Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Македонскиот боксер Ален Рустемовски имаше уште еден одличен настап на МИ во Таранто, совладувајќи го во четвртфиналето Албанецот Ариол Зенели, Рустемовски одново се прикажа во одлично светло и успеа да ја покаже својата моќ против ривалот од Албанија, кој доживеа шок по одличната серија удари на нашиот репрезентативец. До победата нашиот боксер стигна со технички нокаут во третата рунда. Овој триумф автоматски значи дека Рустемовски се ...
Клиниката за Гинекологија и акушерство информира дека изминатиот викенд на клиниката било гласно и радосно, се родиле 32 новороденчиња. -На среќните родители им честитаме, а на нашите нови сограѓани им посакуваме среќно детство и убави животни приказни. Најголемата радост кај нас доаѓа од најмалите, велат од ГАК. Клиниката за Гинекологија и акушерство информира дека изминатиот викенд на клиниката било гласно и радосно, се родиле 32 ...
Љупчо Пренџов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во ,,Вести плус“ на телевизија Канал 5, се осврна на случајот со модуларната болница во Тетово, кој во моментов е актуелен, откако Ислам Абази го затвори предметот. Според Пренџов, неприфатливо е случајот да биде затворен без одговорност, затоа што, како што вели тој, станува збор за објект набавен и платен од државата во периодот кога министер за здравство беше Венко Филипче. ,,Ако ...
Министерството за одбрана на Албанија информираше за состојбата со пожарите, објавувајќи дека до 14 часот се пријавени 11 пожари, од кои пет се активни, пет се под надзор и еден е изгаснат. -Во операциите за справување со ситуацијата ангажирани се над 100 оперативни сили, противпожарни возила припадници на вооружените сили, армиски хеликоптери и ” Се трактори”. Поголема ангажираност од воздух има кај планината Дајти, објави министерството. ...
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Швајцарецот Роџер Федерер изјави денеска дека нема планови да се врати на професионалниот тенис, како што направи Американката Серена Вилијамс претходно оваа година. „Не, не, не, не. Не, воопшто не“, рече Федерер на прес-конференција во Њујорк, одговорајќи на новинарско прашање дали планира да се врати на тениските терени. „Благодарам за прашањето. Не бев сигурен дали ова прашање ќе биде поставено, ...
Во три различни акции на три плажи, односно во Пефкохори и Флегра на првиот крак на Халкидики, како и во Каливес, меѓу првиот и вториот крак, вчера и денеска беа спроведени нови акции за отстранување на нелегално поставените чадори, лежалки и друга опрема за плажа, со цел „плажите да останат слободни и достапни за сите“, јави дописничката на МИА од Атина. Од општина Полигирос информираа дека од плажата во Каливес биле отстранети над 170 ...
Фудбалската федерација на Киргистан објави денеска дека е договорен спогодбен раскин на соработката со хрватскиот стратег Роберт Просинечки, кој ја напушта селекторската должност без да ја предводи репрезентацијата на официјален натпревар. Педесетиседумгодишниот Просинечки официјално ја презеде должноста селектор на Киргистан во декември лани и ја предводеше репрезентацијата на Киргистан на четири пријателски натпревари со ефект од два порази ...
Европската Унија во второто тримесечје од 2026 година забележа трговски дефицит од 21,8 милијарди евра, што е прв минус по три години, покажаа податоците на Евростат објавени денеска. Според извештајот, Европската Унија од април до јуни од земјите надвор од Унијата увезла стока вредна 701,8 милијарди евра, додека извезла стока во вредност од 680 милијарди евра. За разлика од првиот квартал од 2026 година, кога трговскиот биланс беше во ...
На 24.08.2026 во 19:30 часот, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода Б.Б.(31) од Дебар. -Претходно, на пресекот на улиците „Јосиф Багери“ и „Веби Дирба“ во Дебар, тој со патничко моторно возило „пежо“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода. По преземени мерки во врска со незгодата било констатирано дека Б.Б. го управувал без положен возачки испит, информира МВР. По насоки на јавен ...
