Легендарниот Роџер Федерер стави крај на шпекулациите дека би можел да се врати на професионалниот тенис, истакнувајќи дека нема да го следи примерот на Американката Серена Вилијамс. На прашањето дали планира евентуален „кам-бек“, Швајцарецот кратко одговори: „Не, не, не, не. Воопшто не. Активното играње за мене е минато. Секоја чест за Серена, но јас имам сосема други планови“, рече Швајцарецот. Иако нема да се вртати во професионалниот ...

Бразилскиот крилен напаѓач Савињо и официјално го комплетираше трансферот од Манчестер Сити во Тотенхем, а по пристигнувањето во Лондон не го криеше задоволството од новиот предизвик. „Преговорите траеја подолго, но многу сум среќен што сум тука. Ова е прекрасна можност во одличен клуб, со еден од најдобрите тренери во светот“, изјави Савињо. Бразилецот откри дека разговорот со новиот тренер Роберто Де Зерби бил клучен за неговата одлука да ...

Челзи ја започна новата сезона со победа над Фулам од 3-2, но во центарот на вниманието по натпреварот повторно се најде Роберт Санчез. Шпанскиот голман направи две сериозни грешки, поради кои навивачите на лондонскиот клуб бараат раководството да реагира пред истекот на преодниот рок. „Сините“ експресно дојдоа до предност. Жоао Педро уште во првата минута го искористи лошото поставување на Бернд Лено и со одличен лоб го совлада голманот на ...

Портланд Треил Блејзерси доживеаја сериозен удар пред почетокот на новата сезона, бидејќи Шејдон Шарпи заработи тешка повреда на десното колено и ќе биде надвор од терените околу шест месеци. 23-годишниот бек го скина менискусот на десното колено на еден од последните тренинзи пред стартот на сезоната, поради што ќе пропушти значаен дел од сезоната 2026/27. Шарп минатата сезона беше еден од најважните играчи на Портланд и просечно реализираше ...

Американскиот плејмејкер Најџел Вилијамс-Гос ја продолжува соработката со Жалгирис, иако актуелниот договор му истекува во 2027 година. Според информациите, литванскиот гигант сака да му понуди нов договор со важност до 2029 година, со вклучена клаузула за откуп доколку во иднина добие интересна понуда од друг клуб. Вилијамс-Гос, кој во минатото го носеше дресот на Партизан, Олимпијакос, Јута Џез, Локомотив Кубан и Реал Мадрид, летово бил ...

Во организација на Кошаркарската федерација на Македонија, на 24 и 25 август во Скопје се одржа тренерската клиника, која на едно место обедини реномирани кошаркарски стручњаци, тренери од македонските клубови, како и голем број љубители на кошарката. Клиниката се одржа во култната сала на Работнички, која со гордост го носи името на еден од најпознатите и најпризнати македонски кошаркарски стручњаци, нашиот покоен Лазар Лечиќ - човек кој ...

Џед Јорк, еден од сопствениците на Лидс и Сан Франциско 49ерс е уапсен во сојузната држава Охајо поради плаќање за сексуални услуги. Според судските документи, Јорк контактирал жена преку интернет-страница за проституција и се договорил да плати 140 долари за сексуални услуги. По договорот отпатувал во камп со мобилни куќи, каде што бил приведен. Првичната пријава поврзана со проституција била изменета во поблага пријава за нарушување на ...

Тотенхем официјално го потврди трансферот на Савињо, кој по само една сезона во Манчестер Сити ќе ја продолжи кариерата во Лондон. 22-годишното бразилско крило е ново засилување на тимот, но англискиот клуб не ги објави финансиските детали од договорот. Според информациите, Тотенхем за неговиот потпис ќе плати околу 87 милиони евра, без дополнителните бонуси. Станува збор за сериозна инвестиција на лондонскиот клуб во офанзивниот дел од ...

Дарко Ѓукиќ и следната сезона ќе настапува за екипата на Охрид. Иако се појавија информации кои го поврзуваа со потенцијално заминување од клубот и преселба во редовите на Партизан, сепак тоа не е точно. Според информациите кои ги добивме од клубот, Ѓукиќ ќе остане во охридските редови и нема да замине ова лето. Борис Ројевиќ и во следната сезона ќе може да смета на искусното крило. Ѓукиќ е инаку еден од најдобрите ракометари во тимот, а лани ...

Челзи и Фулам одиграа спектакуларен старт на сезоната во Премиер лигата, а „сините“ поведоа по само 31 секунда на „Крејвен Котиџ“. Жоао Педро веднаш ја искористи одличната асистенција од Кол Палмер и со мирен лоб го совлада Бернд Лено. Овој погодок на Бразилецот влезе во историјата на Премиер лигата. Жоао Педро го постигна најбрзиот гол во натпревар од првото коло, надминувајќи го досегашниот рекорд на Дејвид Хили, кој во 2007 година за Фулам ...

