Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Соединетите Американски Држави нудат награда до 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма, според веб-страница на американската влада. „Награди за правда (Rewards for Justice) нуди награда до 20 милиони долари и можно преселување за информации за иранската нуклеарна програма, вклучително и за нејзините објекти, опрема и поврзаниот персонал, како што се оние во научната заедница, или за движењето на кое било од ...
На 6 ноември 2026 година, во 09:30 часот, на улицата „114“ во Тетово се случила сообраќајна незгода во која учествувал велосипед управуван од 13-годишен малолетник. Според информациите, велосипедистот излетал од коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Тетово. Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Тетово. На 6 ноември 2026 година, во 09:30 часот, на улицата „114“ ...
Секој ден се повеќе СДС личи на расипана грамофонска плоча за ширење на лаги и дезинформации. Народната банка и гувернерот се тие кои носат одлуки за банкарскиот систем, а не премиерот и Владата. Не е вистина дека било кога и било каде гувернерот Славески кажал дека одлуката за Алта банка ја донел Мицкоски, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на СДСМ која ја пренесуваме интегрално. „Така да, ова е уште една лага на СДС и со цел да се шири ...
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишиле од слобода 17 лица, додека со едно лице е извршен службен разговор, поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Министерството за внатрешни работи информира дека десет лица управувале возило без положен возачки испит – Е.С.(34), Р.Ш.(18), Б.К.(19), кој управувал мотоцикл, Б.А.(49) и ...
Вицепремиерот и министер за европски прашања, Беким Сали денеска порача дека напредокот кон Европската Унија бара спроведување реформи и резултати што граѓаните ќе ги чувствуваат во секојдневниот живот. -Напредокот кон Европската Унија бара реформи што се спроведуваат и резултати што граѓаните ги чувствуваат во секојдневниот живот – напиша Сали на Фејсбук статусот по состанокот во Владата со кој претседаваше премиерот Христијан Мицкоски ...
Спортската сала „Гоце Делчев“ во Општина Илинден, денес е центар на спортските случувања. Свечено беше отворено 15. издание на традиционалниот Меѓународен џиу-џица турнир „Скопје Опен 2026“. Настанот, во организација на Македонската џиу-џица федерација, оваа година бележи рекордна бројка од над 400 натпреварувачи од 24 клубови и седум држави, што претставува потврда за континуираниот раст и меѓународното значење на овој турнир. На турнирот ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска соопшти дека реформите поврзани со европската агенда остануваат во фокусот на Владата, при што се работи на унапредување на транспортот, комуникациите и реализација на инфраструктурни проекти. -Работна сабота – Реформите за ЕУ во фокус. Реализираме реформи за подобрување на транспортот, комуникациите, изградба на автопати, железница, реформи и инвестиции – напиша Николоски на ...
Пред една недела Владата на седница донела рамка и нацрт-спогодба со ЕУ за користењето роаминг на македонските граѓани кога патуваат во Европската Унија. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски рече дека со Европската комисија ги имаме почнато разговорите за надминување на бариерата за роаминг и донесување спогодба со Европската Унија, како и секоја од земјите на Западен Балкан, за надминување на овие трошоци, односно ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска е уапсен охриѓанец откако при претрес кај него се пронајдени дрога и пари. -Полициски службеници од СВР Охрид денеска го лишиле од слобода Б.Н.(49) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три опаковки со бела прашкаста материја и пари – се наведува во соопштението на Министерството. Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на ...
СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против Ѓ.Н. (37) од Радовиш поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување лица под меѓународна заштита“ согласно член 420 став 4 од Кривичниот законик. Според информациите од МВР, на 4 ноември 2026 година, пријавениот телефонски се јавил во амбасада на странска држава во Македонија и на странски јазик упатил сериозни закани кон ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и НАСА вчера најавија планови за нова конференција на вселенската и авиоиндустријата во Соединетите Американски Држави со намера да ги надминат големите воздушни саеми во другите земји ширум светот. Настанот наречен „КејпВик“ (CapeWeek) се очекува да се одржи во Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, а да почне за две години, изјави Трамп во својот говор. Tonight, @POTUS joined us at @NASAKennedy at MAX ...
