Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, во попладневните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ...

Во изминатото деноночие регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои три се активни, четири се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центарот за управување за кризи. Активни пожари има општините Студеничани и Зелениково – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер со крак кон Палиград и Вражале – општина Зелениково, мешана шума, во општините Гостивар и Македонски Брод – кај селото Трново кон селата Битово и Заград и во општина ...

Откако беа обезбедени Давиде Фратези од Интер и Јосип Шутало од Ајакс клубот од италијанската престолнина е на добар пат да комплетира уште еден трансфер. Тоа е напаѓачот Андреа Пинамонти, играч кој ги има минато сите категории на италијанската репрезентација, има одиграно и еден меч за сениорската селекција. Игра во Сасуоло и доаѓа ма „Олимпико“ и на позајмица вредна 3 милиони евра и опција за откуп од 11 милиони евра. Откако беа ...

Серена Вилијамс во јуни се врати на терените по четиригодишна пауза, но засега без особен успех. Нејзиниот врсник Роџер Федерер исто така зад себе има четири години во пензија, но не планира ништо слично. „Ни под разно нема да постапам како Серена“, истакна 45-годишниот Швајцарец на прес-конференцијата во Њујорк, пред егзибицискиот меч на САД Опен. „Ви благодарам за ова прашање, не бев сигурен дали некој ќе го постави. Ни под разно“, повтори ...

Лидерот во шампионатот во Формула 1, возачот на Мерцедес, Кими Антонели, ќе биде казнет со додавање позиции на резултатот во квалификациите за трката во Италија поради промени во моторот, потврди директорот на тимот Тото Волф. Секој возач има ограничен број на различни компоненти на моторот што може да ги користи во текот на сезоната, а двата одделни технички проблеми што му се случија на Антонели го оставија Мерцедес со малку избор, па ...

Тренерот на РК Е.Пелистер Лино Червар, изјави дека тимот мора да остане фокусиран на следните предизвици. Червар вели дека пелистерци имаат уште многу работа и квалитетни противници пред себе. „Не сакам да се залетуваме со прогнози за крајот на сезоната. Потребно да е останеме понизни, и покрај победата над Партизан, во која изгледавме одлично на теренот. Атмосферата беше прекрасна, публиката се забавуваше, но мораме да бидеме фокусирани и да ...

Германскиот кошаркар Јоханес Фојтман објави дека ја завршува својата репрезентативна кариера, соопшти Германската кошаркарска асоцијација. Фојтман дебитираше за Германија во 2014 година, а во повеќе од една деценија одигра 128 натпревари и постигна 830 поени. Крилниот центар беше дел од златната генерација на германската кошарка и со репрезентацијата ги освои најголемите трофеи. Во 2023 година беше дел од историскиот состав кој ја освои ...

Американскиот кошаркар Најџел Вилијамс-Гос е пред продолжување на соработката со Жалгирис, дознава „Баскет њуз“. Плејмејкерот е на чекор од потпис на нов тригодишен договор со литванскиот клуб, а во договорот наводно ќе има и клаузула за раскин. Во текот на летото, за Вилијамс-Гос се појави интерес од Панатинаикос, но Жалгирис веднаш стави до знаење дека не планира да го пушти својот играч. Американецот има значајно евролигашко искуство и ...

Баскет Кам и Про Баскет Кавадарци и во новата сезона ќе бидат дел од највисокото друштво во женската кошарка. Двата клуба добија зелено светло за настап во Првата лига, откако нивните жалби по првичната одлука за неиздавање лиценци биле прифатени. По разгледувањето на дополнително доставената документација, Комисијата за лиценцирање утврдила дека двата клуба ги исполнуваат условите за учество во сезоната 2026/27, вклучително и критериумите ...

Чави Ернандес и официјално е нов селектор на Холандија. Поранешниот тренер и играч на Барселона потпиша договор до 2030 година, а на претставувањето порача дека во новата улога има само една цел – победа. Спортскиот директор на холандската федерација, Најџел де Јонг, откри дека Чави бил избран по одбивањата на Пеп Гвардиола и Арне Слот. Во финалната трка бил и Михаел Рајцигер, но федерацијата се одлучила за Каталонецот. „Не ме интересира дали ...

