Со голот на Ноа Окафор, тимот на Лидс успеа на домашен терен попладнево да слави против екипата на Тотехнем со минимални 1:0 во рамките од првиот денешен дуел од Премиер лига програмата. Интернационалецот од Швајцарија реализираше во 79. минута од мечот, а потоа гостите повеќе немаа доволно време за да се вратат во игра на овој меч. Лидс со овој триумф стигна до 14 поени на своето конто и во моментов осма позиција на табелата, додека ...

Денешното 12. коло од ВМФЛ шампионатот го одбележа секако одличното издание на тимот на Кожуф, предводен од тренерот Вангел Алтипармаковски кој што на свој терен во Гевгелија, одигра 1:1 против фаворизираниот тим на Пелистер. Иако гостите стигна до предност со голот на искусниот Кире Ристевски, сепак, во второто полувреме, домашните успеаа со ефектен гол кој што слободно може да се запише и како автогол на гостинскиот голман да дојдат до ...

Македонската таеквондистка Душица Брсалиева оствари одличен успех на меѓународниот турнир „Грција опен Е1 2026“, освојувајќи го златниот медал во јуниорска конкуренција до 55 килограми. Репрезентативката на Македонија и членка на ТК Штип имаше беспрекорен настап, забележувајќи четири победи во четири борби, сите против домашни натпреварувачки од Грција. Брсалиева до златото стигна без загубена рунда, победувајќи ги Талеја Варсу во ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се откажал од идејата за дополнително зголемување на бројот на учесници на Светското првенство во фудбал. Според информациите на британскиот весник „Тајмс“, Инфантино ги известил претседателите на шесте континентални конфедерации дека нема да ја турка иницијативата за проширување ниту на Мундијалот, ниту на Светското клупско првенство. Во јули годинава, Инфантино најави дека ФИФА би можела да го зголеми ...

Еден од најдобрите напаѓачи во светот, Виктор Осимен, ќе мора да замине на операција по повредата на левото колено. Напаѓачот на Галатасарај се повреди на натпреварот од Лигата на шампионите против Штутгарт, а дополнителните лекарски прегледи и магнетната резонанца открија истегнување и присуство на слободен фрагмент во зглобот. Поради тоа, турскиот клуб закажа артроскопска операција, која треба да биде извршена во болницата „Маслак ...

Комо е една од најпријатните приказни во европскиот фудбал. Клубот од Италија, предводен од тренерот Сеск Фабрегас, успева да се наметне и на меѓународната сцена, а посебно внимание привлекува начинот на кој ја составува екипата. Наместо само да троши огромни суми за докажани ѕвезди, Комо внимателно пронаоѓа играчи чија вредност подоцна значително расте. Еден од најдобрите примери е Лукас да Куња, за кого клубот во 2023 година му плати на ...

Селекцијата на Германија наскоро би можела да испише историја. Станува збор за 17-годишниот Ваел Мохја, суперталентираниот фудбалер на Борусија Менхенгладбах, кој доби повик од новиот селектор Јирген Клоп за репрезентативните натпревари против Србија и Холандија во Лигата на нациите. Доколку Мохја добие шанса за настап, може да стане најмладиот германски репрезентативец во последните 116 години и најмладиот дебитант во повоената историја на ...

Лука Дончиќ одигра уште еден спектакуларен натпревар во НБА-лигата, постигнувајќи 53 поени во победата на Лос Анџелес Лејкерс над Портланд Трејлблејзерс со 124:118. Словенечкиот ас беше незапирлив и го предводеше својот тим до четвртиот последователен триумф, воедно носејќи му ја првата победа во овосезонскиот НБА-куп. Дончиќ шутираше 17/33 од поле, а забележа и пет скока и пет асистенции. Посебно импресивен беше во третата четвртина, во ...

Лука Дончиќ повторно беше во центарот на вниманието во НБА-лигата, не само поради фантастичните 53 поени во победата над Портланд (124:118), туку и поради потегот со кој ја воодушеви публиката во салата. Словенечкиот кошаркар пред крајот на првото полувреме погоди неверојатна тројка од сопствената половина, односно од околу три четвртини од теренот. Неговиот шут предизвика воодушевување на трибините, а камерите ја забележаа и реакцијата на ...

Македонската ракометна машка пионерска репрезентација денеска извојува тесна но заслужена победа од конечни 35:33 на дуелот против селекцијата на Косово. Истиот се играше во рамките од Регионалниот Челинџ Куп У16, кој се одржува во Подгорица, Црна Гора. Нашите млади ракометари во текот на целиот меч покажаа капацитет, храброст, тимски дух и секако квалитет, што беше ниво над противникот, и дојдоа до убав триумф. Македонската ракометна ...

