Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“, која беше прогласена за банкротирана, бил приведен синоќа, пренесуваат медиумите во регионот. Потсетуваат дека Народната банка на Србија поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство за организиран криминал против правното лице „Алта банка“ а.д. Белград и неколку одговорни лица на таа банка. Обвинителството, според написите, наведува дека кривичната пријава им е доставена по е-пошта, и дека од ...
Илијана Јотова победи во вториот круг од претседателските избори во Бугарија, со што стана првата жена која застанала на оваа функција во таа земја. По обработени 99,95 проценти од гласачките ливчиња, Јотова освои 57,58 отсто од гласовите, односно околу 1,1 милион, додека нејзиниот противкандидат Андреј Ѓуров, поддржан од прозападната опозиција, доби 39,47 отсто. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и’ ја честита победата. „Во име на ...
Авион на авиокомпанијата „Виз ер“, кој летал од Лондон кон Софија, денеска бил пренасочен кон аеродромот во Будимпешта поради дојава за бомба, објави унгарскиот министер за одбрана Ромулус Русин-Сенди на Фејсбук. Авионот сообраќал на релацијата Лондон – Софија кога пристигнала дојавата за бомба, поради што бил принуден да ја промени првично планираната рута. За придружба на патничкиот авион бил испратен унгарски борбен авион од типот ...
Александар Вучиќ, до неодамна претседател на Србија, соопшти дека остварил телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. „Во пријателски телефонски разговор, премиерот Бенјамин Нетанјаху ми се заблагодари за нашата долгогодишна, успешна соработка и за мојот значаен придонес во развојот на односите меѓу Србија и Израел. Тој изрази надеж дека и понатаму ќе имаме можности за развој на партнерството меѓу нашите две земји. Како ...
По објавувањето на списоци со поединци помилувани од поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, „Студентска листа“ излезе со реакција. Тие посочуваат дека институтот помилување е целосно обезвреднет. „Одлуката на поранешниот претседател да помилува возач обвинет за обид за тешко убиство – во случајот со прегазувањето на нашата колешка Соња во јануари минатата година – е неприфатлива“, велат од „Студентска листа“. Таквата одлука, ...
Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“, изјави дека „криминалниот клан од Врачар“ упатува закани кон успешни поединци низ Србија, првенствено бизнисмени и имотни луѓе. Тој, исто така, ја прочита содржината на две такви пораки. „Во моментов се одвива една од најгнасните кампањи видени во Србија од 1945 година наваму. Имено, ’криминалниот клан од Врачар‘, огранок на еден од црногорските криминални синдикати, упатува закани ...
Во среда, заедно со извештајот за напредокот на земјите во процесот на проширување на Европската Унија, Европската комисија ќе објави насоки што содржат временска рамка и конкретни чекори за завршување на пристапните преговори на Црна Гора, која досега најмногу напредуваше на патот кон членство. Според планот на Европската комисија, Црна Гора треба да ги затвори сите преостанати 12 преговарачки поглавја до крајот на оваа година. Планирано е ...
Носителот на изборната листа „Александар Вучиќ – Обединета Србија“, Александар Вучиќ, изјави дека претставниците на Студентската листа сакаат да ги променат традиционалните вредности на Србија, обвинувајќи ги дека се залагаат за промена на црковниот календар и се мешаат во прашања поврзани со Српската православна црква. Во интервју за ТВ „Информер“, Вучиќ оцени дека новата власт ќе ѝ нанесе сериозна економска штета на земјата, предвидувајќи ...
Албанскиот премиер Еди Рама зборуваше за предизвиците на европската интеграција на Албанија и земјите од Западен Балкан во интервју со новинарката Марија Тадео на самитот „Euronews Enlargement Summit“. Рама се осврна на односите на Србија со Косово и Европската Унија, како и на перспективите за членство на Албанија во ЕУ, нагласувајќи дека целта на неговата влада е да ги заврши пристапните преговори до крајот на 2027 година, пишува „Топ ...
Крузерот „Crown Iris“, кој требало да исплови од грчкото пристаниште на островот Сирос кон Хаифа во Израел, во вторникот бил евакуиран откако била пријавена бомба. Според информации од грчкиот јавен сервис ЕРТ, дојавата се покажала како лажна. Претресот на бродот е завршен, не се пронајдени експлозиви, а патниците се вратиле на бродот. Евакуација на повеќе од 1.500 луѓе На бродот, кој плови под панамско знаме, имало 940 патници и 597 членови ...
