Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Денеска на „Бернабеу“ во Мадрид се одигра хуманитарен меч помеѓу легенди на Реал Мадрид и Интер, а иако беше најавено дека ќе игра, Горан Пандев сепак не се појави на славниот стадион на кој во минатото има дадено гол и на кој стана европски првак во 2010 година. Во тимот на Интер предводен од тренерот Џузепе Бергоми, стартери беа Толдо, Маикон, Лусио, Ранокија, Дамброзио, Кандрева, Камбијасо, Пизаро, Карагунис, Паласио, Пацини, а резерви ...
Sport Life нуди 12 различни Бет билдер комбинации со двоцифрени квоти за вечерашните натпревари од Светското првенство во фудбал, а посебен фокус ќе ставиме на првите два меча во кои фаворити се Швајцарија и Бразил. За сите четири Бет билдери се бараат по четири услови да се исполнат за добивка. Швајцарците може да ви донесат супер добивка ако бидат ефикасни и доминираат против Катар, а за дуелот Бразил – Мароко има билдери кои го ...
Репрезентацијата на Англија се соочи со голем проблем во пресрет на својот прв натпревар на Светското првенство, откако од нивниот камп била украдена голема количина опрема. Според информациите што се појавија во американските медиуми, меѓу исчезнатите работи се наоѓаат копачки на играчите, тренинг-опрема, реквизити на стручниот штаб, топки, како и официјални дресови и друга опрема наменета за натпреварите. Во англискиот табор веднаш била ...
Роберт Левандовски е на пат кон Соединетите Американски Држави, каде што ќе одржи клучни разговори за следниот чекор во својата кариера, пренесува познатиот италијански новинар Фабрицио Романо. Договорот на полскиот напаѓач со Барселона истекува на 30 јуни, а разделбата меѓу двете страни веќе е потврдена. Заедно со 37-годишниот голгетер патува и неговиот агент Пини Захави. Сериозен интерес за негов ангажман покажува клубот од МЛС-лигата, ...
Денешната програма на Светското првенство нуди четири меча, а Sport Life ви нуди Дневен бонус тип зголемен за неверојатни 50%. Ако сите четири денешни меча на Мундијалот завршат во ист тип, во случајов тоа е да има помеѓу еден и три гола во првото полувреме и најмалку три на целиот меч, тогаш квотата од 33.00 би била добитна. Доколку се одлучите поединечно да ги одиграте четирите меча со оваа игра, тогаш би имале квота од 22.7, па затоа ...
Ѕвездата на Франција и на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, може да стане најдобар стрелец во историјата на Светските првенства, но францускиот напаѓач истакна дека освојувањето на уште една светска титула му е многу поважно од личните рекорди. Мбапе досега има постигнато 12 голови на Мундијалите и се наоѓа на само четири погодоци од рекордот на германската легенда Мирослав Клосе, кој постигна 16 голови на четири Светски првенства во периодот од ...
Италијанскиот Комо размислува за амбициозен трансфер на Дани Карвахал од Реал Мадрид, бидејќи тренерот Сеск Фабрегас сака да внесе дополнително искуство и квалитет во тимот пред првото учество на клубот во Лигата на шампионите. Комо исто така ги следи младите фудбалери на Реал Мадрид – 22-годишниот Гонсало Гарсија и 21-годишниот Сезар Паласиос, додека се подготвува за веројатното заминување на Нико Пас. Напаѓачот Гарсија и талентираниот играч ...
6822 Катар – Швајцарија (21:00) Швајцарија со големи амбиции пристигна на Светското првенство во Северна Америка, а шанса за почеток со победа ќе имаат против Катар. Швајцарците се големи фаворити против селекцијата од Азија, а нивните надежи се дека ќе успеат да го стигнат барем најголемиот успех во историјата за нив – четвртфиналињата од Мундијалите во 1934 и 1938 година. Освен победа на Швајцарија, очекувањата се дека на мечот ќе има и ...
Натпревари од четири различни спорта се дел од понудата со зголемени квоти во Sport Life, Супер типот. Најброен е фудбалот со седум натпревари, тенисот и кошарката се застапени со по четири меча, додека еден е од ракометот. Првиот меч на програмата е во 11 часот, а тенисот веќе стандардно го отвора Супер типот со два меча во раниот термин, додека првиот фудбалски натпревар започнува во 14 часот. Меѓу фудбалските натпревари има и три од ...
Кристијано Роналдо изјави дека е „многу позитивен“ пред заминувањето на португалската репрезентација од Лисабон кон нивната база во Палм Бич, Флорида, каде ќе се подготвува за настапот на Светското првенство 2026. „Влегуваме на овој турнир со голема надеж“, изјави 41-годишниот Роналдо, петкратен освојувач на „Златната топка“. „Подготовките беа многу добри, но и напорни, бидејќи трениравме навистина силно“, додаде капитенот на Португалија, ...
