Атланта Хоукс се решија на изненадувачки потег и го трејдуваа најдобриот играч и долгогодишен лидер на екипата, Треј Јанг (27), кој кариерата ќе ја продолжи во Вашингтон Визардс. Во спротивна насока заминуваат Си Џеј Меколум и Кори Кисперт, со што франшизата од Џорџија дефинитивно влегува во нова фаза на градење на тимот. Јанг беше драфтуван од Далас во 2018 година, но истиот ден беше испратен во Атланта во размената за Лука Дончиќ, ја ...

Фудбалерите на Тотенхем загубија на гостувањето кај Борнмут (3-2) во рамките на 21. коло на Премиер лигата. По средбата на „Виталити“ се случи навистина неверојатна ситуација која ја крена англиската јавност на нозе. Тренерот на „петлите“ Томас Франк беше фотографиран како ужива во кафе крај теренот, а притоа пиејќи од чашка со логото на лутиот ривал Арсенал. g-f42h1xgaao4ei.jpg Поради тој потег, не можеше да изостане прашањето од новинарите ...

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс славеа во дуелот против Лос Анџелес Лејкерси (107-91) во НБА лигата. Домаќинот успеа да го засени одличниот Лука Дончиќ кој бадијала имаше „трипл-дабл“ ефект. Келдон Џонсон со 27 поени беше најдобар во таборот на Спарси, а од помош беа Вембањама, Кесл и Фокс. Словенечкиот плејмејкер го заврши мечот со 38 поени и по десет скока и асистенции. Сан Антонио Спарс - ЛА Лејкерс: Оклахома Сити Тандерси по продолжение ...

Лионел Меси, еден од најголемите фудбалери во историјата, откри дека по завршувањето на својата играчка кариера не планира да „заплива“ во тренерските води. Аргентинската ѕвезда истакна дека не се пронаоѓа во таа улога и дека повеќе го привлекува работата надвор од теренот, особено во делот на менаџмент и сопствеништво на фудбалски клубови. Меси изјави дека би сакал во иднина да биде дел од проект во кој ќе гради клуб од темел, со јасна ...

Италијанскиот гигант Рома реши големи дилеми со согласноста за нови договори на двајца искусни фудбалери. Дефанзивецот Џанлука Манчини и играчот од средниот ред Брајан Кристанте ќе потпишат нови долгорочни договори со Рома. Договорите за соработката со двајцата фудбалери се речиси постигнати. 29-одишниот Манчини е во Рома од септември 2020 година. Неговиот тековен договор важи до 30 јуни 2027 година. Во сезоната 2025/26, тој постигна еден гол ...

Марио Балотели повторно е во фокусот на фудбалската јавност. Италијанскиот напаѓач си најде нов клуб и кариерата ќе ја продолжи надвор од Европа, отворајќи ново поглавје во својата богата, но турбулентна фудбалска приказна. По периодот поминат во Џенова, каде што не доби голема минутажа, Балотели како слободен агент реши да прифати понуда од саудискиот Ал-Етифак. Новиот ангажман му нуди стабилност и можност повторно да биде еден од главните ...

Една од најголемите икони на англискиот фудбал, Кевин Киген, се соочува со најголемата животна битка, откако му беше дијагностициран рак. Веста ја потресе спортската јавност, а семејството на легендарниот фудбалер и тренер потврди дека тој веќе започнал со соодветен медицински третман. Киген, кој има 74 години, извесен период се соочувал со здравствени проблеми, по што лекарските прегледи довеле до сериозната дијагноза. Од неговото ...

Екипата на Манчестер Јунајтед повторно им приреди шок на своите навивачи и ремизираше на гостувањето кај Барнли со конечни 2-2 (1-0) во натпреварот од 21. коло на Премиер лигата. Не помогна многу ниту заминувањето на тренерот Рубен Аморим, затоа што „ѓаволите“ повторно се мачеа со поврзаноста во играта и на моменти воопшто не делуваа супериорно во однос на вториот најслаб тим во првенството. Барнли прв го отвори резултатот по автоголот на ...

