Младата ѕвезда на Барселона, Гави, покажа дека не ја заборавил средината од која потекнува, откако одлучи значаен дел од своите средства да ги насочи кон помош на луѓето во родниот Лос Паласиос. Шпанскиот репрезентативец ќе вложи 1,3 милиони евра во проект за изградба на 150 домови, наменети за луѓе и семејства кои се соочуваат со тешка материјална состојба. Проектот би обезбедил сместување за околу 300 лица. Гави своето детство го помина во ...

На натпреварот од четвртото коло на ПМФЛ, одигран на стадионот во Чаир помеѓу екипите на Шкендија Арачиново и Арсими, беа забележани две клучни и особено предизвикувачки ситуации за судиска проценка. Во двата случаи главниот судија донесе целосно исправни одлуки, кои по извршените проверки согласно ВАР протоколот и утврдената линија за интервенција, правилно беа потврдени и од ВАР судиите, велат од федерацијата. „Во 43. минута од натпреварот, ...

Џани Инфантино би на претседателските избори во ФИФА следната година можел да добие сериозен противкандидат. Фудбалскиот сојуз на Данска најави дека ќе соработува со УЕФА и други национални федерации во потрага по кандидат кој би можел да му се спротивстави. Од Данска порачаа дека нема да го поддржат Инфантино, бидејќи довербата во актуелниот претседател е целосно изгубена. „Задоволни сме што сè повеќе федерации ја повлекуваат поддршката. ...

Сергеј Јакировиќ имаше причина за големо задоволство по историскиот триумф на Хал Сити над Манчестер Јунајтед со 2-0 на стартот од новата сезона во Премиер лигата. За Хал Сити ова беше прва првенствена победа над англискиот гигант откако клубот настапува во Премиер лигата, факт кој очигледно не му бил познат на хрватскиот тренер пред натпреварот. „Сега ми кажаа. Не го знаев тој податок. Се чувствувам одлично и многу сум среќен поради нашите ...

Како и минатата година, Охрид го освои турнирот „Крсте Андоновски-Усташ“, кој се организира во претсезонскиот период. Во финалето охриѓани го совладаа Вардар 1961 со 29-27 и ги однесоа индивидуалните награди. За најкорисен играч (МВП) на финалето беше прогласен ракометарот на Охрид, Доминик Мате, кој воедно го доби и признанието за најкорисен играч на целиот турнир. Успехот на домаќинот го надополни Дино Славиќ, кој беше прогласен за најдобар ...

Артур Мело и Јувентус официјално ставија крај на соработката, шест години по неговото пристигнување во Торино од Барселона. Бразилецот во 2020 година дојде за 72 милиони евра, но никогаш не ги оправда очекувањата. За Јувентус одигра само 63 натпревари и постигна еден гол, а поголем дел од времето го помина на позајмици во Ливерпул, Фиорентина, Џенова и Џирона. Според пресметките на „Газета дело Спорт“, Артур е едно од најскапите промашувања ...

Во првиот настап на Медитеранските игри што се одржуваат во Таранто, фудбалската репрезентација до 20 години играше нерешено 0-0 во дуелот против селекцијата на Тунис. Македонските надежи одиграа квалитетен натпревар против селекцијата на Тунис и на моменти имаа свои можности да стигнат до погодок. Избраниците на селекторот Александар Таневски во текот на девесетте минути имаа осум удари кон голот на противникот од кои два беа одеа директно ...

Олимпик Лион оствари сигурна победа од 0-2 на гостувањето кај Тулуз на отворањето на новата сезона во француската Лига 1. Тренерот на гостите направи целосна ротација во составот поради обврските во квалификациите за Лигата на шампионите. И покрај тоа, неговиот тим успеа да ги освои трите бода благодарение на одличната игра во второто полувреме. Првиот дел помина во изедначена борба со неколку жолти картони и без поголеми шанси. Во 68. ...

По тринаесет години и 81 ден Жозе Мурињо се врати во шпанскиот фудбал и се врати со победа. Реал Мадрид дури во последната минута стигна до победата во Каталонија против Еспањол со 1-2 (1-1). Мадриѓаните се мачеа, а победа им донесе новајлијата Карлос Еспи со снаодлива реакција по грешката на одбраната на Еспањол. Џуд Белингем го отвори резултатот и му донесе рано водство на Реал Мадрид по асистенција на Арда Ѓулер. Еспањол успеа да израмни ...

Масимилијано Алегри со победа од 0-2 на гостувањето против Џенова успешно дебитираше на клупата на Наполи во првото коло од новата сезона во Серија А. Ова беше прв официјален натпревар за италијанскиот стратег откако летово го наследи Антонио Конте. Наполи одигра прилично тешко прво полувреме, во кое домаќините од Џенова беа поопасни и пропуштија неколку добри прилики. Клучниот потег на натпреварот се случи во второто полувреме кога Алегри ...

