Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Неодамна објавената глобална царина од 15% од претседателот Доналд Трамп веројатно ќе биде спроведена оваа недела, изјави министерот за финансии на САД Скот Бесент. На сила сега се глобални царини со стапка од 10%. Бесент, исто така, најави дека американските царински стапки, до август, ефикасно ќе се вратат на нивото од пред одлуката на Врховниот суд за нивно укинување. – Цврсто верувам дека царинските стапки ќе се вратат на нивната стара ...
Холивудската легенда Дик Ван Дајк (100) и неговата сопруга Арлин Силвер (54) неодамна ја прославија својата 14-годишнина од бракот, потсетувајќи ја јавноста на една од најнеобичните, но и најдолготрајните љубовни приказни во светот на шоу-бизнисот. Двојката се венча на 29 февруари 2012 година, на престапен ден, и покрај големата разлика во годините, нивната врска ја буди љубопитноста на јавноста речиси две децении. Ван Дајк и Силвер се ...
Португалскиот премиер Луис Монтенегро вчера ја бранеше својата одлука да им дозволи на САД да ја користат воздухопловната база „Лахес“ на португалските Азорски Острови за време на нивната кампања за бомбардирање против Иран, спротивставувајќи се на ставот на соседна Шпанија, која ги отфрли таквите барања. Долгогодишниот договор меѓу Португалија и САД му дозволува на Вашингтон да ја користи базата без претходно одобрение во мирно време, но ...
Предупредувањето на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги прекине трговските односи со Шпанија поради критикување на војната меѓу САД и Израел против Иран претставува „закана за Европа“, изјави потпретседателот на Европската комисија за просперитет и индустриска стратегија, Стефан Сежурне. Сежурне, поранешен шеф на француската дипломатија, исто така, рече дека заканата за Европа е „закана за сите“, објави Фајненшл тајмс. „Заканата ...
Не се очекува ескалацијата на конфликтот во Иран да предизвика масовна миграција кон Европа, соопшти Европската комисија. Комесарот за миграција на ЕУ, Магнус Брунер, по разговорите со шефот на турската дипломатија Хакан Фидан, истакна дека Турција „ја затворила граници кон Иран“. Брунер пред три дена изјави дека сè уште не се забележани значајни движења на надворешните граници на Иран, но оти се следи ситуацијата и се контактира со ...
Израелската војска (ИДФ) синоќа соопшти дека од почетокот на актуелната рунда напади врз Иран уништила околу 300 ракетни лансери, јави ДПА. Портпаролот на израелската војска, Надав Шошани, изјави дека операциите насочени кон лансерите и ракетните залихи значително придонеле за намалување на бројот на ракети што секој ден се истрелуваат од Иран. Израел вчера повторно се соочи со неколку предупредувања од ракетни напади. Меѓутоа, според Шошани, ...
Сенатот не ја изгласа Резолуцијата за ограничување на воените овластувања на американскиот претседател Доналд Трамп во конфликтот со Иран. Резолуцијата со која се бараше прекин на сите непријателства кон Иран, што не беше одобрена од Конгресот, ја предложи демократскиот сенатор Тим Кејн. „Против“ неговата иницијатива се изјаснија 53 сенатори, а 47 беа „за“. Единствен демократ кој гласаше против е сенаторот од Пенсилванија, Џон Фетермен, а за ...
Во текот на денешниот ден во Македонија ќе имаме краткотрајна промена на времето проследена со зголемување на облачноста која на повеќе места кај нас ќе донесе послаби врнежи од дожд, а на повисоките планини (над 1500/1600 метри надморска височина) ќе провејува снег. Особено во Повардарието повремено ќе дува засилен ветер претежно од северозападен правец. Целата прогноза на Славчо Попоски може да ја прочитате на следниот ЛИНК. Во текот на ...
Со почетокот на судењата за полициските службеници, поделени во три обвиненија, кои ќе се одвиваат паралелно со главниот обвинителен акт за трагедијата во Кочани, правната слика за најболниот настан во поновата македонска историја станува се покомплексна. Покрај мега обвинението со 35 цивили и 3 фирми, завчера почна првиот судски процес против полициски службеници. Веќе денеска, 5 март, се очекува да стартува уште едно судење против деветмина ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија би можела веднаш да го прекине снабдувањето на европските пазари со гас и да се сврти кон, како што рече, „поперспективни пазари“. Изјавата доаѓа во пресрет на најавата дека Европска комисија на 15 април ќе поднесе законски предлог за трајна забрана за увоз на руска нафта, според информации на претставници на ЕУ. – Сега се отвораат и други пазари. Можеби е попрофитабилно за нас ...