Фудбалерите на Интер остварија важна гостинска победа против Парма од 2-0 и ја продолжија победничката серија во Серија А, па избегаа на врвот во однос на ривалите. Првиот момент на мечот се случи во 42. минута, кога Федерико Димарко го постигна главниот погодок на натпреварот. Во самиот финиш, во 94. минута, ВАР-системот го поништи голот на Бони, со што Интер ги задржа трите бода со гол на Маркус Турам во следната акција. „Нераѕурите“ сега ...

Фудбалерите на Манчестер Сити одиграа само 1-1 против Брајтон на „Етихад“, пропуштајќи уште една можност да ја зацврстат позицијата во врвот на табелата. Гостите беа поопасни на стартот од мечот. Веќе во 3. минута Грос се закани со удар со глава, но Донарума одлично интервенираше. Само пет минути подоцна, Кадиоглу повторно ја тестираше одбраната на домаќините, но резултатот остана непроменет. Првата сериозна шанса за Сити дојде во 26. минута, ...

Кошаркарите на Баерн Минхен со пресврт стигнаа до победа над Басконија (96-89) во натпреварот од дваесеттото коло во Евролигата. Дебитантски настап за баварскиот гигант запиша нашиот Ненад Димитријевиќ, кој имаше неколку атрактивни потези и го заврши мечот со поени. Шпанскиот состав подобро го отвори дуелот, имаше водство на паузата (38-46), но во второто полувреме Германците успеаја да ги преземат нештата под своја контрола и дојдоа до ...

Екипата на Аталанта со 2-0 славеше на гостувањето кај Болоња, а играч на мечот беше Црногорецот Никола Крстовиќ кој ги даде и двата гола. Имаше и еден интересен момент пред камерите, тоа беше кога постигнувањето на едниот од погодоците, Крстовиќ не ги заборави најголемите вредности. La Dea è avanti con Krstovic! #BolognaAtalanta 0-1 pic.twitter.com/PkW7BF40lv — Lega Serie A (@SerieA) January 7, 2026 Црногорецот во камерата го честиташе ...

Фудбалерите на Барселона се пласираа во финалето на Суперкупот на Шпанија, откако во полуфиналето во Џеда убедливо го совладаа Атлетик Билбао со 5-0. И покрај тоа што тренерот Ханси Флик реши да го одмори Ламин Јамал, тоа воопшто не се почувствува во играта на каталонскиот тим. Неговиот заменик Рони Барджи блескаше со еден гол и две асистенции, додека Рафиња беше двоен стрелец. По еден погодок постигнаа и Феран Торес и Фермин Лопез, кој исто ...

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ дебитира за Баерн Минхен во Евролигата, каде дојде од Зенит Санкт Петерсбург од Русија, на натпреварот против шпанска Басконија. Плејмејкерот доби шанса од тренерот Пешиќ во првата четвртина и веднаш ги покажа своите квалитети. Подели три асистенции во само четири минути, а трите беа атрактивни, посебно третата која донесе „цепелин“. Покрај трите асистенции, во првиот квартал Димитријевиќ ...

Репрезентативецот на Македонија и член на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски, истакна дека националниот тим успеал да се подготви за пријателските натпревари во пресрет на Европското првенство, и покрај долгото патување до Швајцарија. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе се соочат со селекциите на Бахреин, Украина и Швајцарија, за кои Пешевски вели дека се сериозни и тешки ривали. „Кратко беше времето за адаптација после долгото ...

Фудбалерите на репрезентацијата на Нигерија се заканија дека нема да отпатуваат во Маракеш за четвртфиналниот натпревар од Купот на африканските нации против Алжир, доколку не им бидат исплатени сите заостанати бонуси. Новинарите кои ја следат нигериската селекција во Мароко наведуваат дека играчите побарале Нигериската фудбалска федерација да ги подмири финансиските обврски пред одигрувањето на следниот меч на турнирот. Информацијата ја ...

