Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Цените за летување во Грција и оваа година се една од главните теми меѓу туристите од регионот, а како и обично, особено внимание привлекуваат трошоците за изнајмување лежалки во популарните туристички места. Во Торони на Ситонија, едно од омилените летувалишта, цените значително варираат, па ден поминат на плажа може да чини од 10 до дури 50 евра, во зависност од локалот и позицијата покрај морето. Цени од 10 до 50 евра. Според информациите ...
Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија од денеска до 13 јуни ќе се одржи 16. Македонска книжевна визита – манифестација со мисија за афирмација на современата македонска литература во Република Бугарија и продлабочување на соработката меѓу македонските и бугарските писатели. На програмата на манифестацијата се заедничко читање на македонска и бугарска поезија, со учество на најистакнати имиња на поетската сцена од двете земји, ...
Македонскиот КИЦ во Белград и МТС Дворана, заеднички ја организираат изложбата „Сага за творечките немири“ посветена на великанот на македонската ликовна уметност Петар Мазев. Десет дела од приватната колекција на Игор Станковиќ ќе бидат претставени пред белградската публика во рамките на пригодното одбележување 30 години македонско-српски дипломатски односи. Петар Мазев (1927 Кавадарци-1993 Скопје), бил студент на Академијата за ликовни ...
ДУИ ја призна вината за Правосудниот испит. Шефицата на пратеничката група на ДУИ, Рина Ајдари, со свои зборови го кажа она што ВРЕДИ го тврди со месеци: ДУИ додека беше на власт, не им даваше приоритет ниту на албанскиот јазик, ниту на Правосудниот испит, велат од ВРЕДИ. -Само неколку месеци по донесувањето на Законот за употреба на јазиците, ДУИ го изгласа Законот за Правосудниот испит без негова усогласеност. Пратениците на Али Ахмети со ...
Заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Димитровски, во интервју за МИА вели дека нашата држава го има клучниот проблем да ги почне преговорите и тој проблем е билатерален, наметнат, иако од страна на нашиот источен сосед Софија постојано се вели дека ние имаме работа со Европската Унија, а не со Софија. Тој вели дека новите европски иницијативи се шанса, но блокадите мора да престанат со механизми од страна на ЕУ. Димитровски во ...
Ставката за капиталните расходи во Буџетот за оваа година не се очекува да се намали. Напротив може да има зголемување. При тоа останува определбата за продолжување на фискалната консолидација. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Топ тема на ТВ Телма. „Имаме одреден напредок во распределбата и реализацијата во рамките на ставката капитални расходи. Во овој момент не се очекуваат намалувања на ...
Одлуката на една засега неименувана членка на еврозоната да го блокира издавањето на бугарската комеморативна монета од две евра посветена на таканаречената „бугарска азбука“ отвори многу подлабоко прашање од она што на прв поглед изгледа како нумизматичка или протоколарна расправија. Станува збор за судир меѓу европските вредности и националистичките обиди за монополизирање на историјата. Фактот дека токму во институциите на Европската Унија ...
Во рамки на 14-та седница со одлука на Советот на Општина Карпош, локалната самоуправа им доделува еднократна парична помош на четири семејства, чии најблиски членови загинаа во сообраќајната несреќа на скопската обиколница, која се случи кон крајот на минатиот месец. Општина Карпош изрази искрено жалење за овој трагичен настан и како израз на солидарност кон семејствата, им доделува парична помош во износ од 100.000 денари за секое починато ...
Управата за финансиска полиција соопшти дека до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против лицето С.Г.О.Б., странски државјанин, во својство на сопственик и управител на правно лице, како и против самото правно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ од член 275-в од Кривичниот ...
Пејачката Милица Тодоровиќ се повлече од јавноста откако забремени, а дури неодамна повторно почна да настапува. Малку е познато дека таа со години води и своја компанија, која успешно ја води паралелно со својата музичка кариера. Компанијата на Милица Тодоровиќ успеа да оствари приходи од 14 милиони динари минатата година. Според податоците од годишниот извештај за приходи и расходи, нејзините расходи изнесувале повеќе од 13 милиони динари. ...
