Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на турската Општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу, вечерва свечено го пуштија во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост. На официјалната церемонија присуствуваа и турскиот амбасадор Алпер Акташ, извршниот директор на Халк Банка, Фатих Шахбаз, како и почесниот конзул Ајдован Адемоски. Во своето обраќање пред присутните гости и граѓани, ...

Поради верскиот празник Задушница, денеска има посебен режим на сообраќај на улиците кои водат кон гробиштата во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. Кон градските гробишта Бутел сообраќајот се одвива еднонасочно, кружно. Возилата се упатуваат по улицата „Бутелска“, лево по „Александар Урдаревски“, потоа лево по „Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата. За излез од гробиштата, возилата се движат десно по „Боца Иванова“ ...

Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција спроведува истрага против организирана криминална група осомничена за изнуда, лихварство, перење пари, закани и насилство. Засилено полициско присуство и специјални полициски сили утрово се забележани на повеќе локации во Куманово, каде што, според неофицијални информации, се спроведува обемна полициска операција насочена кон разбивање на организирана криминална мрежа. Во фокусот на ...

Се огласија и од Обвинителството и од МВР за денешната акција која се спроведува во Куманово, а во која се апсат осомничени за изнуда, лихварство, уцени и изнуда. -Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција координира дејствија на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР. Врз основа на наредби обезбедени од надлежното јавно обвинителство се ...

Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата значајна улога на транснационално ниво во борбата против недозволена трговија со дрога. Неофицијално дознаваме дека по брза размена на информации од страна на Одделот за криминалистичка полиција при МВР и службата за борба против дрога на САД-ДЕА, од страна на германската полиција запленети се над 300кг кокаин, кои биле скриени во товарен контејнер со банани, кој од Еквадор допатувал на ...

Полицијата соодветно реагираше и целосно го институционализираше случајот со цел во јавноста да не се шират шпекулации и неточни информации. Ова денеска во СВР Струмица го истакна директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, изнесувајќи ја деталната хронологија на трагичниот настан во кој животот го загубија 17-годишната девојка и нејзиното 21-годишно момче. Неживото тело на девојката беше пронајдено во опожарено ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 1 ноември до денеска, полициските службеници постапувале по вкупно 25 пријави за семејно насилство и насилство во партнерски односи. Инцидентите биле регистрирани на подрачјата на Скопје, Куманово, Кочани, Штип, Велес, Охрид, Гостивар, Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Берово, Струга, Кичево, Свети Николе и Струмица. Во рамки на преземените мерки по пријавените случаи, ...

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, соопшти дека пет лица ќе бидат опфатени со кривична пријава по големата полициска акција во Куманово, во која беше уапсен Драган Петровски, познат како Штука. Според Јанев, претресите биле извршени во раните утрински часови од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со специјалните полициски единици. При претресите биле пронајдени поголема ...

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно отстрани две минофрлачки гранати од 75 mm од Прва светска војна што биле пронајдени на локација каде што се работи на изградба на автопатот Битола – Прилеп. Местото на минско експлозивните средства (МЕС) прво било обележано по што, тоа место, а и поблиската околина ги проверува стручно лице за да провери дали има уште такви или други заостанати неексплодирани убојни средства (НУС). Конкретно, ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска соопшти дека реформите поврзани со европската агенда остануваат во фокусот на Владата, при што се работи на унапредување на транспортот, комуникациите и реализација на инфраструктурни проекти. -Работна сабота – Реформите за ЕУ во фокус. Реализираме реформи за подобрување на транспортот, комуникациите, изградба на автопати, железница, реформи и инвестиции – напиша Николоски ...

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека денеска се одржал состанок посветен на Реформската агенда, на кој биле разгледани тековните активности и спроведувањето на предвидените реформи. -Денеска се одржа состанок посветен на Реформската агенда, на кој во фокусот беа тековните активности, приоритетите и динамиката на спроведување на предвидените реформи – овјави Мицкоски на Фејсбук. Тој посочи дека посветеноста на реформскиот процес ...

Раководителка на штедилница во Кавадарци е осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани, информираа денеска од Јавното обвинителство. -Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против едно лице и презема предистражни дејствија поради сомненија за повеќе кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување, Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем и Проневера во службата. ...

Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата. Филипче и неговите партнери, свесно шират лаги и манипулации за случајот со Алта банка, случај кој постои во друга држава, но не и Македонија, изјави Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Филипче и неговите партнери, од петни жили се обидуваат сликите од немирите во другите држави да ги пренесат во ...

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание обедини 40 учесници од Македонија, САД, Азербејџан, Турција, Египет, Јапонија, Непал и Авганистан, кои преку менторство, предавања, работилници и групни проекти ги развиваа своите лидерски вештини и работеа на практични ...

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години на чело со селекторот Иљами Исејни ќе биде дел од квалификацискиот турнир којшто ќе се одржи во Трабзон, Турција, во периодот од 11 до 17 ноември. Македонија се наоѓа во натпреварувачка група заедно со домаќинот Турција, Сан Марино и соодветната селекција на Унгарија. По тој повод денеска, селекторот Исејни го објави и официјалниот список на репрезентативци на кои ќе смета за претстојните ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави посебна мерка за полесен почеток и поддршка на младите семејства во Скопје. Со оваа мерка, младите брачни парови до 40 години и самохраните родители што сакаат да изградат свој дом ќе бидат ослободени од делот од надоместокот за уредување на градежното земјиште што му припаѓа на Град Скопје – односно 60% од вкупните комуналии, за објекти во рамките на Генералниот урбанистички план на ...