Попладнево од 13 часот на стадионот во Кратово, во меч од 13.коло, домашниот Силекс го пречекува Вардар. Меч кој и тоа како е значаен за двете екипи, посебно за составот на стратегот Александар Васоски, инаку некогашен стратег на Вардар. Со евентуална победа и три бода секако дека кратовци ќе фатат приклучок со водечките на табелата. Токму Васоски за “СпортСпорт“ во пресрет на денешната пресметка со шампионот искоментира: “Респект за Вардар, ...

Екипата на Вардар успеа да го добие тешкиот дерби дуел против тимот на Силекс на гостински терен во раките од 13. коло од ПМФЛ шампионатот денеска одигран во Кратово. По одлични сончеви услови, Вардар го издржа притисокот кој што домаќинот го направи особено во вториот дел и со минимални 0:1 да ги однесе трите бода. Клучен момент на овој меч беше оној на самиот старт во второто полувреме кога, Тодоровски додаде за Пиреш, овој за Омерагиќ, а ...

Голманот на Екваротијална Гвинеја, Хесус Овоно, и човекот кој што беше вмешан во сериозниот инцидент во втората шпанска лига по што трагично почина играчот на Тенерифе, Хесус де Мигел, сериозно размислува да заврши со професионалното бавење фудбал. Тој според извои блиски до неговото семејство е во сериозно тешка психолошка состојба, и во моментов се чувствува много лошо. Ана Маје, координаторка во Фудбалската федерација на Екваторијална ...

Со право владееше голема еуфорија по мечот во таборот на Струга ТЛ. Да се победи Шкендија со 1:0 во големото дерби не е мала работа, посебно кога тие три бода значат и искачување на врвот на табелата. Сега по ова 13.коло стружани имаат 29 бодови, додека втората Шкендија 27. Сега Струга ТЛ се прашува за врвот, се прашува барем за есенската титула. По победата денеска над големиот ривал, секако дека следуваше победничкото селфи од ...

По првите 45. минути на дуелот помеѓу Силекс и Вардар кој што во моментов се игра во Кратово, во рамките од новото 13. коло од ПМФЛ шампионатот, резултатот е оној почетниот 0:0. Домаќинот имаше можност да дојде во водство по асистенцијата на Ефтимов и голот на Шеро, но судиите оправдано го поништија погодокот поради офсајд на асистентот. Од друга страна пак, гостите најпрво преку Данев имаа супер шанса, но Џеков одлично брани, за да по ...

Струга ТЛ – Шкендија 1:0 е исходот од големото дерби на 13.коло во ПМФЛ. Победничкиот гол беше дело на Христијан Малески во 73.минута кога прекрасно биеше со глава за голема победа. Сега Струга ТЛ е лидер со 29 бодови со +2 пред Шкендија. Голема битка многу шанси на двете страни, но сепак Малески го реши дербито за голема, голема победа на стружани кои сега имаат “седум од седум“ дома и без примен гол. Струга ТЛ – Шкендија 1:0 е исходот од ...

Неверојатни сцени го обиколија фудбалскиот свет откако еден натпревар од младинското првенство на Бразил заврши со дури 53 исклучувања, по масовна тепачка меѓу фудбалерите, членовите на стручните штабови и клупските функционери. Инцидентот се случил на првиот полуфинален натпревар од Втората дивизија на првенството до 20 години во сојузната држава Минас Жераис, меѓу екипите на Уберландија и Маморе. Тензиите започнале во 54. минута, кога по ...

Натпреварот Тенерифе-Андора се претвори во кошмар во 98-та минута. Кога играта веќе беше претворена во хаос по израмнувањето од 2-2 и исклучувањата на Лаутаро и Дани Мартин, неочекуван инцидент испрати шок низ стадионот „Хелиодоро Родригез Лопез“. Хесус де Мигел се струполи на теренот откако доживеа брутален судир со Овоно, кој излета од својот шеснаесетник за да исчисти една топка и на крајот се судри со напаѓачот на Тенерифе. Тенерифе ...

Спортскиот директор на Шахтјор од Доњецк, Дарио Срна, ги критикуваше ФИФА и Џани Инфантино, но исто така истакна дека верува оти нема место за Русите во натпреварувањата на УЕФА додека трае војната. Дарио Срна го покани Џани Инфантино да ја посети Украина и самиот да се увери во условите во кои работат клубовите во оваа земја, но особено нагласи дека ФИФА не направила ништо за да им помогне на клубовите откако започна војната меѓу Русија и ...

Египетската ѕвезда на Трабзонспор, Мохамед Салах, би можела да добие турско државјанство, а се подготвува посебна церемонија за да му се додели државен орден, објави дописникот на Би-Би-Си, Мохамед Ел Кауд. Според него, постапката нема да го вклучи само него како напаѓач, туку и неговата сопруга и нивните три деца. „Дознав дека Мохамед Салах ќе добие турско државјанство заедно со неговата сопруга и три деца. Салах ќе биде награден со Државен ...

