Турската фудбалска репрезентација е потресена од скандал уште пред да го одигра првиот натпревар на Светското првенство. Непосредно пред враќањето на Мундијалите по 24 години, на интернет се прошири снимка на која се гледаат неколку турски репрезентативци како пушат на балкон од хотел. На видеото е препознаен дефанзивецот на Фенербахче, Чаглар Сојунџу, во друштво на уште двајца соиграчи. According to this video and reports, Çağlar Söyüncü and ...

Енигмата број еден за Бразилците е решена – Нејмар нема да игра против Мароко. Иако Карло Анчелоти се обиде да звучи оптимистички, прашање е колку првата ѕвезда на Бразил ќе биде достапна до крајот на групната фаза. „Нејмар напорно работи за што побрзо да заздрави. Се надеваме дека ќе биде подготвен и дека ќе ѝ се приклучи на групата следната недела. Кога сметате на Нејмар, не сметате само на неговиот неспорен технички квалитет, туку и на ...

Селекторот на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, по ремито со Канада се осврна на двајцата најискусните играчи во својот тим. „Змејовите“ одиграа 1-1 со домаќинот во првиот натпревар на Светското првенство, а Един Џеко не играше ниту една минута. „Един тренираше половина тренингот до овој натпревар. Имавме идеја во последните 10 минути да влезе во игра, но Колашинац имаше проблем. Сега ќе тренира во полн интензитет, па се надеваме дека ќе ...

Бразил долго, предолго чека повторно да се закити со титулата светски шампион. Дури 24 години. Премногу за најуспешната репрезентација во историјата на Светските првенства. Поради тоа притисокот врз Карло Анчелоти е уште поголем. Човекот кој со Реал Мадрид освои сѐ што можеше да се освои седна на клупата на Бразил со цел да биде оној што ќе го прекине проклетството. За почеток ќе мора да се соочи со Мароко. Тоа ќе биде реприза на нивниот дуел ...

Најдобрите четири екипи во Европа денес ќе се борат за место во големото финале на завршниот турнир од ракометната Лига на шампионите, кој традиционално се одржува во легендарната „Ланксес Арена“ во Келн. На програмата се две спектакуларни полуфинални пресметки – германско дерби меѓу Магдебург и Фуксе Берлин, како и дуел на изненадувањето Алборг и Барселона. Во првиот полуфинален натпревар актуелниот европски шампион Магдебург ќе се соочи со ...

Капитенот на Босна и Херцеговина, Сеад Колашинац, беше првата „жртва“ на новото правило што ФИФА го воведе на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Во низата иновации на Светската куќа на фудбалот пред овој Мундијал се најде и таканареченото „правило од пет секунди“. Судиите добија право да интервенираат доколку играч намерно одолговлекува со изведување аут, па сега можат во такви случаи да го одземат поседот на топката по пет секунди ...

Македонија поведе со 1-0 во мечот против Црна Гора откако во првиот сингл меч Калин Ивановски го победи Срѓан Кнежевиќ со 2-0 во сетови (6-2, 6-4) за сто минути игра. Ивановски во мечот имаше пет ас сервиси, а реализираше и четири брејк топки, додека во вкупниот број поени беше 68-53 за македонскиот тенисер. Во првиот сет Ивановски направи два брејка во третиот и седмиот гем и сетот го заврши со 6-2 во гемови. Во вториот сет имаше повеќе ...

Фудбалските легенди Златан Ибрахимовиќ и Тиери Анри приредија вистинско шоу надвор од терените, откако заедно ја запеаја култната песна „I Am From Bosnia, Take Me to America“ од Дубиоза Колектив. Видеото брзо стана хит на социјалните мрежи, а фановите беа одушевени од неочекуваната музичка изведба на двајцата фудбалски асови. На тој начин Ибрахимовиќ и Анри уште еднаш покажаа дека знаат како да го привлечат вниманието – и надвор од ...

Денеска во Нион со жрепка беа одредени составите на групите за претстојните квалификации за настап на Европското првенство за фудбалерки до 17 и 19 години. Селекцијата до 17 години е во конкуренција со репрезентациите на Велс, Луксембург и домаќинот на турнирот Грузија. Натпреварите ќе се одиграат на 25, 28 и 31 октомври оваа година. Репрезентацијата до 19 години е дел од Б3 групата во која партиципираат Црна Гора, Азербејџан и организаторот ...

Македонските тенисери денеска во Кишињев го играат клучниот меч во рамките на Третата Европска група од Дејвис купот. Противник ни е Црна Гора, второпласираната селекција од А групата. Македонија на претходните три дуели постигна две победи: Косово 3-0 и Грузија 2-0 и забележа еден пораз од Молдавија со 1-2, иако македонските тенисери имаа предност од 1-0 и водство во вториот сингл меч, но грчевите му создадоа проблем на Приходко и домаќинот ...

