Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Агенцијата за супервизија на осигурување побарала дополнителни појаснувања од Евроинс Осигурување АД Скопје, откако до регулаторот пристигнале реакции од осигуреници кои добиле известувања поврзани со полиси склучени преку Осигурително брокерското друштво СН Осигурителен брокер АД Битола, кое се наоѓа во стечај. Според објавеното известување на АСО, регулаторот побарал од осигурителната компанија дополнително да ги разјасни информациите ...
Надзорниот одбор на Сава Ре повторно го именуваше Марко Јазбец за претседател на Управниот одбор на компанијата, доверувајќи му нов петгодишен мандат. Со оваа одлука се обезбедува континуитет во управувањето со Сава Ре и Сава Осигурителната Групација во период кога се подготвуваат новите стратешки развојни насоки. Како што информираат од Сава Осигурување, одлуката за повторното именување е донесена по позитивната оценка на Надзорниот одбор за ...
Финансиските резултати на осигурителните компании претставуваат еден од најважните показатели за состојбата на домашниот осигурителен пазар, но нивното толкување бара поширока анализа од едноставно споредување на наплатените премии. Агенцијата за супервизија на осигурување на 7 септември 2026 година го објави извештајот за работењето на осигурителните друштва во првата половина од годината, заедно со агрегирани податоци за животното и ...
Меѓународната рејтинг-агенција AM Best повторно ја потврди високата финансиска оценка на Групацијата Триглав, задржувајќи ги рејтингот за финансиска стабилност „А“ (одличен) и долгорочниот кредитен рејтинг на издавачот „а“ (одличен) за Заваровалница Триглав и Позаваровалница Триглав Ре. Двата рејтинга остануваат непроменети, со стабилни среднорочни изгледи, што ја одразува оценката на агенцијата за силната капитална позиција, профитабилното ...
Кога избираш осигурување, цената често е една од првите работи што ги забележуваш. Но, дали некогаш си се запрашал што навистина добиваш за таа цена? Кои ризици се покриени, што е исклучено од полисата и како треба да постапиш доколку настане штета? Токму ваквите прашања покажуваат зошто е важно да бидеш финансиски информиран. Бидејќи добрата финансиска одлука не се сведува само на тоа колку плаќаш, туку и на тоа дали ги разбираш условите и ...
Компанијата АЛТА Ритејл (ALTA Retail) успешно го заврши преземањето на ИДЕА Маркети (Idea Marketi) и нејзините поврзани компании, откако беа исполнети сите услови предвидени со купопродажната документација и беа добиени потребните регулаторни одобренија. Со оваа трансакција, АЛТА Група дополнително ја зацврстува својата позиција на српскиот малопродажен пазар. Преземањето, покрај ИДЕА Маркети, ги опфаќа и компаниите Enna Fruit Grocka ...
Македонските компании достигнале високо ниво на основна дигитална поврзаност, но значително помал дел од нив ја користат интернет-инфраструктурата како канал за продажба на производи и услуги. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за користењето информатичко-комуникациски технологии во деловните субјекти во 2026 година, објавени на 9 октомври. Според статистичките показатели, 99,5 проценти од деловните субјекти ...
Македонскиот платен систем влегува во нова фаза на стандардизација, откако Народната банка донесе регулаторна одлука со која од 1 ноември 2026 година се предвидува задолжителна употреба на ИБАН како единствена идентификациска ознака на платежните сметки при извршувањето на националните платежни трансакции. Со новата рамка, домашните плаќања треба да се иницираат, обработуваат и извршуваат со користење на меѓународно стандардизираниот формат ...
И покрај напредокот во дигиталната поврзаност, Западен Балкан сè уште заостанува во искористувањето на можностите на е-трговијата. Дигиталните вештини, навиките за плаќање и подготвеноста на компаниите за дигитална трансформација се меѓу клучните предизвици што ќе бидат во фокусот на деветтата Регионална конференција за е-трговија, на 3 ноември во Скопје. Земјите од Западен Балкан бележат значителен напредок во пристапот до интернет и ...
Воздушниот сообраќај во Македонија продолжува да бележи силна позитивна динамика, покажуваат податоците на операторот ТАВ Македонија за периодот јануари – септември 2026 година. Во првите девет месеци од годинава, аеродромите во Скопје и Охрид опслужиле вкупно 3.331.685 патници, што претставува зголемување од 29% во споредба со истиот период минатата година. Истовремено, бројот на летови достигнал 22.147, што е за 10% повеќе на годишно ниво. ...
Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) ќе организира Национална тркалезна маса на тема „Посилен глас на бизнисот за реформите“, со цел да се поттикне поголема вклученост на компаниите во креирањето економски политики и спроведувањето на реформите во земјава. Настанот, кој ќе се одржи во Скопје, ќе биде посветен на улогата на приватниот сектор во реформските процеси, како и на можностите за зајакнување на соработката и дијалогот меѓу ...
Компанијата ОКТА воведува привремен попуст од два денара по литар дизел гориво за трговците на големо и мало, кој ќе важи од 20 октомври до 2 ноември 2026 година. Станува збор за мерка со која компанијата има цел да го поддржи домашниот пазар на горива и да го ублажи влијанието на нестабилните цени на меѓународните пазари. Сепак, намалувањето на цената по која ОКТА го испорачува дизелот не значи дека горивото автоматски ќе поевтини за два ...
text size Иако регистрираната стапка на невработеност во Македонија и во регионот се намалува, поседувањето една работа и стабилна плата повеќе не гарантира финансиска сигурност. Во време кога инфлацијата и непредвидливите економски шокови стануваат вообичаени, а вештачката интелигенција фундаментално ја менува вредноста на вештините на пазарот на трудот, сè повеќе работници се свртуваат или барем размислуваат за дополнителни извори на ...
Македонски Телеком официјално ја пушти во употреба првата самостојна 5G+ мрежа во Македонија, со што започнува нова фаза во развојот на мобилните комуникации во земјата. Новата технологија, позната како 5G Standalone, овозможува пофлексибилно управување со мобилниот интернет, приоритетен пристап до мрежата и развој на напредни дигитални услуги за граѓаните и компаниите. Со воведувањето на 5G+, Македонски Телеком прави значаен технолошки ...
Дигитален маркетинг, вештачка интелигенција, пристап до финансии и инспиративни претприемачки приказни беа во фокусот на мастеркласот организиран од Алијансата за родова еднаквост (GEA), со поддршка на Град Скопје и Халкбанк. Околу 30 жени претприемачки учествуваа на практичниот мастерклас „Дигитален раст за жени претприемачи – AI, Growth & Finance Masterclass“, посветен на унапредување на дигиталните вештини, примената на вештачката ...
text size Потенцијалните инвеститори во иницијалната јавна понуда (ИПО) на „Антропик“ (Anthropic PBC) се соочуваат со викенд на неизвесност пред почетокот на официјалната промоција на понудата, откако острата распродажба на акциите на компаниите за вештачка интелигенција по изборите поттикна преиспитување на очекуваната вредност на компанијата. text size Потенцијалните инвеститори во иницијалната јавна понуда (ИПО) на „Антропик“ ...
Сценарието за продажба, како едно од најможните за решение на проблемот со Алта банка АД Битола, за кое деновиве пишуваше еМагазин, станува се пореално. Денеска премиерот Христијан Мицкоски изјави дека следниве денови заедно со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, ќе имаат состаноци со неколку заинтересирани купавачи. Дека заинтересирани за купувачи за Банката има, неодамна ...
text size Австриската „Рајфајзен банка“ (Raiffeisen Bank International – RBI) во петокот соопшти дека по истекот на дополнителниот рок за прифаќање на понудата за преземање на „Адико банка“ (Addiko Bank AG), биле доставени изјави за прифаќање за вкупно 18.688.243 акции, што претставува 96,79 отсто од сите акции опфатени со понудата. По завршувањето на трансакцијата, РБИ би требало да поседува 95,74 отсто од вкупниот акционерски капитал на ...
text size „Опен еј-ај“ (OpenAI) потпиша договори за примена на својата технологија во енергетски компании, инвестициски фирми и владини агенции во Обединетите Арапски Емирати, продлабочувајќи ги врските во време кога бара милијарди долари финансирање од инвеститорите во земјата поддржани од државата. text size „Опен еј-ај“ (OpenAI) потпиша договори за примена на својата технологија во енергетски компании, инвестициски фирми и владини ...
Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – септември 2026 година, изнесува 408.167.8 милиони денари и бележи пораст од 10.83% во однос на истиот период од претходната година, соопштија од Државниот завод за статистика. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – септември 2026 година, пак изнесува 566.113.5 милиони денари, што е за 7.94% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. ...
