Левичарското движење Diem25 го загуби пристапот до својата банкарска сметка. „Минатата недела, во својата ’бескрајна мудрост‘, нашата банка одлучи да ни ја блокира сметката“, објави Јанис Варуфакис на Инстаграм во вторникот. Поранешниот грчки министер за финансии и професор по економија го основаше „Движењето за демократија во Европа 2025“ (Diem25) во Берлин пред десет години. Ова паневропско, левичарско движење опфаќа политички партии во ...

Јапонскиот министер за надворешни работи Тошимицу Мотеги денеска изјави дека следната недела во Париз ќе учествува на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на Групата седум (Г7), на кој ќе бидат разменети мислења за начините за зачувување на стабилноста на Блискиот Исток и давањето поддршка на Украина. Мотеги, кој в недела ќе отпатува од Јапонија за да присуствува на состанокот на Г7, чиј почеток е предвиден за следниот ден, ...

Шест возрасни лица загинаа во пожар што рано утринава зафати станбен објект во населбата Сансет парк во Бруклин. Пожарот на 58. улица се проширил и на соседен објект, а повеќе жители и пожарникари биле повредени. Четири лица биле прогласени за мртви на местото, а уште две починале при транспорт кон болница. Пожарникарите спасиле жители заробени зад заштитни решетки, додека делумно урнатите внатрешни скали ја отежнувале интервенцијата. На ...

Неколку бранови руски балистички ракети го погодија Киев ноќта на 6-7 ноември, само неколку часа откако претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува уште еден голем напад врз инфраструктурата.Според властите, најмалку шест лица во градот Киев се повредени, заедно со уште едно лице во околната Киевска област.Меѓу повредените во градот Киев е и 14-годишно девојче, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Двајца од ...

Активисти упаднаа во градилиштето на центарот за податоци на Мајкрософт што се гради во Амстердам, додека реакцијата на социјалните и еколошките штети од бумот на вештачката интелигенција се шири низ цела Европа. Демонстрантите од Гиф Тегенгас, холандска група за директна акција, се судрија со полицијата додека упаѓаа во градилиштето во Вестпорт, Амстердам, каде што некои членови се качија на кран, запалија ракети и врзаа балони со хелиум за ...

Руските сили извршиле ракетен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта меѓу 6 и 7 ноември, при што биле оштетени станбени објекти, детска градинка и Северниот мост. Според последните информации, повредени се пет лица, меѓу кои и 14-годишно дете. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека остатоци од ракети погодиле петкатна станбена зграда во западниот дел на градот, а била оштетена и фасадата на уште една зграда. ...

Дваесет и шестгодишниот Исак Валдез починал откако од верски причини одбил медицински третман што вклучувал трансфузија на крв. Само 23 дена по неговата смрт, верската заедница на Јеховините сведоци објавила значително ублажување на долгогодишните правила за употреба на крв во медицината. Трагедијата се случила во август, кога Исак доживеал епилептичен напад во библиотека, паднал и силно ја удрил главата, при што добил крвавење во мозокот. ...

Иранските државни медиуми објавија снимки за кои тврдат дека ги прикажуваат подземните тунели на морнарицата на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во јужниот дел на земјата. Во ходниците може да се видат камиони со лансери и ракетни тенкови. Ирански извори наведуваат дека во комплексот се чуваат противбродски ракети и моторни чамци. Видеото го прикажува и Абдолах Хаџи-Садеги, претставникот на иранскиот врховен лидер во ИРГК, како го ...

Володимир Зеленски ја обвини Русија дека се обидува да „ги фрли Киев и целата земја во затемнување“, по големиот напад во текот на ноќта врз енергетската инфраструктура во главниот град и мостот над реката Днепар. Украинскиот претседател рече дека подготовките на Москва за мировните преговори следната недела вклучуваат погодување на милионски град со балистички ракети. Преговарачите од Русија, Украина и САД треба да се сретнат во вторник и ...

Три радиодифузери низ Европа добија безбедносни закани поставени бомби на повеќе летови оваа недела. Во Ирска, седиштето на националниот радиодифузер во Даблин беше евакуирано поради закана за бомба, а преносите во живо беа заменети со претходно снимени програми. Британскиот радиодифузер SKYсоопшти дека и тој добил „безбедносна закана“. И Нова ТВ, приватен радиодифузер во Бугарија добил е-пошта со закана за бомба, а испраќачот тврдел дека ...

