Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Дваесет и четиригодишен скопјанец е приведен откако, по семејна расправија, му го одзел службениот пиштол на својот татко, кој е полициски службеник, и му упатувал закани. Како што информира Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил во текот на ноќта меѓу петокот и саботата во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар. „На 13.06.2026 во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР ...
Во реката Вардар на подрачјето на скопски Карпош вчера бил извлечен 83-годишен маж кој се давел во водата, по што со брза интервенција на очевидец и медицинските служби бил спасен и пренесен во болница. Како што соопшти полицијата, на 12.06.2026 година во 07:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 07:00 часот од реката Вардар бил извлечен машко лице кое се давело. Станува збор за лицето Д.И. (83) од Скопје, кое, според првичните ...
Израелската армија денеска нареди евакуација на жителите од 20 градови и села во јужен Либан, јави ДПА. Армијата објави дека од синоќа имало неколку напади со беспилотни летала од страна на либанската милиција Хезболах врз северен Израел. Портпаролот на армијата, Авичај Адрае, објави на Икс на арапски јазик дека жителите треба веднаш да ги напуштат своите домови за сопствена безбедност и да се преселат северно од реката Захрани. Секој што ...
СВР Струмица поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство Струмица против три лица од Струмица и струмичко, осомничени за кривични дела „лихварство“, „изнуда“ и „тешка кражба на дрзок начин“. Кривични пријави се поднесени против Д.К. (48) од Струмица, Л.К. (41) од Струмица и Н.К. (25) од село Василево, поради постоење основи на сомнение за повеќе кривични дела поврзани со незаконско давање парични заеми и присилна наплата. Според ...
Министерот Александар Николоски информира дека почнува изградба на нов автопат, Скопје-Блаце, кој ќр биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора. -Работна средба со Фатих Туркменоглу, директор на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), каде што разговаравме за изградбата на автопатот Скопје – Блаце. Изведувачот на автопатот е конзорциумот предводен од македонската градежна компанија Гранит. После подолг ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишник кој од јануари до јуни годинава во неколку наврати вршел полов однос врз 12 – годишно девојче, со што извршил продолжено дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Со девојчето родено 2014 година контактирале и се допишувале на социјалните мрежи, а покрај тоа што сексуално го злоупотребил, ...
Спектакуларно беше отворањето на настапот на репрезентацијата на САД на Светското првенство 2026, откако домаќинот убедливо го совлада Парагвај со 4-1 пред преполниот стадион „Софи“ во Лос Анџелес. Настанот не беше само спортски натпревар, туку и вистински спектакл кој ги собра најголемите имиња од светот на шоу-бизнисот, филмот и музиката, претворајќи го стадионот во глобална сцена на гламур и спорт. На трибините, предводени од Том Круз и ...
Договорот со САД за прекин на конфликтот во Иран е блиску и вклучува повторно отворање на Ормускиот Теснец, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Тој за иранската телевизија изјави дека договорот исто така вклучува укинување на американската блокада на Иран, но дека разговорите за иранската нуклеарна програма ќе почнат подоцна. Би-Би-Си пренесува дека американски функционери потврдиле дел од деталите на договорот. Според ...
По повеќедневна потрага, дедо Јане од селото Јастребник е пронајден починат на планината Осогово, потврдуваат извори од терен. Тој бил пријавен за исчезнат, по што во изминатите денови се спроведувала интензивна потрага по него во поширокиот планински регион. Според првичните информации, починатиот боледувал од деменција, што дополнително ја отежнувало потрагата и неговата ориентација во просторот. Надлежните служби извршиле увид на местото ...
Новото клучно прашање во енергетскиот сектор е каде и како ќе се складира произведената електрична енергија од обновливи извори, изјави Тодор Анѓушев, управител на ЕМС во рамките на ФЕРО ИНВЕСТ, на стручната трибина „Складирање на електрична енергија и интеграција на производство од обновливи извори – предизвици и решенија“, организирана од МАКО СИГРЕ на ФЕИТ во Скопје. Тодор Анѓушев нагласи дека без батериски системи е невозможно целосно да ...
