Владата на Јапонија по големиот земјотрес формираше оперативна група за вонредни ситуации и ги повика граѓаните од погодените подрачја да се евакуираат на безбедно место, рече денеска јапонската премиерка, Санае Такаичи. Владата и Јапонската метеоролошка агенција соопштија дека во северните крајбрежни области постои зголемен ризик од таканаречен огромен земјотрес, феномен во кој помал потрес може да предизвика многу посилен земјотрес. ...

Осумдесет и едно годишниот М.А од Крива Паланка вчера попладне возел во спротивен правец на автопатот Скопје-Велес. Бил запрен од полиција. М.А. во 17.30 на наплатната станица „Сопот“ во близина на Велес го запреле полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата. „При сообраќајна контрола кај наплатна станица „Сопот“ на автопатот Скопје-Велес било сопрено патничко возило „хјундаи“ со кривопаланечки ...

Сведокот Драган Ананиев, вработен во Општина Кочани, на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ изјави дека работел и како главен општински секретар, но дека намал законска надлежност за контрола на инспекциските служби. Сведокот појасни дека од 2023 година е назначен за главен инспектор во Општината и било формирано посебно одделение за инспекциски служби, и тоа сообраќајна, комунална, градежна и за животна средина. Прашан дали ...

Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за суспензија на теренот на стадионот „Башкими“ во Куманово по инцидентот на вчерашниот натпревар со Струга Трим Лум. Воедно, против ФК Башкими 1947 Куманово и лицето Бурак Хида се покренува дисциплинска постапка, а предметот се доставува на понатамошно постапување пред Дисциплинската комисија на ФФМ. „Фудбалската федерација на Македонија најостро ги осудува сите форми на насилство и ...

Втората епизода од третата сезона од серијата „Еуфорија“ ѝ ги донесе на Сидни Свини најпровокативните сцени досега, додека нејзиниот лик Кеси влегува во светот на OnlyFans за да заработи пари за својата свадба. Во новата сезона, заплетот ги следи ликовите неколку години подоцна, а Кеси оди чекор понатаму – таа е подготвена на сè за да ги финансира луксузните детали од нејзината свадба со Нејт. Епизодата прикажува серија сцени во кои снима ...

На крстосница од улицата Киро Фетак и сервисна улица во скопската населба Драчево синоќа околу 18:40 часот се случи сообраќајна несреќа во која тешко е повреден возач на мотор, информира МВР во дневниот билтен. Несреќата се случило помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Р. (34) од село Трубарево, скопско и мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.И.(48) од Скопје. Во несреќата со ...

Партијата Прогресивна Бугарија на Румен Радев освои 44,594% од гласовите на предвремените парламентарни избори во Бугарија и обезбеди доволно мандати за самостојно формирање влада, покажуваат конечните податоци на Централната изборна комисија со 100% обработени протоколи. Партијата освои 1.444.924 гласови. Со овој резултат се позиционира како убедлив победник. Се проценува дека располага со околу 131 пратеник. Историјата се повторува, ...

Оракл една од водечките светски технолошки компании, специјализирана за софтвер за бази на податоци, облак инфраструктура (OCI) и Enterprise апликации кон крајот на март и почетокот на април отпушти десетици илјади луѓе низ целиот свет, претежно во одделенијата за здравство, продажба, cloud услуги, поддршка на корисници и NetSuite. Компанијата соопшти дека овие отпуштања се дел од стратегијата за пренасочување на финансиските ресурси кон ...

Лишени од слобода се две лица по четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, соопшти полицијата. На 19.04.2026, 47-годишна жена пријавила дека околу 16:30 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Центар нејзиниот партнер А.Б.(47) физички ја нападнал неа и нејзиното куче и упатувал закани кон неа и кон нејзиниот син. Потоа ѝ побарал пари и таа од страв му ги дала парите кои ѝ биле во паричникот. На 19.04.2026 во 21:45 часот, ...

Во текот на изминатото деноноќие полицијата привела 14 возачи низ државата поради опасно и безобѕирно управување со возило. Дел од нив возеле без дозвола, други биле пијани, а имало и случаи на возење со огромна брзина, активна забрана и дури во спротивна насока. Најголем дел од приведените, осум возачи, биле затекнати зад волан без возачка дозвола. Од нив четворица биле во Скопје, двајца во Гостивар, а по еден во Тетово и Битола. Полицијата ...

Преносот во живо, воден од инфлуенсерката на TикТок, Мерве Черан, позната како „Караѓул“, се претвори во шокантен и вознемирувачки настан. Она што започна како вербална расправија брзо ескалираше во физичко насилство пред гледачите. Дополнителен бран на негодување беше предизвикан од фактот дека инфлуенсерката не го запре стримот дури и кога ситуацијата излезе од контрола. За време на преносот во живо на TикТок, Черан нападна друга жена со ...