Бројот на случаи на мали сипаници во Соединетите Американски Држави (САД) годинава надминал 5.000, а заболени лица се регистрирани во 45 сојузни држави, соопшти Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Досега се потврдени вкупно осум смртни случаи поврзани со малите сипаници. Од нив, шест се регистрирани во Пенсилванија, еден во Њујорк и еден во Висконсин, пренесува „Еј-Би-Си њуз“. Во Пенсилванија починал невакциниран жител на ...

Француските синдикати, организациите на младите и движењето „Жолти елеци“ повторно повикуваат на масовни протести ширум земјата во сабота, што е четврти последователен викенд на протести во Франција. Порано во текот на неделата беа организирани блокади и протестни акции, како и општ штрајк во четвртокот, во кој учествуваа повеќе од половина милион луѓе, според податоците на Министерството за внатрешни работи. Синдикатот CGT процени дека во ...

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави денес дека е цел на сајбер криминалци кои ги шират неговите лични информации на „темната мрежа“, скриен дел од интернетот, поради поддршката на Италија за Киев. Тој ги обвини проруските хакери за нападот. „Веќе неколку дена, сајбер криминалците ги шират моите лични податоци на темната мрежа и се обидуваат да добијат дополнителни информации, со што ме изложуваат на нови закани и ...

Додека Велика Британија сè повеќе зборува за подготвеност за вонредни ситуации, жените кои со години складираат залихи објаснуваат зошто таквата подготовка не е претерување, туку разумен начин за заштита на своите семејства. Дејли меил пишува дека британската влада ги повикала граѓаните да бидат подготвени за можноста од национална криза. Домаќинствата се советуваат да обезбедат залиха од храна и вода најмалку три дена и да имаат пари при ...

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди крајбрежјето на Јапонија, покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. — реклама — — реклама — Потресот бил регистриран во близина на островот Хоншу, на околу 90 километри од населбата Мито. Епицентарот се наоѓал на длабочина од 32 километри. — реклама — — реклама — Засега нема информации дали има повредени лица или материјална штета. ...

Венецуелски државјанин бил уапсен во близина на Белата куќа откако полицајците го пронашле во украдено возило со три огнени оружја и купишта муниција. „Кога се соочија со осомничениот, тој рекол дека слушнал гласови во главата кои му кажуваат да дојде во Вашингтон и да го убие претседателот Трамп“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешна безбедност на САД. Осомничениот, идентификуван како Рони Јордрикс Гуанипа Кринос, бил ...

Снежна бура го затрупа Осло, главниот град на Норвешка. Според податоците на норвешката метеоролошка служба Јр.но, висината на снегот во Осло е 43 сантиметри, а снегот се уште паѓа. Дневната температура денеска во градот изнесува -10 степени Целзиусови. Аеродромот во Осло соопшти дека обилните снежни врнежи во областа Осло предизвикуваат одложувања и откажувања на јавниот превоз до и од аеродромот во Осло. Mega snow day in Oslo today. Stay ...

Бугарскиот амбасадор во Србија, Ангел Ангелов, положи цвеќе во Белград во спомен на бугарските војници загинати во Првата светска војна. Бугарскиот конзул во Ниш, Димитар Иванов, положи цвеќе во месноста Ледена Стена во спомен на бугарските воени лица загинати во Втората светска војна, јавува БТА. По повод Архангелската задушница, наречена и Машка задушница, бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и дипломати од бугарската мисија во Белград ...

Пет украински региони останаа без електрична енергија по новиот бран масовни руски напади врз енергетската инфраструктура, соопшти украинското Министерство за енергетика. Без струја останаа делови од регионите Дњепропетровск, Доњецк, Киев, Житомир и Харков, каде што, според украинските власти, се оштетени преносните и дистрибутивните електроенергетски мрежи. Засега не е соопштено колку домаќинства се погодени од прекините во снабдувањето. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и НАСА вчера најавија планови за нова конференција на вселенската и авиоиндустријата во Соединетите Американски Држави со намера да ги надминат големите воздушни саеми во другите земји ширум светот. Настанот наречен „КејпВик“ (CapeWeek) се очекува да се одржи во Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, а да почне за две години, изјави Трамп во својот говор. Tonight, @POTUS joined us at @NASAKennedy at MAX ...

Непријателот нема да може да го спречи Иран да произведува и модернизира оружје ниту за момент, изјави портпаролот на Исламската револуционерна гарда (IRGC), бригадниот генерал Хосеин Мохеби. Тој најави дека, доколку дојде до трет бран судир со непријателот, ќе откријат „достигнувања што ќе го изненадат светот“ – ново оружје на иранските воздухопловни сили. „Постои и оружје што ќе биде откриено и оперативно во случај на трет бран обновување ...