Непријатен инцидент ја потресе англиската фудбалска репрезентација непосредно пред стартот на настапот на Светското првенство 2026, откако дел од опремата на селекцијата била украдена за време на транспортот кон Канзас Сити. Според британските медиуми, возилата кои ја превезувале опремата кон тренинг-центарот на „Гордиот Албион“ биле ограбени пред пристигнувањето на тимот на селекторот Томас Тухел. Меѓу украдените предмети, според првичните ...
Младите остануваат во фокусот на политиките на Владата, а за мерките за вработување во 2026 година се обезбедени речиси 40 милиони евра, со кои треба да бидат опфатени повеќе од 10.000 граѓани, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата наведуваат дека намалувањето на невработеноста и отворањето нови работни места остануваат меѓу главните приоритети на Владата, посочувајќи дека резултатите од досегашните мерки веќе се видливи. „Младите остануваат ...
Денешното утро во Македонија донесе претежно ведро и невообичаено свежо време за овој период од годината, со температури пониски од просекот за месец јуни. На повеќе места низ државата утринските температури се спуштија под 10 степени Целзиусови. Во текот на денот времето ќе биде претежно сончево и стабилно, со појава на мала локална облачност. Дневните температури ќе се движат во интервал од 21 до 29 степени, додека во Скопје и околината ...
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) планираат да деблокираат дел од иранските средства што со години беа замрзнати во земјата, како дел од поширок договор кој би требало да придонесе за намалување на тензиите и обновување на соработката меѓу двете страни. Според информациите што ги објави „Ројтерс“, станува збор за најмалку 10 милијарди долари ирански средства, додека првите три милијарди долари веќе биле префрлени. Изворите наведуваат дека ...
Босна и Херцеговина освои бод на стартот од Светското првенство, откако одигра 1:1 против Канада во натпревар од Групата Б во Торонто. Избраниците на Сергеј Барбарез поведоа во 21. минута преку Јово Лукиќ, кој на својот трет настап за репрезентацијата го постигна дебитантскиот гол во националниот дрес. Голот на Јово Лукиќ долго време изгледаше доволен за големо славје на БиХ против еден од домаќините на Мундијалот, но резервниот играч Кајл ...
Времето во сабота 13 јуни ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно и посвежо. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 6 до 28 степени. За време на викендот ќе биде посвежо, а од понеделник температурата ќе биде во ...
Босна и Херцеговина има старт од соништата на Светското првенство. Пред повеќе од 30.000 свои навивачи во Торонто, „змејовите“ поведоа против домаќинот Канада и предизвикаа вистинска ерупција на трибините. Во 21. минута падна првиот гол за БиХ на Јово Лукиќ. Всушност, „змејовите“ уште на почеток, во третата минута, ја имаа првата голема шанса. По прекин од далечина, Мемиќ шутираше од добра позиција, но топката заврши над голот. Неколку минути ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц му испратил рачно напишано писмо на Доналд Трамп по повод неговиот 80. роденден, а во понеделник лично ќе му врачи и подарок чија содржина засега се чува во тајност. Писмото преку курир ќе пристигне во Белата куќа, додека мистериозниот пакет ќе биде предаден на Самитот на Г7 во францускиот град Евијан, покрај Женевското Езеро. Што се крие во пакетот? Од германската влада не откриваат што ќе добие Трамп, но ...
Светското првенство официјално стартуваше вчера со дуелот меѓу Мексико и Јужна Африка, но свечените церемонии продолжуваат. Бидејќи турнирот првпат го организираат три држави, ФИФА предвиде секоја од нив да добие свое симболично отворање пред првиот натпревар на националниот тим. По Мексико, спектакл и во Канада Во пресрет на натпреварот меѓу Канада и Босна и Херцеговина, домаќините приредија свечена програма со која го одбележаа стартот на ...
Златан Ибрахимовиќ, кој е дел од стручниот тим за анализи на Светското првенство во Северна Америка, откри која група најмногу го привлекува вниманието и за која репрезентација ќе навива во текот на турнирот. – Ја избирам групата Л. Таму е Англија, па ќе видиме дали фудбалот се враќа дома. Потоа е Хрватска, моите корени се од таму, така што навивам за Хрватска на ова Светско првенство. Гана е преполна со талент и ме интересира како ќе се ...
