Борба за економски раст повисок од 4%, лазечко темпо на примена на нови технологии, долгови и камати за заеми скоро колку вредноста на БДП. По 35 години државна независност, економијата стана зависна од кредити, не успеа значајно да ја подобри конкурентноста и постојано е изложена на надворешни ризици поради големата увозна зависност – велат аналитичарите за „Порталб“. Една од најважните битки беше онаа за одржување на стабилноста на ...

Седум министерства заклучно со август успеале да потрошат повеќе од половина од парите за јавни инвестиции. Има ресори кои за осум месеци не успеале да реализираат ниту 20% од годишниот план, пишѕва Порталб. Министерството за транспорт и Министерството за јавна администрација имаат највисок процент на остварување на капиталните расходи. „Рангирање“ според степенот на реализација на јавните инвестиции Најголем дел од министерствата за осум ...

Најмногу деца родени во Скопје, ниту едно во општина Зрновце. Откако и првиот и вториот квартал од годинава донесоа нов демографски “шамар“, со пад на бројот на живородени деца и негативен природен прираст на државата, извесно е дека и на крајот од оваа 2026 та ќе се соочиме со поразителна демографска состојба, пишува Порталб. Тетово и Куманово го изгубија “водството“ на општини со по над 1 000 живородени деца. Се намалува бројот на ...

Следната година Попис на земјоделство, прв пат по 20 години од последниот што беше спроведен во 2007 та. Ќе се пребројуваат земјоделските семејства, фирми од секторот земјоделство. земјоделски задруги, претприемачи што се регистрирани со претежна дејност во областа на земјоделското производство, пишува Порталб. Дел од експертите велат дека оваа операција мора да биде спроведена транспарентно за да донесе веродостојни податоци. Дел од ...

Во 2027 та ќе се издава нова Еврообврзница. Парите ќе се трошат за враќање на стари долгови но и за тековни буџетски потреби. На истекот од оваа година во најава е втор ребаланс на Буџетот, пишува Порталб. Власта вели дека јавните финансии се стабилни, опозицискиот блок обвинува дека државата влегува во должничко сценарио. Што покажуваат податоците за буџетската ликвидност и задолженост? Владата бара извори за 1,3 милијарди евра, опозицискиот ...

Заклучно со првото економско полугодие, вкупната кредитна изложеност на банките достигна 9 610 400 000 евра. Кредитирањето е во пораст но расте и салдото на нефункционалните кредити, пишува Порталб.мк. НБМ посегна по мерки со кои ги заостри условите за станбените и потрошувачките хипотекарни кредити. Зошто монетарната политика посегна по заострување и што ќе значи тоа за граѓаните? Што ќе значат новите мерки на НБМ за кредитирање на ...

Несоодветната спортска опрема, недоволната едукација и финансиските ограничувања се дел од причините поради кои девојчињата и жените се соочуваат со дополнителни предизвици при занимавањето со спорт. Истражување спроведено во Австралија покажува дека дури 88 отсто од девојчињата носат спортски градници кои не им одговараат правилно, додека само околу една третина користат спортски градник за време на часовите по физичко образование или ...

Амбициозниот план за јавни инвестиции од над 744 милиони евра не „преживеа“ во оваа економска година. Капиталните расходи, моторот на економскиот раст, се намалуваат за 12,5%, пишува Порталб.мк. Со вториот по ред ребаланс на Буџетот, се предвидува кратење кај речиси сите ставки за капитални расходи. Намалување има кај капиталните дотации за општините, за градежни работи, инвестиции во машини и опрема. Патната и железничката инфраструктура, ...

Македонското Собрание го задржа второто место меѓу парламентите во регионот според најновото мерење на Регионалниот индекс на отвореност, со исполнетост на индикаторите од 76,49%. Сепак, анализата укажува на потреба од поголемо учество на јавноста во законодавниот процес и почесто користење на редовната постапка за носење закони. Резултатот е благо подобрување во однос на претходното мерење, кога Собранието оствари 76,04%. На првото место е ...

Државниот завод за ревизија изрази неповолно мислење за финансиските извештаи за 2024 година и за законитоста на работењето на пет друштва за игри на среќа во кои Државна лотарија има сопственички удел од 51 отсто. Ревизорите утврдиле неусогласености во уплатата на основачките влогови, долгорочни договори без примена на Законот за јавните набавки и недоволна документација за дел од трошоците. Ревизијата ги опфатила „Државна лотарија – 77 ...

