Бројот на случаи на мали сипаници во Соединетите Американски Држави (САД) годинава надминал 5.000, а заболени лица се регистрирани во 45 сојузни држави, соопшти Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Досега се потврдени вкупно осум смртни случаи поврзани со малите сипаници. Од нив, шест се регистрирани во Пенсилванија, еден во Њујорк и еден во Висконсин, пренесува „Еј-Би-Си њуз“. Во Пенсилванија починал невакциниран жител на ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против едно лице и презема предистражни дејствија поради сомненија за повеќе кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување, Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем и Проневера во службата. Постои основано сомнение дека осомничената, раководителка на филијала на штедилница во Кавадарци, подолг временски период преземала дејствија на измами и ...

Тековните активности, приоритетите и динамиката на спроведување на предвидените реформи биле во фокусот на денешниот состанок посветен на Реформската агенда, информираше премиерот Христијан Мицкоски. Во објава на социјалните мрежи, Мицкоски посочи дека успешното спроведување на реформскиот процес бара координиран пристап од институциите, јасно дефинирани цели и конкретни чекори за подобрување на нивното функционирање. Тој нагласи дека Владата ...

Дури 17 лица завршиле во полициска станица во изминатото деноноќие поради опасно и несовесно однесување во сообраќајот. Меѓу нив има возачи кои управувале без положен возачки испит, под дејство на алкохол, но и лица кои возеле и покрај активна забрана. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на територијата на целата држава биле лишени од слобода 17 лица, додека со едно лице бил извршен службен разговор, поради сомнение за ...

Европската шампионка на 1.500 метри и двократна ирска олимпијка, Сијара Магин, почина денеска на 34-годишна возраст по тешко боледување. Ирската атлетичарка објави во јули 2025 година дека ѝ е дијагностициран рак на дебелото црево. Врвот на кариерата на Магин се случи во 2024 година, кога го освои европското злато на 1.500 метри во Рим. Ирската атлетичарка ја претставуваше својата земја на Олимписките игри во Рио де Жанеиро и во Токио, но ...

Деветнаесетгодишен младич од Србија исчезна во саботата на планината Триглав во Словенија, највисокиот врв на Јулиските Алпи. Тој се упатил по исклучително тешка планинарска патека преку Племенице, по што му се губи секаква трага. Спасувачите ги пронајдоа неговите лични предмети и траги во снегот, но сè уште не успеале да го лоцираат, пренесува словенечкиот медиум „24ur“. Словенечката полиција добила пријава за неговото исчезнување во ...

Албанија планира да воведе единствен национален испит за сите граѓани кои сакаат да се вработат во државната администрација. Новиот систем, кој го најави премиерот Еди Рама, предвидува кандидатите задолжително да положат испит пред воопшто да добијат право да конкурираат за работно место во државните институции. Рама денеска на својот профил на Фејсбук објави видео во кое заедно со министерката за јавна администрација и борба против ...

Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Брисел, коментирајќи ги студентските протести во Тирана што траат веќе 22 дена, изјави дека демонстрантите одбиваат дијалог и инсистираат на негова оставка, без јасно дефинирани барања. „Не е лесно да се протестира. За што протестирате? Не сакаме да разговараме со вас, треба да си заминете. Жал ми е, не ми ја дадовте оваа работа. Ајде да разговараме, подготвен сум да ве слушам. Нема дијалог, нема ...

Грчките власти спроведуваат безбедносна операција на пристаништето на островот Сирос, откако била примена пријава за можен експлозивен механизам поставен на подводниот дел од крузерот „Crown Iris“, кој плови под панамско знаме. Припадници на грчката крајбрежна служба, со помош на специјално обучено куче за откривање експлозиви и нуркач, започнале детални проверки на бродот. На местото се очекува да пристигне и специјална единица за подводни ...

