Има десетици заинтересирани компании за дата центри во државава, кои со законските измени за кои почна постапката во Собранието се изедначуваат со технолошко индустриските развојни зони. Ова го изјави денес премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на новинарите при неговата посета во Општина Кисела Вода. „Имаме неколку десетици заинтересирани компании, разговараме и преговараме, секако ќе бидат избрани локации кои што нема да ...

Изутрината, повторно имаше пожар на депонијата „Краста“, лоцирана на локалниот пат Куманово-Пчиња. Како што соопшти градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, во моментов состојбата на депонијата е стабилна и активно се работи на нејзино санирање. – Во раните утрински часови повторно е дојдено до самоопожарување на јужната страна од депонијата поради ефектот на подземните гасови но со брза интервенција на дежурните екипи ...

Случајот со боледувањето на градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровески се претвора во пародија. Нему му е истечено боледувањето, премиерот Христијан Мицкоски вели дека морал да мирува, општината Карпош е во конфузија, а карпошани се прашуваат зошто гласавме за Лукровски кога тој по само неколку месеци одбива да ја врши функцијата на која беше избран. Лукровски го нема никаде, а ниту пак самиот соопштува што се случува и дали ќе се врати на ...

Денеска, во Собранието се одржа средба помеѓу координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и група студенти и професори од Универзитет во Амстердам, Холандија. Студентите покажаа голем интерес за актуелните политички и општествени состојби во земјата. Во текот на разговорот беа отворени повеќе значајни теми, меѓу кои: односите со Бугарија, решението на спорот со Грција, евроинтегративниот процес на државата и Западен ...

Извештајот на Министерството за труд е непожелна вест за претседателот Трамп и Републиканската партија во изборна година каде што доминантно прашање е прифатливоста на цените. Демократите веќе подготвуваа кампањски реклами за силно да ги погодат Републиканската партија и поради војната со Иран и поради начинот на кој Трамп се справува со економијата воопшто. Извештајот, заедно со обновените напади на Трамп врз Иран, ја потресоа берзата, ...

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај во кој се анализирани конкретни случаи на потенцијално незаконски спроведени тендерски постапки во коишто грижата за јавните пари не била примарна. Овие случаи, како што се наведува во соопштението до медиумите, се издвојуваат преку анализа на наодите од црвените знаменца кои ги применува Бирото за јавни набавки, преку ...

Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството презентира докази за Агенцијата за обединување Рубикон Секјурити солушнс, а се однесуваат на околности поврзани со обезбедувањето на објектот во кој се наоѓала дискотеката „Пулс”, планот за надзор и на преземени и не преземени ...

Мексиканските власти ќе распоредат 1.700 полицајци и службеници за итни случаи во Мексико Сити за да обезбедат безбедност и поддршка на масовните настани на денот на отворањето на Светското првенство, објави Пабло Васкез Камачо, министер за јавна безбедност на главниот град. -Секретаријатот за јавна безбедност спроведува операција во која ќе бидат вклучени 1.700 полицајци од полициските операции, контролата на сообраќајот, спасување и ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ја бранеше цената на билетите за Светското првенство во 2026 година по критиките од навивачите кои тврдеа дека цената е претерана. – Почетната цена од 60 долари е најниската цена за влез од кој било американски спорт во плејофот. Доколку ги продававме билетите по пониска цена, тие ќе завршеа на секундарниот пазар по многу повисоки цени. Секој собран долар се враќа во организацијата и ќе биде потрошен за ...

Кога ќе се спојат добрите духови на нашата сцена и добриот дух на рокенролот, настанува вистинска комбинација од feel-good енергија. Токму таква енергија зрачеше од членовите на бендот Heidi šeće psa, добрите духови од хрватската музичка сцена, во најголемиот мал рок-клуб Hard Place, местото каде што живее духот на рокенролот, а каде што се снимаше видеоспотот за новата песна „Tebi je svejedno“. Под режисерската палка на Динко Чвориќ Доринго, ...