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои сомнение дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и дејствија на перење пари и изнуда, информираат од ЈО. За тројца од нив во текот на денов до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерка притвор, додека четвртиот веќе ...

Полициски службеници од ОВР Кочани лишиле од слобода 43-годишно лице од Кочани, осомничено дека во изминатиот период извршило четири тешки кражби во домови на подрачјето на градот. Како што информираат денеска од Министерството за внатрешни работи, по преземени оперативни мерки и активности, полицијата го привела Д.С. (43), по што, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом. При претресот биле пронајдени и одземени предмети за ...

Кривичниот суд ги прифати барањата на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за осомничените за лихва во вчерашната акција во Куманово. Два притвора, еден куќен притвор и за еден осомничен определени се мерки на претпазливост. Првоосомничениот Драган Петровски – Штука ќе оди во 30-дневен притвор поради опасност од бегство, повторување на делото или довршување на кривичното дело, како и опасност од попречување на ...

Полициски службеници ноќеска лишиле од слобода 56-годишен жител на Охрид, откако бил фатен како управува патничко возило под дејство на алкохол. Возачот бил сопрен на регионалниот патен правец меѓу Струга и Охрид, по што веднаш бил исклучен од сообраќајот. Инцидентот се случил околу 01:10 часот по полноќ, кога полициска патрола извршила контрола врз автомобил марка „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.Н. (56). При ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 34-годишен жител на градот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Узурпација на недвижности“ според член 225 од Кривичниот законик. Случајот е процесуиран по спроведени проверки од страна на надлежните полициски служби. Според официјалните информации од полицијата, пријавениот во текот на 2025 година противправно зазел и узурпирал ...

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Н.Н. (60) од Гостивар. Постапката се води под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело трговија со луѓе по ...

На 5 ноември 2026 година, во 23:30 часот, во СВР Охрид било пријавено нарушување на јавниот ред и мир на улицата „Ристо Чадо“ во градот. Според официјалната пријава, едно лице викало и агресивно се однесувало кон 54-годишниот охриѓанец Ј.П., по што со стаклен предмет го оштетило неговото патничко возило од марката „Форд“. Од СВР Охрид соопштуваат дека полициски службеници веќе преземаат конкретни мерки за целосно расветлување на настанот, по ...

На 06.11.2026, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Н.Н.(60) од Гостивар за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, по член 418-а, став 1 од Кривичниот ...

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата од опозициската СДСМ дека Владата го фингира јавниот долг рече: „Го прочитав и тоа соопштение од опозициската СДСМ. Затоа е добро да јавното обвинителство се занимава со ова кривично дело саботажа, бидејќи ова што го зборуваат не е само дневна политика. Ова е многу подлабоко од тоа и навлегува во темелите на ...

На 556 пензионери кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички, денеска им се исплатени средства од „АЛТА банка“ АД Битола, во филијалата во Битола, иако според првичниот план се очекуваа околу 400 исплати, информираа од Народната банка. Исплатата на средствата се одвиваше во најдобар ред. Иако за денеска преку СМС-пораки беа повикани околу 400 граѓани, на шалтерите беа услужени сите граѓаните кои немаат ...

Штедачите и доверителите на Алта банка не треба да подлегнуваат на шпекулации и обиди за создавање паника. Државните институции внимателно го следат целиот случај, а граѓаните целосно ќе бидат обештетени дури и доколку финансиската институција замине во стечај. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски посочи дека опозицијата намерно се обидува да создаде страв кај граѓаните и да го искористи случајот за политички поени. Во својата изјава ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку објава на својот Фејсбук-профил најостро ги демантираше и ги отфрли како невистинити денешните наводи изнесени во соопштението на СДС. Таа категорично ги отфрли обвинувањата за какво било незаконско или противправно постапување, нагласувајќи дека податоците за јавниот долг се официјални и се засноваат на релевантни информации од сите надлежни институции, согласно нивните законски ...

За забрзување на процесот на енергетска транзиција, покрај усогласувањето на законските одредби, неопходни се континуирани вложувања во развојот на паметна дистрибутивна мрежа што ќе овозможи напредок на пазарот. Според податоците од социо-економската студија „Бела книга“, изработена од Економскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, вкупните инвестиции на ЕВН Македонија ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ги отфрли наводите изнесени во соопштението на организаторите на иницијативата „Разговори за иднината во 12:05“, категорично негирајќи дека Министерството за финансии интервенирало во работата на Народната банка или влијаело врз нејзините одлуки. Во реакцијата објавена на социјалните мрежи, Димитриеска-Кочоска оцени дека изнесените тврдења се целосно неточни и неосновани и претставуваат ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
44%
1026
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
61%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
3.09
59%
1027
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
76%
1026
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.32
72%
1027
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
78%
1027
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
5.36
59%
1024
weather icon

Тирана

18ᴼ / 17ᴼ
2.57
53%
1021
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
55%
1022
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 7ᴼ
5.14
65%
1027
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
53%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
7.72
85%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Платина

49319.25