Нејмар уште се бори да влезе во форма која ќе го убеди селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, дека е доволно добар да биде повикан во националниот тим за настап на Светското првенство кое ќе се игра за помалку од два месеци. Бразилската ѕвезда во дресот на Сантос, освен ој што е фокусиран да ја темпира формата, има и свои идеи за тоа што би требало да се промени за фудбалот во глобални рамки да биде поинтересен. Една од најкоментираните теми е ...

Интер незадржливо граби кон освојување на титулата во Серија А откако убедливо со 3:0 го победи Калјари и направи да има двоцифрена предност во однос на најсерозните кандидати во трката за Скудетото. Меѓу стрелците за Интер се запиша и италијанскиот репрезентативец Николо Барела, кој веднаш по мечот испрати емотивна порака кон сега веќе поранешниот селектор на Италија, Џенаро Гатузо. Гатузо доби отказ откако Италија не успеа да се пласира на ...

Селекторот на Саудиска Арабија Ерв Ренар доби отказ и тоа на помалку од два месеци до стартот на Светското првенство кое летово ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Францускиот стратег сам објави дека е сменет од позицијата. „Таков е фудбалот. Саудиска Арабија се квалификуваше на Светското првенство вкупно седум пати, а два пати тоа го направи со мене“, рече Ренар, кој очигледно беше разочаран од одлуката на челниците на Федерацијата. Ренар ...

По неуспехот да се пласира на Светското првенство 2026, фудбалска Италија се соочува со нов предизвик. Една од најфудбалските земји е под притисок да покаже дека добро работи во подготовките за домаќинство на Европското првенство кое во 2032 година треба да се одржи во оваа земја. Директорот на УЕФА за Европското првенство во 2032 година, Микеле Ува, е уверен дека Италија нема да го изгуби статусот на еден од домаќините на континенталното ...

Очајна е формата на двата тима. Челзи претрпе пет порази во последните шест меча што го одигра, а го победи само ттретолигашот Порт вејл во ФА Купот. Од друга страна, Манчестер јунајтед победи само еднаш во последните четири натпревари што ги играше. За Челзи ова ќе биде една од последните шанси да се приклучи кон екипите кои се во Топ 5 и да брка излез во Лига на шампиони за следната сезона. Манечстер сака да го задржи третото место на кое е ...

Повеќе од 15 години Италија нема настап на Светско првенство, а Аѕурите ќе го пропуштат и Мундијалот кој ова лето ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Некогашниот четирикратен светски првак остана без пласман на планетарниот собир по поразот од Босна и Херцеговина на пенали. По овој неуспех настрада претседателот Габриеле Гравина кој поднесе оставка, а потоа си заминаа и селекторот Џенаро Гатузо и шефот на делегацијата на националниот тим ...

Четири супер интересни натпревари од најфудбалските земји во Европа се дел од Бет Билдер понудата каде коефициентите се движат од 15 до 20. За дуелот меѓу Наполи и Лацио се нуди квота од 17,а да биде добитно потребно е: Наполи да води на полувреме и да победи на крајот, двете екипи да постигнат гол, Лацио да добие повеќе жолти картони и Расмус Хојлунд да постигне гол или да асистира. Со дури 20 коефициент се вреднува комбинацијата на дуелот ...

Барселона уште од сега знае дека во летниот преоден рок треба да се засили со квалитетен напаѓач. Уште е неизвесно дали ветеранот Роберт Левандовски ќе остане на „Камп Ноу“ и следната сезона, но јасно е дека каталонците се фокусирани да најдат врвен голгетер. Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварес е главната желба на Барселона, но постојат и други опции, ако Јорганџиите не сакаат да се откажат од Аргентинецот. Како што пишува шпанскиот ...

1004 Тотенхем Брајтон (18:30 ч.) Делува неверојатно, но Тотенхем е најслабиот домаќин во Премиер лигата сезонава. Во 16 меча, тимот има само две победи, четири ремија и дури 10 порази. Лондонскиот тим нареди четири порази по ред пред своите навивач, па сега е на 18-тото место на табелата, односно во зоната за испаѓање. Затоа, едноставно Тотенхем денеска мора да брка победа, но секако нема воопшто да биде лесно со ривал како Брајтон, кој има ...

Фудбалот доминира, но има и два меча од НБА плејофот во денешната понуда на Супер типот каде има многу зголемени коефициенти. Возбудувањата ќе започнат уште во 13 часот со дуелот меѓу Арминија Билефилд и Нинберг, а за победа на домаќините квотата е 2.04. Од 14-те понудени натпревари, само на еден има гостински тим кој е во улога на фаворит за триумф, а тоа е Олимпик Марсеј да слави кај Лориен, каде „двојката“ е зголемена на коефициент од ...

Во Скопје и Битола денеска се играат двата меча од 28. коло на фудбалската Прва лига. Нема дилеми дека Вардар ќе го победи Шкупи. Некогаш ова беше скопско дерби, но чаирчани сезонава се не само најслаб тим во нашата лига, туку најслаб прволигаш во цела Европа, со само еден освоен бод од 27 средби. Скопската пресметка се игра на тренинг центарот „Петер Милошевски крај ФФМ, а ова треба да е добра можност Вардар конечно да добие самодоверба во ...

