издание на Skopje Design Week, под темата „Crafting Tomorrow“, ќе ја ...
На изложбата „Средба во пејзажот“, во рамките на проектот „Несовршен простор 9“, во галеријата „Метаноја“ во Скопје, на 3 ноември му беше доделена наградата „Владимир Георгиевски“ на уметникот Трајче Чатмов. Во составот на овогодинашното жири за наградата беа: Синиша Новески – скулптор, Јасминка Намичева – историчарка на уметноста и Виш кустос – советник и Перо Георгиев – архитект. Пред присутните се обрати Јасминка Намичева, која ја ...
Францускиот институт во Скопје и издавачката куќа „Илика“ организираат книжевна средба и промоција на македонскиот превод на романот „Настанот“ од Ани Ерно, добитничка на Нобеловата награда за литература во 2022 година. На средбата ќе говорат Катерина Шекутковска, уредничка во издавачката куќа „Илика“, и Елисавета Поповска, преведувачка на романот „Настанот“ и професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Настанот ќе се одржи ...
Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје денеска беше промовирана дигиталната туристичка платформа „Македонија 360“ (Macedonia360.mk), која овозможува виртуелно истражување на природното, културното и историското наследство на земјата преку 360-степени панорами, виртуелни прошетки и видео содржини. Платформата, како што беше посочено на промоцијата, претставува национална интерактивна дигитална мапа со повеќе од 500 локации ...
Во галеријата „Остен“ на 5 ноември, во 19 часот, ќе биде отворена самостојната изложба на португалскиот уметник Луис Филипе Родригез со наслов „Од планината до морето“. Преку изложените дела, уметникот истражува апстрактни пејзажи со имерзивен, монументален и медитативен карактер. Овој сегмент од неговото творештво се одликува со дела во голем формат, со чиста монохроматика на графитот. Во оваа тематски заокружена самостојна изложба, Луис ...
Во галеријата „Gallery MC“ во Њујорк беше отворена самостојната изложба „Trapped in the Nets“ на македонскиот визуелен уметник Сашо Блажес. Како што соопштува Блажес, изложбата, која трае до 10 ноември, обединува слики од голем формат на синтетичко церадно платно и дела на алуминиум со примена на смола и мрежа. Ликовниот уметник Иванчо Талевски, во својот осврт кон изложбата вели дека Блажес се свртува кон водите на Охридското Езеро, не само ...
Ансамблот на Македонскиот народен театар (МНТ) вчеравечер настапи на отворањето на 22. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора, каде ја изведе претставата „Страв и надеж“, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат. Изведбата, како што велат од МНТ, била проследена со срдечен аплауз од публиката, која со топол прием ја поздравила посветеноста и уметничката енергија на македонскиот ансамбл. Од МНТ истакнуваат дека актерите ...
Македонската поп пејачки Тамара Тодевска ја објави својата нова песна „Нијагара“ и видеоспот за истата. „Со задоволство Ви ја споделувам мојата нова песна и видеоспот – „Нијагара“. Брза и динамична, но со порака во која верувам дека многумина ќе се пронајдат“, напиша Тодевска. За прв пат, наведе пејачката, и јас се јавувам како една од авторите на текстот и музиката, заедно со мојот соработник и пријател Лазар Цветкоски. Дума.мк Сподели: ...
Калиопи Букле и Жељко Самарџиќ направија промоција на дуетската песна која го носи името „Знам“. Песната ја напиша поранешниот сопруг на Калиопи, Ромео Грил, кој е и композитор, со кој пејачката остана во добри односи, а тој и неговата сопруга присуствуваа на конференцијата, пишува „Нова.рс“. Регионалната ѕвезда Калиопи во изјава за медиумите откри дека во кариерата не снимила многу дуети бидејќи верува дека вака се дели душата со некого, но ...
Летово од вселената ќе биде отворен фестивалот „Егзит“ на Петроварадинската тврдина, велат организаторите. За отворањето на шести јули се подготвува изненадување во соработка со новосадското здружение со необично име: Комитет за развој на вселенската програма. Така, можеби уште повеќе ќе одекне еден од најдобрите европски фестивали, забавна индустрија која со години ги урива сопствените рекорди на посетеност и не е целосно прекината ниту за ...
Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот рецепт за музички хит, затоа што и овојпат нивната нова песна „Кажи ми во лице“ е полн погодок, односно мелем за уши. Музичкото дуо Дупер го објави најновиот музички проект „Кажи ми во лице“ и за само неколку часа го украде вниманието на јавноста. Преку најновата песна „Кажи ми во лице“ успеаа со поинаков пристап, да го искажат својот автентичен музички стил со заразни мелодии и ...
Дружењето со велешката публика Андријана Арлен, вчера вечер, во „Пијано бар“ во Велес го отвори со изведба на авторска композиција. Потоа велешанката која 20 години живее, работи и изгради кариера во Шведска мотивираше млада присутната публика самостојно или со нејзина помош да изведе композиции на пијано. На нејзината промоција своја пијано изведба имаше и младиот и талентиран пијанист Никола Спасевски од Велес. Исто така на прес ...
Во денешниот празничен петок ги објавуваме најновите 10 афоризми што за читателската заедница на Дума.мк ги создаде афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски. Тие гласат: Непоткованите галопираат кон политиката. Неоткриениот талент е како неизострен молив. Брачните бродоломи започнуваат со подводни струења, а завршуваат со бури. Никогаш не сум победил. Секој противник ми се предал без борба. Вдовиците ги фалат мажите, а нив ги фалат женетите ...
– Кога ќе се гледаат со повнимателно око скулптурите на Башески, станува јасно дека постигнувањето сличност со моделот е само воведен дел од една намера која под тој надворешен слој носи многу посложени интенции. Тие човечки тела чија епидерма предизвикува почит кон вештината на авторот во подражавањето на природата, секогаш сакаат да ни соопштат некои подлабоки вистини, посочи, меѓу другото, академикот Влада Урошевиќ на пристапната изложба ...
Новиот руски теренец е подготвен за производство: Дизел, погон на сите тркала и 7 седишта – кога ќе се појави во продажба? Еден од најинтересните руски автомобилски проекти во последните години се приближува до сериско производство. Станува збор за голем теренец со дизел-мотор, погон на сите тркала, седум седишта и конструкција со посебна носечка рамка, кој треба да понуди далеку посериозни теренски способности од типичните модерни кросовери. ...
Жива геометрија и апсолутен минимализам: Како Хаим Махлев го револуционизираше концептот на модерното тетовирање Во современиот свет на визуелната уметност, тетоважата одамна го надмина статусот на едноставно украсување на телото или знак за припадност кон маргинални субкултури. Денес таа е сложен, повеќедимензионален јазик на самоизразување, во кој мајстори од целиот свет се натпреваруваат во пронаоѓање нови форми и препознатливи стилови. Но ...
Дамјан Стојаноски премиерно ја претстави „Таму негде леринско“, песна што ја носи болката на Егејот, по речиси три децении, добива ново музичко руво и моќна визуелна приказна. Дамјан Стојаноски вчера премиерно ја претстави својата најнова песна „Таму негде леринско“, композиција со силна емотивна порака која длабоко навлегува во маките, болката и тешките судбини на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Песната е дело на познатиот ...
Како би изгледала Македонија под целосна државна контрола, населена со репликанти или преобразена од науката? Трилогијата „Апокалипса.мк“ на Бранко Прља отвора три различни погледи кон иднината, со многу траги од нашата сегашност. Обновената страница на трилогијата, со анимирана дистописка сцена, музичка позадина и PDF-извадоци од трите романи, е повод повторно да ги посетиме овие можни светови. Поводот за ова враќање кон трилогијата ...
Фестивалската сцена во Штип е подготвена да ги пречека новите музички имиња, авторски композиции и рефрени кои допрва ќе ја освојуваат публиката. Вечерва започнува 41. издание на „Макфест“, фестивалот кој повеќе од четири децении е нераскинлив дел од македонската музичка традиција и едно од најзначајните случувања во културниот живот на градот. Подготовките се целосно завршени, а уметничкиот директор Роберт Саздов најавува уште еден ...
Насилството помеѓу децата и младите, со акцент на булингот и сајбербулингот, е тема на тридневната филмска работилница за ученици во основните училишта „Снимај паметно, остави трага“, која ја организираат Меѓународниот филмски фестивал Киненова и Општина Кисела Вода во Скопје. Работилницата се одржува во Домот на културата „Билјана Беличанец“, под менторство на режисерката Марија Џиџева. Проектот има за цел да ги трансформира паметните ...