Македонскиот КИЦ во Белград и МТС Дворана, заеднички ја организираат изложбата „Сага за творечките немири“ посветена на великанот на македонската ликовна уметност Петар Мазев. Десет дела од приватната колекција на Игор Станковиќ ќе бидат претставени пред белградската публика во рамките на пригодното одбележување 30 години македонско-српски дипломатски односи. Петар Мазев (1927 Кавадарци-1993 Скопје), бил студент на Академијата за ликовни ...

Неосновани исплати поради пропусти во системот за остварување и исплата на права од социјална заштита, утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР). Како што информира, слабостите во системските контроли и размената на податоци меѓу институциите и недоволната ажурност и проверка на податоците за корисниците, придонеле да се исплаќаат социјални права без целосно исполнување на законските услови при што е нанесена штета на државниот Буџет. Според ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето С.Г.О.Б., странски државјанин, во својство на сопственик и управител на правно лице, како и против самото правно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ од член 275-в од Кривичниот Законик на ...

Длабоко, на повеќе од 1,6 километри под дебелата ледена покривка на Источен Антарктик, научниците открија исклучително добро зачуван древен пејзаж кој останал речиси недопрен цели 34 милиони години. Станува збор за огромна област скриена под мразот, која претставува вистинска временска капсула и нуди единствен увид во изгледот на Земјата пред Антарктикот да се претвори во ледена пустина што ја познаваме денес, објави списанието „Нејчер“ ...

По светската премиера на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума на „Tribeca festival“ во Њујорк, пристигнаа и првите меѓународни критики, кои го препознаваат филмот како силна, искрена и општествено релевантна приказна за женската автономија, семејството, сиромаштијата и судирот меѓу традицијата и современиот живот, се наведува во денешното соопштение од организацијата. Според „Cineuropa“, Дума покажува сигурен режисерски ...

Украински напад со дрон предизвикал пожар во нафтена рафинерија во близина на јужниот руски град Краснодар, соопштија регионалните власти. Според Центарот за кризни ситуации на Краснодарскиот регион, рафинеријата во населбата Афипски, една од најголемите во јужна Русија, била опожарена во нападот. Пожарот утрово бил изгаснат, а нема информации за повредени во нападот. Гувернерот на Краснодарскиот регион, Венијамин Кондратјев, изјави дека три ...

Во рамки на меѓународниот симпозиум што го организираа Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина во Шангај, гувернерот на Народната банка Трајко Славески, на покана на гувернерот на Народната банка на Кина Пан Гонгшенг, оствари билатерална средба со својот кинески колега. За време на средбата, како што информира Кабинетот на Славески, беа разменети мислења за актуелните светски економски и финансиски текови, како и за ...

Во април годинава издадени се 291 одобрение за градење, што е за 38 проценти помалку во однос на април лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Најмногу одбренија за градење, 83, издадени се во Полошкиот регион, по што следуваат Скопскиот, 72, Југозападниот, 32, Источниот, 28, Југоисточниот, 26, Пелагонискиот, 24, Североисточниот, 3. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4. 577. 429. ...

Изминатата година поставена е нова насока – здравствен систем што планира, мери, дигитализира и одговара, се наведува министерот за здравство Азир Алиу, во изјава за медиумите по повод една година од преземањето на министерската функција. – Пред една година ја презедов одговорноста да го водам Министерството за здравство. Не беше лесен период, ниту систем во кој проблемите можат да се решат преку ноќ. Здравството е еден од најсложените и ...

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) распиша конкурс за необјавени кратки книжевни форми во рамки на традиционалната манифестација „Празник на липите“. Како што информираат од ДПМ, конкурсот е на слободна тема, а заинтересираните автори можат да учествуваат со една песна до 40 стихови или еден краток расказ до 1.000 зборови. Пријавените творби треба да бидат необјавени и потпишани со име и презиме, а може да се достават електронски на ...

Се очекува Европската централна банка (ЕЦБ) денеска да ги зголеми клучните каматни стапки за првпат по 2023 година, во услови на остриот пораст на потрошувачките цени низ еврозоната. Како што пренесе ДПА, Централната банка треба да ја објави својата одлука денеска во 14:15 часот (12:15 GMT). Стапката на депозити, која е важна за штедачите и банките, изнесува 2 проценти од средината на 2025 година. Шокот со цената на нафтата што произлезе од ...

