Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
По дербито на 13.коло во Струга, Првата фудбалска лига има нов лидер откако екипата на Струга ја совлада тетовска Шкендија со 1:0. Јунак на дуелот беше резервистот Христијан Малески, кој голот го постигна во 72.минута, а пет минути претходно влезе во игра. На дуелот во Кратово, првакот Вардар постигна победа против Силекс со 1:0. Стрелец на голот беше Горан Закариќ во 47.минута. Во завршницата на дуелот домашните постигнаа гол, но по ...
Шефот на Ферари Фредерик Васер имаше разговор со возачите на неговиот тим Луис Хамилтон и Шарл Леклер пред Големата награда на Бразил што се вози во Сао Паоло, откако двајцата имаа меѓусебен инцидент во првиот круг на последната трка во Мексико. Главната поента на разговорот била дека интересот на екипата треба да биде пред личните амбиции. До судир дојде во четвртата кривина кога двајцата се бореа за водечката позиција, а ситуацијата ја ...
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишиле од слобода 17 лица, додека со едно лице е извршен службен разговор, поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Министерството за внатрешни работи информира дека десет лица управувале возило без положен возачки испит – Е.С.(34), Р.Ш.(18), Б.К.(19), кој управувал мотоцикл, Б.А.(49) и ...
СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против Ѓ.Н. (37) од Радовиш поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување лица под меѓународна заштита“ согласно член 420 став 4 од Кривичниот законик. Според информациите од МВР, на 4 ноември 2026 година, пријавениот телефонски се јавил во амбасада на странска држава во Македонија и на странски јазик упатил сериозни закани кон ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и НАСА вчера најавија планови за нова конференција на вселенската и авиоиндустријата во Соединетите Американски Држави со намера да ги надминат големите воздушни саеми во другите земји ширум светот. Настанот наречен „КејпВик“ (CapeWeek) се очекува да се одржи во Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, а да почне за две години, изјави Трамп во својот говор. Лансирањето на „КејпВик“ е најавено како ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против О.Р.(61) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. Според информациите, на 29.09.2026 во семејниот дом во кривопаланечко, пријавениот физички го нападнал неговиот 12-годишен син, нанесувајќи му повреди. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава ...
Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје следната година прославува јубилеј 55 години, јубилеј кој е сведок за 55 години културолошко просветлување на плејада млади луѓе и генерации. Но тоа не е случај и изминативе неколку години. Како гром од ведро небо ја погоди јавноста веста дека во срцето на МКЦ, во просториите се одржува турбо-фолк аудиција, каде што жири комисија е турбо-фолк пејачот Аца Лукас. Од тој момент и најхрабрите оптимисти ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска е уапсен охриѓанец откако при претрес кај него се пронајдени дрога и пари. -Полициски службеници од СВР Охрид денеска го лишиле од слобода Б.Н.(49) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три опаковки со бела прашкаста материја и пари – се наведува во соопштението на Министерството. Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на ...
Психологот, професор и истражувач Џон Готман е автор на концептот „Четирите јавачи на апокалипсата“, кој ги објаснува главните причини зошто една врска е осудена на пропаст. Заедно со својата сопруга д-р Џули Шварц-Готман, клинички психолог, ја основале организацијата The Gottman Institute во Сиетл, која нуди обуки за терапевти и програми за парови. Напишале повеќе книги, меѓу кои најпознати се The Seven Principles for Making Marriage Work и ...
Со овации и громогласен аплауз синоќа во Македонскиот народен театар (МНТ) беше поздравена екипата на филмот „17“ во режија на Косара Митиќ чија македонска премиера се случи на вториот ден од Скопје филм фестивал (СФФ) кој е во тек и ќе трае до 9 ноември. Многу ми е драго што „17“ е конечно дома. Овој филм им припаѓа на оние кои што го создадоа, на моите глумци, на мојата екипа, бескрајно им благодарам за тоа што целосно се вложија. Им ...
На 19 ноември, публиката низ цела Македонија ќе има можност да го погледне документарниот филм „ МОЖЕШ ДА ВИДИШ СЀ “ (You Can See Everything), кој веќе предизвика огромен интерес во регионот, каде што проекциите се распродадени, а интересот за ова необично филмско остварување продолжува да расте. Станува збор за документарец кој отвора прашања за вистината, манипулацијата, амбицијата и границата помеѓу јавната слика и реалноста. Во центарот ...