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека интересите на Соединетите Американски Држави и на Израел не се секогаш целосно усогласени и дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „сигурно има направено грешки во некои работи“. Во интервју за „Си-Би-Ес“ Венс истакна дека САД и Израел имаат „многу блиско партнерство“ и дека нивните интереси понекогаш се поклопуваат, а понекогаш се разидуваат. „Премиерот Нетанјаху управува со земја која е ...
Хаити беше принудена да ги промени своите дресови пред Светското првенство во 2026 година откако ФИФА оцени дека одредени елементи од дизајнот имаат политичка конотација. Репрезентацијата од зоната КОНКАКАФ, која ќе ја отвори групната фаза со натпревар против Шкотска во сабота, ќе настапи на Светското првенство во модифицирана опрема. Производителот на спортска опрема Саета објави дека во соработка со ФИФА, ги имплементирал сите потребни ...
Владата на Канада достави до парламентот предлог-закон за забрана на пристап до социјални мрежи за деца и тинејџери помлади од 16 години. Ќе се воспостави проверка на возраста. Исклучок ќе бидат платформите што ќе докажат дека воспоставиле ефикасни заштитни мерки за пристап до штетни содржини – поттикнување насилство, омраза, самоповредување и споделување интимни слики без согласност. Се создава и Комисија за дигитална безбедност, која ќе ...
Невреме проследено со урагански ветер и локални врнежи од град синоќа зафати делови од Словенија. Според податоците од Центарот за известување при Управата за заштита и спасување на Република Словенија, низ целата земја се регистрирани над 400 интервенции поради силнoто невреме со обилни врнежи од дожд, интензивни налети на ветер и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Најмногу интервенции имале пожарникарите во регионот на Љубљана, ...
Македонски државјанин е фатен при обид за криумчарење десет преносни компјутери од марката DELL во вредност од речиси 13 илјади евра при влез во државата на граничниот премин Богородица. Случајот e откриен од царинските службеници кои, поради основано сомнение, извршиле претрес на возило во сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од осомничениот. При контролата, на различни места во возилото биле пронајдени нови лаптопи од марката ...
Стратешкото партнерство на Македонија со Хрватска и повикот на унгарскиот премиер Петер Маѓар за проширување на Вишеградската група во силен централноевропски блок среде Европската Унија налагаат македонската дипломатија да работи на поврзување на највисоко рамниште со овие централноевропски држави, за да оформи оска на поддршка и за соработка во сите области. Вредноста на засилувањето на врските на Македонија со Чешка, Словачка, Унгарија, ...
Врахос е мирно, семејно одморалиште на брегот на Јонското Море, кое во последните години привлекува сè поголем број туристи. Познат по својата долга песочна плажа, чисто море и опуштена атмосфера, тој е одличен избор за семејства со деца подалеку од гужвите. Искуствата на туристите кои летувале во Врахос се претежно многу позитивни, а има само неколку негативни коментари на социјалните мрежи, а тие најчесто се однесуваат на брановите, но и на ...
Турската јавност е потресена од новата полициска операција во Истанбул, во која, според локалните медиуми, 22 лица се приведени како дел од истрага поврзана со наводни кривични дела поврзани со дрога. Локалните извештаи именуваа голем број познати имиња од светот на музиката, телевизијата и социјалните медиуми. Меѓу приведените е актерката Берен Сат од „Ќосем Султан“ (турски: Muhteşem Yüzyıl: Kösem) популарната турска историска телевизиска ...
Петстотини и шеесет деветтоодделенци од сите основни училишта на територијата на Кисела Вода синоќа заеднички ја прославија својата полуматура. Под мотото „Спремни за средно!“, локалната самоуправа приреди голема бесплатна забава, одбележувајќи го крајот на основното образование за оваа генерација. Настанот се одржа во спортската сала „Независна Македонија“ и помина во извонредна атмосфера. За музичкиот дел се погрижија популарното дуо 2Bona ...
Во април годинава издадени се 291 одобрение за градење, што е за 38 проценти помалку во однос на април лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Најмногу одбренија за градење, 83, издадени се во Полошкиот регион, по што следуваат Скопскиот, 72, Југозападниот, 32, Источниот, 28, Југоисточниот, 26, Пелагонискиот, 24, Североисточниот, 3. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4. 577. 429. ...