Едно момче е убиено, а друго повредено во пукање кое што се случило синоќа околу полноќ пред основното училиште „Десанка Максимовиќ“ во Футог, Србија, јавува „Телеграф.рс“. Според д-р Зоран Круљ, портпарол на Новосадската итна помош, првиот повик бил примен 17 минути по полноќ од полицијата. Тогаш вработените во брзата помош пронашле момче без свест кое во тешка состојба било пренесено во болница. Следниот повик дошол 51 минута по полноќ, ...

Во Јапонија ова лето беше со највисока просечна температура во последните 125 години, соопшти Националната метеоролошка агенција. Врз основа на мерењата на 15 локации во земјата од јуни до август, просечното температурно отстапување беше +1,76 Целзиусови степени, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА). Ова го надминува претходниот рекорд од +1,08 степени во 2010 година. Податоците од ЈМА датираат од 1898 година. Просечните температури ...

Русија започнува уште еден бран на регрутирање од 1 октомври, но Aрмијата ги уверува идните војници дека нема да војуваат во Украина, јави ДПА. Војниците ќе бидат повикани на 12 месеци основна воена обука, но нема да бидат распоредени во воена зона, рече контраадмирал Владимир Зимљански, кој е одговорен за регрутирање. Има доволно доброволци кои „вршат соодветни задачи“ во Украина, посочи тој. Во Русија има два брана на регрутирање годишно. ...

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш рече дека светот се уште не е подготвен за евентуална нова пандемија. –Треба да направиме повеќе. Мораме да се откажеме од моралната и медицинската катастрофа на богатите земји кои трупаат и контролираат залихи за здравствена заштита за пандемии и да обезбедиме секој да има пристап до дијагностика, лекување и вакцини, рече Гутереш осврнувајќи се на лекциите што светот ги научи од пандемијата на ...

Словенечкото Министерство за труд предложи измени во Законот за вработување, самовработување и работа на странци, со кои ќе се усогласи со правото на Европската Унија и ќе се овозможи сезонската работа на странците да се прошири и на туризмот и угостителството. Поради недостиг на работна сила, со предложените измени, кои ќе бидат на јавна расправа до 6 февруари, се проширува терминот „сезонска работа“, кој досега беше ограничен само на ...

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш повика на целосна и транспарентна истрага за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, рече портпаролот на ОН, Стефан Дижарик на брифинг со новинарите. –Генералниот секретар на ОН е шокиран од веста за смртта на опозиционерот Алексеј Навални во руски затвор. Генералниот секретар изразува сочувство до семејството на г-дин Навални и повикува на целосна, веродостојна и ...

Возачите кои патуваат во Грција треба да бидат особено внимателни на сообраќајните правила, бидејќи со новиот грчки Кодекс за безбедност во сообраќајот се предвидени построги казни за повеќе прекршоци. Законот 5209/2025, објавен во грчкиот Службен весник минатото лето, предвидува повисоки санкции за прекршоци кои се сметаат за особено ризични, како поминување на црвено светло, непочитување знак „СТОП“, пребрзо возење, некористење сигурносен ...

„Денес тука не се среќаваат само учесници на еден натпревар. Се среќаваат срца во кои живее Бугарија – во ритамот на орото, во звуците на народната песна, во боите на носиите и во насмевките на нашите деца.“ Со овие зборови бугарската народна пејачка, музичка уредничка и радиоводителка во Бугарското национално радио (БНР), Јулија Гатдерова, денес го отвори Меѓународниот младински фестивал-натпревар „Фолклорни ритми под родната стреа“ за ...

Централната банка на Парагвај почна да враќа пари на штедачите на затворената банка Уено. Клиентите со помали износи беа први, а за околу три проценти од штедачите со поголеми депозити, враќањето на целиот износ не е сигурно. Според соопштението на Централната банка, објавено од агенцијата EFE, исплатата започна во четврток. Првата група штедачи добива до 10 милиони гурани, или околу 1.565 долари. Во оваа група спаѓаат клиенти кои немаат ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
44%
1026
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
61%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
3.09
59%
1027
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
76%
1026
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.32
72%
1027
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
78%
1027
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
5.36
59%
1024
weather icon

Тирана

18ᴼ / 17ᴼ
2.57
53%
1021
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
55%
1022
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 7ᴼ
5.14
65%
1027
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
53%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
7.72
85%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Цинк

3.76