Екипата на Вардар 1961 остана без еден од голманите, затоа што од екипата си замина Марко Богдановски. 25-годишниот чувар на мрежата се раздели со новиот првак на Македонија и ќе бара нов предизвик. Конкуренцијата во најтрофејниот македонски клуб беше голема, а од новата сезона, на голманската позиција клубот ќе го има и Србинот Милан Бомаштар. Богдановски во Вардар дојде од редовите на Аеродром, а настапуваше и за екипите на Голден Арт, ...

Фудбалската репрезентација на Шпанија успешно ја заврши подготовката за Светското првенство, откако во пријателски натпревар во мексиканскиот град Пуебла славеше со убедливи 3-1 против Перу. Селекторот Луис де ла Фуенте на овој натпревар изведе речиси најсилен состав и во голема мера ги расчисти дилемите околу стартниот тим за Светското првенство. Унаи Симон беше стартер на голот, додека Давид Раја доби минутажа во второто полувреме. Поради ...

Сан Антонио остана во игра за шампионскиот прстен во НБА лигата откако славеше со 115-111 на гостувањето кај Њујорк Никс и ја намали негативата во финалната серија. За Никс ова беше прв пораз по фантастичната серија која траеше 46 дена. Тимот од Њујорк претходно нанижа 13 победи во плејофот и изгледаше незапирливо на патот кон првата титула од 1973 година. Херој на Спарс беше Виктор Вембањама, кој одигра уште еден извонреден натпревар и го ...

Легендарниот швајцарски тенисер, Роџер Федерер, ќе настапи на егзибицискиот турнир на овогодинешното издание на УС Опен, со што се враќа на турнирот каде оствари големи успеси во својата кариера. Организаторите соопштија дека славниот тенисер ќе настапи на 25 август и ќе учествува во програмата „Роџер Федерер - Иконата се враќа во Њујорк“, а заедно со него ќе се појават уште Енди Родик, Џон Мекинро и Андре Агаси. Федерер е единствен тенисер ...

Легендарниот поранешен фудбалер на Барселона и Манчестер Сити, Јаја Туре, е назначен за нов тренер на Слован Братислава. Ова ќе биде негов прв самостоен тренерски ангажман како главен стратег, откако претходно работеше како асистент во неколку клубови и репрезентации, меѓу кои Саудиска Арабија и неколку европски екипи. Слован, најтрофејниот клуб во Словачка, од Туре очекува да донесе нова енергија и да го води тимот во квалификациите за ...

Селекторот на англиската репрезентација, Томас Тухел, изјави дека ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингем, нема загарантирано место во првиот состав и дека ќе мора да се бори за својата позиција во националниот тим. Белингем зад себе има само четири стартови во репрезентацијата откако Тухел стана селектор, а тоа е знак за фудбалерот дека ќе мора да се наметне за да добие посериозна улога во тимот. „Џуд знае дека може да биде стартер, тој е меѓу ...

Американскиот центар Кевариус Хејс го напушта Монако и наскоро станува нов играч на белградски Партизан, јавија повеќе медиуми од Шпанија и Франција. Според информациите, Хејс ќе добие двегодишен договор од српскиот евролигаш, каде се очекува да биде големо засилување за играта под обрачите. Хејс минатите сезони изгради добра репутација во Евролигата, а воедно важи и за одличен дефанзивен играч. Неговата стабилна игра во рекетот е доволен ...

Младата надеж на италијанската репрезентација и член на Интер, Франческо Пио Еспозито, добива нов договор од управата на „нероаѕурите“, со кој ќе се задржи во клубот до 2031 година. Еспозито минатата сезона блесна во дресот на италијанскиот шампион, постигнувајќи десет гола во сите натпреварувања, и покрај тоа што често не беше стартер, или добиваше шанса од клупата за резерви. Новата соработка ќе ја зголеми неговата плата на 3,5 милиони евра ...

Олимпијакос направи голем чекор кон шампионската титула во Грција, откако го совлада Панатинаикос со 102-92 во третиот натпревар од финалната серија на плејофот. Домаќинот го контролираше најголемиот дел од натпреварот и во клучните моменти не дозволи противникот целосно да се врати во игра. Фурние и Везенков беа предводници на домаќинот, а Милутинов доминираше под кошевите. Финишот го одбележа тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, кој ...

Фудбалерите Франција предводени од Мајкл Олисе победија со 3-1 против Северна Ирска на „генералката“ пред Светското првенство. Асот на Баерн Минхен постигна „хет-трик“ на натпреварот кој се одигра на „Пјер Мороа“ во Лил и најави дека е во оптимална форма пред Мундијалот. Олисе го отвори резултатот пред полувремето со тол за 1-0 во 43. минута. Веднаш на стартот на вториот дел налета на лошо одбиена топка и ја испрати вторпат во мрежата. ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се наоѓа во Милано на дополнителни медицински прегледи по здравствените проблеми што ги имаше за време на настапот на Ролан Гарос. Според информациите од Италија, станува збор за планирани контроли и се очекува да нема посериозни компликации кои дополнително би го оддалечиле од турнирите. Се предвидува Италијанецот да се врати на тренинзите во среда во Монте Карло, каде ќе ја продолжи подготовката за ...