Кривичниот суд во Белград му одреди мерка притвор од 30 дена на сопственикот на АЛТА Банка, Давор Мацура. Според соопштението на судот, на обвинетиот Д. М. му се става на товар кривичното дело „Злоупотреба на положбата на одговорно лице“, предвидено во член 227, став 3, во врска со став 1 од Кривичниот законик на Србија. Во меѓувреме, обвинетите Г. М. и И. П. се товарат за помагање при извршување на кривичното дело „Злоупотреба на положбата ...

Албанските власти започнаа со примена на новите построги правила за учесниците на протестите, а првите санкции веќе се изречени. По демонстрациите што се одржаа во средата вечерта во Тирана, полицијата казнила 31 лице, со што бројот на изречени казни во последните неколку дена се искачи на 83. Според соопштението на албанската полиција, казнетите граѓани го блокирале патот и го попречувале движењето на возилата, и покрај предупредувањата што ...

Црна Гора денеска затвори уште две поглавја во преговорите за членство во Европската Унија. Станува збор за поглавјата што се однесуваат на слободното движење на стоки и на безбедноста на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика. „Секоја реформа бара голема посветеност, а резултатите се тука. Нашиот фокус останува непроменет – владеење на правото, силни институции и подобар животен стандард за граѓаните. Ќе продолжиме напорно да ...

Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со цел да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и непречено користење на банкарските услуги. Денеска гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и соопшти на јавноста три нови олеснувања, кои се однесуваат на проширување на мрежата за исплата на готовина, зголемување на лимитите за користење ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот наЕвропската комисија за напредокот за 2026 година. Соговорниците се согласија дека се постигнати очигледни конкретни резултати. Обајцата го поздравија препознавањето на државата како една од најуспешните во исполнувањето на Реформската агенда и Планот за раст на Западен Балкан. Амбасадорот ...

На 06.11.2026, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Н.Н.(60) од Гостивар за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, по член 418-а, став 1 од Кривичниот ...

Пензионерите и другите клиенти на „Алта банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен, кои немаат платежни картички, во сабота, 7 ноември, ќе можат организирано да патуваат до филијалата на банката во Битола за да ги подигнат своите пензии и социјална помош. Народната банка соопшти дека ќе обезбеди автобуски превоз од трите града до Битола и назад. Поаѓањето од Прилеп е во 10 часот од плоштадот „Методија Антонов-Ченто“, пред „Реклами“, од Охрид во 11 часот ...

Градежните активности за изградба на нов паркинг-простор зад зградата на македонското Собрание во Скопје повторно се поврзуваат со сериозен прекин во снабдувањето со електрична енергија во строгиот центар на главниот град. Речиси пет часа делови од централното градско подрачје се без електрична енергија, додека екипите на терен сè уште се обидуваат да го отстранат дефектот. Прекинот зафати повеќе објекти, институции и деловни простории во ...

По повеќечасовниот прекин на електричната енергија во дел од центарот на Скопје, од Град Скопје реагирале и најавиле конкретни мерки за надминување на проблемот. По наредба на градоначалникот, градските служби ќе се вклучат во активностите за што побрзо нормализирање на состојбата, иако отстранувањето на дефектот во електродистрибутивната мрежа не е во нивна директна надлежност. Речиси пет часа дел од строгиот центар на главниот град остана ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека е завршен проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост, Мостот Око и мостот кај Македонскиот народен театар (МНТ). Новото осветлување на Камениот мост беше пуштено во употреба вечерва, во присуство на градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Ѓоксу, турскиот амбасадор Алпер Акташ и претставници на Халкбанк. Проектот е реализиран во рамки на ...

По речиси петчасовен прекин, повторно е воспоставено снабдувањето со електрична енергија во дел од строгиот центар на Скопје. Дефектот во близина на Собранието е саниран по интервенцијата на екипите на ЕВН. Повеќе државни институции, станбени и деловни објекти вечерва останаа без електрична енергија, меѓу кои Управниот суд, објекти во околината на Државниот пазарен инспекторат, Државниот завод за статистика, како и просториите на Телевизија ...