Кошаркарите на Париз славеа на гостувањето кај Анадолу Ефес во Истанбул со резултат 84-79 (21-19, 18-21, 25-25, 15-19) во рамки на 20. коло од Евролигата. Францускиот тим ја забележа првата победа на гостински терен во сите натпреварувања од средината на ноември, со што ја прекина серијата од девет последователни мечеви без триумф надвор од својот терен. Клучна фигура во победата беше Надир Хифи, кој одигра одличен натпревар и постигна 27 ...

Екипата на Наполи не успеа да ја оправда фаворитската улога и ремизираше против Верона со конечни 2-2 (0-2) во натпреварот од 19. коло на италијанската Серија А. За актуелниот шампион ова е голем удар во трката за врвот на табелата, иако играчите дадоа максимум од своите можности да се вратат по двојната негатива во првото полувреме. Гостите водеа со 0-2 по головите на Фрезе и Орбан во 16. и 27. минута, но Наполи успеа да возврати по само ...

Еден од најдобрите хрватски ракометари, Филип Главаш, стана голем хит по минатогодишното Светско првенство, а пред ова Европско првенство, има понуда за трансфер во кариерата. Барем така тврди угледниот „Билд“. Германскиот клуб Мелсунген наводно е заинтересиран да го доведе играчот на Загреб, а парите не би требало да бидат проблем за клубот од Бундеслигата. Главаш во кариерата играл само за клубови во Словенија и Хрватска, а трансфер во ...

Роџерс Мато со настапите на Африканскиот Куп на Нации во дресот на Уганда како и за настапите за Вардар во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) го привлече вниманието кон себе, а најтрофејниот доби две мега-понуди да ја продаде својата најголема ѕвезда. Хитот во Шкотска кој ита кон титулата, екипата на Хартс, на адреса на вардарци испрати понуда во висина од 350.000 евра, но таа беше одбиена. Раководството нема намера да го пушти својот ...

Кошаркарот на Хапоел Тел Авив, Тајлер Енис, нема да игра до крајот на сезоната поради повреда на Ахиловата тетива. Енис се повреди во вторник на натпреварот од 20. коло од Евролигата против Дубаи. Клубот од Израел објави дека канадскиот кошаркар ќе биде опериран во следните неколку дена, откако ја повреди Ахиловата тетива. Во соопштението не е прецизирано колку долго Енис ќе отсуствува од теренот, но медиумите објавуваат дека кошаркарот на ...

Ждрепката за Отвореното првенство на Австралија, првиот тениски Гренд слем во сезоната, ќе се одржи на 15 јануари во Мелбурн, во 4:30 часот наутро по средноевропско време, објавија организаторите. Церемонијата на извлекување во Мелбурн ќе ја водат поранешните тенисери Тод Вудбриџ и Јелена Докиќ. Отвореното првенство на Австралија ќе се одржи од 18 јануари до 1 февруари. Машката титула ја брани Италијанецот Јаник Синер, а во женска ...

Нов тренер на германскиот ракометен прволугаш Хановер е Хуан Карлос Пастор. Шпанскиот стручњак веднаш ќе го замени Кристијан Прокоп на чело на бундеслигашот, а не следното лето како што првично беше планирано. „Хановер-Бургдорф и тренерот Кристијан Прокоп се разделија со непосреден ефект. По сеопфатна спортска анализа, главниот тренер е разрешен од должноста. Одлуката е резултат на детална проценка на спортскиот развој на тимот и има за цел ...

Есенскиот првак во Првата фудбалска лига (ПМФЛ), скопски Вардар, имаше можност да реализира голем излезен трансфер на почетокот на 2026 година. Клубот доби понуда за продажба на Кассим Рогерс Мато од екипата на Хартс од Шкотска, во висина од 350 000 евра, но истата беше одбиена без размислување. „Управата и стручниот штаб на ФК Вардар целат кон освојување на двете титули во македонскиот шампионат, како и поубедлив настап на следните европски ...