Ракометарите на Охрид го одбранија трофејот на меморијалниот турнир „Крсте Андоноски“, откако вечерва во големото финале го надиграа Вардар и на крај славеа со 29-27. Со оваа победа момците на Борис Ројевиќ прокнижија уште еден трофеј пред стартот на сезоната. Двете екипи пред само една седмица се сретнаа и во финалето на турнирот во Струга, а и таму поуспешни беа ракометарите од Охрид, па така „гладијаторите“ најавуваат дека и во новата ...

Наполи со победа ја започна новата сезона во Серија А, откако на гостувањето кај Џенова славеше со 0-2. Долго време мрежите мируваа на „Луиџи Ферарис“, но актуелниот вицешампион во самиот финиш успеа да го скрши отпорот на домаќинот. Кевин Де Брујне го отвори резултатот во 82. минута, а конечните 0-2 ги постави Антонио Вергара пет минути подоцна. Така, тимот на Масимилијано Алегри со три бода го започна шампионатот, додека Џенова долго ...

Жестока пресметка имаше меѓу Винисиус Јуниор и Алекс Галатрава, откако двајцата фудбалери влегоа во дуели кои предизвика многу реакции. Уште во втората минута Галатрава го шутна легнатиот Винисиус, но домашниот фудбалер остана без санкција. Половина час подоцна, Винисиус му возврати на свој начин, откако го турна Галатрава, за што судијата му покажа жолт картон. Anlaşılan Vinicius Júnior'a hala ırkçılık devam etmekte, hakem pozisyona kart ...

Баерн Минхен го освои првиот трофеј во новата сезона, откако во германскиот Суперкуп ја совлада Борусија Дортмунд со 2-1 на „Сигнал Идуна Парк“. Со овој триумф, тимот на Винсент Компани успешно ја започна новата натпреварувачка сезона. Баварците поведоа во 28. минута преку новото засилување Нејтанел Браун, кој по асистенцијата од Мајкл Олисе го постигна својот прв гол во официјален натпревар за Баерн. Олисе потоа се запиша и во листата на ...

Барселона официјално го промовираше Јоан Макунду како ново засилување, со што каталонскиот клуб дополнително ја засили конкуренцијата под обрачите. Французинот потпиша договор до јуни 2028 година. Макунду минатата сезона имаше турбулентен период, бидејќи играше и во Кина за Фуџијан, а потоа се врати во Монако за завршницата на сезоната. Токму од редовите на францускиот клуб пристигнува во Барселона. Ова не е првпат Барса да се интересира за ...

Фенербахче убедливо води против Коњаспор со 4-1 во второто коло од турската Суперлига, но натпреварот во Истанбул падна во втор план по страшната сцена со Керем Актуркоглу. Напаѓачот на Фенербахче по еден воздушен дуел на почетокот од второто полувреме падна на тревникот и остана неподвижен. Медицинската екипа веднаш истрча на теренот, а на Актуркоглу му беше укажувана помош неколку минути. KEREM AKTÜRKOĞLU BAYILDI! GEÇMİŞ OLSUN KEREM! ...

Валенсија и Селта Виго одиграа без голови (0-0) на „Местаља“ во натпреварот од второто коло на Примера, а македонскиот голман Столе Димитриевски беше меѓу најзабележителните домашни фудбалери. Димитриевски го започна натпреварот од првата минута и успеа да ја сочува мрежата недопрена во текот на сите 90 минути. Македонскиот репрезентативец во 39. минута доби жолт картон, но тоа не влијаеше на неговата концентрација до крајот на средбата. ...

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 оствари убедлива победа над Бутел Скопје со резултат 37-30, во последниот натпревар од групната фаза на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп. Битолчани влегоа силно во натпреварот и веќе на полувреме имаа солидна предност (22-17), која успешно ја задржаа до крајот. Најефикасен беше Кристијан Симоновски со 7 гола, а одлични партии одиграа и Давид Димески (6 гола) и Лука Георгиевски (4 гола). Кај Бутел, најдобар ...

Илија Несторовски постигна гол во победата на Славен Белупо над Горица со 2-0, со која тимот од Копривница конечно стигна до првиот триумф во новата сезона на ХНЛ. Македонскиот напаѓач ја затресе мрежата во 21. минута, само три минути откако Јосип Митровиќ го отвори резултатот. Несторовски одлично ја искористи укажаната шанса и ја зголеми предноста на домаќините. Славен Белупо до крајот ја сочува предноста и стигна до важни три бода, додека ...

Актуелниот шампион на Италија, Интер, со убедлива победа ја започна новата сезона во Серија А, откако на „Џузепе Меаца“ славеше над Монца со 4-1. Интер одлично го отвори натпреварот и поведе уште во шестата минута. Хакан Чалханоглу со фантастичен удар од далечина испрати вистинска „бомба“ во мрежата на гостите. Монца, сепак, успеа да одговори и во 29. минута преку Варела да израмни на 1-1. Со тој резултат се замина и на пауза. Во второто ...

