Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во објава на платформата X посочува дека изјавите на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претставуваат потврда на ставовите кои СДСМ ги застапува подолго време, а кои денес ги споделува и граѓанскиот Фронт за вистина и правда, стои во партиското соопштение. „По прв пат некој од ВМРО јавно го кажува она што ние во СДСМ, а сега и во големиот граѓански фронт, го повторуваме веќе долго време. ...

Потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски во гостување во емисијата „Трилинг“ рече дека партијата има јасна визија за иднината на државата, заснована на владеење на правото, борба против корупцијата и подобар животен стандард на граѓаните, стои во партиското соопштение. Тој нагласи дека државата се соочува со сериозни проблеми и економски застој, при што граѓаните секојдневно чувствуваат доцнење на субвенции, социјални трансфери и ...

На годинешниот конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ 2026 година, организиран од страна на НУМ „Струшки вечери на поезијата“ – Струга, се пријавија 35 автори со вкупно 37 поетски книги објавени меѓу две фестивалски изданија, во период од 01.06.2026 до 01.05.2026 година. Комисијата, согласно одредбите на истиот, по завршувањето на предвидените фази за својата работа, на состанокот одржан на 10 јуни го утврди поширок избор од 10 автори: 1. ...

Конзорциум предводен од домашната градежна компанија „Гранит“ ќе го гради вториот дел од автопатот Скопје-Блаце, во должина од 10,5 километри, а изградбата ќе почне летово, информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој очекува автопатот да биде изграден за 3,5 години. На него ќе има пет тунели, две галерии, 12 мостови, околу 40-тина објекти заедно со помалите. Според Николоски, изборот на „Гранит“ за ...

Општина Илинден успешно го реализираше капиталниот инфраструктурен проект за целосна реконструкција на локалниот патен правец што ги поврзува населените места Мршевци и Дељадровци, со што значително се унапредуваат условите за сообраќај, безбедноста и локалната поврзаност, информираат од локалната самоуправа. Проектот, како што велат, претставува една од позначајните инвестиции во патната инфраструктура на општината, обезбедувајќи современа, ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишник кој од јануари до јуни годинава во неколку наврати вршел полов однос врз 12-годишно девојче, со што извршил продолжено дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, со девојчето родено 2014 година контактирале и се допишувале на социјалните мрежи, а покрај тоа што ...

Израелската армија денеска нареди евакуација на жителите од 20 градови и села во јужен Либан, јави ДПА. Армијата објави дека од синоќа имало неколку напади со беспилотни летала од страна на либанската милиција Хезболах врз северен Израел. Портпаролот на армијата, Авичај Адрае, објави на Икс на арапски јазик дека жителите треба веднаш да ги напуштат своите домови за сопствена безбедност и да се преселат северно од реката Захрани. Секој што ...

Градоначалникот на Ар-Рихан во округот Џезин на југот на Либан, Али Бади, загина во израелски напад, пренесе денеска либанската Национална новинска агенција (ННА). Според наводите на либанските и регионалните медиуми, израелската војска извршила повеќе напади со дронови врз подрачја во округот Џезин, вклучувајќи ги општините Ар-Рихан и Кфар Хуна, пренесе Ал Џезира. Во еден од нападите било погодено и возило во Кфар Хуна, но засега нема ...

Лос Анџелес – Во битката за бокс офисот се бореа Мајкл Џексон против Фреди Меркјури. „Мајкл“ го надмина „Боемска рапсодија“ како најпрофитабилен музички биографски филм на сите времиња. Сега Мајкл е на добар пат да сруши повеќе рекорди. Моментално најпрофитабилниот биографски филм е „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан, кој го заврши своето прикажување со 975,8 милиони долари низ целиот свет. До 12 јуни, Мајкл заработил речиси 912 милиони долари ...

Репрезентативецот на Македонија, Вукашин Јовановиќ (-67 кг.). оствари историски успех, освојувајќи златен медал на Светското универзитетско првенство во боречки спортови што се одржува во Бразилија. Во финалниот меч, Јовановиќ се соочи со белгискиот натпреварувач Амин Абделмалки и по израмнета и тактички зрела борба славеше со резултат 2-2 (3-2 по судиско изјаснување), освојувајќи ја титулата Светски универзитетски шампион. Јовановиќ патот ...