Министерот за правда, Јетон Шасивари, од Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи во Будва, порача дека борбата против корупцијата мора да донесе конкретни резултати, одговорност за високата корупција и ефикасна конфискација на незаконски стекнатиот имот. Тој нагласи дека владеењето на правото и борбата против корупцијата се основа за демократска стабилност и доверба во институциите, фокусирајќи се на предметите од ...

Бугарија не гледа потреба од посредник во разговорите со Македонија и смета дека прашањата поврзани со евроинтегративниот процес веќе се утврдени на европско ниво. Ова го порача бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова, одговарајќи на пратеничко прашање во бугарското Собрание. „Нетипично е да има посредник меѓу земја-членка на Европската Унија и земја-кандидат за договорености кои не се од билатерален карактер, ...

Извештајот на Европската комисија констатира „добар напредок“ на Македонија во дигиталната трансформација и медиумите, со што нивото на подготвеност е оценето како „меѓу умерено и добро“. Ова го соопшти министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, презентирајќи ги наодите од Извештајот на ЕК за 2026 година. Тој посочи дека подобрената оценка е резултат на донесени закони, воспоставени системи и услуги што сè повеќе ги користат ...

♈ Овен – Денот носи динамика и можност за нов почеток. Не носете избрзани одлуки, особено на работа. Во љубовта, искрен разговор може да расчисти недоразбирање. ♉ Бик – Финансиската стабилност ви е во фокус. Можно е да добиете добра вест поврзана со работа или пари. Во љубовта, покажете повеќе нежност. ♊ Близнаци – Комуникацијата ви е најсилна страна денес. Очекувајте интересен разговор или средба која може да отвори нови можности. Не се ...

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја спомена можноста за уривање на познатата концертна сала Центар „Кенеди“ во Вашингтон, доколку судските власти го блокираат решението на управниот одбор за повторно поставување на името на Трамп на фасадата. Управниот одбор, во кој претседателот постави свои блиски соработници, во декември го додаде неговото име кон она на неговиот демократски претходник, преименувајќи ја салата во ...

Американскиот бизнисмен и филантроп Бил Гејтс предупреди на ризиците што ги носи вештачката интелигенција (ВИ), оценувајќи дека нејзиното влијание врз работните места и животот на луѓето треба да се третира како глобален приоритет. Во интервју за „Њујорк тајмс“, Гејтс изјави дека ВИ може да предизвика големи последици на пазарот на трудот и дека нејзиното влијание би можело да биде подолготрајно од вообичаениот економски циклус. Според него, ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека економијата на земјата се враќа на патеката на раст по три години рецесија и стагнација. Според него, и покрај војните во Украина и на Блискиот Исток, како и глобалните трговски тензии, главните економски показатели укажуваат на подобрување. Мерц очекува рецесијата целосно да биде надмината до крајот на годината, а прогнозите за 2027 година веќе се ревидирани нагоре. Тој оцени дека Германија ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „можеби ќе излезе нешто“ од посетата на директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, на Русија. Трамп ова го изјави во интервју за емисијата „Glenn Beck Program“ на телевизијата „Blaze“, по извештаите на американските медиуми дека Ретклиф вчера пристигнал во Москва на разговори со руски официјални лица за војните во Украина и Иран. Претходно, „CBS“ објави дека директорот на ЦИА престојувал во руската ...

Геологот Ден Шугар, вонреден професор на Универзитетот во Калгари, рече дека снимката покажува голема количина снег стопена во 24 часа пред катастрофата. „Некои од глечерите во долината вчера беа покриени со снег, а денес тие се претежно чист мраз. Со други зборови, иако сè уште не сум ги видел податоците од метеоролошките станици, сигурно било топло“, рече тој. Непалските планини покриени со снег изгубиле речиси една третина од својот мраз ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
44%
1026
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
61%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
3.09
59%
1027
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
76%
1026
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.32
72%
1027
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
78%
1027
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
5.36
59%
1024
weather icon

Тирана

18ᴼ / 17ᴼ
2.57
53%
1021
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
55%
1022
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 7ᴼ
5.14
65%
1027
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
53%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
7.72
85%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Калај

46.54

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35