Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Мундијалскиот бран продолжува со максимална пареа, а по првичните еуфорични настапи на сите три земји-домаќини, третиот натпреварувачки ден ни ја носи првата вистинска фудбалска маратонска програма. Денеска се селиме во вистинскиот фудбалски маратон на турнирот – четири натпревари во рок од само 11 часа. Преку нашата платформа секојдневно ви носиме детална најава, длабока аналитика за екипите и нашите очекувања за исходот на фудбалските ...
Спектакуларната победа на Соединетите Американски Држави над Парагвај со 4-1 пред очите на холивудскиот крем во Лос Анџелес дефинитивно го лансираше Фоларин Балогун во нов апсолутен миленик на нацијата. Но, додека цела Америка слави и зборува за неговата синоќешна брутална партија, зад неговиот американски пасош се крие една од најневеројатните приказни во историјата на Светските првенства. Всушност, некаде во светот постои еден анонимен ...
Македонската тениска репрезентација успеа на перфектен начин да ја заврши групната фаза од Третата Европска група во рамките на Дејвис купот што се одржува во Кишињев, Молдавија. Нашите тенисери во третото коло извојуваа максимална победа од 2-0 над селекцијата на Грузија, со што го осигураа второто место во групата Б и изборија директен меч за промоција и враќање во Втората Светска група. Организаторите во Молдавија имаа огромни проблеми со ...
Репрезентацијата на Соединетите Американски Држави на спектакуларен начин, во холивудски амбиент, ја отвори својата мундијалска приказна во Групата Д. Пред почетокот на мечот, Лос Анџелес сведочеше на гламурозна музичка програма со настапите на Кејти Пери, Фјучер и Тајла, а во ложите на импресивниот „СоФи“ стадион беа присутни бројни ѕвезди од светскиот крем предводени од Том Круз. Наместо да подлегнат под застрашувачкиот психолошки притисок ...
Англиската фудбалска репрезентација се соочува со вистински логистички кошмар во пресрет на својот дебитантски настап на Светското првенство. Нивните финални подготовки зедоа тотално хаотичен правец откако беше потврдено дека специјалниот карго-транспорт со комплетната спортска и тактичка опрема бил цел на спектакуларен филмски грабеж за време на транзитот низ Соединетите Американски Држави. Според ексклузивните информации објавени од ...
Светското првенство 2026 ни носи уште една фасцинантна група каде што традицијата се судира со егзотиката. Во Групата Е, поранешниот светски првак Германија тргнува во поход по враќање на старата слава, Еквадор доаѓа со својата најсилна генерација досега, Брегот на Слоновата Коска сонува за историски нокаут пласман, додека Курасао ја пишува најубавата фудбалска бајка како најмалата нација која некогаш стигнала на Мундијал. Тимот на Спортска ...
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина беше на чекор до приредување сензација на отворањето на Групата Б, но на крајот мораше да се задоволи со освојување на еден бод на преполниот стадион во Торонто, одигрувајќи нерешено 1-1 против кодомаќинот Канада. Босанскиот состав одигра тактички натпревар, но канадскиот притисок во финишот и среќниот потег на домашниот селектор Џеси Марш го спречија комплетното изненадување. За Канада ова е историски ...
Светското првенство во фудбал уште на самиот почеток се соочува со сериозни вонфудбалски и бирократски проблеми кои директно влијаат врз составите на репрезентациите. Најновата голема жртва на строгите имиграциски закони е првата ѕвезда на репрезентацијата на Гана, Томас Парти. Искусниот 32-годишен играч за врска на шпански Виљареал нема да може да настапи на премиерниот натпревар на својата земја против Панама во Торонто, откако канадските ...
Спектакуларна атмосфера на стадионот во Торонто, каде што се игра првото полувреме од дебито на Канада на домашен терен. Сепак, на огромно задоволство на македонските фанови кои будно навиваат, селекцијата на Босна и Херцеговина заминува на пауза со минимално, но огромно водство од 1-0. Избраниците на Сергеј Барбарез уште еднаш покажаа дека менталитетот изграден на чист пркос и цврста дефанзива е рецепт за успех на големата сцена. Канада ...
По сериозните критики кои пристигнаа на адреса на ФИФА од страна на светските медиуми, вклучително и од нашата анализа на Спортска Станица за натпреварот меѓу Јужна Кореја и Чешка, Светската фудбалска куќа конечно реши да го прекине молкот. Како што претходно известивме, натпреварот на стадионот „Акрон“ во Гвадалахара го одбележаа огромни празни површини на трибините, иако ФИФА упорно тврдеше дека дури 44.985 гледачи биле присутни од вкупниот ...