Повеќе од 200 луѓе загинаа во лизгање на земјиштето предизвикано од обилните дождови во рудникот за колтан (колумбит-танталит) Рубаја во источен ДР Конго, соопшти Министерството за рударство на Конго. Висок функционер од бунтовничката група AFC/M23, која го контролира рудникот Рубаја, претходно изјави за Ројтерс дека „само пет или шест лица“ загинале во несреќата што се случи вчера. Рудникот Рубаја обезбедува околу 15 проценти од светското ...
Иран го почитува суверенитетот на соседните земји, но бил принуден да се брани со напади врз американски воени објекти во регионот, порача денеска иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. Toj соопшти дека Техеран се обидел да избегне војна по дипломатски пат, но дека, како што наведе, бил принуден на воен одговор. „Ваши величества, шефови на држави на пријателски и соседни земји, се обидовме да спречиме војна преку дипломатски средства, но ...
Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува претежно облачно со слаб локален дожд низ целата земја и со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималните утрински температури ќе се движат од -1 во Маврово до 6 во Гевгелија, а максималните дневни од 7 во Маврово и 17 Целзиусови степени во Гевгелија. Во Скопје, облачно со повремени слаби ...
Испраќањето американски трупи на иранска територија во моментов не е дел од планот за тековната воена операција, соопшти Белата куќа, оставајќи сепак отворена можност за други воени опции. – Тоа не е дел од планот за оваа операција во моментов, но сигурно нема превентивно да ги исклучам воените опции во име на претседателот на Соединетите Американски Држави и врховниот командант, а ниту тој би постапил така – изјави портпаролката на Белата ...
Во 18-тото коло беше извлечена главната премија – „7-ка“, вредна 78.522.512 денари, односно околу 1.280.000 евра. Според информациите, добитното ливче е уплатено во Кавадарци. Добитната комбинација што му донесе милионска сума на среќниот добитник гласи: 1, 2, 4, 5, 8, 10 и 11. Покрај главниот добитник, со шест погодоци се регистрирани вкупно 15 добитни комбинации, при што секоја ќе добие по 31.707 денари. Според податоците, ова е втората ...
Канадската олимпијка Александра Ианкулеску повторно го привлече вниманието на јавноста, откако објави видео на кое лизга на мраз облечена само во долна облека. Во кратката снимка, спортистката прави цел круг на лизгалиштето, а видеото за кусо време стана вирално меѓу нејзините повеќе од половина милион следбеници на социјалните мрежи. Под објавата се појавија бројни реакции, при што дел од следбениците ја пофалија нејзината самодоверба и ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска на почетокот од разговорите со унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека односите меѓу двете земји се стабилни и се развиваат позитивно, особено во енергетскиот сектор. Информацијата ја објави прес-службата на Кремљ. – Севкупно, односите се стабилни и се развиваат позитивно, особено кога станува збор за енергетската политика, вклучувајќи јаглеводороди и нашиот водечки ...
Додека светот ја следи ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, Украина не смее да се „исфрли“ од меѓународната агенда, предупреди денеска шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас. – Војната на Блискиот Исток се шири брзо – изјави Калас на прес-конференција по неформалниот министерски состанок на Советот на земјите од Балтичкото Море во Варшава, заедно со полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски. ...
Тенисерката број 1 во светот, Арина Сабаленка од Белорусија, пред почетокот на турнирот во Индијан Велс објави дека е свршена со Георгиос Франгулис. Белорусинката и Франгулис, извршен директор на глобалниот бренд за здрава храна „OakBerry“, се во врска од 2024 година. Сабаленка го сподели големото соопштение на Инстаграм, при што го покажа својот веренички прстен. „Добри луѓе, сè се случи, но погледнете како изгледам“, рече таа, додавајќи: ...
Јавното обраќање на министерот за правда Игор Филков, со кое тој побара објаснување за одлуката со која притвор беше заменет со куќен притвор во предмет од висок јавен интерес, отвори едно многу длабоко прашање. Дали институциите во правосудниот систем навистина ја разбираат својата улога кога јавноста и министеорт бараат одговорност? Министерот не побара пресуда, ниту пак побара влијание врз конкретна судска одлука. Тој побара нешто што е ...