Познати се екипите кои ги освоија позициите од третото до осмото место на турнирот „Крсте Андоновски“, а вечерва останува да се одигра големото финале меѓу Вардар и Охрид. Во натпреварот за третото место, Загреб по драматичен меч го совлада Тримо Требње. Регуларниот дел заврши 24-24, по што хрватскиот тим беше посигурен при изведувањето на пеналите и славеше со 5-3. Петтото место му припадна на Војводина, која во ефикасен натпревар го совлада ...

Тотенхем со убедлив пораз од 3-0 (2-0) на гостувањето кај Брентфорд ја започна новата сезона во Премиер лигата. „Пчелите“ одиграа одличен натпревар и заслужено стигнаа до убедлив триумф, против тимот кој што летово потроши најмногу во Англија. Брентфорд поведе во 12. минута преку Кин Луис-Потер, а Витали Јанелт во 33. минута зголеми на 2-0 по одбиена топка во шеснаесетникот. Точка на натпреварот стави Мајкл Кајоде во 52. минута, кога беше ...

Фудбалскиот свет е потресен од трагичната смрт на 25-годишниот Кевин Кастро, кој почина откако колабираше за време на пријателски натпревар во Португалија. Кастро настапуваше за Реал Спорт Клубе на дуелот против Естрела Амадора, но само десет минути по почетокот на средбата се срушил на теренот. Медицинската екипа веднаш реагирала, а бил употребен и дефибрилатор. Фудбалерот потоа бил итно пренесен во болница, каде што за жал била потврдена ...

Доминик Балард постигна спектакуларен гол во натпреварот меѓу Бирмингем и Бристол во второто коло од Чемпионшипот. Напаѓачот на Бристол, иако беше свртен со грб кон голот, успеа со неверојатен удар со пета да ја испрати топката во поблискиот агол и да донесе водство од 2-1 за својот тим. Натпреварот заврши 2-2, но погодокот на Балард сигурно ќе се најде меѓу најсериозните кандидати за „Пушкаш“ наградата. Доминик Балард постигна спектакуларен ...

Во првиот натпревар од развојниот турнир на УЕФА за играчи до 15 години што се одржува во Струмица и Турново, репрезентацијата на Македонија се соочи со селекцијата на Босна и Херцеговина. Во регуларниот тек од натпреварот резултатот беше 2-2, а по подобро изведување на удари од 11 метри славеа гостите. Македонија поведе со погодокот на Габриел Фударски Митев уште во втората минута. Во 18. капитенот Леис Факиќ зголеми на 2-0. Во 27.минута ...

Интер на одличен начин го започна натпреварот против Монца во првото коло од новата сезона во Серија А, а во центарот на вниманието веднаш се најде Хакан Чалханоглу. Турскиот репрезентативец во шестата минута испрати вистинска „бомба“ од далечина, а неговиот удар заврши во мрежата на Монца. За искусниот играч за врска ова е шеста сезона во дресот на Серија А, а минатиот шампионат го заврши со девет гола и четири асистенции. Интер на одличен ...

Екипата на Атлетик Билбао со пораз пред својата публика ја отвори новата сезона во Примера, откако во рамки од второто коло загуби од Севиља со 1-3. Баскискиот тим во проблеми влезе уште во единаесеттата минута, откако Берчиче поради прекршок заработи директен црвен картон и го остави својот тим со десет фудбалери во поле. Гостите од Севиља бројчаната предност ја искористија по само четири минути, а на голот на Осо „кумуваше“ најдобриот ...

Фудбалерите на Пелистер повторно потфрлија во Втората македонска фудбалска лига. По ремито во Битола против Камјани, денеска во Кавадарци „зелено-белите“ немаа решени ниту за младите момци на Брера и одиграа само 0-0. Пелистерци беа подобриот ривал на теренот, имаа иницијатива и многу шанси, но ниту една од нив не заврши во посакуваната цел. На спротивната страна пак, Брера си ја заврши својата задача, и остана непоразена, а бодот има ...

Екипата на Арсими ја запиша втората победа во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, откако на гостувањето кај Шкендија Арачиново на „Чаир“ славеше со сигурни 0-2. По триумфот над Башкими во претходното коло, денеска Арсими долго време ја чекаше својата вистинска шанса, а херој беше резервистот Каба Јакупи, кој беше автор на двата гола. Двата тренери приредија изнедувања во стартниот тим и Симоновски остана на клупата на Шкендија ...

Екипат ана Евертон со победа ја започна новата сезона во Премиер лигата, откако на свој терен го совлада Кристал Палас со 2-0. Домаќинот на „Хил Дикинсон“ до предност стигна во 42. минута преку Кирнан Дивсбери-Хол, кој по добра индивидуална акција со прецизен удар ја затресе мрежата на гостите. Евертон продолжи во ист ритам и веднаш по паузата го постигна вториот гол. Во 53. минута Тиерно Бари со глава ја погоди мрежата по нафрлањето од ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Калај

46.54

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Платина

49319.25