Четири меча од Светското првенство, како и еден од Финска, се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Петте меча заедно прават квота од 51.2, додека поединечно квотите се движат помеѓу 2.00 и 2.35. Јаро и ХЈК се очекува да одиграат ефикасно, па квотата од 2.00 ќе биде добитна доколку се затресат двете мрежи, но и ако има најмалку еден гол во првото полувреме. Очекувањата се дека Швајцарија ќе слави над Катар, а за да биде добитна ...
Селекторот на САД, Маурисио Покетино, ја коментираше победата од 4:1 над Парагвај во првото коло од групната фаза на Светското првенство. „Многу сум горд. Играчите и стручниот штаб заслужуваат огромно признание за ова издание. Најважни се играта и емоцијата. Знаеме дека ова е само почеток, ништо повеќе. Ова е само еден натпревар. Сега треба да бидеме паметни и да продолжиме во оваа насока“, изјави Покетино. Тој исто така нагласи дека ...
Иднината на Мохамед Салах и понатаму е една од најжешките теми во фудбалскиот свет. Само една година пред истекот на неговиот договор со Ливерпул, 33-годишниот египетски напаѓач реши да се откаже од плата од 480.000 фунти неделно и стави крај на својата легендарна десетгодишна етапа на „Енфилд“. Иако во моментов Салах се поврзува со трансфери во САД, Саудиска Арабија и Турција, каде што Фенербахче покажува сериозен интерес, неговиот близок ...
Светското првенство официјално беше отворено и во Соединетите Американски Држави и тоа со убедлива победа од 4-1 над селекцијата на Парагвај. Ова е четвртата најубедлива победа на еден домаќин на Мундијал на својот прв меч. Повисоки победи забележале само Италија во 1934 година (САД 7-1), Русија во 2018 година (Саудиска Арабија 5-0) и Бразил во 1950 година (Мексико 4-0). Мечот беше отворен уште во седмата минута со автоголот на Бобадиља за ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, по ремито со Канада истакна дека резултатот е реален. Тој нагласи дека ова е добар бод за понатамошниот тек на натпреварувањето и дека во следните натпревари против Швајцарија и Катар треба да се обидат да победат. „Секогаш кога водите до десет минути пред крајот останува жал за победата, но имавме и среќа, треба да бидеме реални, па 1:1 е реален резултат. За ...
Татко и син Васиљ се само петти во историјата на Светските првенства кои настапиле за различни репрезентации на најголемиот фудбалски настан. На голот на Босна и Херцеговина на мечот против Канада беше Никола Васиљ, син на поранешниот голман на Хрватска, Владимир Васиљ, кој настапи на Светското првенство во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја. Со тоа тие стануваат петтите татко и син кои биле повикани на најголемата светска фудбалска ...
Репрезентациите на Канада и Босна и Херцеговина го одиграа првото реми на Светското првенство. Мечот во Торонто заврши без победник, 1-1, резултат од кој веројатно и двете селекции се задоволни. Сепак, ако некој треба да жали за победата, тоа е Босна и Херцеговина, бидејќи имаа водство од 21-вата, па се до 78-мата. Босанците дојдоа во водство преку Јово Лукиќ во 21-вата минута, откако најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник по еден ...
Норвешките репрезентативци го искористија слободното време во Северна Каролина и присуствуваа на петтиот натпревар од финалната серија во НХЛ плејофот меѓу Каролина Харикенс и Вегас Голден Најтс. Ерлинг Халанд на натпреварот пристигна во опуштено издание, а подоцна беше снимен во дрес на Каролина Харикенс со бројот 9, истиот број што го носи за Манчестер Сити и норвешката репрезентација. Харикенс славеа со 4:2 и поведоа со 3-2 во серијата, а ...
Кошаркарите на Дубаи испишаа историја, откако во втората сезона во јадранското друштво, успеаја да дојдат и до трофејот. Екипата од Блискиот Исток откако двапати славеше на домашен терен над „црно-белите“, го загуби првиот меч во Белград, но вечерва во драматична завршница славеа со 83-81 и ја добија финалната серија со вкупни 3-1. Дубаи имаше водство речиси во текот на целиот меч, но на крајот лесно можеше да остане и без победата, бидејќи ...
Босна и Херцеговина има водство од 1-0 по првите 45 минути на дуелот против Канада во Торонто. Јово Лукиќ беше најснаодлив во противничкиот шеснаесетник во 21-вата минута и успеа да погоди со глава за голема радост меѓу босанските навивачи на трибините, но и во татковината. Она што е интересно, најголемата ѕвезда на Босанците, Един Џеко, воопшто не беше стартер, а се очекува да добие шанса во вториот дел, откако телевизиските камери го ...
