Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Времето утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, соопшти УХМР. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес попладне, утре и во среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на ...
Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец април 2026 година изнесува 68.797,00 денари, споредена со вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец март 2026 година која изнесува 67 818,00 денари е зголемена за 979,00 денари. Со изнајмен стан од 60 м2 за месец март изнесува 84 172,00 денари. Зголемувањето на вредноста на синдикална минимална кошница за четири месеци јануари, февруари, март и април 2026 година изнесува 3.305,00 ...
Александар Саша Димитријевиќ, генералниот секретар на СДС, на средба со бивши функционери од српската опозиција за оформување на опозициски фронт, организиран со помош на Зоран Заев и Зоран Башановиќ. Димитријевиќ, изминатата недела во Македонија, одржал средба со бившиот министер за образование од Србија, Бранко Ружиќ, кој воедно е и потпретседател на СПС, Социјалистичката партија на Србија, на која било разговарано за спојување на ...
Со празни фрижидери и празни џебови, граѓаните најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа. Секојдневието е сурово за народот, цените поскапеа, стандардот паѓа, платите не мрдаат, а граѓаните имаат сè помалку пари. СДСМ уште пред 50 дена предложи конкретни мерки за заштита на стандардот на граѓаните, на самиот почеток на кризата. Мицкоски не презеде ништо. Напротив, владата ја укина и мерката за намален ДДВ за дизелот, ...
Жичницата „Милениумски крст“ нема да биде во функција во периодот од 21 до 24 април поради редовна техничка контрола, информираат од ЈСП Скопје. Како што соопштуваат од претпријатието, контролата ќе ја вршат стручни тимови од австриската компанија „Допелмаер“, која е производител на системот. Од ЈСП посочуваат дека од 25 април, односно сабота, жичницата ќе продолжи со редовно превезување на патници согласно вообичаеното работно време. Од ...
Цените на нафтата денеска нагло пораснаа, додека обновените тензии меѓу САД и Иран ги потресоа пазарите, пренесе ДПА. Нафтата од типот „брент“ за испорака во јуни се тргуваше за повеќе од 7 отсто повисоко во споредба со претходната недела, достигнувајќи 97 долари за барел, додека американската референтна нафта „West Texas Intermediate“ (WTI) забележа слични покачувања. На почетокот на ескалацијата кон крајот на февруари, „брент“ се тргуваше ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, повика на брзи реформи во Унгарија по изборната победа на опозицијата, нагласувајќи дека напредокот е клучен за деблокирање на милијардите евра замрзнати средства од ЕУ. Говорејќи на настан по повод 80 години од весникот „Die Zeit“, таа синоќа изјави доколку Будимпешта не ги исполни условите до крајот на август, би можела да остане без околу 6,5 милијарди евра средства од ...
Грција и Кипар и ова лето, петта година по ред, ќе се поврзат со директна бродска линија, траектите ќе сообраќаат од крајот на мај до 1 септември, а цените за патувањето што трае околу 31 час се непроменети од лани и почнуваат од 41 евро во еден правец – јави дописничката на МИА од Атина. Годинава бродскиот превоз ќе се врши со поголем траект, кој има капацитет да пренесе 394 патници и 290 возила, располага со 20 еднокреветни, 10 двокреветни ...
Пристигнувањата на туристи на Кипар минатиот месец се намалиле за 30 отсто поради војната на Блискиот Исток и нападот врз воените бази во земјата, според потпретседателот на Здружението на туристички агенции на Кипар, Христос Христу, кој посочил дека се очекува пад на бројот на туристи да има и во втората половина на април и во мај, јави дописничката на МИА од Атина. На прес-конференција во пресрет на саемот за туризам (Travel Expo Cyprus ...
„Алкалоид“ АД Скопје повторно ја доби довербата на јавноста и беше прогласен за најпосакуван работодавач за 2025 година четврти пат по ред, според анкетата на веб порталот „Вработување.ком“ Наградата, која беше врачена во рамките на манифестацијата организирана од „Вработување.ком“, се базира на национално истражување за перцепцијата и за искуствата поврзани со работодавачите во земјава. Континуитетот на ова признание за нас има особено ...