Нова милионерска добивка во Македонија, Видеолотарија Касинос Австрија исплати кон играчите над 7 милиони денари за една недела. Дарко Ивановски од Кратово е најновиот добитник на МИЛИОНЕР Џекпотот и новиот милионер во Македонија. Тој освои 1.265.797 денари, со среќната игра Ултимејт хот кај деловниот соработник Бет ту мар, на 31 октомври 2026 година. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му ја честита добивката на Дарко, со желби за многу ...

Фудбалерите на Галатасарај, Лукас Тореира, Исмаил Јакобс и Барис Алпер Јилмаз, се најдоа на удар на јавноста откако на интернет кружеа тврдења дека посетиле геј клуб за време на ноќен излез во Истанбул. На социјалните мрежи се појави приказна која привлече големо внимание од навивачите на Галатасарај. Откако видеото беше објавено на профилот „GolMania24“, почнаа да кружат тврдења дека некои фудбалери на големиот истанбулски клуб посетиле геј ...

Шпанија се збогуваше со Хесус де Мигел, фудбалер кој почина на 30-годишна возраст по трагичен настан во натпревар од втората лига. Стотици луѓе се собраа во Наваермоса, недалеку од Мадрид, за да му оддадат последна почит, а неговото збогување беше обележано со исклучително емотивни сцени. Меѓу собраните беа многу познати имиња на шпанскиот фудбал. На последното испраќање присуствуваа селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, претседателот на ...

Фудбалскиот свет пред неколку дена го потресе трагедија во Шпанија, каде што по жесток судир со противничкиот голман почина напаѓачот на Тенерифе, Хесус де Мигел. Сè се случило во самиот финиш на натпреварот, кога Де Мигел и Хесус Овоно се судриле, по што напаѓачот на Тенерифе останал неподвижен да лежи на теренот. Долго време му била укажувана лекарска помош, а медицинските екипи го реанимирале на теренот. Откако успеале да го вратат во ...

Т.А. од Скопје е најновиот среќен добитник на Супер милионер на ВЛТ терминалите на Видеолотарија Касинос Австрија! Тој освои џекпот во вредност од 7.418.699 денари. Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена на видеолотариските терминали кај деловниот соработник Спортлајф на 02.11.2026 година во Скопје. Среќната игра што ја донесе милионската добивка е Desert Wealth CAP. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му честита на добитникот и му ...

Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, денеска потпиша договор со реномираната компанија European Innovation Solutions S.A. за изработка на физибилити студија, подготовка и дизајнирање на оперативна рамка и бизнис-план за основање на Научно-технолошки парк (НТП). Ова е конкретен чекор во реализацијата на една од стратешките иницијативи на Владата, која Министерството за образование и наука и ИНОВА ...

Одбојкарките на Јанта Волеј Кисела Вода со убедлив пораз го завршија гостувањето кај Лави Прага во реванш натпреварот од 1 коло на ЦЕВ Челинџ купот. Чешкиот тим славеше со максимални 3:0, препуштајќи им на македонските одбојкарки вкупно само 37 поени. Домаќинките доминираа во сите три сета, добивајќи ги со 25:11, 25:12 и 25:14. Натпреварот траеше 71 минута, а разликата во квалитетот беше видлива уште од почетокот, кога Лави Прага брзо ...

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, и неговата сопруга Александра станаа родители, и токму тоа е причината зошто тој подоцна ќе доцни во Бразил на ГН на оваа земја. Леклер уште порано објави дека по трката во Мексико Сити, ќе отпатува во Кнежевството за да присуствува на раѓањето на своето прво дете, а новите родители ја потврдија среќната вест во среда. Во заедничка објава на Инстаграм, Александра и Шарл објавија дека Бјанка е родена еден ден ...

Австралиецот Алан Џонс, првиот возач кој ја освои титулата во Формула 1 за тимот на Вилијамс, почина на 80-годишна возраст, соопшти неговото семејство, а пренесе АП. Џонс, кој шампионската титула во Формула 1 ја освои во 1980 година, починал по кратко боледување. „Со голема тага ја известуваме јавноста дека почина нашиот сакан Алан. Многу ќе им недостига на своите најблиски, кои со љубов ќе се сеќаваат на него, но и на бројните навивачи, ...

По 13 и пол години, 62 освоени титули и заеднички пат исполнет со успеси, падови и големи враќања, завршува една од најдолгите и најзначајни соработки во македонскиот тенис. Димитар Лабудовиќ и Лина Ѓорческа ја прекинуваат заедничката работа, а разделбата тренерот ја потврди со емотивна порака на социјалните мрежи осврнувајќи се на долгогодишниот заеднички пат, исполнет со бројни успеси, предизвици, повреди и големи враќања на тениските ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
44%
1026
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
61%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
3.09
59%
1027
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
76%
1026
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.32
72%
1027
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
78%
1027
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
5.36
59%
1024
weather icon

Тирана

18ᴼ / 17ᴼ
2.57
53%
1021
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
55%
1022
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 7ᴼ
5.14
65%
1027
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
53%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
7.72
85%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75