Скандалозни вести пристигнуваат од Соединетите Американски Држави, откако англиската репрезентација се најде на мета на крадци на самиот старт од Светското првенство. Пред првиот тренинг на „Гордиот Албион“ во Канзас Сити, каде што ќе се подготвуваат за првиот натпревар против Хрватска, биле украдени копачките на ѕвездите на тимот, службените топки од првенството и тренинг-опремата. Кражбата се случила додека опремата била транспортирана од ...

Повратникот во ракометната Суперлига, Младост 1997 претстави уште едно засилување за новата сезона. Во тимот од Богданци доаѓа Славе Јанковски, ракометар кој настапува на позицијата лево крило и зад себе има богато суперлигашко искуство. „Со огромно задоволство ви го претставуваме нашето трето засилување за новата суперлигашка сезона – Славе Јанковски од Струмица. Јанковски во својата кариера ги бранеше боите на повеќе суперлигашки екипи, а ...

Недолго откако остана без својот најдобар стрелец Слободан Тедиќ, Чукарички, според сознанијата на „Арена Спорт“, го комплетираше големото засилување во нападот. На Баново Брдо следната сезона ќе настапува Коби Ебере, дете на Евертон со германско-нигериско потекло. Роден 2005 година, левокрилниот фудбалер потекнува од младинските категории на „карамелите“, каде што и фудбалски се афирмираше. Во изминатата сезона, на 12 настапи во Премиер лига ...

Фудбалската селекција на САД со убедлива победа од 4-1 над Парагвај го отвори настапот на Светското првенство 2026, испраќајќи силна порака уште во првото коло од групата Д. Пред преполните трибини во Лос Анџелес, избраниците на Маурицио Почетино доминираа од самиот почеток и практично го решија победникот уште во првото полувреме. Американците поведоа во седмата минута по автоголот на Дамијан Бобадиља, кој несреќно ја затресе сопствената ...

Раководството на Формула 1 и ФИА постигнаа начелен договор од сезоната 2027 постепено да се намалува уделот на електричната енергија во погонските единици, со цел болидите да бидат поатрактивни за возење и помалку зависни од сложено управување со батериите. Според предложените измени, моторите со внатрешно согорување ќе добијат поголема улога, додека придонесот на електричниот дел од хибридниот систем ќе биде намален. Наместо речиси ...

Репрезентацијата на Австралија веќе ја планира својата иднина, иако не започнала со настап на Светското првенство. Австралијците сакаат да го наградат својот селектор иго продолжија договорот со Тони Поповиќ. „Договорот на 52-годишниот тренер е продолжен до претстојниот Азиски Куп, кој ќе се одржи на почетокот на 2027 година“, објави Австралиската фудбалска федерација на својата веб-страница. Тони Попови' претходно одигра 58 натпревари за ...

Мфионду Кабенгеле е прогласен за МВП на финалната серија во АБА лигата, откако беше еден од најзаслужните за историскиот успех на Дубаи и освојувањето на шампионската титула. Центарот на тимот од Обединетите Арапски Емирати блескаше и во четвртиот натпревар од финалето против Партизан, постигнувајќи 14 поени и осум скокови. Со тоа беше меѓу најдобрите поединци во составот на Дубаи, кој стигна до третата победа во серијата и до првиот трофеј ...

Селекциите на Канада и Босна и Херцеговина со реми го отворија Светското првенство, откако во Торонто одиграа возбудлив натпревар кој заврши со по еден гол во двете мрежи – 1-1 (0-1). Иако домашната селекција имаше поголем посед на топката и создаде неколку опасни ситуации пред противничкиот гол, Босанците успеаја да ја искористат една од своите најдобри шанси и во 21. минута да стигнат до водство. По еден корнер, Лукаќ најдобро се снајде во ...

Кошаркарите на Баерн Минхен славеа во првиот меч од финалето на Германската прва лига против Алба Берлин со 102-94. Натпреварот во „БМВ Парк“ помина во знакот на на домашната екипа која одигра колку што беше потребно за да ја отвори серијата со триумф. По првата четвртина беше израмнето, 27-27, а потоа вториот период им припадна на баварците со 31-28 за вкупни 58-55 на паузата меѓу двете полувремиња. И третиот период беше целосно израмнет, а ...

Кошаркарите на Дубаи славеа против Партизан со 81-83 во четвртиот натпревар од финалната серија во АБА лигата и така испишаа историја и стигнаа до титулата во Јадранската лига. Партизан многу лошо го отвори натпреварот и веќе по три минути губеше со 2-9. Гостите ја користеа секоја грешка на домашните, погодуваа од транзиција и на средината од првата четвртина водеа со 13-7. „Црно-белите“ потоа се разбудија, успеаја да ја намалат негативата, ...