Бројот на професионални новинари во Германија до 2035 година би можел да се намали за 12 до 50 отсто, а приходите на традиционалните медиуми од рекламирање и продажба на содржини да опаднат и до 43 отсто. Ова се дел од проекциите на студија изработена по нарачка на германските јавни сервиси АРД, ЗДФ и „Дојчландрадио“, пренесува „Бизнис.рс“, повикувајќи се на германската новинска агенција ДПА. Студијата, подготвена од истражувачите Кристијан ...

Економските аналитичари очекуваат забавување на ценовниот притисок, но со проценка дека до 2029 та домашната економија ќе се соочи со инфлација не пониска од 3%, пишува Порталб.мк. И Владата со нови пооптимистички прогнози за годинава. За разлика од економистите, од Владата сметаат дека главните причини за ценовните притисоци доаѓаат само од надвор. Проценка на економистите, и во следните години инфлација над 3%, на светските берзи храната ...

Младата македонска авторка Деа Балкански неодамна во Неготино ја промовираше својата поетска збирка „The Swan“, дело во кое поезијата и илустрациите создаваат заеднички мистичен свет исполнет со љубов, осаменост, загуба, преобразба и внатрешна сила. Збирката е напишана на англиски јазик и е поделена на две тематски целини „Daydream“ и „Nightfall“. Во нејзиниот центар се наоѓа лебедот како симбол на грациозноста, интуицијата и неукротливоста. ...

Љубовта кон фудбалот кај Јана Чубриноска започнала уште во детството, под влијание на нејзиниот татко, поранешен фудбалер и тренер. Од игрите со другарчињата на улица и првите тренинзи во ФК „Форца“, патот ја одвел до настапи во дресот на македонската женска фудбалска репрезентација. Денес таа повеќе не игра активно, но останува на теренот како тренерка на младите категории во клубот во кој ги направила своите први фудбалски чекори. Во ...

Јована Зимбовска е ученичка во IV година во гимназијата „Алгоритам“. Нејзиниот интерес за филозофијата, логиката и општествените науки произлегува од желбата подобро да ги разбере луѓето и светот околу себе. Во разговорот за „Радио МОФ“ таа зборува за критичкото мислење, прашањата што ги поставуваат младите, одговорната употреба на технологијата и својата желба да студира право. „Да не веруваме слепо во сè што гледаме“ Говорејќи за почетокот ...

Александар Мојсовски е ученик во четврта година кој преку велосипедизмот ги поврзува спортот, истражувањето и размислувањето. Она што започнало како замена за маалскиот фудбал, постепено станало негов главен спорт и начин да ја запознава Македонија. Во разговорот зборува за дисциплината, личното значење на успехот, усогласувањето на обврските и условите за возење велосипед во Скопје. „Ми се допадна фактот што на тој начин сум постојано на ...

Во новата епизода „Новинарски муабети“ гостува Зорана Гаџовска Спасовска, новинарка со 18 годишно искуство во телевизија, радио и дигитални медиуми. Јавноста ја знае како новинарка на Радио Слободна Европа. По затворањето на македонската редакција на РСЕ, заедно со колегите од таму го основаат „Колегиум“, одлучувајќи се на борба за зачувување на независното и професионално новинарство. Во овој разговор Гаџовска – Спасовска, говори како од ...

Yes for Less е првата македонска платформа која помага да ги најдеш сите информации потребни за поодржлив начин на живот на едно место. И покрај тоа што многу луѓе се обесхрабрени од светските и локалните политики тврдејќи дека ние самите ништо не можеме да промениме, Kате и Сара (Yes for Less) веруваат во една поинаква филозофија. Велат дека иако има одлуки врз кои не можат или е тешко да влијаат, сметаат дека секој од нас индивидуално може ...

Една средба со народните носии на неговата баба и посетите на соборот во Ракотинци биле доволни за Кристијан Митревски да почне да го истражува културното наследство на својот крај. Со својата работа и посветеност во етнокореологијата, Митревски покажува дека младите се вистински мост помеѓу минатото и иднината и дека имаат клучна улога во зачувување на народниот етос, негова материјализација и преточување во наука. Како што самиот вели, ...

Пишува: Ристо Савески Политичките и општествените случувања во Србија неретко имаат одек и надвор од нејзините граници. Затоа, актуелните парламентарни избори претставуваат интересен случај за анализа не само на политичките односи во Србија, туку и на пошироките општествени процеси на Балканот. Студентското движење, натсанува како резултат на падот на настершницата на железничката станица во Нови Сад, го има акумулирано најголемата и ...