Нов член на Јувентус е Камил Грабара од редовите на Волфзбург. Се работи за голман кој доаѓа на позајмица, заем по кој Јуве ќе може да го откупи за 11,5 милиони евра. Полјакот има 27 години и ќе биде алтернатива за Викарио кој дојде од Тотенхем. пак се ослободи од Кристофер Нкунку, ас кој одново ќе игра во Германија во РБ Лајпциг. Станува збор за позајмица вредна 4 милиони евра, а бундеслигашот ќе има и можност да го откупи за дополнителни 28 ...

Каталонскиот клуб Барселона се соочува со динамична завршница на летниот преоден рок, планирајќи да се разделни со петмина фудбалери чија вкупна пазарна вредност изнесува 175 милиони евра според податоците на Трансфермаркт. Тренерот Ханси Флик направи значајни промени во тимот, откако претходно летото клубот го напуштија играчи како Роберт Левандовски, Феран Торес, Марк-Андре Тер Штеген и Роналд Араухо, а беа ангажирани имиња како Родри, ...

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на прес конференција во Бергамо официјално беше претставен како ново засилување во редовите на италијанскиот прволигаш Аталанта. „Не морав двапати да размислувам кога се појави оваа можност бидејќи Аталанта е врвен клуб и го докажа тоа низ годините, вклучително и со освојувањето на Лигата на Европа“, рече Елмас на промоцијата, која дојде два дена по неговото официјално деби во дресот ...

Вратата на фрижидерот честопати служи како најпрактично место за складирање на разни намирници. Сепак, температурата во тој дел од уредот не е толку стабилна како на внатрешните полици, поради што одредени намирници таму можат побрзо да ја изгубат својата свежина или да се расипат. Температурата во фрижидерот не е сосема иста на сите места. Просторот до вратата е повеќе изложен на потопол воздух секој пат кога ќе ја отвориме, поради што ...

Фудбалската федерација на Северна Ирска (ИФА) објави денеска дека е време за промени во Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и порача оти нема да гласа за реизбор на претседателот Џани Инфантино идната година. Првиот човек на светскиот фудбал е под силен притисок изминатите недели поради неговиот контроверзен план да продаде 21 процент од комерцијалните права на турнирите во организација на ФИФА на приватни инвеститори. Плановите на ...

Белата фуга долго време е речиси стандарден избор за бањи. Изгледаат чисто, едноставно се вклопуваат со различни плочки и го прават просторот уреден. Сепак, секој што барем еднаш се обидел да одржува целосно бели споеви знае дека нивното чистење може да биде вистинска мала мака. Со текот на времето, тие можат да ја променат бојата, да апсорбираат влага и нечистотија, а во влажни простории можат да станат соодветно место за појава на мувла. ...

Џамал Мусиала нема да биде во составот на Баерн за првиот натпревар од новата сезона во Бундеслигата против Штутгарт. Иако е планирано младиот ас постепено да се приклучува на тимските тренинзи, тренерскиот персонал и медицинскиот тим немаат намера да преземаат никакви ризици, па затоа отворањето на првенството во петок е сè уште прерано за 23-годишниот напаѓач. Деталните прегледи покажаа дека двата инциденти се резултат на невролошка ...

Денеска се одржа конститутивната седница на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ на која присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски, соопштија од партијата. На седницата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба како и за идните активности и приоритети на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. -Во рамки на седницата се разговараше за изработка на нова програма на Унијата на жени која ќе се ...

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските Игри во Таранто. Денеска во финалната програма на натпреварите во борење слободен стил во женска конкуренција, бронзен медал за Македонија обезбеди Вероника Консевиќ. Таа во малото финале во категоријата до 57 килограми славеше над Милица Петровиќ од Србија со 7:5 и успеа да го освои бронзениот медал. Македонија освои уште еден медал на Медитеранските Игри во Таранто. Денеска во финалната ...

Дарко Ѓукиќ е на чекор до Партизан. Ова е информацијата која излезе во медиумите, од Србија. Неофицијално раководството било во преговори со српскиот ракометар а Ѓукиќ одлично би се вклопил во составот на Раул Гонзалес, кој во новата сезона ќе го предводи Партизан во ЛШ. Сепак оваа информација „паѓа во вода“. Од ГРК Охрид негираа дека постои можност Ѓукиќ да замине во Белград. Според македонскиот тим тој ќе остане и во новата сезона. Ѓукиќ во ...