Голманот на Бразил, Алисон Бекер, го опиша селекторот на националниот тим Карло Анчелоти како „вистински победник“ за време на прес-конференцијата со која беше означен почетокот на кампањата на селекцијата што секогаш важи за еден од фаворитите за освојување на светската титула. „Ја гледам неговата радост и благодарност поради фактот што е селектор на Бразил“, изјави Алисон за Италијанецот, кој е првиот странски селектор на Бразил од 1965 ...
Светското првенство официјално беше отворено вчера со мечот помеѓу Мексико и Јужна Африка, но договорот е секоја од трите земји домаќини да има своја свеченост пред првиот меч. Токму затоа и Канаѓаните официјално го отворија Мундијалот во пресрет на дуелот против Босна и Херцеговина. Canada 🇨🇦 World Cup opening ceremony Is beautiful 🤩 pic.twitter.com/wMmWbYyG9A — Dexyboi (@Dexyboi7) June 12, 2026 Во три часот по полноќ по македонско ...
Женската одбојкарска репрезентација на Македонија по поразите од Португалија и Унгарија, вечерва загуби и од Шпанија со максимални 3-0. Шпанија воедно е и организатор на вториот турнир од Европската лига во женска конкуренција, па со победата од 3-0 само ја оправда фаворитската улога. Македонија го загуби првиот сет со 25-11, а Шпанките беа уште поубедливи во вториот, кој го добија со 25-6. Во третиот сет освоивме најмногу поени – 15. По три ...
Војната помеѓу Барселона и Реал Мадрид продолжува, а сега „каталонците“ се тие кои повлекоа потег. Од актуелниот шампион на Шпанија информираа дека поднеле кривична пријава против претседателот на „кралевите“, Флорентино Перес, за наводна клевета. „Каталонците“ бараат Перес да ги „повлече“ изјавите кои ги дал на 12 мај и ден подоцна. „ФК Барселона ја информира јавноста дека денес покрена законски предвидена претходна постапка против ...
Атмосферата во Торонто се загрева во пресрет на мечот помеѓу Канада и Босна и Херцеговина, кој се игра од 21 часот по македонско време. Еден од организаторите на Светското првенство се плаши дека Босанците може да бидат и преку 30.000, а дека нивните стравови може да се остварат, се гледа низ улиците на Торонто, кој вечерва повеќе личи на Сараево отколку на град во Канада. VOLIM TE BOSNO!🇧🇦 #FIFAWorldCup #CANBIB 🇨🇦🇧🇦 🎥: ...
Гана ќе биде без еден од своите најважни фудбалери на отворањето на Светското првенство против Панама. На Томас Парти, поранешен играч за врска на Арсенал и актуелен член на Виљареал, канадските власти одбиле да му издадат виза, па нема да може да настапи на натпреварот што ќе се игра на 17 јуни во Торонто. Парти овој месец беше вклучен на конечниот список на репрезентативци за Светското првенство и ѝ се приклучи на селекцијата на Гана во ...
Во три часот по полноќ по македонско време, на тревникот ќе истрча и третиот домаќин на ова Светско првенство. Прв противник на Американците им е Парагвај, селекција која ја победуваа на последните три меѓусебни дуели. Интересно, сите три победи беа со по еден гол разлика, а на последниот меч голот за победа беше дело на Фоларин Балогун, фудбалер кој е меѓу фаворитите да биде стрелец и вечерва. Американците се фаворити според квотите во Sport ...
Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ моментално престојува во Северна Америка, каде што е ангажиран како стручен консултант за преносите на Светското првенство. Поранешниот напаѓач на бројни европски великани учествуваше во анализата на групите пред почетокот на натпреварувањето, а притоа откри која група му е најинтересна, но и за која репрезентација ќе навива. „Ја избирам групата Л. Таму е Англија, па ќе видиме дали фудбалот се ...
Некогашниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп упати критики од тоа што го виде на првиот меч со кој стартуваше 23-тото Светско првенство. На отворањето, Мексико со 2:0 славеше над Јужна Африка во дуел на кој беа покажани три црвени картони што преставува негативен историски подвиг. Според Клоп квалитетот на играта што ја видел на првата средба, не била на задоволително ниво. Германскиот стратег посебно ја истака недизциплината во играта на ...
Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги откри големите промени што ќе стапат на сила од 2027 година, а играчите ќе имаат значително поголеми права при трансфери. ФИФА реши да воведе една од најголемите реформи во системот за трансфери во модерната историја на спортот. По обемни дискусии и состанок одржан во Мексико Сити, официјално се потврдени значајни промени во правилата што го регулираат статусот на играчите и меѓународните трансфери. ...