Премиерот Христијан Мицкоски информира дека денеска се одржал состанок посветен на Реформската агенда, на кој биле разгледани тековните активности и спроведувањето на предвидените реформи. -Денеска се одржа состанок посветен на Реформската агенда, на кој во фокусот беа тековните активности, приоритетите и динамиката на спроведување на предвидените реформи – овјави Мицкоски на Фејсбук. Тој посочи дека посветеноста на реформскиот процес ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против О.Р.(61) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. Според информациите, на 29.09.2026 во семејниот дом во кривопаланечко, пријавениот физички го нападнал неговиот 12-годишен син, нанесувајќи му повреди. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава ...
Иако СДС е познат по лаги и местенки, овој пат го допре дното. Бетон Герасимовски, исклучително поради лични интереси и себепромоција, во целост ја засрами Општина Центар и доделувањето на јубилејните награди „Феникс“, изјави Сузан Хасан, член на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ. Веројатно со намера да доделува престижни награди, онака како што самиот проценил дека треба, Бетон Герасимовски им доделува награди на луѓе кои не ја добиле довербата од ...
Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје следната година прославува јубилеј 55 години, јубилеј кој е сведок за 55 години културолошко просветлување на плејада млади луѓе и генерации. Но тоа не е случај и изминативе неколку години. Како гром од ведро небо ја погоди јавноста веста дека во срцето на МКЦ, во просториите се одржува турбо-фолк аудиција, каде што жири комисија е турбо-фолк пејачот Аца Лукас. Од тој момент и најхрабрите оптимисти ...
Одбојкарките на Јанта Волеј го завршија својот настап во третото по ранг европско натпреварување, Челинџ купот откако вечерва со максимални 3-0, по сетови 25-11, 25-12 и 25-14 загубија на гостувањето кај чешка Прага. По поразот со максимални 3-0 во Скопје минатата недела, македонскиот тим овојпат загуби и на гостувањето кај истиот противник со истиот резултат. Јанта Волеј со ова ја заврши европската авантура и сега се насочува на обврските во ...
Поранешниот светски рекет број еден, Карлос Алкарас успеа да избори место во полуфиналето на АТП Мастерсот во Париз. За првпат во неговата кариера ќе игра полуфинале на овој турнир, фаза до која стигна откако вечерва на чудесен начин го доби исцрпувачкиот меч со Тејлор Фриц. Мечот траеше скоро три часа и кое на крајот сепак му припадна на Карлитос со 2-1 во сетови. Драмата беше најавена уште по првиот сет во кој мораше да се игра тај-брејк, а ...
Домантас Сабонис и Сакраменто Кингс би можеле наскоро да се разделат. Според информациите од американските медиуми, литванскиот центар сака да го напушти тимот, а раководството на франшизата е подготвено да ги разгледа понудите за негов трансфер. Шпекулациите за можна разделба се засилија уште во текот на летото, кога 30-годишниот кошаркар ја промени агенцијата и ангажираше друг агент. Дополнителна пречка во евентуалните преговори е неговиот ...
М-18 селекцијата на Македонија вечерва имаше собир по повод ЕХФ неделата во салата “Расадник“ во Скопје. Во рамките на подготовките на избраниците на селекторот Горан Кузманоски оваа селекција ќе одигра две пријателски средби со М-20 селекцијата на Македонија на 04.11 и 06.11 во салата“Расадник“ во Скопје. М-18 селекцијата на Македонија вечерва имаше собир по повод ЕХФ неделата во салата “Расадник“ во Скопје. Во рамките на подготовките на ...
Машката пионерска репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот на Регионалниот Челинџ куп за ракометари до 16 години во Подгорица. Избраниците на селекторот Никола Матлиески загубија од домаќинот Црна Гора со 26:20, откако на полувремето имаа негатива од 10:7. Војо Клењоски беше најефикасен во македонската селекција со седум погодоци, додека Илија Трајчески, Илија Трајчевски и Марио Георгиев постигнаа по три. Голманите Данило ...
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година на 12. ноември против Србија ќе одигра контолен натпревар во Нови Сад. За мечот против силната Србија на стадионот „Караѓорѓе“, селекторот на нашата репрезентација, Александар Таневски повика 24 фудбалери. Голмани: Љупче Џеков (Силекс), Даниел Диковски (Вардар), Натаниел Димовски (Пелистер); Одбрана: Златко Радевски (Тетекс), Андреј Велков (Брегалница), Давор Росиќ (Охрид), Ѓорѓе Џеков ...