Дрвените лажици се едни од најчестите парчиња кујнски прибор и со соодветна грижа можат да останат во употреба со години. Сепак, начинот на кој ги миете и складирате може значително да влијае на нивната издржливост. За разлика од металните и стаклените додатоци, дрвото е природен материјал кој апсорбира влага и е чувствителен на високи температури. Затоа, не се препорачува миење дрвени лажици во машина за миење садови. Високата температура, ...

Пред неколку дена, атрактивната пејачка Софија Маневa ја објави „Лигав тип“, една од нејзините први песни во кариерата, која доби нов и модерен звук. Песната е проследена со високобуџетен видео спот, реализиран во голема продукција со бројни статисти и модели. Со „Лигав тип“, Софија носи свежа енергија, модерен пристап и визуелно атрактивна приказна. Во спотот таа блеска во неколку различни модни комбинации, кои изгледаат светски, модерно и ...

Американската пејачка, текстописец, актерка и продуцентка Доли Партон почина на 80-годишна возраст. Родена во двособна дрвена колиба, таа стана најбогатата ѕвезда на кантри музиката во светот, со безвременски хитови како „Џолен“, и почина на 80-годишна возраст, објавува „Индипендент“. Партон стана една од најомилените пејачки текстописци на сите времиња и продаде повеќе од 100 милиони плочи низ целиот свет, заработувајќи го прекарот ...

Во Општина Ѓорче Петров оваа година за првпат во училишните клупи ќе седнат 410 првачиња. -Заедно со нашите другарчиња од градинката „Росица“ – идните првачиња, ги одбравме анатомските ранчиња и училишниот прибор што ќе ги добие секое дете на почетокот на своето училишно патување, објави градоначалникот Александар Стојкоски. Додава дека обезбеди се 410 бесплатни анатомски ранчиња, училишен прибор за секое прваче, бесплатна ужинка и 3.000 ...

СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против сѐ во оваа држава, само за Македонија да не успее. За да не успееме како држава тие ќе бидат и против центри за податоци, и против странски инвестиции, и против влез на високи технологии. Подготвени се да бидат и против нови вработувања – само Македонија да пропаѓа како што пропаѓаше седум години. Се покажа во минатото на неговиот патрон чија одлика е да работи сѐ спротивно на македонските граѓани и ...

Канада од 8 септември ќе воведе царини од 15 до 50 отсто за повеќе од 700 американски производи, во обид да ги изедначи своите царини со американските – соопштија денеска канадските претставници. Канада особено ќе ги зголеми царините за американскиот челик и алуминиум од 25 на 50 отсто, изедначувајќи ги со царините од 50 отсто што САД веќе ги воведоа за канадскиот челик и алуминиум пред најновиот круг американски царини. Канадските власти ја ...

Македонската сениорска репрезентација го одработи првиот собир во „Т Арена“ во Скопје, со што и официјално започна краткиот подготвителен период за гостувањето кај Австрија во рамките на втората рунда од претквалификациите за Евробаскет 2029. „Веројатно го имаме најдобриот можен ростер. Во овој момент имаме на располагање 14 кошаркари, практично речиси комплетен состав, со исклучок на Јакимовски. Ова е краток, многу краток период за ...

Манчестер Јунајтед официјално го потврди доаѓањето на камерунскиот играч за врска Карлос Балеба од Брајтон. За фудбалерот е платено 65 милиони фунти, додека целиот договор би можел да се зголеми за дополнителни шест милиони евра со бонуси. 22-годишниот фудбалер потпиша повеќегодишен договор со „црвените ѓаволи“ откако успешно ги заврши медицинските прегледи. Доаѓањето на Балеба претставува најскапото летно засилување за тимот предводен од ...

Секторот Инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Green road, денеска спроведе редовна акција за подигнување на отпадните (хаварисани) возила од јавните површини на територија на локалната самоуправа. Од Општината информираат дека акцијата се одвиваше во реонот на У.З. „Владо Тасевски“ каде беа отстранети неколку отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно се водеше инспекциска постапка. Целта на оваа ...

Во организација на Кошаркарската федерација на Македонија, на 24 и 25 август во Скопје се одржа тренерската клиника, која на едно место обедини реномирани кошаркарски стручњаци, тренери од македонските клубови, како и голем број љубители на кошарката. Во текот на двата дена присутните имаа можност да проследат исклучително квалитетна и разновидна програма, посветена на современите трендови во кошарката, развојот на младите играчи, односот ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
78%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
66%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
1.03
56%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
89%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
73%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
4.63
61%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.1
65%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
86%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75