Дефанзивецот Маркос Сенеси официјално е повикан во репрезентацијата на Аргентина за Светското првенство во 2026 година. Селекторот Лионел Скалони го вклучи одбранбениод фудбакер, кој пред неколку дена го засили Тотенхем, во финалниот состав од 26 играчи како директна замена за повредениот Леонардо Балерди. Откако Балерди претрпе повреда на мускулот на десната нога за време на тренинг, по што мораше да го откаже својот настап на Мундијалот, ...

Фудбалерите на Босна и Херцеговина први се радуваат на погодок на отворањето на групата Б од Светското првенство во Канада, САД и Мексико. На натпреварот против Канада, Бошњаците ја искористија првата вистинска шанса и го шокираа домаќинот. По еден корнер Колашинац префрли на втора топка, а во мешаницата најдобро се снајде Лукиќ за огромна радост на малкумината навивачи на БиХ во Торонто. JOVO LUKIC OPENS THE SCORING FOR BOSNIA AGAINST ...

Репрезентацијата на Гана се соочува со сериозен кадровски проблем пред почетокот на Светското првенство, откако на играчот од средниот ред Томас Парти не му беше дозволен влез во Канада поради судскиот процес што се води против него во Велика Британија. Поранешниот фудбалер на Арсенал во јули 2025 година беше обвинет за пет точки силување и една точка сексуален напад. Парти во септември ги негираше сите обвиненија, а против него во февруари ...

Додека репрезентацијата на Еквадор сè уште го чека својот прв настап на Мундијалот, навивачите на оваа јужноамериканска земја веќе имаат причина за славје. За тоа се погрижи претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа, кој во пресрет на почетокот на Мундијалот донесе одлука што предизвика големо одушевување кај граѓаните. Во видео-порака снимена во дрес на националниот тим, Нобоа соопшти дека за време на Светското првенство ќе биде укинат данокот ...

Се очекуваше промоцијата во Болоња, но наместо тоа е закажана во Истанбул. Александар Ѓорѓевиќ и официјално е нов тренер на Бахчешехир. „Добредојде во Бахчешехир Колеџ, Александре Ѓорѓевиќ“, напиша клубот од Истанбул на своите официјални канали. Во денот кога беше потврдено дека Марко Бараќ ја напуштил клупата на младиот клуб, беше објавено и дека нов тренер станува неговиот постар сограѓанин. „Нашиот клуб постигна договор со искусниот тренер ...

Тренерот на Барселона, Карлос Ортега, со оптимизам го најави настапот на својот тим на фајнал-фор турнирот во ракометната Лига на шампиони. Шпанскиот стратег потенцираше дека зад неговата екипа стои одлична сезона, во која Барселона претрпела само еден пораз – против Магдебург, што според него е доволен показател за квалитетот и континуитетот на тимот. „Имавме одлична сезона. Загубивме само еден натпревар, против Магдебург, па некако е ...

Управниот одбор на фудбалскиот клуб Реал Мадрид донесе одлука папата Лав XIV да стане почесен член на клубот. Одлуката беше усвоена на седница на Управниот одбор одржана на 11 јуни, со која претседаваше Флорентино Перез. Од „кралскиот“ клуб соопштија дека на овој начин му се оддава признание на папата Лав XIV како глобална личност која, според Реал, ги промовира вредностите на мирот, солидарноста и социјалната правда ширум светот. Во ...

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Дарко Стојановски, во новата сезона ќе влезе во нов дрес. Имено, 23-годишниот фудбалер за врска по успешната сезона со Еордиакос Птолемаида се раздели со клубот и во сезоната 2026/27 ќе прифати нов предизвик. Во шампионатот на третиот ранг во грчкиот фудбал, кој штотуку заврши, Стојановски одигра 20 натпревари, постигна еден погодок и запиша шест асистенции. Не е исклучена можност младиот ...

Познати се стартните состави за единствениот денешен натпревар меѓу Канада и Босна и Херцеговина на Светското првенство. Канаѓаните ќе нападнат со офанзивното дуо составено од Џонатан Дејвид и Кајл Ларин, со поддршка од брзите крила, додека на голот ќе биде сигурниот Максим Крепо. Од друга страна, селекцијата на Босна и Херцеговина ќе се потпре на искуството на својот капитен Един Џеко, кој ќе го предводи нападот, а поддршка ќе има од Ермедин ...

Марисол Олмедо е парагвајска инфлуенсерка позната како „Ла Мадрина“, а многумина ја сметаат за природна наследничка на нејзината сонародничка Лариса Рикелме, девојката од Светското првенство 2010, која стана вирална ширум светот. Парагвајската манекенка и претприемачка веќе отпатува во Соединетите Американски Држави за да го бодри Парагвај на Светското првенство 2026. Во разговор за „лакуарта“ призна: „Се чувствувам многу почестено што сум ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.31
36%
1019
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
3.13
56%
1020
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
1.95
44%
1019
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
3.21
39%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.61
41%
1018
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
0.45
54%
1019
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
5.36
58%
1016
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
3.67
36%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.81
36%
1018
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1017
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1017
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.55
85%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Родиум

257205.97