Јубилејното, 60. издание на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ во Прилеп синоќа свечено заврши со доделување на престижните награди. Годинашниот јубилеј донесе многу повеќе од обична фестивалска програма: тој понуди моќно потсетување на шест децении македонска театарска меморија, славејќи ги генерациите актери, режисери, драматурзи, сценски работници и верната публика кои го граделе овој столб на националната култура. ...

Украина и Молдавија ќе ги отворат преговорите во Луксембург во понеделник во првиот преговарачки кластер кој се однесува на основните права и правдата, а Црна Гора ќе ги затвори преговорите во две поглавја, објави денес претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта. „Денес, Европската Унија направи голем чекор напред. Сите земји членки се согласија да го отворат првиот кластер на преговори за пристапување со Украина и Молдавија“, кажа ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека американските сили извршиле рација во која е убиен Хектор Растенфорд Гереро Флорес, водачот на венецуелската затворска банда Трен де Арагва. Слика од екранот: X„По моја наредба, Јужната команда на Соединетите Американски Држави изврши брз и смртоносен удар за успешно елиминирање на Нино Гереро, озлогласениот лидер на Трен де Арагва, една од најкрволочните терористички организации ...

Македонија треба да се европеизира преку реформи и владеење на правото, а не преку расправи за историјата и за националниот идентитет, порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова во интервју. Таа нагласува дека ЕУ треба да нѐ оценува според Копенхашките критериуми, а не според историски и идентитетски спорови. „Оставете нѐ да се европеизираме на патот, да станеме компатибилни со она што го бараат Копенхашките критериуми. Како? Не ...

Нето-вредноста на отворените инвестициски фондови во текот на мај се зголемила за 17,64 милиони евра и достигнала 34,42 милијарди денари, односно 558 милиони евра. Остварена е месечна промена од 3,57 насто. Наспроти тоа, според податоците од месечниот извештај на Комисијата за хартии од вредност, зголемени се одливите за 25,97 насто. На крајот од мај биле во износ од 23,38 милиони евра, за разлика од априлските 18,56 милиони евра. Петтиот ...

Куба објави планови за реформирање на својата економија по примерот на социјалистичките пазарни економии на Виетнам и Кина, а претседателот Мигел Дијаз-Канел изјави дека планираното отворање ќе овозможи поголемо учество на приватниот сектор, наместо економија во голема мера управувана од државата. Реформата сè уште треба да биде одобрена од Политбирото на Комунистичката партија и од кубанскиот парламент. „Предложените мерки ќе овозможат ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се движи од 6 до 15 степени, а максималната од 22 до 30 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и посвежо. Претпладне се очекуваат повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, а во делови од котлината повремено и силен ветер од северен ...

25 годишник фатен како потпалува сува трева покрај магистралниот пат Штип-Кочани. Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода, а од МВР информираат дека известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. МВР Б.С.(25) од Штип бил затекнат околу 12:00 часот во с. Долни Балван, штипско, како пали сува трева помеѓу пат и нива, сопственост на С.З.(36) од Штип покрај ...

Педесеттина болничари, хигиеничари и административци од Детската клиника кои биле ангажирани со договори на дело од јануари се оставени без договор за работен ангажман. На протест пред министерството за здравство денеска го изразија незадоволството што без никакво образложение надлежните не им ги продолжиле договорите. Самир Нухи „Одговорот од министерството е дека до денес нема средства, бевме и во Министерството за финансии ни кажаа дека ќе ...

Јавни критики за институционалниот однос и грижа кон македонскиот јазик помеѓу професорката Симона Груевска Маџоска, која поднесе неотповиклива оставка од позицијата претседателка на Советот за македонски јазик и министерот за култура и туризам Зоран Љутков. По меѓусебните јавни обвинувања за Националната стратегија, како и за процесот на одбележување на 80 годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, министерот, на прашање ...

Серија на помали експлозии утрово ги разбуди жителите на населбата 11 Октомври. Ова видео кое ни го испрати еден од станарите, вели за неколку минути сите соседи се симнале доле пред зградата, исплашени и вознемирени да не дојде до поголем инцидент. Реагирала и полицијата која помагала станарите да ги напуштат своите домови. Екипата на Телевизија 24 поразговара со дел од граѓаните кои живеат во оваа зграда, не беа расположени за изјава пред ...