Дури три меча од Англија и по еден дуел од Германија и Италија се дел од понудата во Квоти на ден, а ако сите пет понудени комбинации се одиграат на еден тикет, се добива вкупен коефициент од 43.59. Брентфорд и Фулам треба да си постигнат барем по еден гол, а најмалку еден погодок треба да има во првото полувреме, за да биде добитна комбинацијата која се вреднува со коефициент од 2.05. Борусија Дортмунд гостува кај Хофенхајм и потребно е ...

Немили сцени беа видени на меч од азиската Лига на шампиони, а настрада Жаиро Да Силва од тимот на Јохор. Од една сосема обична ситуација и дуел на средината од теренот, Да Силва заработи нокаут од играчот на Ал-Ахли, Али Мајраши. Додека беа во борба за една топка, фудбалерот на Ал-Ахли сакаше со „ножички“ да ја удри топката, но наместо топката, удри директно во главата на Да Силва, кој падна како покосен и без свест на тревата. Веднаш ...

Екипата на Фенербахче пропушти голема шанса да се најде на првото место на табелата во турското првенство, откако одигра само 2:2 на свој терен против Ризеспор. Турскиот гигант на свој терен важеше за голем фаворит, но на крајот наместо три, освои само еден бод. По првото полувреме немаше голови, а на стартото од вториот дел, гостите погодија за 0:1. Сепак, Фенербахче успеа да направи пресврт и со погодоците на Талиска од пенал во 80 минута и ...

Екипите на Орландо меџик и Феникс санс продолжуваат во плејофот на НБА лигата, откако во клучните мечеви славеа против Шарлот и Голден Стејт. Орландо без многу драма, рутински стигна до сигурен триумф над Шарлот од 121:90 и се избори за место во првото коло од плејофот каде ќе се сретне со тимот на Филаделфија. Паоло Бончеро со 26 поени ги предводеше Магичните до убедливата победа, а одлични беа и Франц Вагнер со 18 поени и Вендел Картер со ...

Битолски Пелистер е елиминиран во полуфиналето од ракометниот куп и речиси сигурно ќе остане сезонава без ниту еден трофеј. Пелистер уште е актуелен шампион, но сезонава е далеку зад Вардар и само теоретски останува Црвено-црните шампионскиот пехар да го префрлат во Скопје. Освен што не го одбранија трофејот во првенството, Пелистер и во Купот разочара. Иако делуваа дека се фаворити во полуфиналето против Охрид, битолчани многу лесно и ...

Македонската фудбалска репрезентација ќе има многу активност на крајот од мај и почетокот на јуни. Тие активности за жал нема да бидат како подоготвка за настап на Светско првенство, затоа што Македонија не успеа да испише историја и да биде дел од завршницата на Мундијалот. Веќе е потврдено дека Македонија на 29 мај ќе игра во Сараево против Босна и Херцеговина која ќе се подготвува за СП 2026. Потоа следува гостување и во Турција, кога во ...

Бразилската кошаркарска легенда Оскар Шмит почина на 68-годишна возраст. Шмит, познат како „Светата Рака“, беше познат по тоа што го носеше дресот со број 14 за бразилската репрезентација. Тој се бореше со тумор на мозокот во последните 15 години. Неговиот портпарол ја потврди веста за неговата смрт. Оскар беше однесен во Општинската болница Сантана Ана во Сантана де Парнаиба откако се разболе, но за жал не преживеа. На почетокот на април, ...

Интер не дозволи никакво изненадување и со 3:0 славеше над Калјари во меч од 33. коло во италијанската Серија А. Со овој триумф Нераѕурите стигнаа до 78 бодови и имаат дури 12 повеќе од второпласираниот Наполи кој утре го чека дерби пресметка со Лацио. Калјари кој е во долниот дел од табелата, издржа едно полувреме, но на почетокот на вториот дел Интер ја покажа силата. Во период од 52 до 56 минута, Нераѕурите постигнаа два гола. Отпорот на ...

Дуелите од трите европски натпреварувања под капата на УЕФА, Лига на шампиони, Лига на Европа и Конференциска лига се посебен предизвик за сите обложувачи. Еден перфектно одигран тикет бил уплатен во петокот во Струга, а на крајот со само 100 вложени денари, добивката е преку 2.000 евра. Интересна беше тактиката на овој обложувач и сите пет погодени коефициенти се со преку 3.00 коефициент. На дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Барселона погодено ...

Вардар ќе биде противникот на Охрид во финалето од ракометниот куп на Македонија што ќе се игра в недела во Струмица. Откако Охрид во првиот полуфинален дуел убедливо славеше над Пелистер со 26:19, Вардар немаше многу проблеми да го совлада Алкалоид во вториот полуфинален дуел со 33:28. Само во првите неколку минути Алкалоид даваше отпор на фаворизираниот Вардар кога резултатот беше 5:5. Во продолжение на дуелот Црвено-црните ја преземаа ...