Еден месец пред почетокот на сезоната, романските производители на домати ја пуштија во продажба првата продукција, при што цените достигнуваат рекордни нивоа. На еден од познатите пазари во Букурешт – на плоштадот „Домении“ во Сектор 1 – килограм домати се продава за околу 100 леи, односно приближно 20 евра, покажува проверка на БТА. „Поевтино е да се донесат егзотични овошја од Малезија отколку да се купуваат зеленчуци од дворовите на ...
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп сака производителите на автомобили и другите да играат поголема улога во производството на оружје, што потсетува на практиката што се користеше за време на Втората светска војна, објави „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на луѓе запознаени со дискусиите. Високи американски претставници од одбраната разговарале за производство на оружје и други воени материјали со раководителите на повеќе ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, предупреди на „опасните последици“ од американските позиции и дејствија насочени кон Персискиот Залив и Ормуската Теснина. Арагчи за време на телефонскиот разговор со својот кинески колега Ванг Ји изјави дека „провокативните дејствија“ од страна на САД дополнително ќе ја комплицираат ситуацијата во регионот, алудирајќи на обидите на Вашингтон да воспостави, како што ја нарекува, „морска ...
Републиканците во американскиот Сенат го блокираа обидот на демократите да се стави крај на војната во Иран што ја започна американскиот претседател Доналд Трамп, објавија американските медиуми. Гласањето заврши со 47 гласови „за“ и 52 „против“, објави Ен-Би-Си Њуз, со проценка дека резултатот од гласањето за резолуцијата што би ги ограничила воените овластувања потврдува дека републиканците сè уште го поддржуваат Трамп и го одобруваат ...
Соопштение на СДСМ Полска веднаш побарала екстрадиција, а владата на Мицкоски чека и му отвора пат за бегство на ГруевскиПолска веднаш побарала екстрадиција, а владата на Мицкоски чека и му отвора пат за бегство на Груевски. По прес-конференцијата на идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, дека нема повеќе заштита за криминалци, Полска веднаш реагирала. Веќе Полска испратила официјални документи со директно барање за екстрадиција на своите ...
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на петтиот Дипломатски форум во Анталија, кој се одржува од 17 до 19 април, на тема „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите“. Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, пред официјалниот почеток на форумот, претседателката денеска во Истанбул ќе оствари билатерална средба со претседателот на ...
Пет дена СДС и Венко Филипче слават и се радуваат на победата на Маѓар во Унгарија. Гледајќи ја еуфоријата која владее на Бихаќка, човек би помислил дека СДС победиле и Филипче само што не станал премиер, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. До тоа дереџе стигнале СДС и Филипче, наместо да бидат кредибилна опозиција и коректив на власта во Македонија, тие се занимаваат со избори во друга држава. Радувањето на СДС и Филипче за изборните ...
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од панел-дискусијата на Самитот на албанската дијаспора во Тирана, на која присуствуваа и главните дипломати на Косово и на Албанија, упати пораки и кон Македонија во врска со статусот на Албанците и на албанскиот јазик. „Што се однесува до албанскиот јазик во Македонија, реална е опасност и мислам дека треба да ја унапредиме состојбата со целиот јазик што сите го зборуваме“, рече тој, додавајќи дека албанскиот ...
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 16 степени, додека максималната ќе достигне од 12 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до ...
Шпанската влада планира да обезбеди легален статус за дури 500.000 мигранти, што би овозможило формална интеграција на пазарот на трудот. Според Би-Би-Си, премиерот Педро Санчез ја опиша одлуката како „чин на правда“, но и како неопходност за Шпанија. Ова, објаснува тој, е признание дека половина милион мигранти веќе се дел од шпанскиот секојдневен животШпанската влада планира да обезбеди легален статус за дури 500.000 мигранти, што би ...
Цените на нафтата денес паднаа под 96 долари на меѓународните пазари, бидејќи инвеститорите беа уверени од сигналите за нова рунда преговори меѓу Иран и САД што би можеле да ја намалат покачената „температура“ во Ормускиот теснец. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше за 3,67 долари за барел помалку попладне, што е намалување од вчерашното затворање од 95,69 долари. На американскиот пазар, беше за 5,89 долари поевтино и изнесуваше 93,19 ...