Откако Стефано Пиоли и Паоло Ваноли ја предводеа Фиорентина минатата сезона, дојде ред на нов тренер. Фабио Гросо и официјално седнува на клупата на „виолетовите“ и потпиша договор кој ќе трае до 2028 година. „Би сакал да им се заблагодарам на целиот клуб, особено на претседателот Џузепе Комис и неговата мајка Катерина, што ми ја доверија оваа задача. Навистина сум пресреќен што имам оваа неверојатна шанса, да дојдам во престижен клуб со ...

Добри вести пристигнуваат за бразилската репрезентација и за навивачите на Нејмар. Ѕвездата на „селесао“ успешно напредува во процесот на рехабилитација и се наоѓа на чекор до враќање на фудбалските терени. Од лекарскиот тим на Бразил потврдија дека последните прегледи и магнетната резонанца извршени во понеделникот покажале позитивни резултати. Закрепнувањето на Нејмар се одвива во согласност со предвидената динамика. Искусниот офанзивец ќе ...

Селекторот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте, изјави дека очекува Ламин Јамал, Нико Вилијамс и Виктор Муњоз да бидат подготвени за првиот натпревар на Светското првенство. Шпанија ќе се соочи со селекцијата на Зеленортските Острови, а селекторот е убеден дека овие важни играчи ќе бидат на располагање уште на првиот мундијалски меч. „Заздравувањето на сите тројца минува во најдобар ред. Работат по специфичен план и тренираат со ...

Најновите информации од Италија говорат дека Роберто Манчини наскоро се враќа на кормилото на националниот тим! Иако периодов се шпекулираше со имиња како Антонио Конте и Пеп Гвардиола, сепак изборот „паднал“ на тренерот кој ги предводеше „аѕурите“ до титулата на Европското првенство во 2021 година. Потоа, Манчини го доживеа можеби и најголемиот неуспех откако загуби од Македонија во плеј-офот за Светското првенство, но се чини дека овој ...

Ракометарите на Кувајт Спорт Клуб го претрпеа првиот пораз на Азискиот шампионат, откако беа поразени од Ал Калеј со 34-31. Откако Кувајт победуваше во стартните две рунди против Ал Наџма и Ал Араби, овојпат тимот во кој настапува Филип Кузмановски претрпе пораз. Македонскиот репрезентативен капитен и неговите соиграчи не успеаја да го надиграат Ал Калеј. Ал Калеј знаеше од каде доаѓа најголемата опасност по сопствениот гол и одлично го ...

Џереми Лин по цели четиринаесет години ќе се врати во „Медисон Сквер Гарден“ како навивач, откако потврди дека ќе присуствува на третата и четвртата натпревар од НБА финалето меѓу Њујорк Никс и Сан Антонио Спарс. Поранешниот плејмејкер на Никси, кој во сезоната 2011/12 предизвика вистинска кошаркарска еуфорија позната како „Линсени“, откри дека за првпат по заминувањето од клубот ќе гледа натпревар од трибините. „Се враќам во Гарден како ...

Новиот шампион на Македонија, скопски Вардар, претстави уште едно големо засилување за новата сезона, која што ќе започне уште рано летово, поради обврските во квалификациите за Лигата на шампионите. Во вардаровото семејство се приклучува португалскиот интернационалец од Силекс, Мигуел Пиреш. 29-годишниот офанзивец постигна договор со „црвено-црните“ за соработка од една година. Пиреш зад себе има одлична сезона во која постигна единаесет ...

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен се огласи во јавноста по најновиот здравствен инцидент, испраќајќи порака дека неговата состојба е стабилна и дека веќе е на пат кон целосно закрепнување. Ериксен преку социјалните мрежи сподели емотивна порака во која ја увери јавноста дека се чувствува добро и дека моментално е дома со своето семејство. „Сакам сите да знаат дека сум добро и дека сум дома со моето семејство. Како што веројатно ...

Светското првенство во фудбал пристигнува со нова димензија! Најголемиот Мундијал во историјата ќе донесе незаборавни натпревари, нови херои и спектакуларни моменти од трите земји домаќини – Канада, Мексико и САД. Следете нè секој ден за анализи, приказни и сè што треба да знаете за патот кон светскиот фудбалски трон! Gol.mk ви носи и прогнози на наши фудбалски легенди и работници за спортскиот настан. Серијалот продолжува со Зоран Бошковски ...