Жестоки реакции по елиминацијата на Барселона од Лигата на шампионите изнесе поранешниот фудбалер на клубот и светски шампион со Франција од 1998 година, Кристоф Дугари. Тој не го поштеди Ламин Јамал, порачувајќи му дека мора да покаже многу повеќе од талент за да се смета за играч од светска класа. Според него, Јамал премногу зборувал, а премалку покажал во клучните моменти. Иако младиот напаѓач постигна гол на почетокот од реваншот, ...

Реал Мадрид ги заврши настапите во сите натпреварувања и тоа без освоен трофеј, а сезонава им остана само да се борат за пехарот во шпанското првенство. И оваа мисија за Реал ќе биде мнгоу тешка затоа што заостанува седум бодови зад најголемиот ривал Барселона. Реал Мадрид во април одигра четири меча и претрпе три порази, а само еднаш ремизираше. Последната победа на Реал е против градскиот ривал Атлетико на 22 март гола славеше со 3:2. Многу ...

Германскиот гигант Баерн Минхен е заинтересиран за доведување на Брајан Броби и ја следи ситуацијата околу холандскиот напаѓач пред летниот преоден рок. Според британските медиуми, баварскиот клуб го гледа како една од опциите за засилување во нападот, но трансферот нема да биде лесен бидејќи високото обештетување може сериозно да ја искомплицира целата зделка. Проблем е сумата што се споменува за 24-годишниот центарфор. Наводно станува збор ...

Имајќи предвид дека денес живееме во значително покомплексен и безбедносно почувствителен свет отколку во 2016 година кога станавте претседател на УЕФА, дали е потешко да се организира и да се слави фудбалот денес и како глобалните околности влијаат врз начинот на кој се води европскиот фудбал? „Откако сум јас претседател на УЕФА, постојано се соочуваме со одредени проблеми. Не знам дали вината е во моето доаѓање или тоа е едноставно сплет ...

Иако веќе се блиску до крајот на своите славни кариери, ривалството меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо и понатаму предизвикува дебати. Двајцата сè уште се активни – едниот во Интер Мајами, другиот во Ал-Наср – и продолжуваат да бркаат голови и трофеи, секој со свој пат кон доминација во истата ера. Во оваа вечна дебата има луѓе кои никогаш не се двоумеле. Гери Линекер е еден од нив. Англичанецот, денес коментатор, секогаш го избирал ...

Вечерва ќе биде комплетиран списокот со учесниците во плејофот на НБА-лигата, а за двете слободни места конкурираат четири екипи. Легендарниот Стеф Кари и неговите соиграчи од Голден стејт ќе се обидат да направат уште едно изненадување и да елиминираат уште еден фаворит, па како десетти во регуларниот дел да дојдат до место во плејофот. Сепак, Феникс е фаворит според квотите со 1.66 за победа, а изненадување на Воините има квота од 2.45. ...

Ракометарите на Охрид уште еднаш оваа сезона испишаа историја за својот клуб и за градот крај езерото, откако за првпат во својата историјата ќе играат во финалето од Купот на Македонија. Охриѓани во полуфиналето го совладаа актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер со убедливи 26-19. Пласманот во големото финалето за екипата на Охрид беше најавено уште во првото полувреме, после кое „сините“ имаа водство од убедливи 13-7. Предноста ...

Шкендија убедливо со 4:1 славеше во Кавадарци над Тиквеш и вечерва тетовци ќе преспијат како лидери на табелата во Прва фудбалска лига на Македонија со 67 бодови. Сепак, промена на врвот на табелата се очекува да има веќе утре, кога Вардар кој има 65 бодови, игра против „фенерџијата“ Шкупи. Шкупи како домаќин ќе игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ, каде Вардар сезонава веќе одигра неколку натпревари. Речиси и да нема дилеми ...

Легендата на Реал Мадрид и германската репрезентација, Тони Крос, ги анализираше случувањата во Лигата на шампионите. Тој смета дека од четирите полуфиналисти – ПСЖ, Баерн Минхен, Арсенал и Атлетико Мадрид – најмали шанси за освојување на трофејот има тимот на Диего Симеоне. „Барселона против Атлетико Мадрид… Не можеа ли и двата тима да загубат? Во десетте години што ги поминав во Реал Мадрид не сакав ниту еден од нив да победи, но ако морам ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
67%
1014
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
70%
1014
weather icon

Загреб

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
90%
1015
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
58%
1014
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
6.94
55%
1012
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
96%
1014
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
2.68
64%
1013
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
67%
1015
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
82%
1014
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
4.63
65%
1008
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
51%
1013
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1012
Currency

61.6317

Currency

52.3013

Currency

70.8135

Currency

37.5034

Currency

38.324

Currency

67.1857

Currency

7.67135

Currency

0.69779

Currency

0.32957

Currency

0.52505

Currency

1.16583

Currency

0.56173

Злато

166450.52

Иридиум

253540.09

Родиум

324722.54

Калај

49.88

Алуминиум

3.53

Цинк

3.44

Кобалт

45.39

Рутениум

55395.74

Паладиум

49215.93

Сребро

2840.84

Платина

66712.80

Бакар

12.14