Прилепска пиварница АД Прилеп откупи нови сопствени акции. Како што информираа од таму преку Македонската берза, Друштвото се стекнало со 12 сопствени акции. Вкупниот број на сопствени акции што ги поседува Друштвото е 1.302, што претставува 3,26% од вкупниот број на акции на Прилепска пиварница. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Прилепска пиварница повторно откупи сопствени акции Реизбрани членовите на НО на Прилепска пиварница Прилепска пиварница АД Прилеп ...
Акцијата на Комерцијална банка АД Скопје останува најтргуваната акција и во октомври, покажува месечниот билтен на Македонската берза. За овој период со акцијата на Комерцијална банка е остварен промет од 73,4 милиони денари. Акцијата на Комерцијална банка е најтргувана подолг период. Во најтргуваните акции останува и акцијата на Алкалоид АД Скопје, со која е остварен промет од 41,7 милиони денари, како и акцијата на Макпетрол АД Скопје, со ...
Централна кооперативна банка АД Скопје во првите девет месеци од годинава остварила добивка од 25,72 милиони денари, соопштија од таму преку Македонската берза. -Забележан е пораст на вкупната актива/пасива од 4% и остварување на поставениот план од 98%. Во третото тримесечје од 2026 година, евидентиран е мал пораст на кредити и на побарувања од други комитенти за 5% во однос на крајот на годината, при што планот за овој период е исполнет ...
Во првите девет месеци од годинава Градски трговски центар (ГТЦ) АД Скопје остварил добивка од 5.890 илјади денари, соопштија од таму преку Македонската берза. Друштвото остварило вкупни приходи од 212.353 илјади денари, што претставува зголемување од 8% во однос на истиот период од 2025 година. Вкупните расходи изнесуваат 206.464 илјади денари, и истите се зголемени за 9%. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ГТЦ лани ја намалил загубата Во првите девет месеци ...
text size Производството на струја од природен гас во Австралија во третиот квартал од оваа година падна на најниско просечно ниво по повеќе од 25 години, извести „Блумберг“. Главна причина за ова намалување на употребата на фосилното гориво за производство на електрична енергија е експанзијата на инвестиции во капацитетите за складирање енергија во батерии. text size Производството на струја од природен гас во Австралија во третиот ...
Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски денес во Ашафенбург, Сојузна Република Германија, оствари средба со менаџментот на компанијата „Џојсон Сејфти Системс“, која е присутна и во Македонија со своите производствени капацитети во ТИРЗ Кичево. Во фокусот на средбата беа досегашната соработка, тековните активности на компанијата и можностите за нејзин понатамошен развој. Посебно внимание беше посветено на перспективите за продлабочување на ...
„Додека Народна банка итно поставува привремена администрација и бара нов сопственик за колабираната Алта банка, македонските граѓани и фирми остануваат заложници на една опасна економска хаварија чиј главен архитекта е актуелната власт. Ова не е само обичен банкарски колапс, туку суров епилог на политички асистирани зделки и увоз на сомнителен регионален капитал од режимите кои секојдневниот живот на обичниот човек го претворија во ...
text size Џенсен Хуанг во четвртокот почувствува колку скапо може да чини новостекнатата политичка моќ на Демократската партија. Неговото лично богатство се намали за 15,1 милијарди долари, на 150,9 милијарди долари, откако акциите забележаа пад по убедливите победи на демократите на изборите во средата. Тоа го спушти на 13. место на индексот на милијардери на „Блумберг“, од претходното деветто место. Меѓу другите големи губитници беа Илон ...
Во Народната банка се одржа 59. сесија на Клубот на истражувачите, платформа за презентација и разгледување научно-истражувачки трудови на Народната банка, којашто ја поддржува научно-истражувачката дејност во земјава во изминатите тринаесет години. На оваа сесија беше претставен научниот труд „Дали може институционалната интеграција на берзите од Западен Балкан да ја зајакне монетарната трансмисија?”, (Can Institutional Integration of ...
По повод 80 години централно банкарство во нашата земја, Народната банка објавува Конкурс за избор на најдобар видеоматеријал објавен на социјалните мрежи, на тема „Што значи за мене Народната банка?“, со хаштаг #МојатаНБ. За авторот на најдобриот видеоматеријал е предвидена парична награда од 60.000 денари, нето, при што персоналниот данок на доход е на товар на Народната банка. Целта на Конкурсот е, преку перспективата на граѓаните, да ја ...