На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода И.М.(43) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во домот се заканувал на неговата 41-годишна поранешна сопруга. -По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека И.М. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта, информира МВР. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен ...
Утре, среда, во официјална посета на Македонија ќе престојува претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти. -Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје, информира МВР. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници. Утре, среда, во официјална ...
Тимот градежни вештаци, предводен од судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој во време на изработка на градежното вештачење бил декан на Градежниот факултет, повеќе од четири часа одговараше на вкрстени прашања на одбраната, на обвинетите Гроздан Милковски – сопственик на објектот и општинските градежни инспектори Огњен Георгиев и Николчо Коцев, на денешното рочиште во судницата во Идризово при ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денеска во Струмица разговараше со производителите на ајварска пиперка за текот на откупот и за забелешките што ги имаат во однос на пласманот на произведените количини. На средбата беа разгледани состојбите на откупните пунктови, примената на договорените цени и почитувањето на утврдената класификација. -Овде луѓето реално се загрижени за пласманот на своите ...
Во рамки на активната комуникација со сите инвеститори и партнери, директорот Гоце Димовски денес беше во работна посета на ТИРЗ Тетово и ТИРЗ Кичево, каде беа остварени средби со приватниот партнер Нормак, менаџментот на компанијата Џаво Отомотив и менаџментот на компанијата Џојсон Сејфти Системс. Во ТИРЗ Тетово, директорот Димовски оствари средба со генералниот директор на Нормак, Александар Зарков, при што беа разгледани тековните ...
Владата на денешната седница донесе одлука со која се намалуваат цените на училишниот прибор во периодот од објавувањето на одлуката во „Службен весник“, односно од денеска, заклучно со 30 септември 2026 година. - Со оваа одлука трговците на големо се задолжуваат цените на училишниот прибор да ги намалат за најмалку 10 %, а трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување од најмалку 15 % – изјави портпаролката на Владата, Марија ...
Тригодишно дете се здобило со тешки телесни повреди во несреќа во лифт во зграда во Радишани, откако според пријавата од мајката, вратата од лифтот ненадејно се отворила и затворила. Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека Е.З.(30) од Скопје вчера во 20:00 часот во СВР Скопје пријавила дека на 22-ри месецов околу 18:15 часот, додека таа и нејзините деца биле во лифт од станбена зграда на подрачјето на Радишани, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги обвини властите во Иран дека не исплаќаат голем дел од припадниците на армијата, додека истовремено, како што наведе, „убиваат демонстранти дури и кога не учествуваат во протестите“. -Пропаднатата Исламска Република Иран не плаќа големи делови од својата војска, додека истовремено убива демонстранти, дури и кога тие не протестираат, во размери какви што претходно не се видени, напиша Трамп на ...
На 24.08.2026 во 23:55 часот во радовишко село, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш лишија од слобода 54-годишен жител на селото, кој според пријавеното околу 20:00 часот во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата мајка. Тој е задржан во Полициската станица Радовиш, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. На ...
На 24.08.2026 во 20:20 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода К.В.(56) од Неготино. Претходно било пријавено дека кај место викано „Горна Чешма“ во атар на село Тимјаник, неготинско, ловочувар од ловечко друштво „Вардар“ од Неготино го затекнал К.В. со ранец во кој имало усмртено диво животно за време на ловостој. Полициски службеници извршиле увид на местото, при што од К.В. биле одземени дивечот, ловечка пушка ...
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон се извини за своите радио коментари за време на холандското Гран при изминатиот викенд во Зандворт. Британецот на социјалните мрежи, го сподели своето мислење за неговото четврто место. – Беше тежок викенд, но освоивме вредни поени за тимот – тоа покажува дека се движиме во вистинската насока. Неверојатно сум горд на сите во фабриката кои продолжуваат да работат на ажурирањата, бараат начини да го подобрат ...
Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајна несреќа во Тетово, откако неговиот 42-годишен татко, управувајќи „фолксваген туарег“ во рикверц, го прегазил со задното тркало. Несреќата се случила завчера околу 08:30 часот. Детето првично било пренесено во Ургентниот центар во Тетово, а поради сериозноста на повредите итно било префрлено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Полицијата извршила увид и презема мерки за целосно ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски остварил работна средба со претставници на Светска банка, на која бил разгледан досегашниот напредок во реализацијата на Проектот за администрација на социјалното осигурување (СИАП), како и следните чекори за негово спроведување. Станува збор за значаен реформски проект насочен кон унапредување на системот на задолжително социјално осигурување, проценката на попреченост, ...
Европа ова лето се соочи со екстремни топлотни бранови, со рекордно високи температури и долготрајни суши. Во такви услови расте интересот за уреди кои можат да го разладат човекот и кога тој не се наоѓа во климатизиран простор. Во последните петнаесетина години особено се развија малите носливи уреди за ладење. Во Јапонија уште во 2010 година започна масовното производство на работни јакни со вградени вентилатори, додека „Сони“ во 2020 ...
Американскиот застој со Иран и руската инвазија врз Украина ги открија острите граници на моќта на суперсилите, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш отфрлајќи ја идејата ОН да бидат во сенка во мултиполарниот свет. Во интервју за „Фајненшл тајмс“ додека се приближува кон крајот на деценијата помината на чело на ОН, Гутереш опиша свет кој се преобликува со падот на доминацијата на САД, подемот на нови сили и понижувачките лекции ...
Во насока на континуирано подобрување на условите за воспитно-образовниот процес и создавање современа, функционална и пријатна средина за учениците, во ООУ „Ристо Крле“ во изминатиот период беа реализирани повеќе активности за уредување и опремување на училишните простории и дворот. Увид во спроведените активностите изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој нагласи дека е извршено комплетно опремување на ...
На 24.08.2026 во 19:30 часот, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода Б.Б.(31) од Дебар. Претходно, на пресекот на улиците „Јосиф Багери“ и „Веби Дирба“ во Дебар, тој со патничко моторно возило „пежо“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода. По преземени мерки во врска со незгодата било констатирано дека Б.Б. го управувал без положен возачки испит. По насоки на јавен обвинител, ...
За жал, бидејќи во многу случаи имаме туристи кои доаѓаат од северните земји или од земји каде што не се соочиле со вакви температури, многу од нив не се соодветно подготвени, ниту во однос на облеката, ниту на обувките, за овие исклучително тешки и високи температури, вели во разговор со дописничката на МИА од Атина, директорот за комуникации на грчкиот Црвен крст Константинос Гаврилидис, додека членови на организацијата, на туристите на ...
Денеска, во Центарот за обуки на Министерството за европски прашања, се одржа презентација на Strategic Priorities Expertise Facility (PREF), механизам предложен од Обединетите нации за обезбедување брза и целна експертска поддршка на институциите одговорни за спроведување на реформите. На отворањето на настанот, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, изрази благодарност до Обединетите нации за ...
Нема дефект во ПЕТ/КТ скенерот, туку во циклотронот, каде се произведува радиофармацевтското средство (18F-FDG) потребно за прегледот. Дефектот е резултат на лошо сервисирање и веќе се работи на негово надминување. Ова го објави министерот за здравство Сашо Клековски на неговиот фејсбук профил. – Со почеток на работењето на циклотронот приоритет имаат пациентите според насоките на клиниките за онкологија и хематологија! Предизвиците со ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска присуствуваше на започнувањето на првата фаза од Програмата за поддршка при психолошка траума, што претставува новина во полицискиот систем и важен чекор кон создавање современа, професионална и одговорна полиција. Програмата се реализира со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, со цел полициските службеници да стекнат знаења и практични вештини за препознавање на ...