Компотот од дуњи е старински домашен напиток со прекрасен мирис и нежен вкус. Со малку цимет, ванила и лимон, дуњите стануваат уште повкусни, а компотот е подеднакво убав и топол и добро изладен. Потребни состојки: 2 дуњи 800 мл вода 50 г шеќер или по вкус 1 парче лимон 1 кесичка ванилин шеќер 2 прстофати мелен цимет или 1 стапче 10 каранфилчиња (по желба) Подготовка: Дуњите добро истријте ги со сунѓер за да ги отстраните ситните влакненца. ...
Соосновачот на „Мајкрософт“ (Microsoft), Бил Гејтс верува дека, во иднина, вештачката интелигенција ќе може да извршува голем дел од работните задачи што денес ги извршуваат луѓето. Сепак, според неговата проценка, постојат четири области во коишто луѓето би можеле да останат незаменливи уште долго време. Тоа се: програмирањето, биологијата, енергетиката и професионалниот спорт, пренесува „Ситимагазин“ (Citymagazin). Гејтс во неколку наврати ...
Повеќе од 70 продавници и супермаркети во Белгија, Луксембург и Шведска синоќа биле мета на хакерски напад односно зголемена е температурата на фрижидерите и замрзнувачите, а храната е фрлена за да се избегнат безбедносни ризици, соопштија денеска претставниците на трговските синџири. Системите за ладење биле нарушени во повеќе од 40 супермаркети „Делиз“ во Белгија и Луксембург, а слични проблеми пријавија и малопродажните синџири „Карфур“ и ...
Меѓу пронајдените предмети имало делови од садови, нитни, сечила и брусеви за острење алати. Археолозите открија и помал објект, каде што веројатно биле сместени робовите. Токму под подот на оваа градба било закопано среброто. Во јужна Норвешка, археолози открија богатство од времето на викинзите, старо повеќе од илјада години. На наоѓалиштето, откриени се четири големи сребрени нараквици, и тоа на длабочина од само 20 сантиметри, за време на ...
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 октомври. Преподобен Иларион Велики Како што розите растат на трнливо стебло така и овој прекрасен светител се роди од родители незнабожци, во селото Тавата близу Газа Палестинска. Родителите го дадоа на науки во Александрија, каде што како надарено момче брзо ја прими и светската ученост и духовната мудрост. Штом Го позна Христа и се крсти, посака целосно да ...
На денешен ден, во 2006-та година на 74-годишна возраст починал еден од последните доајени на македонската народна музика Наско Џорлев. Со неговата хармоника зад себе оставил стотици песни како „Не кажувај либе добра ноќ“, „Во Стумица на улица“, „Фато, мори, душманке“, „Дедо мили златни“ и многу други. Од неговата школа „Оркестарот на Наско Џорлев“ излегле плејада пејачи и музичари, како што се Петранка Костадинова, Виолета Митева, Уснија ...
Актерката Хали Бери ја изгуби судската битка во спорот околу старателството над нејзиниот син Масео, кој го има со својот поранешен сопруг, францускиот актер Оливие Мартинез, пишува Express. Судот одлучи нивниот тринаесетгодишен син Масео Мартинез поголемиот дел од времето да го поминува со својот татко, додека Бери повеќе нема да може да го задржува кај себе преку ноќ. Сепак, поранешните сопружници го задржаа заедничкото правно старателство, ...
Речиси 40 дена по трагичната загуба на нивниот петгодишен син Петар, семејството на познатиот македонски пејач Марјан Стојаноски сè уште се соочува со неизмерна болка и тага. Неговата сопруга Наташа Стојаноска објави исклучително емотивна порака на социјалните мрежи, посветена на нивниот прерано починат син, која сведочи за огромната празнина што ја оставила неговата смрт. „Петар, ангелу наш мил, се ближат 40 дена откако ти се пресели на ...
Ракот на дојка сè почесто се дијагностицира и кај жени помлади од 40 години, поради што лекарите ја нагласуваат важноста на редовните контроли и раното откривање на болеста. Во Општата болница во Куманово, во кабинетот за дојка и мамографија, секој работен ден се вршат мамографски и ултразвучни прегледи, а според доктор Изаир Биљали, навремената дијагностика е клучна за успешно лекување. Биљали препорачува жените да започнат со контроли од ...