Светското првенство во фудбал пристигнува со нова димензија! Најголемиот Мундијал во историјата ќе донесе незаборавни натпревари, нови херои и спектакуларни моменти од трите земји домаќини – Канада, Мексико и САД. Следете нè секој ден за анализи, приказни и сè што треба да знаете за патот кон светскиот фудбалски трон! Продолжуваме со презентација на учесниците на шампионатот, следна е Групата Д. Во неа се наоѓаат еден од домаќините со високи ...

По нешто повеќе од една година, ерата на Робин ван Перси во Феенорд е завршена. Управата на клубот одлучи да ја прекине соработката со 42-годишниот стручњак, иако имаше договор за уште една година. Во февруари 2025 година, тој го започна својот мандат во Феенорд, оваа сезона успеа да го одведе тимот до Лигата на шампионите, но второто место во првенството не го задоволи раководството на клубот, кое сега бара нов тренер. Досега, Ван Перси го ...

Македонските надежи Даријан Галевски и Алексеј Тофиловски изминатиов викенд ги бранеа боите на Црвена Звезда и забележаа голем успех на престижниот меѓународен турнир Internazionale Metropolitano Tournament во Торино, Италија. Галевски и Тофиловски, како едни од најталентираните македонски фудбалери родени во 2016 година, веќе извесен период покрај за своите школи ги бранат боите и на српскиот гигант, а од Италија се враќаат со голем успех и ...

Ракометниот суперлигаш Прилеп продолжува со засилувањата за новата сезона, а нов член на тимот е Андреј Стојановски, кој настапува на позицијата лев бек и доаѓа од редовите на Пролет 62. Роден во 2004 година, Стојановски е производ на младинската школа на Пролет и важи за еден од најперспективните млади македонски ракометари на својата позиција. Покрај настапите во домашната Суперлига, Андреј има и репрезентативно искуство во младинските ...

Репрезентацијата на Македонија до 20 години беше поразена со 2-0 од селекцијата на САД до 20 години на контролниот натпревар одигран во Бугарија. Избраниците на селекторот Александар Таневски одиграа квалитетен и корисен тест против силен противник, натпревар кој послужи како добра проверка и можност за дополнително воигрување на тимот. Македонија добро се спротивставуваше во текот на поголемиот дел од средбата, но головите ги прими во ...

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, порача дека нема намера да се откаже од борбата за титулата, откако со новото искачување на подиумот дојде на второто место во генералниот пласман. По третото место во Канада, Британецот ја продолжи серијата добри резултати и во Монако, каде што заврши втор. Хамилтон сега се наоѓа зад лидерот во шампионатот, Кими Антонели, но истакна дека улогата на предизвикувач целосно му одговара. „Не можам да поверувам ...

Францускиот евролигаш Асвел продолжува агресивно да го гради тимот за новата сезона. Клубот од Вилербан, зад кој стои амбициозниот проект на Тони Паркер, е сè поактивен на трансфер-пазарот и најавува сериозни амбиции во Евролигата. Според информациите од Франција, по договорите со неколку звучни имиња, меѓу кои Армони Брукс, Ник Вајлер-Баб и Тимоте Луваву-Кабаро, АСВЕЛ е во напредни преговори и со германскиот центар Даниел Тајс. Тајс е пред ...

Младата руска тенисерка Мира Андреева испиша историја на годинашниот Ролан Гарос, освојувајќи ја својата прва Грен слем титула на само 19 години. Во финалето во Париз таа ја совлада полската тенисерка Маја Хвалињска со 6-3, 6-2 и ја круниса извонредната турнирска недела со само еден загубен сет на патот до трофејот. По победата, Андреева не ја криеше емоцијата и призна дека моментот е уште посебен од сè што замислувала. „Направив многу ...

Уште една клупска легенда ја презема тренерската позиција во белградски Партизан. Се работи за легендарниот Саша Илиќ, кој ќе го замени на клупата Срѓан Благојевиќ. Илиќ веќе се договори со управата на „црно-белите“ и се очекува да потпише двегодишен договор, а официјалната промоција треба да биде одржана утре во 12:00 часот. Во текот на активната играчка кариера, Илиќ мина скоро 20 години во Партизан, најпрво преку младинските категории, а ...

Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, ги „пецна“ судиите кои се делегирани за третиот натпревар од финалната серија против Олимпијакос во грчкото првенство, истакнувајќи дека „очекува еднаков и фер третман“. Двата гиганти се во егал-ситуација по првите два меча (1-1), а пред третиот дуел, Атаман повторно реши да го прокоментира судењето, за кое имаше критики во повеќе наврати. „Ако имаме фер третман од судиите, мислам дека можеме да ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Калај

53.60

Иридиум

253540.09