Љубовта кон фудбалот за Изабела Таневски започнала со гледање натпревари со нејзиниот татко, а можноста за едногодишна обука ѝ го отворила патот до коментаторскиот оптикум од каде гледачите во Шведска ги запознава со сите случувања на фубалскиот терен како прв директен сведок. Таа е очите и ушите на спортските терени, репортерка со долгодишно искуство и познавање на фудбалот и една од најуспешните спортски новинарки од Македонија, која работи ...

Повеќе од 100 деца кои се соочуваат со сиромаштија и социјална исклученост се запишани во Дневниот центар „Гнездо“ во Скопје, каде што добиваат образовна и психосоцијална поддршка, оброци и простор за дружење и развој. Андреа Накова, координаторка на проектот „Гнездо“, во интервју за Радио МОФ зборува за помалку видливите последици од детската сиромаштија, работата со децата и семејствата и потребата од континуирана поддршка што ќе ги надмине ...

Секој разговор за литература и книги ги започнува со голема љубопитност и одговорност. Низ својата долгогодишна писателска кариера, создаде авторски печат, чија оригиналност и интензивност го впишаа во листата на најпознатите писатели од Македонија воопшто. Голем писател, со скромен пристап, благ темперамент и ведрина со која ја добива читателската доверба. Детството на многу генерации поминало низ страниците на неговите книги и писанија во ...

„ “ Флејтистката Фјола Рамадани (Скопје-2003 г.) дипломирала на Универзитетот за музика и уметност во Анкара во класата на професорите Х. Х. Тургај и О. Учар. Се усовршувала на магистерски курсеви во Париз и Истанбул. Освоила бројни награди на меѓународни натпревари, вклучувајќи го првото место на Меѓународниот натпревар по камерна музика КМК во Кавадарци, второто место на Меѓународниот натпревар „АрсКосова“ во Приштина, третото место на ...

Синоќа, во Сули-ан, беше прогласен добитникот на XX Награда ДЕНЕС 2026 – најстарата и една од најзначајните независни награди во земјава за млади визуелни уметници до 35 години. Наградата, која вклучува двомесечен престој во Residency Unlimited во Њујорк во 2027 година, му беше доделена на Јован Јосифовски за неговата досегашна уметничка практика и нејзиниот актуелен развој. Жирито оцени дека делото „Оддел за управување со бесот“, претставено ...

Вечерва, од 19:00 до 03:00 часот, во Скопје ќе се одржи манифестацијата „Бела ноќ“, која ќе понуди културни и уметнички содржини на повеќе локации низ градот. Плоштадите, мостовите, галериите, музеите и Старата скопска чаршија ќе бидат дел од програмата наменета за посетители од сите генерации. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ги повика граѓаните да бидат дел од манифестацијата и заеднички да ја почувствуваат креативната ...

Две изложби поддржани од Министерството за култура и туризам беа отворени во Белград на почетокот на октомври, претставувајќи дела на македонски уметници пред српската публика. Во Македонскиот културно-информативен центар во Белград беше отворена изложбата „Саботна ноќна треска“, на која со свои дела се претставуваат уметниците Игор Сековски, Марија Ветероска и Иван Блажев. Изложбата ја отворија директорот на КИЦ Белград, Васко Шутаров, и ...

Македонскиот анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ ја освои наградата за најдобар меѓународен долгометражен филм на јубилејното 10. издание на Меѓународниот фестивал за детски и младински филм Калибелула (Festival Internacional de Cine Infantil y Juvenil Calibélula), кој се одржа од 28 септември до 2 октомври 2026 година во Кали, Колумбија. Посебно значење на наградата ѝ дава фактот што победниците ги избираше жири составено од деца и ...

На 9 октомври, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Турандот“ од Џакомо Пучини – едно од највпечатливите дела во оперскиот репертоар, препознатливо по својата грандиозна музика, драматичната приказна и незаборавните вокални моменти. Со изведбата ќе диригира Џанлука Мартиненги од Италија, додека режијата, сценографијата и костимографијата се дело на светски реномираниот режисер Џанкарло ...

Издавачката куќа „Матица македонска“ го објави романот „Летните гости“ од Тес Геритсен, второто дело од серијалот за клубот „Мартини“, започнат со „Шпионскиот брег“. Во средиштето на серијалот се пензионирани оперативци на ЦИА, кои се собираат на книги и коктели, но своето искуство и способности повторно ги користат за разрешување мистерии. Новиот роман ја гради приказната околу опасните тајни на една мала заедница, спојувајќи шпионска ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Злато

130856.75