Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Осумнаесетгодишна девојка од скопско пријавила во полиција дека била физички нападната од своја другарка додека се возеле во такси возило. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје во 05:40 часот, а според пријавата, инцидентот се случил околу 04:44 часот. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности. ...
Три малолетни лица биле физички нападнати од група врсници во скопската општина Аеродром, информира Министерството за внатрешни работи. Според пријавата, случајот бил пријавен на 1 ноември во СВР Скопје од 49-годишна жена, која навела дека нападот се случил претходната вечер, околу 21:45 часот. Во нападот биле нејзиниот малолетен син и негови двајца другари, а според пријавеното, дел од напаѓачите им биле познати. Од МВР соопштија дека се ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во соработка со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност, учествуваше во меѓународна координирана операција насочена кон разбивање на транснационална криминална мрежа која се занимавала со организирани инвестициски измами преку интернет. Како што соопштија од Обвинителството, акцијата била спроведена со поддршка и ...
Скопјанец кој во 2024 година како администратор на фејсбук-страница незаконски и неовластено преку јавна објава на страницата емитувал ексклузивни авторски права на ТВ-серија, кои биле отстапени само за програмски сервис на телевизиска куќа, врз основа на претходно склучен договор заработи кривична пријава за сторени кривични дела „повреда на авторско право и сродни права“ и „пиратерија на аудиовизуелно дело“. Во согласност со пријавата од ...
Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против 30-годишниот Б.Ч. од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, при полициски преглед на патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал пријавениот на ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 45-годишен жител на струшкото село Подгорци поради сомнение дека извршил кривични дела „пустошење на шуми“ и „кражба“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, случајот бил откриен на 16 октомври 2026 година, кога заеднички патроли составени од полициски службеници од ОВР Струга и Шумската полиција извршиле контрола во планинскиот појас над селото Подгорци. При ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против четири лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари и изнуда. За тројца од нив е доставен предлог за определување мерка притвор до судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје. Четвртиот осомничен одреден период е надвор од државата. Според ОЈО ГОКК, групата ја формирал првоосомничен, жител на Куманово и во периодот од ...
Од јануари до септември годинава вкупно 1.337 кривични дела поврзани со семејно насилство се регистрирани на територијата на државата, за кои се пријавени 1.388 сторители и 1.433 жртви, информира Министерството за внатрешни работи. Најголем дел од сторителите се мажи, а од жртвите жени, а во истиот период полицијата регистрирала и 191 прекршок поврзан со семејно насилство како и 3.869 поплаки за семејно насилство. Од Министерството за ...
Шеесет и осумгодишен жител на Скопје се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Дижонска“ во скопската населба Чаир, информира Министерството за внатрешни работи. Според полициските информации, несреќата била пријавена на 5 ноември околу 15 часот, кога товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Б. Л. од Скопје, удрило во пешакот Л. М. (68) од Скопје. Во несреќата, ...
Жителите на дел од улицата „Борка Талевски“ во скопската општина Центар денеска ќе останат без вода поради дефект на водоводната мрежа. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот во водоснабдувањето е предизвикан од уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри, на крстосницата меѓу улиците „Борка Талевски“ и „Апостол Гусларот“. Без вода ќе бидат корисниците на улицата „Борка Талевски“, на потегот од ...
Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека денеска се одржал состанок посветен на Реформската агенда, на кој биле разгледани тековните активности, приоритетите и динамиката на спроведување на предвидените реформи. Во објава на Фејсбук, Мицкоски посочи дека во фокусот на состанокот биле клучните реформски процеси и нивната реализација. „Денеска се одржа состанок посветен на Реформската агенда, на кој во фокусот беа тековните активности, ...
Во изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на Македонија лишиле од слобода 17 лица, а со уште едно лице бил извршен службен разговор поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, информира Министерството за внатрешни работи. Од МВР соопштија дека најголем дел од случаите се однесуваат на управување возила без положен возачки испит. Десет лица биле затекнати како возат без да имаат ...
Пет украински региони останаа без електрична енергија по новиот бран масовни руски напади врз енергетската инфраструктура, соопшти украинското Министерство за енергетика. Без струја останаа делови од регионите Дњепропетровск, Доњецк, Киев, Житомир и Харков, каде што, според украинските власти, се оштетени преносните и дистрибутивните електроенергетски мрежи. Засега не е соопштено колку домаќинства се погодени од прекините во снабдувањето. ...
Продажбата на паметни телефони во светот забележала значителен пад во третиот квартал од 2026 година, достигнувајќи го најниското ниво за овој период од 2012 година, покажуваат податоците на „Каунтерпоинт рисрч“. Според анализата, во периодот јули-септември биле продадени 20 отсто помалку паметни телефони во споредба со истиот квартал минатата година. Како главна причина за падот се наведува недостигот на мемориски компоненти, особено ...
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски како претседател на ЗЕЛС заедно со колегата од Хрватска, Иван Гулам, копретседаваше со 26. седница на Заедничкиот консултативен комитет, чиј домаќин е Скопје. -Како градоначалник на Скопје и претседател на ЗЕЛС, мојата порака е јасна, дека европската иднина се гради во секоја општина, во секое населено место, на секоја улица. Таа треба да се почувствува преку поквалитетни услуги, современа ...
Град Скопје ја прифати иницијативата на советничката група на Левица со која се предвидува ослободување на младите брачни парови од плаќање на делот од надоместокот за уредување на градежното земјиште што му припаѓа на Градот, при изградба на нивната прва семејна куќа. Од Левица информираат дека целта на мерката е да се намали финансискиот товар врз младите семејства и да се олесни пристапот до сопствен дом, во услови на зголемени трошоци за ...
Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска присуствуваше на завршниот настан и промоцијата на стрипот „Од збор до збор – чекори кон пријателство“, создаден преку заедничката креативна работа на учениците од ООУ „Александар Македонски“ од Аеродром и ООУ „Живко Брајковски“ од Бутел. Преку овој проект, поддржан од Министерството за образование и наука, учениците испратија силни пораки за почитување, толеранција, прифаќање на ...
Со усвојувањето на ребалансот на буџетот на Град Скопје се обезбедени средства за изградба на две нови средни училишта во главниот град – „Кочо Рацин“ во општина Ѓорче Петров и „Браќа Миладиновци“ во Драчево, општина Кисела Вода, информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Според најавата, двата објекти ќе бидат изградени со сопствени средства на Град Скопје, со цел да се обезбедат подобри услови за учениците и наставниот кадар. „Ниту едно ...
Општина Карпош вечерва продолжува со одбележувањето на 50-годишниот јубилеј од своето основање со музичка забава на која ќе настапат Кирил Џајковски и DJ collective – Sempre. Настанот ќе започне во 21 часот и ќе се одржи на отворено, пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во препознатливиот електронски звук, ритам и енергија на еден од најпознатите македонски музички автори. Од Општина ...
Поради верскиот празник Задушница, утре во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим со цел да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот при очекуваната зголемена фреквенција на возила и посетители околу градските гробишта. Најголеми измени ќе има во близина на гробиштата Бутел, каде од 6 часот наутро ќе биде воспоставен еднонасочен кружен режим на движење. Возилата ќе се движат по улицата „Бутелска“, потоа ќе продолжуваат лево по ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска оствари средба со претставници на ГРЕКО (Група на држави против корупцијата), на која се разговарало за спречување на корупцијата и зајакнување на интегритетот и отчетноста на локално ниво. Ѓорѓиевски посочил дека довербата на граѓаните се гради преку одговорно работење и транспарентни постапки, a на средбата било разговарано и за поголема одговорност на службите и градоначалниците, како ...
Камениот мост, едно од најпрепознатливите обележја на Скопје, доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое вечерва свечено беше пуштено во употреба. На свеченоста присуствуваа градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу, амбасадорот на Турција во Македонија, Алпер Акташ, извршниот директор на „Халк банка“, Фатих Шахбаз, како и почесниот конзул Ајдован Адемоски. Со ...
Поради одбележувањето на верскиот празник Задушница, денеска во Скопје е воведен посебен режим на сообраќај на улиците што водат кон градските гробишта, информира Министерството за внатрешни работи. Кај градските гробишта Бутел сообраќајот се одвива по еднонасочен кружен режим. Возилата се движат по улицата „Бутелска“, потоа лево по „Александар Урдаревски“, повторно лево по „Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата. За излез од ...
Претседателот на Парагвај, Сантијаго Пења, денеска објави дека поднесува оставка од функцијата, откако банкарската криза во земјата прерасна во сериозна политичка криза, а во парламентот се водеа расправи за негово можно отповикување. Во видео-обраќање објавено на социјалната мрежа Икс, Пења, кој беше избран за претседател во 2023 година, соопшти дека одлуката ја донел во интерес на државата. „Одлучив да се повлечам од функцијата претседател ...
Полските разузнавачки служби привеле шест лица под сомнение дека набавувале компоненти за производство на оружје и муниција, кои потоа биле испраќани во Русија, соопштија локалните власти. Меѓу приведените се 37-годишна руска државјанка и петмина полски државјани на возраст од 25 до 52 години, информираше министерот задолжен за координација на разузнавачките служби, Томаш Сјемонијак. Според полските медиуми, акцијата ја спровела Агенцијата за ...
Осум лица загинаа, а едно лице е тешко повредено во вооружен напад што се случил во три села во западниот дел на централна Турција. Напаѓачот сè уште не е пронајден, а турската полиција трага по осомничен кој, според сведоштва, избегал од местото на настанот со црвен автомобил. Од канцеларијата на гувернерот на областа Афјонкарахисар информирале дека нападот се случил во раните вечерни часови во рурално подрачје во близина на истоимениот ...
Италијанската влада предлага нова даночна мерка со која би се оданочувале богатите инвеститори што го менуваат даночното живеалиште и ја напуштаат земјата. Според предлогот за буџетот за 2027 година, лицата кои ќе ја напуштат италијанската даночна јурисдикција би можеле да платат данок од 26 проценти на добивката остварена од зголемувањето на вредноста на нивниот имот, дури и ако средствата сè уште не се продадени. Мерката, позната како ...
Соединетите Американски Држави воведоа нов пакет санкции против поединци и компании поврзани со Куба, насочени кон клучни сектори од економијата и структури кои, според Вашингтон, се поврзани со кубанските вооружени сили. Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека мерките опфаќаат транспортна мрежа за сурова нафта, државни претпријатија, како и добавувачи со седиште во Кина кои, според САД, ги снабдуваат кубанските воени ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони побара Европската Унија да воспостави единствен и координиран пристап во преговорите за завршување на војната во Украина, оценувајќи дека сегашниот начин на настап ја намалува веродостојноста на европската дипломатија. Во писмо испратено до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, Мелони предупредува дека одржувањето состаноци во различни формати, без јасно утврдено претставување на Унијата, ...
Републичката изборна комисија (РИК) едногласно ги потврди конечните резултати од изборите за пратеници во Собранието на Србија, според кои најголема поддршка добила листата „Студентска листа – Студентите победуваат“. Според усвоените податоци, студентската листа освоила 2.354.417 гласови, што ѝ обезбедува 140 пратенички мандати во новиот состав на Народното собрание. Листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ освоила 1.731.323 гласови и ќе ...