Американската армија соопшти дека Централната команда на САД (CENTCOM) ги завршила новите напади врз Иран, неколку часа откако претходно беше објавено нивното почнување по наредба на претседателот Доналд Трамп. „Силите на CENTCOM извршија напади врз ирански воени капацитети за надзор, комуникациски системи и позиции на противвоздушната одбрана низ Иран. Средства на Маринскиот корпус, Воздухопловните сили и Морнарицата на САД употребија ...

Без струја денеска од 7:30 до 15 часот ќе останат корисниците од улицата Покриена чаршија и дел од улицата Ковачка во Стара скопска шаршија. Како што соопшти Регионалнит центар за кризи на Град Скопје, без електрична енергија од 8 до 14 часот ќе останат корисниците од село Рашче, Хлорна станица Рашче, село Бојане, село Копаница, дел од село Кондово и од 8 до 16 часот селата Добрино, Гумалево, Кадина Река, Смесница, Зелениково, Страхојадица, ...

Земјотрес со јачина од 3,0 степени според Рихтеровата скала утринава е почувствуван во југозападниот дел на земјава, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според податоците на опсерваторијата, земјотресот е регистриран во 5 часот и 36 минути, а неговиот епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга. -Земјотресот е почувствуван од жителите на Охрид и Струга со интензитет од ...

Пожарот што вчера изби над Штип е изгаснат по интервенција на пожарникарите и доброволците, соопштија од Центарот за управување со кризи. Во гаснењето учествувале екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Штип со 20 пожарникари и четири противпожарни возила, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Штип со 10 лица и четири возила, како и екипи од Кочани со две возила и шестмина пожарникари и од Свети Николе со една екипа. Пожарот ...

Светското првенство во фудбал, чии домаќини се САД, Канада и Мексико почнува денеска, а фудбалската треска ќе кулминира на 19 јули, кога ќе се одигра финалниот натпревар. Премиерниот меч е вечерва кога Мексико ќе се соочи со Јужна Африка во импозантната околина на стадионот Ацтека. Во текот на следниот месец, нормалниот ритам на секојдневниот живот ќе тече во позадината на најголемиот светски спектакл кој ќе го заземе централното место во 16 ...

Њујорк никс ноќеска го победи Сан Антонио спарс со 107:106 во четвртиот натпревар од финалето на НБА-лигата. Домаќините се вратија од 29 поени негатива и на крајот се радуваа на победата. Најефикасен на дуелот одигран во „Медисон Сквер Гарден“ беше Џејлен Брансон, кој постигна 36 поени. Најдобар стрелец во поразениот тим беше Виктор Вембањама, кој имаше дабл-дабл од 24 поени и 13 скока. Никс сега водат во серијата со 3-1. Петтиот натпревар ...

Европа мора подобро да ги заштити своите граѓани од екстремните горештини во услови на забрзани климатски промени, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), посочувајќи дека континентот се затоплува побрзо од кој било друг регион во светот. Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, изјави дека во изминатите четири години повеќе од 200 илјади лица во европскиот регион починале од причини поврзани со високите температури. ...

Самостојна изложба на Ненад Тонкин, со наслов „Простор – тишина“, ќе биде отворена вечер во Културно-информативниот центар во Скопје со почеток од 20 часот. Како што соопштија од организацијата, изложбата ќе биде отворена до 24 јуни. – Изложбата со наслов „Простор – тишина“ на Ненад Тонкин се состои од ахроматски колажни релјефи изработени од архивска fine art хартија од брендот Hahnemühle. Со користење на едноставни геометриски парчиња, ...

Концерт на Македонската филхармонија со студентите од државните факултети за музика, насловен „Звукот на идната генерација“ ќе се одржи вечер со почеток во 20 часот. Диригент е маестро Сашо Татарчевски, а како солисти ќе настапат Итан Георгиев, контрабас (III година, доц. м-р Александар Поп-Христов), Кирил Тасев, флејта (II година, проф. м-р Златка Митева), Христијана Матеска, хармоника (IV година, проф. м-р Зорица Каракутовска), Кристијан ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09