Либанското движење Хезболах денеска соопшти дека со дронови нападнало воени бази во централниот и северниот дел на Израел. Според соопштението на групата, цел на нападите биле воена база во близина на Тел Авив и военопоморската база во Хаифа. „Како одговор на израелската агресија… Хезболах ја нападна воената база ‘Тел Хашомер’ и военопоморската база во Хаифа“, соопшти движењето, откако во Ерусалим и Тел Авив се огласија сирените за тревога. ...
Во акциска контрола спроведена утрово во Гостивар, полицијата изрече 59 санкции за сообраќајни прекршоци и одзеде пет возила, информираше Министерство за внатрешни работи. Контролата ја реализирала Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во периодот од 07:00 до 13:00 часот на подрачјето на СВР Тетово – ОВР Гостивар, со цел санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила. Според полицијата, изречени се: – ...
Во првите четири дена од воените операции против Иран, кои започнаа во саботата, САД изгубија воена опрема вредна речиси две милијарди долари, според проценките и податоците собрани од турската агенција Анадолу агенција. Најголемата поединечна загуба е американскиот радарски систем за рано предупредување AN/FPS-132 во воздухопловната база Ал Удеид во Катар, вреден околу 1,1 милијарда долари. Системот бил погоден во ирански ракетен напад во ...
Бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, претседател на фондацијата „Македонија“, е опфатен со кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, дело казниво по член 394-г став 1 од Кривичниот законик. Стојанов ѝ е добро познат на македонската јавност по низа антимакедонски објави и провокации со кои го негира постоењето на македонската нација. Во јавноста беше споменуван и по кампањите за нудење 300 ...
One Macedonia Telecommunications ДООЕЛ, членка на 4iG Групацијата, на Светскиот мобилен конгрес во Барселона (Mobile World Congress 2026) потпиша договор за испорака и услуги со Ericsson за развој на најнапредната гринфилд 5G самостојна (SA) мобилна мрежа во Северна Македонија. Договорот ја опфаќа испораката на опрема за Радио-пристапна мрежа (RAN) и за Основната мрежа (Core), вклучувајќи го и целиот релевантен софтвер, услуги за ...
„Еуроимпекс“ е македонска компанија, првенствено препознаена по своето застапништво на еден од најпознатите автомобилски брендови – Peugeot во Македонија и регионот, но во исто време и генерален увозник на брендовите: „TotalEnergies“, „Milwaukee“, „Bahco“, „Irimo“, одговорна за раководење и развојот на ловиштето Ниџе, а од 2020 година и генерален застапник за германскиот бренд – „Opel“ на територијата на Македонија, Србија, Косово, Албанија и ...
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, изјави дека „Америка победува“ во операцијата „Епски гнев“, нагласувајќи дека Вашингтон е подготвен за долга конфронтација со Иран. На денешната прес-конференција во Пентагон, Хегсет порача дека операцијата се спроведува решително и без компромиси. — Денеска стојам пред вас со една недвосмислена порака за операцијата „Епски гнев“. Америка победува, решително, разорно и безмилосно – изјави Хегсет. Тој ...
Девет возачи се лишени од слобода низ државата, меѓу нив и малолетник, поради тешки сообраќајни прекршоци, информира полицијата. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден полициски службеници постапувале на повеќе локации и привеле по три лица за возење без возачка дозвола, за управување под дејство на алкохол и за возење и покрај активна забрана од Б категорија. Под дејство на алкохол биле затекнати ...
52-годишната манекенка Кејт Мос прошета по пистата на Неделата на модата во Милано како дел од ревијата на Гучи, а нејзиниот аутфит предизвика бројни реакции. Таа носеше црн фустан чиј крој намерно ја откриваше нејзината танга, како еден вид враќање на култниот изглед на Гучи од 1997 година што се поврзува со ерата на Том Форд. Креацијата е дел од втората женска колекција што креативниот директор Сабато Де Сарно ја дизајнираше за познатата ...
Превозниците од Србија Босна и Херцеговина и од Црна Гора најавија нови блокади на граничните премини кон Шенген зоната со барање итно да се усвои преодно решение што ќе овозможи нормален живот и работа на професионалните возачи и превозниците од Западен Балкан . Засега термините на блокадите меѓу поединечните здруженија на превозниците не се усогласени. Управниот одбор на Бизнис асоцијацијата „Меѓународен транспорт“ на Србија најави дека ...