Овој фудбалски празник за нас започнува со огромни емоции. Вечерва, селекцијата на Босна и Херцеговина го игра својот премиерен натпревар против домаќинот Канада. А како совршена увертира за овој историски момент, култниот 40-годишен капитен Един Џеко објави длабоко емотивна исповед која го допре срцето на секој вистински љубител на спортот. Во своето „Писмо до децата на Босна и Херцеговина“, објавено на платформата The Players’ Tribune, ...
Мундијалскиот бран продолжува со максимална пареа, а вториот натпреварувачки ден ни го носи дебито на преостанатите два домаќини на турнирот, Канада и Соединетите Американски Држави. Преку нашата платформа секојдневно ви носиме детална најава, длабока аналитика за екипите и нашите очекувања за исходот на фудбалските борилишта. Вечерва фокусот е ставен на возбудливите пресметки во Групата Б и Групата Д, каде што еден натпревар има сосема ...
Само неколку часа по официјалната потврда дека Жозе Мурињо се враќа на клупата на Реал Мадрид, раководството на клубот предводено од Флорентино Перез веќе напредува во преговорите за првото спектакуларно засилување. Станува збор за португалскиот репрезентативец Бернардо Силва, кој во моментов е слободен агент по завршувањето на неговиот деветгодишен престој во Манчестер Сити. Иако неговото име долго време се поврзуваше со трансфер во Шпанија, ...
Светското првенство во фудбал започна, но еден од најдобрите африкански судии во моментов мора да го гледа турнирот преку малите екрани поради бирократски и дипломатски апсурди. Сомалискиот судија Омар Артан, кој официјално беше прогласен за најдобар африкански судија за 2025 година од страна на КАФ, беше уредно вклучен на официјалната листа на ФИФА за собирот во Северна Америка. Сепак, неговиот сон беше брутално прекинат откако властите на ...
Вториот натпревар од отворањето на Светското првенство, кој за македонските фанови се одигра во доцниот ноќен блок, донесе исклучителна фудбалска драма во која Јужна Кореја со пресврт ја совлада Чешка со 2-1 во Гвадалахара. Но, покрај случувањата на теренот и големата триумфална ноќ за Азијците, овој натпревар веднаш ја активираше и првата голема контроверза на шампионатот – сериозно празни трибини кои јасно ги отворија прашањата за лакомоста ...
Сликата од преполнетиот стадион „Ацтека“, еуфоријата на 72.000 гласни Мексиканци и емотивното славење на Раул Хименез по неговиот вечерашен гол со глава против Јужна Африка, веројатно ќе остане еден од највпечатливите моменти на ова Светско првенство. За неупатените, тоа беше едноставно рутинска елиминација на дилемите за првите три бода на домаќинот. Но, за оние кои будно ја следат неговата кариера, овој мундијалски погодок е филмско ...
Денешниот ден требаше да биде во знакот на спортските фанови во Македонија, не само поради почетокот на Светското првенство, туку и поради официјалното лансирање на македонската верзија на каналите на „Арена Спорт“, кои ги заменија (не додадоа) досегашните премиум програми. Сепак, наместо беспрекорен почеток, новата телевизиска ера започна со фрустрирачки технички проблеми. Токму во моментите кога во Мексико Сити започнуваше гламурозната ...
Домаќинот Мексико на перфектен начин ја започна својата мундијалска приказна во Групата А, откако на преполниот стадион „Ацтека“ ја совлада селекцијата на Јужна Африка со 2-0. Отворањето на Светското првенство донесе сè што навивачите сонуваа – извонреден ритам, емоции на трибините по настапот на Шакира и Бурна Бој (кој македонската јавност за жал не можеше да го проследи поради технички проблеми…), но и невиден хаос на теренот кој ...
Додека комплетното внимание на фудбалскиот свет е насочено кон првите натпревари на Светското првенство, на релација Нотингем – Манчестер се одвива вистинска трансфер-драма. Трката по потписот на 23-годишниот англиски репрезентативец Елиот Андерсон дополнително се вжешти откако Нотингем Форест ја одби и втората, мега-понуда испратена од Манчестер Сити вредна неверојатни 120 милиони фунти. Јунајтед се повлече, Андерсон сака само на „Етихад“ ...
Додека целиот свет е фокусиран на свеченото отворање на Светското првенство во фудбал, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, реши комплетно да го украде медиумското внимание со вистинска трансфер-бомба. Шпанскиот гигант вечерва преку официјално соопштение потврди дека Жозе Мурињо се враќа на клупата на првиот тим како нов шеф на стручниот штаб. Португалскиот стратег потпиша договор на три сезони, кој ќе биде со важност до 30 јуни ...