Лондон – Дејвид Хокни, еден од највлијателните британски уметници на модерното време, почина на 88-годишна возраст, потврди неговата портпаролка. Хокни, еден од лидерите на поп-арт движењето од 1960-тите, почина во својот дом во четврток, „еден месец пред неговиот 89-ти роденден“, се вели во соопштението. Во 2018 година, една од неговите слики на базен беше продадена за речиси 70 милиони фунти, што е рекорд за жив уметник, објави Би-Би-Си. ...

Вашингтон – Судијата го отфрли барањето за запирање на отстранувањето на името Трамп од Центарот „Кенеди“ Федерален судија на САД во петокот го отфрли барањето на одборот на Центарот „Кенеди“ и Министерството за правда да го запрат отстранувањето на името на претседателот Доналд Трамп од местото каде што се одржуваат сценски уметности. Окружниот судија на САД, Кристофер Купер, со пресуда донесена минатиот месец, нареди името на Трамп да се ...

Новото клучно прашање во енергетскиот сектор е каде и како ќе се складира произведената електрична енергија од обновливи извори, изјави Тодор Анѓушев, управител на ЕМС во рамките на ФЕРО ИНВЕСТ, на стручната трибина „Складирање на електрична енергија и интеграција на производство од обновливи извори – Предизвици и решенија“, организирана од МАКО СИГРЕ на ФЕИТ во Скопје. Тодор Анѓушев нагласи дека без батериски системи е невозможно целосно да ...

Договорот со САД за прекин на конфликтот во Иран е блиску и вклучува повторно отворање на Ормуската Теснина, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Тој за иранската телевизија изјави дека договорот исто така вклучува укинување на американската блокада на Иран, но оти разговорите за иранската нуклеарна програма ќе почнат подоцна. Би-Би-Си пренесува дека американски функционери потврдиле дел од деталите на договорот. ...

Статусот на светско наследство може да ги катапултира дури и помалку познатите локации кон глобална слава, но зошто некои места се борат да бидат отстранети од престижната листа? Во планините на централна Словачка, живописното средновековно село Влколинец има повеќе куќи отколку луѓе. Околу 20 од нив живеат во 45 живописни колиби групирани околу камбанарија од 18 век. Извонредно добро зачуваната архитектура на селото му ја донесе титулата ...

Богатството на Илон Маск е повеќе од 60 пати поголемо од вкупниот годишен БДП на Македонија, покажува споредбата меѓу она што како вредност го поседува најбогатиот човек на светот и од петокот прв билионер на планетата и македонската економија во моментов. Неговата нето-вредност достигнува речиси 1,1 билион американски долари (илјада милијарди долари), додека номиналниот БДП на државата изнесува околу 17 до 18 милијарди долари. Ако ...

Иран во изминатите недели значително ги засили мерките за заштита на своите резерви на високо збогатен ураниум, вклучувајќи рушење на тунели и поставување мини на пристапните точки, поради загриженост од американски операции, изјавија повеќе извори запознаени со разузнавачките проценки на САД. Според тие информации, иранските резерви од околу половина тон високо збогатен ураниум сега се значително потешко достапни отколку порано, откако, како ...

Фестивалот на Југоисточна Европа, SEE FF 2026, годинава го имаше своето 16-то издание во Париз, 11-то во Берлин, а по шести пат и во главниот град на САД , Вашингтон. Овој фестивал за кого пишувале голем број светски медиуми е вистиски прозорец за кинематографиите на Југоисточна Европа и афирмација на плејада филмски творци од регионот. Овогодишната богата програма од играни, документарни, кратки и анимирани филмови, предизвика голем интерес ...

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар ќе го пропушти првиот натпревар на Бразил од групната фаза на Светското првенство поради повреда на листот, изјави денеска селекторот Карло Анчелоти. „Тој работи напорно за да се рехабилитира што е можно поскоро. Се надеваме дека ќе може да се врати на целосен тренинг следната недела“, рече Анчелоти. Бразил стартува на Мундијалот вечерва на полноќ против Мароко во единствениот натпревар од групната фаза во ...

Куба објави планови за реформа на својата економија по примерот на социјалистичките пазарни економии на Кина и Виетнам, при што претседателот Мигел Дијаз-Канел изјави дека планираното отворање ќе овозможи поголемо учество на приватниот сектор на местото на силно државно контролираната планска економија. Реформата сè уште треба да биде одобрена од Политбирото на Комунистичката партија и од Националното собрание на Куба, пренесе ДПА. – ...