Во рамките на „Недела на јапонски филм“ вечерва во 19 часот во Кинотека ќе биде прикажан филмот „Маскирано одделение“ на режисерот Hisashi Kimura / Јапонија / 2020 / 114 мин Шуго Хајами е дежурен лекар-замена во болница за долготрајна нега, која некогаш била психијатриска установа. Еден ден, тој ненадејно се соочува со опасен криминалец со маска на кловн, кој бара од него да ѝ укаже помош на повредената студентка Хитоми. Но, откако Хитоми е ...
Вториот ден на 26. Скопје Филм Фестивал носи содржајна и разновидна програма што ги спојува култната филмска традиција, современите европски краткометражни филмови и големите регионални кинематографски имиња. Денот започнува во 12:00 часот во Клуб МКЦ со вториот фестивалски мастерклас со познатиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ, кој пред домашната публика и младите филмски професионалци ќе сподели искуства за создавањето на ...
Сакав да снимам реален филм, вели македонската режисерка Косара Митиќ, чиј прв долгометражен филм „17“ имаше македонска премиера на Скопје филм фестивал и беше поздравена со овации и громогласен аплауз. На денешната прес-конфренција присустуваше дел од екипата на филмот чија премиера беше годинава во февруари на Берлинскиот филмски фестивал во програмата „Перпективи“, програма која ги претставува и оценува најдобрите долгометражни дебитантски ...
Австралиската рагби играчка Џејми Чепмен има повеќе од 5,9 милиони прегледи на Инстаграм.Кога ќе ја видите ќе ви стане јасно зошто. Чепмен е една од препознатливите фигури на женскиот рагби во Австралија. Таа игра на позицијата центар за Голд Коуст Тајтанс во женското натпреварување во Националната рагби лига (НРЛ), а исто така игра и за Твид Хедс Сигс во натпреварувањето во женската рагби лига на Квинсленд. Австралиската рагби играчка Џејми ...
Американскиот тенисер Бен Шелтон игра во врвна форма поради девојката Тринити Родман. Таа е најплатената фудбалерка родена на 20 мај 2002 година, таа пораснала во Јужна Калифорнија со својот постар брат. Нејзиниот татко, Денис Родман, е легенда во НБА, додека нејзината мајка, Мишел Мојер, одиграла клучна улога во воспитувањето на нивните две деца. Тринити го избрала фудбалот и многу брзо се истакнала како една од најталентираните млади ...
Пред да започне врска со Олга Даниловиќ, Jан Облак не беше често тема на таблоидите поради неговиот љубовен живот. Сепак, шпанските медиуми еднаш го поврзуваа со Италијанката Алесија Тедески, која претходно беше во врска со Кристијано Роналдо. Се појавија фотографии од Облак и Тедески како уживаат во возење скутери и се дружат на јахта во близина на островот Форментера. „Ова е мојата девојка! Никој не може да ми ја одземе!“ напиша тој покрај ...
Кејти Гудленд, сопругата на фудбалската ѕвезда Хари Кејн, стана цел на интернет злоупотреба откако нејзиниот сопруг беше во центарот на вниманието на церемонијата на доделувањето на Златната топка во Лондон. Некои корисници на социјалните мрежи решија да коментираат за нејзиниот физички изглед, давајќи навредливи и крајно несоодветни забелешки. Нивното однесување предизвика бурни реакции, а луѓе од светот на фудбалот застанаа во одбрана на ...
Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, ја обезбеди најдобрата стартна позиција за трката за Големата награда на Мексико Сити. Хамилтон со својата 105. полпозиција во кариера, а прва зад воланот на Ферари, дојде на драматичен начин во последната квалификациска сесија, оставајќи го зад себе својот сонародник Џорџ Расел (Мерцедес) за само девет илјадити делови од секундата. Клупскиот колега на Хамилтон, Шарл ...
Актуелниот шампион во Мото ГП, Марк Маркез, ја освои денеска Големата награда на Малезија, негова прва од 2018 година, и ја зголеми предноста на 44 бодови во генералниот пласман пред главниот ривал Хорхе Мартин. Маркез имаше одличен старт на патеката во Сепанг и веќе во првиот свијок го помина својот брат Алекс, кој ја почна трката од пол-позицијата. Алекс Маркез брзо го врати водството, но отиде премногу широко во следната кривина, што Марк ...
Германскиот тенисер Александар Зверев се искачи на првото место на АТП ранг-листата за прв пат во својата кариера. Ажурираната листа е објавен денес на официјалната веб-страница на организацијата. Минатата недела, Зверев стигна до полуфиналето на АТП 500 турнирот во Виена, каде што загуби од Австралиецот Алекс де Минаур (4-6, 6-1, 6-7 (4-7)). Неговото учество во четвртфиналето му го гарантираше на Германецот првото место на светската ...