Неколку брзи железнички линии во североисточна Јапонија се прекинати по силниот земјотрес од 7,7 степени, а околу 100 домаќинства останаа без струја, потврдија властите. Погодени се главните линии што го поврзуваат Токио со северот. Меѓу нив се Тохоку Шинкансен, Јамагата Шинкансен и Акита Шинкансен. Дел од железничките услуги сè уште не се во функција. Војската е на улиците. Можни се втор мега-потрес и бранови од цунами. Првите цунами ...

Кралицата на поп-музиката се појави на годинешниот музички фестивал Коачела како гостинка за време на настапот на Сабрина Карпентер, воодушевувајќи ја публиката и предизвикувајќи вистинска еуфорија. Неочекуваниот момент се случи на средина од изведбата на песната „Џуно“, кога Карпентер почна да изведува препознатливи танцови движења од хитот на Мадона „Vogue“. Публиката веќе тогаш наслути што следува, а потоа Мадона се појави на сцената, ...

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека Киев бара враќање на пари и злато од државната „Ошчадбанка“ блокирани во Унгарија за време на владеењето на поранешниот премиер Виктор Орбан, објави РБК-Украина. Украинската страна очекува новата власт во Будимпешта да покаже подготвеност за соработка. Станува збор за средства што биле задржани во периодот на претходната влада. Прашањето повторно се отвора по изборите во Унгарија. – Би ...

Германската енергетска компанија СЕФЕ ((Securing Energy for Europe) предложи рекапитализација до две милијарди евра за да започне процесот на приватизација, според кој државата мора да го намали својот удел во таа компанија до крајот на 2028 година. СЕФЕ претходно беше во сопственост на Гаспром, а на почетокот на војната во Украина, Германија одлучи да ја национализира таа компанија за 6,3 милијарди евра. Доколку проектот биде одобрен, ...

Поранешниот собраниски спикер Талат Џафери го запечати исклучувањето на албанскиот јазик од правосудниот испит, обвинува ВРЕДИ посочувајќи на законот изгласан со Бадентерово мнозинство од 2019 година. „Во тоа време, Законот за употреба на јазиците веќе беше на сила, но Талат Џафери како претседател на Собранието не побара усогласување на законот за испитот по право со одредбите за албанскиот јазик. Тој го прогласи законот за прифатлив, ...

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека Киев бара враќање на пари и злато од државната „Ошчадбанка“ блокирани во Унгарија за време на владеењето на поранешниот премиер Виктор Орбан, објави РБК-Украина. Украинската страна очекува новата власт во Будимпешта да покаже подготвеност за соработка. Станува збор за средства што биле задржани во периодот на претходната влада. Прашањето повторно се отвора по изборите во Унгарија. – Би ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги намали малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,13%. Како што соопшти регулаторната комисија, во одлуката за определување на малопродажните цени на нафтените деривати се вклучени повластената стапка на ДДВ од 10% (освен за мазутот и дизелските фракции) и намалените износи на акцизите за еуродизел од 4 ден/лит и од 2 ден/лит за бензинските фракции. Од полноќ цени на бензините и ...

ДНК-трагите пронајдени на материјалите со кои биле обвиени скриените пари се еден од клучните докази врз кој Обвинителството го темели обвинението против апелацискиот судија Ѓоко Ристов. Според Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, биолошките вештачења недвосмислено покажале дека токму Ристов ги манипулирал и криел парите, кои беа пронајдени заѕидани во домот на неговите родители во Неготино. – Според ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека изборните резултати во Бугарија се очекувани и оти со идниот бугарски премиер Румен Радев ќе трагаат по ново решение за билатералниот спор за откочување на нашите евроинтеграции. – Сум го запознала господинот Радев, многупати сум го сретнала. Не се согласуваме за полно работи, но умееме да се сослушаме со почит и да заклучиме дека ќе бараме решение – рече денеска Сиљановска Давкова, на ...

Изгубен бик предизвика сообраќаен хаос на автопатот Солун – Атина, кај Синдос, откако влегол меѓу возилата, објавија грчките медиуми. Животното побегнало од сопственикот и околу еден час се движело по патот пред да биде фатено со помош на полицијата. Нема повредени или несреќи, а по фаќањето бикот бил врзан за заштитна ограда и бил видно вознемирен. Изгубен бик предизвика сообраќаен хаос на автопатот Солун – Атина, кај Синдос, откако ...

