Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
На ден 03.03.2026 година, во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје, се одржа вториот ден од хакатонот. На настанот учествуваа учениците Дарио Павлески, Елена Стојоска и Илија Волканоски, предводени од нивниот ментор Елизабета Левеска. Тимот активно се вклучи во сите предвидени активности, покажувајќи висок степен на ангажираност, тимска работа и техничка подготвеност. 1. Почеток на денот и воведна ...
Врз основа на член 63 став (11) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.весник на РСМ бр.32/20, 111/23, 73/24, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25), Општина Охрид објавува ЈАВНО ИЗЛАГАЊЕ на Проектната програма за изработка на Урбанистички проект со план за парцелација за ГП 7.39, ГП 7.40, ГП 7.40.1 и ГП 7.41, КО Охрид 2 од ДУП за УЗ 10 и 11, УБ 10.4 и 11.1, Влашка Маала и Градинар, Општина Охрид со тех. бр. 44/2025 од февруари 2026 год. ...
Ве известуваме дека, од резултатите од анализата на примероците од вода од 05.03.2026 година од страна на Центарот за јавно здравје – Охрид, утврдено е дека матноста на водата во водоводната мрежа во Струга и во изворот “Шум” е во граница на нормала, но бидејќи вредностите на овој извор се уште варираат повторно секојдневно ќе се земаат примероци од вода. Поради оваа причина забраната за употреба на вода за пиење продолжува. Ги молиме сите ...
На 04.03.2026 во 15:05 часот на Граничен премин Блато, на влез во државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато го лишија од слобода лице на (38) од Република Албанија. При пасошка и гранична контрола, полициските службеници констатирале дека бил баран со меѓународна потерница од Интерпол-Унгарија. Тој е пренесен во ОВР Дебар за понатамошна постапка. На 04.03.2026 во 15:05 часот на ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против лице на (33) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга пронајдоа и одзедоа марихуана. ОВР Струга поднесе кривична пријава против лице на (33) ...
Согласно Календарот за 2026 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, Ј.П.,,Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците ,,Железничка” , ,,Прилепска” , ,,Винковачка” , ,,Будва“, ,,Крали Марко” и ,,8-ми Март” дека на ден 06.03.2026 год. (петок) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција Селектирај правилно! ...
Општина Струга информира дека на 16 овој месец ќе се одржи аукција за продажба на автомобилот Ауди А6 со почетна цена од 1.344.636 денари или околу 21.800 евра. Аукцијата, како што соопшти општинската прес-служба, ќе почне во 10 часот на интернет страницата e-stvari.mk. – Со средствата од продажбата на автомобилот ќе се набави комбе кое ќе служи за потребите на општинската администрација и спортските клубови во градот, стои во информацијата. ...
На 05.03.2026 во 03:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Осломеј го лишија од слобода Р.Б.(44) од Кичево, вработен во РЕК Осломеј. Тој, во 02:25 часот испратил порака на својот шеф со која го информирал дека, имал сознание дека во еден оддел во РЕК „Осломеј“ има поставена бомба. По преземени мерки и извршени проверки со обезбедувањето, полициски службеници констатирале дека нема поставено бомба и се работи за лажно ...
Свети Лав им беше добар пастир и милосрден наставник на луѓето во градот Катана, под вулканската планина Етна. Многу се погрижи околу болните и сиромашните. Неговата ревност за верата беше исто толку голема како и неговото милосрдие кон неволните. Во тој град се појави еден магионичар Илиодор, кој го замајуваше народот со разни магиски вештини и ја развраќаше младината во градот. Еднаш за време на литургија влезе во Божјиот храм и се зафати ...
Во овие моменти кога е потребна поддршка и заедништво, Општина Охрид се приклучува кон хуманитарната акција за помош на малата Ева. За таа цел, 150.000 денари од средствата обезбедени преку хуманитарните паркинзи на ЈП „Билјанини извори“ ќе бидат наменети за оваа хуманитарна цел. Веруваме дека со заедничка поддршка и обединети можеме да дадеме помош каде што е најпотребна! Да покажеме уште еднаш дека хуманоста е наша заедничка ...
Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 05/02 и 202/24) и член 34 од Статутот на Општина Охрид („Сл.гласник на општина Охри “ бр. 08/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), а во врска сочлен 27 став (5) и член 50 од Законот за урбанистичко планирање(„Сл.Весникна РСМ“бр.32/20,111/23, 73/24, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25), Градоначалникот на Општина Охрид, упатува: повеќе ТУКА ...
По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, во Струга ќе се одржи едукативна и инспиративна работилница насловена „Научи сама да се нашминкаш – за секојдневна самодоверба“. Работилницата ќе ја води Милена Блажеска, сертифициран професионален make-up артист, која ќе сподели практични совети и техники за правилно и едноставно секојдневно шминкање. Учесничките ќе имаат можност да научат како правилно да ја истакнат својата природна убавина, ...
Со свечена церемонија и во присуство на бројни гости, претставници и туристички работници како и партнери, официјално е отворен целосно реновираниот Хотел Лебед во Охрид. Хотелот, кој со децении претставува еден од препознатливите туристички објекти на охридското крајбрежје, доби современ изглед и модерни содржини, задржувајќи ја препознатливата архитектура и духот на градот. Со инвестицијата се изврши комплетна реконструкција на ...
Во присуство на речиси сите доктори и персоналот на центарот за Кардиоваскуларни заболувања Охрид, денеска директорката Д-р Билјана Теговска одржа прес конференција за она што погдолг период е главна тема на разговор во клиниката помеѓу неа и Д-р Виолета Мојскоска Наумовска. Грантот кој неодамна беше доделен на д-р Виолета Мојсоска Наумовска , за едногодишен тренинг во болница во Италија, болницата ја дозна од социјалните мрежи и медиумите, ...
По повод 145 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров, денеска во Велгошти се одржа „Спортски ден“ во организација на ООУ„Живко Чинго“ и Сојузот за училишен спорт. Во името на Општина Охрид учесниците ги поздрави Катерина Стојаноска, советник во Советот на Општина Охрид. – Ми претставува особено задоволство што денеска сум дел од оваа спортска манифестација, со која се испраќа силна порака за афирмација на ...
Архип беше еден од Седумдесеттемина. Апостолот Павле го спомнува во Посланието до Колосјаните и во Посланието до Филимон, нарекувајќи го другар во војувањето. Во градот Колоси центар на христијанството беше куќата на Филимон. Овде христијаните се собираа на молитва. Ова го спомнува свети Павле пишувајќи му на Филимон: „твојата домашна црква“. Во тоа време апостолите ги ракополагаа своите ученици за епископи, и тоа некои од нив на постојани ...
Коалиција на младински организации СЕГА, во рамки на Програмата на Младински Центар Охрид 2025–2026 (финансирана од Општина Охрид), распишува анонимен, национален, едностепен конкурс за изработка на идејно архитектонско решение за реконструкција и адаптација на постоечки објект во Младински културен центар во Охрид. повеќе ТУКА Коалиција на младински организации СЕГА, во рамки на Програмата на Младински Центар Охрид 2025–2026 ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (36) од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Пријавениот бил затекнат од полициски службеници како вршел продажба на марихуана на едно лице од Охрид. СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (36) од село Велешта, струшко, поради ...
Роден е во Италија од благочестиви родители. Најпрво беше ѓакон кај папата Сикст III, а по неговата смрт, и покрај неговото противење, го издигнаа на престолот на римскиот папа. Кога Атила со Хуните дојде близу Рим и се подготвуваше веќе да го разори и запали овој град, Лав излезе пред него во архијерејска облека, го скроти гневот на хунскиот водач и ја оттргна пропаста од Рим. Колку што врз Атила подејствува советот на светиот човек толку ...
По вторпат се организира настанот „Те сакам, за тебе засадив дрво“, како поинаков и еколошки начин на одбележување на 8 Март – Меѓународниот ден на жената. Годинава иницијативата се реализира во соработка со компанијата Eko Fluid, како и со Ј.П. Охридски Комуналец и волонтери од иницијативата „Училишта без пластика“. Настанот ќе се одржи во Холандски парк, каде граѓаните ќе имаат можност да засадат дрвце во чест на жените во својот живот. ...