Македонката Дарија Ристеска освои златен медал на Балканскиот шампионат во дисциплина болдер, кој се одржа изминатиот викенд во Темишвар, Романија. Ристеска која е стипендистка на Министерството за спорт и претставничка на Спортско Качувачка репрезентација на Македонија, оствари извонреден спортски успех освојувајќи го првото место и златниот медал во категоријата девојчиња до 11 години. На Балканијадата учествуваа 136 натпреварувачи од ...
Новиот светски шампион во Формула 1, возачот на Мерцедес, Кими Антонели, изјави пред претстојната трка за Големата награда (ГН) на Бразил дека сака да ја заврши сезоната на најдобар начин. Минатиот викенд, Антонели заврши трет на Големата награда на Мексико и во својата втора сезона стана најмладиот шампион во историјата на Формула 1. „Многу сум возбуден што сум тука. Ова е добра можност, пред сè, да се обидам да ја завршам сезоната на ...
Реал Мадрид привремено го загуби Факундо Кампацо. Кошаркарот ќе биде надвор од теренот на неодредено време поради повреда на тетивата. Проблемите со повредените играчи на „кралскиот клуб“ се влошија со најновата на плејмејкерот. – Кампацо ќе го пропушти натпреварот против Панатинаикос. Аргентинецот има повреда на тетивата. Временскиот рок за закрепнување сè уште не е утврден, објави шпанскиот клуб. Реал Мадрид моментално има скор од 6-3 ...
– Сан Антонио ноќеска го победи Далас на свој терен со 112:111. Францускиот центар на Спарс, Виктор Вембањама, беше најдобар на теренот со 52 поена и 24 скока. Сан Антонио ја забележа шестата победа по реди сега се наоѓа на 4. место во пласманот во Западната конференција со биланс (6-2). Далас (4-4) е на 11. место. Резултати на другите натпревари од најсилната кошаркарска лига на светот играни ноќта среда кон четврток: Детроит – Филаделфија ...
Евролигата го одобри спортскиот комплекс „Спирос Кипријану“ во Лимасол како дом на Макаби Тел Авив за сезоната 2026/27. Соопштението е објавено на официјалната веб-страница на елитната кошаркарска лига. Израелскиот тим ќе го игра својот прв натпревар на новото место во 11. коло против градскиот ривал Хапоел. Натпреварот е закажан за 12 ноември. Одлуката за домашните натпревари на Макаби Тел Авив на Кипар ќе остане на сила до понатамошно ...
Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс ја продолжија својата одлична серија резултати и ја забележаа шестата последователна победа, откако триумфираа на домашен терен над Мајами со 120:100 во еден од двата натпревари што беа на програмата во НБА лигата изминатата ноќ. Стефен Кари го предводеше домашниот тим со 29 поени, додека Јаксел Лендеборг додаде 17 поени, осум скокови и шест асистенции. Дрејмонд Грин имаше сезонски рекорд од 11 асистенции. ...
НБА лигата го објави првиот пресек во трката за најдобар играч во сезоната – МВП наградата. Како водечко трио се: Лука Дончиќ, Виктор Вембањама и Шеј Гилџес-Александер. Но, во игра барем засега не е трикратниот освојувач на оваа награда Никола Јокиќ; играчот на Денвер Нагетс се наоѓа во ТОП 10. Тој по серијата на слаби натпревари се наоѓа на деветтото место. Дончиќ е лидер на „езерџиите“ и по девет натпревари неговиот тим има седум победи, со ...
Бранителот на титулата Вардар 1961 синоќа на домашен терен во Скопје убедливо го совлада Еурофарм Пелистер со 31:23 во првото дерби меѓу двата големи ривали оваа сезона во македонската ракометна Суперлига Натпреварот во исполнетиот СЦ „Јане Сандански“ се играше на почетокот гол за гол, кога голманот на Вардар, Валах, со две интервенции им овозможи на соиграчите преку контранапади да поведат со 5-2 во 10. минута. Тренерот на Еурофарм Пелистер, ...
Македонската ракометна репрезентација ги започнува квалификациите за Европското првенство 2028. Противник на „црвено-жолтите“ вечер е селекцијата на Луксембург. Капитенот Филип Кузмановски верува во победа, како на вечерашниот дуел , така и на гостувањето кај Грција во второто коло. – Македонија изминатиов период покажа еден континуитет на големите натпреварувања, и сакаме да го продолжиме тоа. Искрено мислам дека напредуваме од првенство на ...