„Оставете нѐ да се европеизираме на патот, да станеме компатибилни со она што го бараат Копенхашките критериуми. Како? Не губејќи го времето на решавање на историски прашања бидејќи тие се исклучени од идентитетските, од конститутивните акти на ЕУ, преку членот дека ќе се почитуваа националниот и културниот идентитет, и да се концентрираме на европеизацијата“. Вака истакна претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во мега интервјуто за ...
Торонто вечерва повеќе личи на Сараево отколку на канадска метропола. Илјадници навивачи на Босна и Херцеговина ги преплавија улиците пред првиот настап на „змејовите“ на Светското првенство против домаќинот Канада. Според проценките, во градот се собрале околу 30.000 босански навивачи, бројка што предизвикала загриженост и кај дел од организаторите на турнирот. Градот е обоен во жолто и во сино Знамиња, песни и навивачки колони се гледаат на ...
„Никогаш не сме биле поблиску до договор“. Со оваа порака иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ги засили очекувањата дека по неколку месеци тензии, војна и дипломатски судири, САД и Иран влегуваат во завршната фаза од преговорите. „Додека договорот не биде финализиран, медиумите треба да се воздржат од шпекулации за неговата содржина“, напиша Арагчи на платформата Икс. Изјавата доаѓа само неколку часа откако американскиот ...
Успешните средби на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со турскиот министер за трговија Омер Болат и министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу, резултураа со договори за воспоставување на директна авиолинија Анкара -Скопје и карго железничко поврзување меѓу двете земји, објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата, Николоски. Министерот за трговија на Турција на социјалната ...
До 6.000 евра месечно ќе заработуваат дел од украинските војници на фронтот, додека Киев се обидува да го надомести сериозниот недостиг на луѓе по четири години војна со Русија. Претседателот на Украина Володимир Зеленски најави пакет мерки со кои треба да се зајакне армијата, во време кога преговорите со Москва се во застој, а потребата од нови борци станува сè поизразена. Пешадијците добиваат четирикратно повисоки примања По состанокот со ...
ВМРО-ДПМНЕ со соопштение остро реагираше на денешната прес-конференција на СДСМ, оценувајќи дека Александар Наумоски е последниот што може да зборува за борба против корупцијата. Од владејачката партија потсетуваат дека Наумоски, поранешен градоначалник на Општина Ѓорче Петров и актуелен член на Извршниот одбор на СДСМ, уште на почетокот на својот мандат ја зголемил градоначалничката плата, а јавноста, како што наведуваат, го памети и по ...
Словенија повторно ги отвори вратите кон Хрватска и Унгарија без гранични контроли, ставајќи крај на мерките што беа воведени во октомври 2023 година поради безбедносни и миграциски ризици. Од полноќ беа отстранети сообраќајната сигнализација и опремата поврзана со контролите, а полициските службеници се вратија во своите матични единици. Крај на мерките воведени во 2023 година Новата словенечка влада предводена од Јанез Јанша донесе одлука ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Бизнис форумот помеѓу Република Турција и Република Северна Македонија, кој се одржа во Истанбул. Форумот беше отворен од министерот Муцунски и министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат, а на него учествуваа бројни претставници на институциите, стопанските комори и бизнис-заедниците од двете земји. Во ...
Успешните средби на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со турскиот министер за трговија Омер Болат и министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу, резултураа со договори за воспоставување на директна авиолинија Анкара -Скопје и карго железничко поврзување меѓу двете земји, објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата, Николоски. Министерот за трговија на Турција на социјалната ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека се почнати активности за уредување на паркот „Македонија“ 1, 2 и 3 во Карпош, каде се поставува нова урбана опрема – клупи, корпи за отпадоци, како и уредување на летниковците кои секојдневно ги користат голем број граѓани. „Го уредуваме еден од најубавите паркови во Скопје. Парковите се белите дробови на градот. Таму децата растат, семејствата создаваат спомени, младите се дружат, а ...