Најновите анализи на примероците од вода, спроведени на 2 март 2026 година од Центар за јавно здравје – Охрид, покажуваат дека квалитетот на водата од изворот Шум е во граници на нормалата. Според објавените резултати, загадувањето на водата во изворот Шум, како и во водоводната мрежа во Струга и во селата кои се снабдуваат од овој извор, е во дозволени рамки. И покрај позитивните резултати, надлежните информираат дека анализите ќе бидат ...
На 02.03.2026 во 01:15 часот, при контрола во патниот сообраќај извршена во струшката населба „Тефериќ“, полициски службеници од ОВР Струга од сообраќај исклучија патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки откако утврдија дека возилото го управува малолетник кој нема положен возачки испит и сè уште нема стекнато право за управување моторно возило. На 02.03.2026 во 01:15 часот, при контрола во патниот сообраќај ...
На 01.03.2026 во 23:40 часот, при контрола во патниот сообраќај на пресекот на улиците „Сатеска“ и „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид од сообраќај исклучија патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки откако утврдија дека возилото го управува малолетник кој нема положен возачки испит и сè уште нема стекнато право за управување моторно возило. Во присуство на родител, возилото е одземено и по ...
Драги пријатели, денес упатуваме апел до сите Вас за едно радосно, љубопитно и храбро дете – кое се соочува со остеосарком, редок и агресивен малиген карцином на коските. Оваа дијагноза не може да се лекува во Македонија. Ева веќе е примена во специјализирана клиника во Минхен, каде ја очекува тежок и долг третман. Доколку сакате да донирате, тоа можете да го направите преку трансакциска сметка за донации: Комерцијална Банка: ...
Неделен преглед на теренски активности (23.02 – 01.03.2026). Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 23ти Февруари до 1ви Март, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „Андреја Јованоски“ – „Јане Сандански“ – „Сатеска“ бр.36 – „Бистрица“ – „Сирма Војвода“ – ...
„Тирон“ значи „регрут“. Штотуку светиот Теодор беше стапил во војска, во Мармаритскиот полк, во градот Амасија, започна гонењето на христијаните под царевите Максимијан и Максимин. Со оглед дека тој не сакаше да крие дека е христијанин, го подложија на суд и го фрлија во затвор, заклучен и запечатен. Во затворот му се јави Самиот Христос велејќи му: „Не плаши се, Теодор, Јас Сум со тебе, не земај веќе овоземна храна и пијалак, зашто ќе бидеш ...
Во организација на Џудо Федерација на Македонија се одржа Државното првенство каде младите надежи го покажаа својот квалитет, дисциплина и шампионски дух. Овој настан беше вистински празник на спортот и доказ дека Струга гради силна и светла спортска иднина за нашиот град и за Република Македонија Помлади пионери/ки Мелани Јакуповска (-40кг) – 1 место Катерина Клењоска (-52кг) – 1 место Елеонора Јосифоска (-57кг) – 1 место Давид Спироски ...
Едукативен центар Ѕвездички од понеделник 2 март ги отвора вратите за сите мали ѕвездички подготвени да учат, растат и блескаат. Центарот се наоѓа на улица Прилепска 85, наспроти пералната Златни Зраци со работно време од 8 до 17 часот секој работен ден и сабота од 9 до 14 часот. Едукативниот центар Ѕвездички е стручен и посветен центар кој нуди професионална поддршка за правилен раст и развој на децата. Нашата мисија е да создадеме ...
Со света Литургија и свечена литија, во манастирскиот комплекс „Рождество на Пресвета Богородица“ во Манастир Калишта беше одбележана Православната недела, во присуство на голем број верници од Струга и околните населени места. Богослужбата ја отслужија свештенослужители од епархиската црква , кои во својата беседа ја истакнаа силата на православната вера како духовен столб и патоказ во секојдневниот живот. Верниците со молитва и ...
Денес, кога го одбележуваме Меѓународниот ден на ретките болести, ја насочуваме нашата поддршка кон сите оние наши сограѓани кои водат тивки, но херојски битки. Како градоначалник и како човек, сакам да ја испратам пораката дека Општина Охрид не е само институција, туку сојузник и поддржувач. Нашата цел е јасна да градиме заедница во која никој не се чувствува заборавен или оставен сам на себе. Горд сум што Охрид традиционално дава силна ...