Започнат е процесот за приклучување на Македонија кон европската иницијатива „Роаминг како дома“. Роамингот како дома претставува една од најконкретните придобивки од европската интеграција, која директно влијае врз секојдневниот живот на граѓаните преку пониски трошоци и полесна комуникација во странство, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Во таа насока, законската рамка во земјава е веќе усогласена со европските директиви и регулативи во областа на ...
Главните сообраќајни артерии на Македонија, коридорот 10 и коридорот 8, се на владиниот список на приоритети за надградба или проширување на инфраструктурата што треба да одговори на сите модерни предизвици и потреби. Но, како што неодамна информира премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со македонските медиуми, Владата годинава планира истовремена изградба и на шест автопатски делници. Тоа значи дека освен клучните коридори на списокот на ...
Длабоко, на повеќе од 1,6 километри под дебелата ледена покривка на Источен Антарктик, научниците открија исклучително добро зачуван древен пејзаж кој останал речиси недопрен цели 34 милиони години. Станува збор за огромна област скриена под мразот, која претставува вистинска временска капсула и нуди единствен увид во изгледот на Земјата пред Антарктикот да се претвори во ледена пустина што ја познаваме денес, објави списанието „Нејчер“ ...
Никола Роквиќ успеа да ја достигне посакуваната тежина, а напорниот тренинг во теретана се исплатеше и многумина велат дека никогаш не изгледал подобро. Сега тој шокираше и предизвика возбуда на социјалните мрежите кога објави видео од тушот. Неговиот грб беше свртен кон камерата, а покрај неговите извајани мускули, во преден план излезе и неговата тетоважа под вратот. View this post on Instagram A post shared by 𝐍𝐢𝐤𝐨𝐥𝐚 𝐑𝐨𝐤𝐯𝐢ć ...
Се очекува Европската централна банка (ЕЦБ) денеска да ги зголеми клучните каматни стапки за првпат по 2023 година, во услови на остриот пораст на потрошувачките цени низ еврозоната. Како што пренесе ДПА, Централната банка треба да ја објави својата одлука денеска во 14:15 часот (12:15 GMT). Стапката на депозити, која е важна за штедачите и банките, изнесува 2 проценти од средината на 2025 година. Шокот со цената на нафтата што произлезе од ...
На 10.06.2026 од страна на Мобилен тим од Мобилна единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција постапено е на подрачје на СВР Куманово, односно движејќи се во правец од Куманово кон Крива Паланка околу 16:15 часот забележано е товарно возило ,,мерцедес бенз’’ со косовски регистарски ознаки и истото е сопрено. -Од извршената контрола констатирано е дека товарното возило е управувано од Т.Б.К.(26) од Турција, додека ...
Четириесет и едногодишниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо е најплатениот фудбалер кој учествува на Светското првенство 2026, објави „Форбс“. Годишниот приход на напаѓачот на португалската репрезентација (јуни 2025 – јуни 2026) изнесуваше 300 милиони долари, од кои 235 милиони долари дојдоа од плата на теренот и бонуси, а 65 милиони долари од заработка надвор од теренот. Второто место му припаѓа на 38-годишниот Аргентинец Лионел Меси, ...
Македонската универзитетска карате репрезентација продолжи со одличните настапи на Светската универзијада во Бразилија, а третиот натпреварувачки ден донесе уште два значајни медали во тимските кумите натпревари. Машкиот кумите тим прикажа извонредни борби во текот на целиот ден, а најголем впечаток остави во полуфиналето каде со одлична тактичка и борбена изведба ја совлада силната селекција на Турција и обезбеди пласман во големото финале. ...
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение ја обвини СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче дека, како што наведуваат од владејачката партија, преку поддршка за уставните измени се обидуваат да ја подобрат својата политичка позиција. Од партијата тврдат дека последните анкети покажуваат значителна предност на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, оценувајќи дека граѓаните не ја препознаваат опозициската партија како политичка алтернатива. „Демагошката програма ...
Советот на јавните обвинители на Република Македонија денеска ќе ја одржи 46-та седница. На дневниот ред на седницата се повеќе точки поврзани со работата и организацијата на обвинителството, меѓу кои и разгледување и оценување на Годишниот извештај за работата на Вишото јавно обвинителство Штип. Советот ќе разгледува и предлог за измени и дополнувања на Правилникот за внатрешна организација на работните места, како и утврдување на динамика ...