Тело на 58-годишен гостиварец било пронајдено на улицата „Беличица“ во Гостивар. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а при интервенцијата не биле забележани видливи траги на насилство, информира Министерството за внатрешни работи. Според информациите од полицијата, на 6 ноември, околу 19:50 часот, Итната медицинска помош од Гостивар пријавила во СВР Тетово дека добила повик за укажување лекарска помош на лице на улицата. По ...
СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски лично одлучувал за влезот на „Алта банка“ во Македонија, повикувајќи се на изјави на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и на самиот премиер. Опозициската партија бара обвинителството да отвори истрага за Мицкоски, Славески и министерката Гордана Кочоска, како и да се вклучи Европското обвинителство за проверка на текот на парите поврзани со банката. Во партиското соопштение од ...
СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против 37-годишниот Ѓ.Н. од Радовиш, осомничен за загрозување лица под меѓународна заштита, откако телефонски упатил сериозни закани кон вработени во амбасада на странска држава во Македонија. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 4 ноември 2026 година пријавениот телефонски се јавил во амбасадата и на странски јазик им се заканувал на вработените, загрозувајќи ја ...
Во текот на септември и октомври, од подрачјето на Општина Аеродром биле собрани и транспортирани 400 тони мешан отпад до депонијата „Дрисла“. Екипите на Јавното претпријатие за комунални дејности секојдневно се на терен, каде што собираат кабаст отпад, градежен шут и отпад од дивите депонии и јавните површини. Од Општината информираат дека на граѓаните им е достапна и услугата за подигање отпад директно од нивните домови, со негово ...
Движењето ЗНАМ ги отфрла личните дисквалификации и политичките конструкции на Алијансата за Албанците и СДСМ упатени кон претседателот на партијата, Максим Димитриевски. Од ЗНАМ оценуваат дека кога нема аргументи за суштината на прашањата, остануваат навредите и обидите за политичка дискредитација. „Квалификацијата ‘патриот на батерии’ најдобро зборува за политичката култура на оние што ја употребуваат, но не и за Максим Димитриевски“, се ...
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за ширење лаги и дезинформации во врска со случајот со „Алта банка“, оценувајќи дека опозициската партија се обидува да предизвика паника и да ја наруши довербата во банкарскиот систем. Реагирајќи на прес-конференцијата на Богданка Кузеска, од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека одлуките поврзани со банкарскиот систем ги носат Народната банка и гувернерот, а не премиерот и Владата. Оттаму тврдат дека гувернерот Трајко ...
Инцидент со употреба на огнено оружје бил пријавен на локалниот пат меѓу гостиварските села Дебреште и Врапчиште, откако во автомобил во движење бил забележан проектил, а на возилото биле констатирани оштетувања. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 6 ноември, околу 22:40 часот, 28-годишниот Е.Ј. од Гостивар пријавил кривично дело „предизвикување општа опасност“ во Полициското одделение Галате. Во пријавата се ...
Во изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на Македонија лишиле од слобода 17 лица, а со уште едно лице бил извршен службен разговор поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“. Според информациите од МВР, десет лица управувале возила без положен возачки испит. Меѓу нив бил и 14-годишен малолетник од Виница, кој изгубил контрола над мопедот и паднал. Службен разговор бил извршен и ...
Шпанецот Пабло Ернандес де Кос и Холанѓанецот Клас Нот се двајцата кандидати за позицијата нов претседател на Европската централна банка (ЕЦБ), кои ќе го наследат актуелниот претседател, Кристин Лагард, која предвреме ќе се повлече од функцијата на 7 февруари. Ова денеска го соопшти претседателот на Еврогрупата, Киријакос Пиеракакис. Лагард потврди дека ќе ја напушти својата функција порано следната година, наместо во октомври. Таа објасни ...
Александар Вучиќ, кој до неодамна беше претседател на Србија и кој редовно објавува содржини на социјалните мрежи по изборниот пораз – сподели ново видео. Во седиштето на Српската напредна странка, тој е прикажан како си подготвува сендвич, со сувомесни производи и сирење. Во видеото, Вучиќ се обидува да потпече леб и сече домат, притоа најавувајќи борба против „злото што ја уништува Србија“. „За разлика од другите, јас сум човек од народот ...