Ограничување до 10 парчиња оружје кои може да ги поседува физичко лице со дозвола со исклучок за спортските стрелачи. Исто така годишно ќе биде дозволено физичко лице да користи 500 куршуми освен ако не приложи оправдана потртеба за поголема количина а секое парче оружје набавено од сиви зони ќе биде уништено - ова се само дел од измените во новиот закон за оружје за кој денеска се дискутираше на јавната расправа во законодавниот дом. ...

Американски државјанин се обидел да внесе дрога во Македонија на прилично необичен начин – скриена во поштенски пратки со ДВД-ja и ЦД=a, испратени од Франција. Наместо филмови и музика, во пакетите цариниците пронашле кокаин, метамфетамин и синтетичка дрога. Кога четирите пратки пристигнале во Царинската испостава Пошти, службениците се посомневале дека во нив има нешто повеќе од вообичаена поштенска содржина, по што започнала детална ...

Проектот „Градски воз“ и БРТ треба да нудат комбиниран транспорт и алтернатива за граѓаните во Скопје велат од здружение на граѓани за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу грин. Тие денеска организираа тура за да го прикажат комбинираниот транспорт ос автобус и воз. Истата тура е дел од Конференцијата „Traffic for All – Skopje“ која има за цел да отвори поширока дебата за иднината на урбаната мобилност во главниот град и ...

Корисници ширум светот денес пријавуваат проблеми со платформите на компанијата Meta, откако Facebook, Messenger, Instagram и WhatsApp почнаа да работат со прекини или целосно да бидат недостапни за дел од корисниците. Според бројни пријави на платформите за следење на интернет-сервиси, проблемите започнале во попладневните часови и брзо се прошириле на повеќе земји. Корисниците се жалат дека не можат да ги освежат содржините на Facebook и ...

Марта Кос во Македонија. На почетокот на јули, еврокомесарката за проширување ќе допатува во Скопје и ќе има средба со премиерот Христијан Мицкоски. Посетата на Кос за ТВ 24 ја потврдуваат дипломатски, но и извори од МНР. - Еврокомесарката за проширување Марта Кос доаѓа во Македонија во првата половина на јули Термините се уште се усогласуваат, но планот е да биде најдоцна до десетти јули.- ВЕЛАТ ЗА ТВ 24 дипломатски, но и и извори во МНР ...

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во гостување во „24 Анализа“ ја обвини Владата на Мицкоски, дека нема ниту план, ниту стратегија за европската интеграција, посочувајќи дека ВМРО треба да престане со замајување на јавноста додека граѓаните остануваат без конкретни одговори и без реални чекори напред. „Македонските граѓани очекуваат и бараат одговори за тоа кој е предлогот на Владата во однос на сите овие прашања. Факт е дека ние мораме ...

Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска со владина делегација е во работна посета на Турција на бизнис-форум во Истанбул, ги повика турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија. - Македонија и Турција негуваат традиционално пријателски односи изградени врз доверба, почит и силни врски меѓу народите, а токму тие односи претставуваат цврста основа за продлабочување на економската соработка и нови инвестиции - ...

Премиерот вчера даде совршен одговор и конкретен. Ставовите што ги имаме како Влада сме ги кажале многу пати. Преминување преку црвените линии нема да има, рече денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во врска со изјавата на евроамбасадорот Михалис Рокас, дека нон-пејперот не ги исклучува уставните измени за почеток на преговорите. Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето Меморандум за соработка со Амбасадата на ...

„Токму последиците од преспанскиот договор и добиеното вето од страна на Франција, а потоа и од Бугарија, коешто не беше најавувано од СДС, напротив имавме кампања за бесплатно здравство, отворени врати кон ЕУ, бесплатни вакцини, стипенди итн., на крајот, после тој референдум на којшто дојдоа и германската канцеларка Меркел, австрискиот канцелар, британската канцеларка, тогаш Велика Британија беше членка на ЕУ, наместо отворање на преговори ...