Англискиот стручњак Гари О’Нил е назначен за нов тренер на Стразбур, објави францускиот клуб. Гари О’Нил го заменува Лиам Розениор, кој ја презеде функцијата во Челзи. Деталите од договорот не се откриени, но француските медиуми објавија дека О’Нил ќе биде тренер на Стразбур до јуни 2028 година. „Горд сум што се приклучив на овој неверојатен клуб. Стразбур има единствена историја, извонредна страст и лојални навивачи кои сакаат да го видат ...

Жозе Мурињо, коментирајќи го отказот на неговиот сонародник Рубен Аморим во Манчестер Јунајтед, рече дека само Аморим може навистина да разбере зошто е отстранет од клупата на „црвените ѓаволи“. Раководството на клубот од „Олд Трафорд“ го отпушти Аморим од должноста во понеделник и сега бара негов наследник. Португалските новинар го прашаа Мурињо, кој е поранешен менаџер на Јунајтед, за коментар за отказот на Аморим. Сепак, искусниот стратег ...

Кристијано Роналдо наводно лобира кај својот клуб, Ал-Наср, да ја доведе ѕвездата на Реал Мадрид, Антонио Рудигер. Договорот на искусниот германски дефанзивец на „Сантијаго Бернабеу“ истекува налето и доколку работите не се променат тој ќе стане слободен агент, а Португалецот сака да го види покрај себе во соблекувалната на Ал-Наср. На помалку од шест месеци до истекот на договорот, Рудигер сега е слободен да преговара со кој било ...

Фудбалерите на Ливерпул гостуваат кај Арсенал во четврток во дербито на 21. коло од Премиер лигата. Иако не e поразен од ноември, Ливерпул не е убедлив и тоа го потврди повторно против Фулам во претходното коло. На тој натпревар едвај создаваше шанси во отсуство на Мохамед Салах, Алекс Исак, но и Уго Екитике кој заработи мала повреда пред натпреварот на „Крејвен Котиџ“. Иако имаше големи шанси да игра против Арсенал, Французинот е под знак ...

По диригираната ждрепка, извесно беше дека фаворитите ќе се избегнат во осминафиналето на Купот на Кралот. Барса, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао добија второлигаши и третолигаши за ривали. Столе Димитриевски и Валенсија исто така имаа поволна ждрепка и налетаа на второлигашот Бургос. Осминафинале: Депортиво Ла Коруња - Атлетико Мадрид Расинг Сантандер - Барселона Културал Леонеса - Атлетик Билбао Албасете - Реал Мадрид Бургос - ...

Флоријан Вирц и неговиот гол за Ливерпул против Фулам се најдоа во центарот на нова ВАР бура. Лондонскиот клуб поднесе официјална жалба за она што тие го тврдат како јасен офсајд што му претходел на голот на Германецот на „Крејвен Котиџ“. Иако новите правила за толеранција дозволуваат голот да биде признат, лондонскиот клуб бара одговори. Фулам официјално контактираше со „PGMOL“, телото одговорно за судење во Англија, барајќи детално ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
5.14
80%
1007
weather icon

Белград

-3ᴼ / -5ᴼ
7.2
84%
1010
weather icon

Загреб

-5ᴼ / -9ᴼ
2.06
84%
1014
weather icon

Софија

-4ᴼ / -4ᴼ
9.26
80%
1008
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
13.02
85%
1003
weather icon

Љубљана

-3ᴼ / -10ᴼ
0.51
87%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
5.81
66%
1008
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
5.66
66%
1008
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
6.17
56%
1007
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
6.17
93%
997
weather icon

Будимпешта

-3ᴼ / -5ᴼ
5.81
79%
1008
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
10.29
67%
1001
Currency

61.5417

Currency

52.6962

Currency

70.9333

Currency

35.4364

Currency

38.0169

Currency

66.0521

Currency

7.52932

Currency

0.65446

Currency

0.33604

Currency

0.5245

Currency

1.22462

Currency

0.5861

Цинк

3.17

Иридиум

169549.30

Сребро

2439.02

Кобалт

59.52

Калај

44.87

Платина

69516.08

Злато

142522.91

Алуминиум

3.10

Рутениум

44142.98

Паладиум

54399.06

Бакар

11.67

Родиум

316684.85