Александар Вулин, претседател на Движењето на социјалистите и претседател на Надзорниот одбор на „Србијагас“, вчера се огласи од Москва за да ги демантира обвинувањата дека побегнал од Србија. „По цела ноќ малтретирање од страна на новите власти – еве ме, сепак, во Москва. Тоа беше ноќ на лаги, ноќ на насилство – ноќ во која тврдеа дека носам милиони евра и десетици килограми злато во еден мал ранец. Тоа беше ноќ која покажа колку се тие ...
Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ изјави дека група криминалци упаднала во белградскиот хотел „Хајат“ и ги малтретирала присутните гости. Тој ги обвини полицијата и обвинителството дека не реагираат на ваквите инциденти, и покрај неговите претходни предупредувања. „По сè што зборував за упадите во ресторани и други инциденти, пред две вечери банда криминалци упадна и во хотелот ‘Хајат’ и ги малтретираше сите присутни“, изјави ...
Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Србија го одобри почетокот на четвртата фаза од реконструкцијата и модернизацијата на железничката пруга Ниш – Димитровград, која ја поврзува Србија со Бугарија, пренесуваат српските медиуми. Новата фаза опфаќа околу 32 километри железничка пруга, реконструкција на четири железнички станици и изградба на четири патни премини. Работите ќе се изведуваат на делниците меѓу Долац и ...
Судoт во Истанбул ѝ одреди притвор на поранешната турска министерка за семејство и социјална политика, Фатма Бетул Сајан Каја, во рамки на истрага за финансиски неправилности поврзани со кризата во инвестициските фондови во Турција, пренесува „Ројтерс“. Според турската агенција „Анадолу“, Каја, која беше министерка од 2016 до 2018 година, е осомничена за прекршување на законот за пазарот на капитал и членство во организација основана за ...
Во Србија се уапсени осум полицајци поради сомнение дека се поврзани со смртта на Далибор Драгијевиќ во полициската станица во Бор. Тој бил брат на Дејан Драгијевиќ, еден од двајцата обвинети за убиството на двегодишната Данка Илиќ, пренесува „Нова.рс“. Според неофицијални информации, Вишото јавно обвинителство во Ниш би можело да наложи дополнителни апсења. Уапсените се припадници на Одделението за специјални акции при Управата на ...
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека ситуацијата во Албанија не може да се спореди со настаните во Србија, каде што масовното студентско движење доведе до политички промени. Во исто време, албанската полиција почна да применува нови закони против демонстрантите, а за само неколку дена 83 лица кои учествуваа во антивладините протести во Тирана беа казнети. Рама повтори на социјалните мрежи дека е подготвен да разговара со сите што веруваат ...
Два борбени авиона на српското воено воздухопловство пресретнаа авион на „Виз ер“, кој летал од Брисел кон Софија, откако пристигнала дојава дека во леталото има експлозивна направа. Од Министерството за одбрана на Србија соопштија дека ловците го идентификувале леталото и го придружувале до границата со Бугарија. Борбените авиони биле испратени по известување од Контролата на летање на Србија и Црна Гора (SMATSA). Одредени единици за ...
Црна Гора ќе стори сè што е во нејзина моќ за да најде компромис во „европски дух“ во однос на прашањата што ги покрена Хрватска, а кои се однесуваат на завршувањето на преговорите за пристапување, изјави црногорскиот премиер Милојко Спајиќ. „Црна Гора ќе направи сè што е во нејзина моќ за да најде компромис, во европски дух, за сите прашања што би можеле потенцијално да нè разделат. Верувам дека ова е одлична можност за дополнително ...
Српскиот претседател во заминување, Александар Вучиќ, ја засили активноста на социјалните мрежи, каде што речиси секој час објавува фотографии и видеа. Само вечерва сподели неколку снимки од белградска кафана, каде што пие и се весели со поддржувачи на неговата партија Српска напредна партија. На едно од видеата се гледа како присутните наздравуваат и се забавуваат, а меѓу нив е и Вучиќ. Претходно, тој објави видео и со сопственикот на ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ. Серафимовски му посака успешен мандат, изразувајќи уверување дека неговиот ангажман ќе придонесе за натамошно продлабочување на традиционално пријателските односи меѓу двете земји. На средбата се зборуваше за можностите за унапредување на билатералната соработка во земјоделството, со посебен ...