Редената салата е ладно предјадење кое често се подготвува за празници и свечени пригоди. Се одликува со кремаст прелив, што ѝ дава полн и освежителен вкус. Состојки: 400 грама кисела павлака 200 грама мајонез 1 компир 1 морков 200 грама шунка 3 кисели краставички 4 варени јајца сол бибер Подготовка: Измешајте ја киселата павлака со мајонезот, посолете и додајте малку бибер по вкус. Сварете ги компирот и морковот и оставете ги да се изладат. ...
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје денеска ги објави најновите резултати од редовните анализи, со кои се потврдува дека водата во главниот град е целосно безбедна за пиење. Испитувањата на Секторот за санитарна контрола покажале дека квалитетот на водата е во рамките на пропишаните стандарди. Во периодот од 6 до 11 април биле земени стотици примероци од десетици различни локации низ целиот град за да се утврди хемиската и ...
Венко Филипче и неговиот другар и ментор Зоран Заев очигледно овој продолежен празничен викенд беа спречени да заминат во Обединетите Арапски Емирати за да уживаат поради кризата на Блискиот Исток. Но, Филипче очигледно нашол друга дестинација, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо тоа, подобро ќе беше за него и неговото раководство да седнат и да поработат, да ја извадат СДС од живата кал во која ја втурнаа. А излезот од ова е едноставен, јасно ...
Идната влада на Тиса, предводена од Петер Маѓар, најави длабока реформа на медиумите и враќање на Унгарија на европскиот пат, стои во соопштението од СДСМ. „Македонија е веќе во медиумски мрак поради медиумите на Орбан кои контролираат 40% од медиумскиот простор, со кои директно управува криминалната организација ВМРО. Лажни вести, измислени афери, деноноќни црни кампањи против СДСМ и јавен лнч врз претседателот Венко Филипче станаа ...
Американски судија отфрли случај против издавачот на „Волстрит журнал“ поради сторија за врските што американскиот претседател Доналд Трамп ги имал со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, пишува Би-би-си. Трамп го тужеше американскиот весник и неговите сопственици во федералниот суд во Флорида минатото лето, барајќи отштета од најмалку 10 милијарди долари. Претседателот тврдеше дека весникот го клеветел објавувајќи извештај за ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, упати честитки до лидерот на победничката партија на изборите во Унгарија, Петер Маѓар.Во својата порака на Икс, Муцунски вели дека граѓаните на Унгарија јасно ја покажале својата насока. „Граѓаните на Унгарија се изјаснија и нема ништо поважно од демократската волја на народот“,пишува Муцунски. Шефот на македонската дипломатија вели дека силните билатерални врски, кои се ...
Победникот на изборите во Унгарија Петар Маѓар вчера изјави дека како премиер планира да има добри односи со Македонија и со другите држави кои и досега имаа стратегиско пријателство со Унгарија. – Тоа што Владата на Виктор Орбан имала, на пример, блиски односи со некоја балканска држава, не значи дека под Владата на Тиса тие односи ќе се нарушат. Можам да кажам дека ако односите со некоја земја биле лоши, тие сега ќе се подобрат. Мислам дека ...
Драматичната најава на американскиот претседател Доналд Трамп за двонеделен прекин на огнот со Иран веднаш ги „собори“ цените на суровата нафта на светските берзи. По неколкунеделна неизвесност и страв од глобален колапс, пазарите конечно здивнаа. Цената на нафтата од типот Брент забележа пад од 16 проценти и сега се тргува за околу 92 долари за барел. Уште подрастичен е падот кај американската лесна нафта (WTI), која поевтини за дури 19 ...
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска се очекува официјално да ја објави одлуката со која на децата под 15 години ќе им се забрани пристапот до социјалните мрежи. Со овој радикален потег, Грција им се приклучува на европските земји кои објавија војна на штетното влијание на онлајн платформите врз младите. Како што пренесува „Ројтерс“, ваквата одлука доаѓа по алармантните извештаи за нарушување на менталното здравје кај малолетниците. ...