Без електрична енергија денеска во периодот од 08:00 до 15:30 часот ќе бидат корисниците од селата Бадар, Кожле и Блаце, корисниците од населба Тотинци и тунелите Катланово во општина Петровец, информира ЕВН Македонија. Без струја во периодот од 08:30 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од село Сарај лоцирани позади старата џамија во општина Сарај. Без електрична енергија денеска во периодот од 08:00 до 15:30 часот ќе бидат корисниците од ...

Општина Чаир соопшти дека продолжува со инвестициите во подобрување на јавната хигиена и комуналната инфраструктура. Од денес започна поставувањето на 100 нови контејнери на територијата на општината, на локации каде што потребата е најголема, со цел поефикасно собирање на отпадот и подобрување на чистотата во различни населби на Чаир. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека инвестициите во јавната хигиена остануваат еден ...

Со доделувањео на наградите на најдобрите тетарски остварувања и со претставата во чест на нагрдените, „Црно злато“ по текст на Дејан Дуковски, во режија на Оливер Фрлиќ, а во изведба на Београдско драмско позориште синоќа на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенов“ во Прилеп заврши јубилејното, 60 издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Најдобрата претстава во целина која ја понесе статуетката на Војдан ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во напад на САД е убиен лидерот на транснационалната криминална група „Трен де Арагва“. „По моја наредба, Јужната команда на САД изврши брз и смртоносен кинетички напад за успешно елиминирање на Нињо Гереро, озлогласениот лидер на ’Трен де Арагва‘, една од најкрволочните терористички организации на планетата Земја“, соопшти Трамп во објава на својата платформа Truth Social, која содржеше и ...

Концертна манифестација „Центарска Симфонија“ ќе се одржи вечерва со почеток во 19:30 часот, на Плочник – Градски Ѕид во центарот на Скопје. „Центарска Симфонија“ е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година, со цел збогатување на културниот живот и доближување на квалитетната музичка уметност до пошироката јавност. -Ќе имате можност да уживате во македонски шлагери инспирирани од домашната кинематографија од ...

Концертот „Звуците на Македонија“, во изведба на студентите по Оркестар на народни инструменти и традиционално пеење, од Факултетот за музичка уметност – Скопје ќе се одржи денеска со почеток во 13:30 часот, на Школка во Градскиот парк. Од Факултет за музичка уметност соопштуваат дека преку богата програма исполнета со македонски народни песни и инструментални изведби, младите уметници ќе го претстават богатството на македонската музичка ...

Тејлор Свифт (36 години) стана најмладата жена примена во Куќата на славните автори на песни, во четвртокот вечерта. „Беше инстинктивно. Никој не ме научи како да го правам тоа“, рече таа за пишувањето песни со засипнат глас што го припиша на врескањето на настапите вечерта и историскиот НБА натпревар во средата вечерта помеѓу Њујорк Никс и Сан Антонио Спарс. Таа раскажа за нејзиното семејство кое се жртвувало за да ја пресели од ...

САД го совлада Парагвај со 4-1 во Инглвуд во првото коло од групата на Светското првенство. Стрелци за домаќините беа Дамијан Бобадиља со автогол во 7., Фоларин Балогун во 31. и 45. и Џовани Рејна во осмата минута од судиското надополнување. Стрелец на единствениот гол за Парагвај беше Маурицио во 73. минута. САД поведоа во седмата минута. Кристијан Пулишиќ направи одлично додавање по левата страна и ја врати топката за Вестон Мекени, чиј ...

Третиот ден од Светското првенство е првиот во кој ќе се играат четири натпревари. И покрај ова, програмата сепак започнува во 21:00 часот по македонско време, по што следат натпревари во 00:00, 03:00 и 06:00 часот. Еве кој со кого игра: Катар и Швајцарија се првите што ќе излезат на теренот во 21:00 часот Точно на полноќ ќе се игра најатрактивниот натпревар на денот – Бразил против Мароко Хаити и Шкотска ќе се соочат во 3:00 часот наутро ...

Војската на САД синоќа соопшти соборила неколку ирански дронови чија цел биле бродови што минувале низ Ормуската Теснина. „Иран лансираше повеќе дронови за еднократен напад во обид да погоди комерцијални бродови кои транзитираат низ Ормуската Теснина“, соопшти Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) во објава на социјалните мрежи. „Американските сили ги соборија сите во изминатите неколку часа, додека протокот на сообраќај низ теснецот ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.31
36%
1019
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
3.13
56%
1020
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
1.95
44%
1019
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
3.21
39%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.61
41%
1018
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
0.45
54%
1019
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
5.36
58%
1016
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
3.67
36%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.81
36%
1018
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1017
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1017
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.55
85%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Калај

53.60

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97