Полицијата во Дибер спроведе акција со кодно име „Идентитет“, во која е разбиена група осомничена за фалсификување документи за граѓански статус, со цел незаконско добивање бугарски пасоши за албански државјани. Според полициските информации, во случајот се опфатени сегашниот администратор на административната единица Острени, Ндричим Сула, како и неговиот претходник Бајрам Мета. Тие се сомничат за злоупотреба на службена положба и ...

Владата на САД ја продолжи лиценцата за купување санкционирана руска нафта натоварена на танкери за уште еден месец, соопшти американското Министерство за финансии. „Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД издаде нова дозвола во петокот, според која руската нафта и нафтени производи натоварени на танкери до 17 април можат да се купат до 16 мај“, се вели во документот. Трансакциите со Иран, ...

На судењето во Идризово за пожарот со дискотеката „Пулс“ денеска интервенираше екипа на Брза помош, која беше повикана поради влошената здравствена состојба на првообвинетиот Дејан Јованов Деко, сопственик на дискотеката „Пулс“. Медицинската екипа дојде за време на паузата на судењето. Претходно одбраната на Јованов побара да му биде заменет затворскиот притвор со домашен, поради сериозно и алармантно влошување на неговата здравствената ...

Инцидент со вознемирувачки детали се случил на патот меѓу селата Ливада и Биџево во струшкиот регион, каде што куче било пуштено од возило и подоцна нападнало друго куче во двор, при што го усмртило. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднела кривична пријава против 45-годишниот Б.Д. од селото Ливада, поради сомнежи за предизвикување општа опасност и сурово постапување со животни. Според случајот, на 27 март 2026 ...

На судењето во Идризово за пожарот со дискотеката „Пулс“ денеска интервенираше екипа на Брза помош, која беше повикана поради влошената здравствена состојба на првообвинетиот Дејан Јованов Деко, сопственик на дискотеката „Пулс“. Медицинската екипа дојде за време на паузата на судењето. Претходно одбраната на Јованов побара да му биде заменет затворскиот притвор со домашен, поради сериозно и алармантно влошување на неговата здравствената ...

Поранешната сопруга на пејачот Харис Џиновиќ, Мелина, се омажи за британскиот милионер Џефри Пол Арнолд Деј. И пред свадбата, откако се дозна дека Мелина влегла во нова врска по разводот од музичката ѕвезда, интересот за нејзиниот партнер беше огромен. Така, веднаш се дозна дека станува збор за богат човек кој живее во Монте Карло, каде што таа почнала да живее заедно со него. Мелина го чуваше неговиот идентитет во тајност сè додека не беа ...

Со месеци не работат четирите лифта во катната гаража „26 Јули“ спроти „Макпетрол“ во Скопје. Во оваа катна гаража секој викенд паркираат граѓани кои пазарат на блиското Зелено пазарче и со тешки колички и торби се качуваат по скали до нивните возила. Паркираат и вработени во околните фирми, кои имаат месечни или годишни билети. За место во оваа катна гаража се чека со месеци, а месечна претплата за физички и за правни лица е 2.000 денари. ...

Вршителот на должноста премиер на Словенија, Роберт Голоб, изјави дека неговата партија „се радува на работата во опозиција“, додека неговиот ривал Јанез Јанша најави дека е подготвен за сите сценарија, објави словенечката агенција СТА. Изјавата доаѓа по консултациите со претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар. Голоб ја искористи можноста да ја нападне потенцијалната нова влада. Тој ја нарече „коалиција на измамници“ и рече дека нема ...

Рокот за плаќање на разликите по годишните даночни биланси за 2025 година истече на 16 април, а Управата за јавни приходи (УЈП) ги повикува сите обврзници кои сè уште немаат извршено уплата тоа да го направат без одлагање, за да избегнат дополнителни трошоци и мерки за наплата. Од УЈП предупредуваат дека доцнењето со плаќањето директно го зголемува долгот поради пресметка на камата, а може да доведе и до присилна наплата, блокирање на ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
42%
1010
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
4.63
52%
1013
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
81%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 16ᴼ
6.17
45%
1012
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
8.73
55%
1011
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
6.69
87%
1012
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
3.6
56%
1013
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
5.66
49%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
72%
1013
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
10.29
42%
1007
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
9.77
40%
1012
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 14ᴼ
2.57
44%
1012
Currency

61.6238

Currency

52.3366

Currency

70.646

Currency

37.5614

Currency

37.9943

Currency

66.1835

Currency

7.67855

Currency

0.68673

Currency

0.32998

Currency

0.52532

Currency

1.16738

Currency

0.56532

Иридиум

253540.09

Рутениум

55395.74

Бакар

12.14

Цинк

3.44

Паладиум

49215.93

Сребро

2840.84

Калај

49.88

Родиум

324722.54

Алуминиум

3.53

Кобалт

45.39

Платина

66712.80

Злато

166450.52