Турција е еден од нашите најважни економски и трговски партнери. Трговската размена минатата година достигна една милијарда американски долари, што претставува значаен резултат, но и поттик за уште поамбициозни цели во иднина, објави на Фејсбук шефот на макеоднската дипломатија Тимчо Муцунски, кој денеска во Истанбул учествува на бизнис-форумот Северна Македонија - Турција. Муцунски имал обраќање на бизнис форумот, посветен на унапредување на ...

Полициски службеници од СВР Штип вчера привеле 25 годишен жител на селото Долни Балван кој бил затекнат како потпалува сува трева покрај магистрален пат Штип - Кочани во атар на село Долни. Како што информира Министреството за внатрешни работи, вчера во 12:30 час во село Долни Балван, штипско, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.С. (25) од Штип. -Тој бил затекнат околу 12:00 часот како пали сува трева помеѓу пат и нива, ...

Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи вчера помина во прво читање на пленарна седница во Собранието. Ова е уште еден важен институционален чекор кон посилна заштита на јавното здравје, особено на децата, младите, непушачите и сите граѓани кои имаат право на здрав и безбеден јавен простор. Законот ја следи реалноста на денешното време, во кое, покрај класичните цигари, постојат електронски цигари, ...

Денеска, почна првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година. Полуматурантите ќе се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици од сопствените кориснички сметки на schools.mk, а потоа во училиштата во кои ќе конкурираат, ќе ја доставуваат потребната документација. Во јуни ќе има две електронски пријавувања на учениците. Според конкурсот на МОН, ...

Централниот суд во Сеул денеска го осуди поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол на 30 години затвор, прогласувајќи го виновен за издавање наредба на операција за испраќање дронови во Северна Кореја , со цел предизвикување прекугранични тензии и создавање услови за прогласување воена состојба во 2024 година. Јун ги отфрли обвиненијата и негира дека сторил кривично дело. Неговите адвокати тврдат дека тој ниту ја наредил ниту подоцна ...

Тајландската принцеза Бајракитијабха, најстарата ќерка на кралот Маха Ваџиралонгкорн, почина на 47-годишна возраст, соопшти кралскиот двор. Принцезата, позната во Тајланд како „Ба“, починала мирно во Меморијалната болница „Крал Чулалонгкорн“ во Бангкок, по повеќе од три години поминати во кома откако колабираше во декември 2022 година. Нејзината здравствена состојба значително се влоши во мај годинава. Според лекарите, таа страдала од ...

На пленарна седница Венецијанската комисија на Советот на Европа денеска треба да го потврди итното мислење за промените во судски закони во Србија. Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, го најави своето учество на седницата. На 24 април, Венецијанската комисија, советодавното тело на Советот на Европа за уставни прашања, објави итно мислење за измените на пет закони што го регулираат судството и јавното обвинителство во ...

Американски апелациски суд донесе пресуда со која засега и се дозволува на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да продолжи со наплатата на десетпроцентна царина на глобалниот увоз. Апелацискиот суд надлежен за Федералниот округ - Вашингтон оцени дека федералната влада доставила доволно аргументи за да има изгледи за успех во спорот. Од 24 февруари 2026 година САД воведоа царина од десет проценти за поголемиот дел од увозот од ...

Три деца и едно возрасно лице загинаа откако автомобил удри во група велосипедисти во југозападниот дел на Холандија, соопшти полицијата. Несреќата се случила во близина на местото Фогелварде, во покраината Зеланд, кога автомобил излетал од коловозот и удрил во група од 14 ученици и двајца возрасни велосипедисти кои биле на училишна екскурзија. Три лица починале на местото на несреќата, додека четири биле тешко повредени. Еден од повредените ...

Во Собранието ќе заседава Комисијата за одбрана и безбедност на која ќе се одржи Јавна расправа по Предлог на законот за оружјето. Со Предлог-законот за оружјето се уредуваат условите за набавување, поседување, носење и пренесување, чување, производство, поправање, онеспособување (деактивирање), промет, посредување, трансфер, превоз, претовар и пренесување преку државна граница на оружје, негови делови, главни делови и муниција. Со донесување ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.31
36%
1019
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
3.13
56%
1020
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
1.95
44%
1019
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
3.21
39%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.61
41%
1018
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
0.45
54%
1019
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
5.36
58%
1016
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
3.67
36%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.81
36%
1018
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1017
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1017
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.55
85%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28