Кошаркарската федерација на Македонија го објави составот на женската Прва лига за натпреварувачката сезона 2026/27. По усвојувањето на жалбите од Арбитражната комисија и завршената процедура за лиценцирање, Комисијата утврди дека осум клубови ги исполнуваат условите за настап. Во елитното женско кошаркарско друштво ќе играат Крива Паланка, Бадел 1862, Баскет Кам, Вардар, Пробаскет, МЗТ Скопје Аеродром, Патриот 2016 и Гевгелија. Составот е ...

Вардар го комплетираше новото засилување во одбраната. Нов член на „црвено-црните“ е 23-годишниот Сирики Дијабате од Брегот на Слоновата Коска, кој настапува на позицијата централен дефанзивец. Се работи за стопер кој е висок 192 сантиметри и со своите физички предиспозиции треба да донесе дополнителна сигурност во последната линија на вардарци, особено по заминувањето на Дарко Велковски. За него ова ќе биде ново интернационално искуство и ...

Чаби Алонсо го започна мандатот на клупата на Челзи со победа, откако лондонскиот тим со -3 го совлада Фулам. Шпанецот во Лондон пристигна по бурниот период во Реал Мадрид, каде во јануари беше заменет токму од Алваро Арбелоа против кој ја отвори новата сезона во Премиер лигата. На оваа тема зборуваше премиерлигашкиот аналитичар и поранешен фудбалер Џејми Карагер. „Чаби Алонсо ја загуби работата поради Винисиус Жуниор. Тој не беше задоволен ...

Повеќе од два месеца по трката за Големата награда на Монако, сè уште нема конечен одговор кој го освоил третото место. Меѓународниот апелациски суд на ФИА денеска во Париз ги разгледува жалбите на Мекларен и Ред Бул за пласманот од трката на 7 јуни. Пјер Гасли првично ја мина целта како трет, но по две казни од по пет секунди поради надминување на брзината во пит-ленот падна на седмото место. За трет беше прогласен Исак Хаџар, кој дури се ...

Трабзонспор продолжува да создава респектабилен состав и по ангажманот на Мохамед Салах успеа да доведе уште едно добро познато име од Ливерпул. Нов играч на турскиот клуб е бразилскиот фудбалер Фабињо. Искусниот играч за врска пристигнува како слободен агент, откако му заврши договорот со саудискиот Ал-Итихад. Трансферот веќе е потврден од Трабзонспор, кој објави фотографии од Бразилецот во клупскиот дрес за време на патувањето кон Турција. ...

Македонските тенисери ги дознаа ривалите на Медитеранските игри. Прв настап ќе има Дејвис куп репрезентативецот Кристијан Јанев, кој за противник го има Андреас Тимини од Кипар. Ривалот на Јанев (18 години), е две години повозрасен од нашиот тенисер и се наоѓа на 1.472 место на АТП листата. Почетокот на мечот е во 17:00 часот. Сара Митевска во првото коло е слободна. Сепак Сара и Кристијан денес ќе го имаат и дебитантскиот во мешани двојки и ...

Ракометниот клуб Партизан подготвува сериозен трансфер и сака да го доведе Дарко Ѓукиќ, кој моментално е член на македонскиот суперлигаш Охрид. Според информациите на „PBG News“, кој се повикува на извор близок до клубот, српскиот клуб го смета ангажманот на искусното десно крило за еден од приоритетите, а раководството ќе направи сè за да го реализира трансферот. dar.png Евентуалното заминување на Ѓукиќ би било сериозен удар за Охрид, ...

Со стручни предавања на трофејниот српски стратег Светислав Пешиќ и актуелниот македонски селектор Хосе Мариа Берокал, како и практични демонстрации пред околу 200 македонски и странски тренери денес во Скопје почна дводневниот едукативен семинар во организација на Македонската кошаркарска федерација (КФСМ). Клиниката носи богата програма и предавања од реномирани стручњаци од Македонија и странство, меѓу кои Светислав Пешиќ, Хосе Мариа ...

Македонската репрезентација до 20 години го претрпе првиот пораз на Медитеранските игри во Таранто, откако Турција вечерва славеше со убедливи 3-0. Турците беа подобар противник во текот на целиот натпревар и заслужено стигнаа до победата. Македонија имаше свои моменти, но не успеа посериозно да ја загрози турската одбрана. Човек на одлуката беше Оздер Озчан, кој постигна хет-трик и практично сам го реши натпреварот во корист на Турција. По ...

Со два нерешени резултати заврши второто коло на шпанскиот шампонат. Натпреварот помеѓу новајлиите во Примера, Малага и Депортиво Ла Коруња заврши со нерешен резултат (1-1). Двата нови прволигаши ги поделија бодовите на стадионот „Ла Росаледа“ во рамките на второто коло од шпанскиот шампионат. Гостите први поведоа во 21. минута со голот на искусниот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг по асистенција на Луисми Круз. Малага брзо се врати во игра и ...

Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) анализираше две клучни ситуации од денешното дерби меѓу Шкендија и Струга Трим Лум. Во 56. минута главниот судија пропуштил да досуди прекршок во шеснаесетникот, но по ВАР-интервенција и преглед на снимката правилно досудил пенал за Струга, поради нагазување на гостинскиот напаѓач. Во 84. минута, пак, судијата правилно досудил прекршок за Шкендија. Одбранбениот играч задоцнил, ...

Екипата на Челзи победнички ја започна новата сезона во Премиер лигата, откако во возбудливото лондонско дерби на „Крејвен Котиџ“ славеше над Фулам со 2-3. Овој натпревар имаше посебно значење за „сините“, бидејќи Чаби Алонсо го имаше своето официјално деби на клупата на Челзи. Шпанецот веднаш запиша победа, но неговиот тим мораше добро да се помачи за да ги освои трите бода. Челзи тргна фантастично и поведе уште во првата минута. Жоао Педро ...

Рома на фантастичен начин стигна до убедлива победа од 4-0 против Фиорентина, во натпревар во кој главните улоги ги имаа Дониел Мален и Пауло Дибала. „Волчицата“ одигра доминантен натпревар, а Мален беше нерешлива енигма за одбраната на гостите. Холанѓанецот постигна три гола и со хет-трик ја круниса својата одлична партија. Од друга страна, вистинскиот мајстор на вечерта беше Пауло Дибала. Аргентинецот беше неверојатно расположен за игра и ...

Лина Ѓорческа нема да игра во второто квалификациско коло за УС Опен, откако најдобрата македонска тенисерка денеска претрпе пораз од Маи Хонтама со 0-2 во сетови. Јапонката, која е подобро рангирана на ВТА-листата, славеше со 7-6, 6-3 и ја прекина надежта на Ѓорческа за прв настап во главниот турнир на последниот Грен слем во сезоната. Првиот сет донесе голема борба. Хонтама веднаш направи брејк и поведе со 2-0, но Ѓорческа возврати и успеа ...

Еурофарм Пелистер и Омер Мехмедовиќ се разделија, и тоа пред босанскиот ракометар да одигра и еден официјален натпревар во дресот на битолскиот клуб. Мехмедовиќ во текот на летото беше промовиран како ново засилување на Еурофарм Пелистер и ги започна подготовките со екипата, но најверојатно не успеа да се вклопи во системот на новиот тренер Лино Червар. Двете страни постигнаа договор за прекин на соработката, па Мехмедовиќ веќе нема да биде ...

Машката сениорска репрезентација на Македонија од вечерва, ја започна завршната фаза од подготовките за претстојниот натпревар со Австрија, кој на 30 август ќе се одигра во Виена, со почеток во 16:05 часот. Во пресрет на важниот дуел, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ќе го реализираат целокупниот подготвителен период во Скопје, во „Т Арената“, каде во наредните денови ќе ги одработат планираните тренинзи и тактички подготовки. ...

По мала пауза, Ненад Димитријевиќ повторно е дел од македонската сениорска репрезентација. Еден од најдобрите македонски кошаркари повторно ќе го носи националниот дрес во августовскиот ФИБА прозорец, во кој Македонија ја очекува важен дуел против Австрија во Виена. Повратникот во сениорскиот национален тим со големи амбиции го очекува новиот репрезентативен циклус. Противникот добро го познава, но верува дека Македонија има доволно време за ...

Фудбалерите на Шкендија останаа единствената максимална екипа во Првата македонска фудбалска лига, откако славеа во дербито на четвртото коло против Струга Трим Лум со 2-1 (1-0). Тетовци својот натпревар за првпат го играа пред публика на трибините, ама и овојпат на теренот „Петар Милошевски“ крај Фудбалската федерација на Македонија. По мирниот старт на средбата во Скопје резултатот беше отворен во 29. минута со голот на Фахд Нзенгуе. ...

Женската репрезентација на Македонија до 20 години заврши како осма, последнопласирана на БВА Зонските квалификации во Мостар за Европското првенство 2027. Македонија запиша пет порази во исто толку одиграни натпревари (три во групната фаза и два во разигрувањето за пласман), а имаше три освоени сета. Оваа генерација на одбојкарки премиерно настапи на едни евро-квалификации и секој меч за нив беше собирање на искуство и градење на тимот за во ...

Дарко Велковски има нов клуб. Искусниот македонски дефанзивец го напушта Вардар и кариерата ќе ја продолжи во Бахреин, каде што потпиша за Ал-Калдија. Велковски се врати во Вардар во јануари годинава и веднаш се наметна во првиот тим. И на почетокот на оваа сезона тој беше стандарден, но сега се реши за егзотичен предизвик. View this post on Instagram A post shared by نادي الخالدية (@alkhaldiyasc) Стоперот професионалната кариера ја започна ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Калај

46.54