По нашиот утрински апел и бројните бурни реакции од македонската јавност, имаме одлични вести! Упатуваме голема благодарност во име на нашите читатели до македонските оператори, Телеком, А1, Телекабел, како и до Арена Спорт, за нивната исклучително брза реакција и разумност во пресрет на најголемиот спортски настан. Техничките и комерцијалните пречки се надминати буквално во последен момент, па така каналите Арена М1, М2 и М3 (на македонски ...
Долгоочекуваниот момент конечно пристигна! Светското фудбалско лудило официјално започнува денеска, носејќи ни еден месeц исполнет со застрашувачко темпо, деноноќни возбуди и врвен репрезентативен фудбал. Преку нашата платформа секојдневно ќе добивате детален преглед на сите натпревари, анализи на клучните играчи и нашите уреднички предвидувања за исходот на теренот. Првиот натпреварувачки ден е целосно посветен на Групата А, каде што ја ...
Оваа вест дефинитивно ќе ја земеме со доза на резерва, но искрено, ние во Спортска Станица мораме да признаеме една работа, идејата нашиот „дијамант“ и несомнено најдобар македонски фудбалер во моментов да заигра под палката на Унаи Емери, звучи неверојатно. Емери е еден од најдобрите светски тренери и сигурно би извлекол максимум од Елиф. Она што дополнително ја прави оваа перспектива примамлива е фактот што Астон Вила следната сезона нема ...
После толку најави и чекање конечно е пуштена во употреба грандиозната спортска сала „Расадник“ во Кисела Вода. Овој проект, кој траба да го врати сјајот на култниот објект, за својата целосна реконструкција, неофицијално чинеше вкупно 120 милиони денари, или околу 2 милиони евра. Салата „Расадник“ е навистина место од огромно емотивно значење за ракометниот клуб Вардар. Навивачите добро паметат како во 90-тите години клубот грчевито се ...
Како што се загрева атмосферата за Светското првенство, така започнува и традиционалната војна на големите спортски брендови на телевизиските екрани. Изминативе денови, американскиот гигант Најк (Nike) ја запали глобалната јавност со лансирањето на својата најнова мундијалска кампања, која веднаш предизвика масовни дебати и носталгични споредби на социјалните мрежи. Прашањето кое сите го поставуваат е едноставно: Дали новиот холивудски проект ...
Екипата на вториот тим на Ред Бул, Рејсинг Булс претстави нов, впечатлив дизајн за своите болиди кој ќе го користи во текот на претстојниот тркачки викенд за Големата награда на Шпанија. Новиот изглед на болидот „VCARB 03“ е директно инспириран од визуелниот јазик на фудбалската култура и се совпаѓа со денешниот старт на Светското првенство во фудбал. Тимот со ова сака да му оддаде почит и на градот домаќин Барселона, кој е глобално ...
Дали некогаш сте слушнале за фудбалер кој постигнал четири гола на еден мундијалски натпревар против моќниот Бразил? Или за играчот кој го држи апсолутниот рекорд за најдобар сооднос на постигнати голови по натпревар во историјата на Светските првенства? Станува збор за човек кој на еден официјален меч уфрлил дури 10 погодоци, кој сè уште го држи рекордот за најмногу голови во една сезона во германскиот Куп и за кого се верува дека во својата ...
На страна од сите тешки статии и случувања околу овогодинешното Светско првенство во фудбал, постојат и убави моменти. Еден таков е промо видеото на „ITV“ за Мундијалот, кое дефинитивно ќе им се допадне на вистинските љубители на спортот. Без многу да должиме, уживајте! If ITV’s new intro video doesn’t get you excited for the World Cup then nothing will. 🔝pic.twitter.com/1lKqc3F0ik — World Cup HQ (@WorldCup26HQ) June 9, 2026 Следете нè: ...
Денеска официјално започнува Светското првенство во фудбал, но додека очите на комплетната спортска јавност се насочени кон свечената церемонија во Мексико Сити, зад сцената се одвива вистинска социјална драма. Десетици илјади работници, наставници и активисти го искористија глобалното медиумско внимание за да започнат масовни протести ширум мексиканската престолнина. Главните сообраќајници кои водат до култниот стадион „Естадио Ацтека“ се ...
Светското првенство во фудбал е пред самиот почеток, а додека целиот свет со нетрпение го очекува фудбалскиот спектакл, во Македонија владее револт и неизвесност. Рокот за решавање на правата за емитување на каналите на Арена Спорт со македонски коментар (Арена М1, М2 и М3) изминува денес во 19 часот. Останаа уште нешто повеќе од осум часа! Затоа, Спортска Станица упатува директен и јавен апел до Телеком, А1, Телекабел и сите останати ...