Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Фудбалската репрезентација на Јужна Кореја победнички го започна настапот на Светското првенство, откако во натпревар од првото коло во групата А ја совлада Чешка со 2-1 по голем пресврт. Херој на азиската селекција беше поранешниот фудбалер на Црвена Звезда, а денес член на Феенорд, Ин-Бом Хванг, кој постигна гол и забележа асистенција во триумфот на својот тим во Гвадалахара. Корејците беа подобриот противник во поголемиот дел од мечот. ...
Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, изјави дека претстојниот настап на трката во Барселона, ќе биде веројатно негов последен на оваа легендарна патека. Возачот на Астон Мартин нагласи дека викендот ќе биде посебен за него, бидејќи патеката од 2027 година нема повеќе да биде редовен дел од календарот на Формула 1, туку ќе се ротира со други европски трки. Алонсо, кој има 44 години и чиј договор истекува на крајот од ...
Управата на Евролигата разгледува планови за организирање нов предсезонски турнир кој би служел како подготовка за почетокот на сезоната во најсилното европско клупско кошаркарско натпреварување. Според информациите, како една од можните локации се споменува Абу Даби, кој би можел да биде домаќин на овој нов формат на натпреварување, доколку планот биде официјално усвоен. Идејата е да се создаде пократок турнир, или таканаречен „Суперкуп“ за ...
Селекторот на Јужна Африка, Уго Брос, и покрај поразот против Мексико на отворањето на Светското првенство, смета дека неговиот тим оставил добар впечаток и покажал борбеност против домаќинот на турнирот. Јужноафриканците мечот го завршија со само девет фудбалери на теренот поради два црвени картони, што дополнително ја отежна нивната задача во обидот да стигнат до позитивен резултат. „За првиот црвен картон мислам дека нема многу што да се ...
Селекторот на Мексико, Хавиер Агире, не го криеше задоволството по победата од 2-0 над Јужна Африка на отворањето на Светското првенство 2026. Искусниот стратег истакна дека стартот на еден ваков турнир секогаш носи дополнителен притисок, особено кога се игра пред домашната публика, но неговите избраници одговориле на најдобар можен начин. „Првиот чекор е секогаш најтежок, особено кога притисокот и очекувањата на цела една нација се на вашите ...
Британскиот тенисер Даниел Еванс одлучи да ја заврши кариерата. 36-годишниот Англичанец одлучи да се повлече веднаш по завршувањето на Вимблдон, каде за последен пат ќе го почувствува професионалниот тенис. Во кариерата најдобар пласман на АТП листата му беше 21. позиција, а денес се наоѓа на 217. место. „Овој спорт ми даде толку многу, што не можам да ви опишам. Пријателства, искуства, тешки битки, борба за добар тенис и мотивација за ...
Шкотскиот великан Селтик официјално потврди дека Мартин О'Нил ќе остане менаџер на клубот и во сезоната 2026/27. Искусниот 74-годишен стручњак потпиша едногодишен договор, со можност за продолжување на уште една сезона. О'Нил минатата сезона двапати се враќаше на клупата на Селтик и успеа да го предводи тимот до двојната круна, освојувајќи ги шампионската титула во Шкотска и националниот Куп. Токму тие резултати беа пресудни раководството да ...
Младиот Гилберто Мора стана нов рекордер во историјата на мексиканскиот фудбал, откако се запиша како најмладиот фудбалер кој некогаш настапил за Мексико на едно Светско првенство. Суперталентираниот играч влезе во игра во 66. минута од натпреварот против Јужна Африка во групната фаза на Мундијалот, заменувајќи го Алваро Фидалго. Во моментот на својот настап Мора имаше само 17 години и 240 дена. Неговиот влез во игра означи историски момент ...
Јапонскиот репрезентативец е официјално нов фудбалер на Фрајбург, потврди бундеслигашот на своите социјални мрежи и на официјалниот веб-сајт. Германскиот клуб објави дека потпишал перманентен договор со новиот играч, кој има 21 година и се наоѓа на списокот на јапонската репрезентација за Светското првенство. Гото е втор Јапонец што го засилува Фрајбург, откако претходно беше потпишан договор со Рихито Јамамото. Финалистот во Лига Европа се ...
Фудбалерите на Мексико ја совладаа репрезентацијата на Јужна Африка со 2-0 во првиот натпревар на 23. Светско првенство. Репрезентацијата на Јужна Африка го заврши натпреварот со деветмина играчи на теренот, откако во 49. минута беше исклучен дефанзивецот Спепело Ситоле поради соборување на противник во изгледна шанса за гол, а во 84. минута бразилскиот судија Вилтон Сампајо му покажа директен црвен картон и на Темби Зване поради удирање на ...
Репрезентацијата на Мексико ја оправда фаворитската улога и го отвори Светското фудбалско првенство со победа над Јужна Африка со сигурни 2-0 (1-0). Покрај двата гола, на првиот мундијалски меч видовме одлична атмосфера, дури три црвени картони и многу нереализирани шанси. Ко-домаќинот на планетарниот собир прикажа многу подобро издание од африканскиот ривал, а тоа се потврди по само девет минути игра, гостите направија голема грешка и му ...
Искусниот напаѓач Раул Хименез со погодок го отвори својот последен Мундијал во кариерата. Фудбалерот на Вулверхемптон беше стрелец за зголемување на водството на својата репрезентација на 2-0 во дуелот против Јужна Африка, потврдувајќи ја својата класа на големата сцена. Овој погодок имаше и дополнителна тежина, бидејќи беше негов прв во кариерата на еден голем планетарен собир. Сепак, моментот по голот беше уште повпечатлив од самиот ...
Шпанските репрезентативци Ламин Јамал и Нико Вилијамс повторно тренираат со националниот тим пред стартот на Светското првенство. Двајцата фудбалери изминатите денови работеа по посебна програма поради повреди, но сега се приклучија на редовните тренинзи на репрезентацијата, што претставува големо олеснување за селекторот Луис де ла Фуенте. Шпанија е сместена во тренинг-базата во Чатануга, во американската сојузна држава Тенеси, каде што ги ...
Пред почетокот на натпреварот, кој воедно го отвора и Светското првенство 2026 помеѓу Мексико и Јужна Африка, беше забележана интересна новина во протоколот. Двете репрезентации излегоа на теренот во сосема нов распоред, каде што сите играчи, и стартерите и резервите, заедно отидоа на центарот на теренот. Комплетните претставници на двете селекции се собраа околу знамето на својот тим. На овој начин, сите играчи ги слушаа химните на своите ...
Репрезентацијата на Јапонија претрпе сериозен удар непосредно пред настапот на Светското првенство, откако капитенот Ватару Ендо се повлече од националниот тим поради повреда. Веста ја потврди Јапонскиот фудбалски сојуз, кој соопшти дека искусниот 33-годишен фудбалер нема да може да настапи на Мундијалот поради проблемите со закрепнувањето по операцијата на стапалото што ја имаше во февруари годинава. Ендо не успеа целосно да се врати во ...
Само девет минути беа потребни за првиот гол на Светското првенство. На „Ацтека“ домашната селекција на Мексико рано поведе на натпреварот против Јужна Африка, а мразот го скрши Јулијан Кинонес. По една грешка на одбраната на Јужноафриканците, искусниот напаѓач прво ја украде топката, а потоа биеше итро и донесе водство за својата селекција и огромна радост на трибините. Goalllll Mexico!!! JULIAN QUINONES WITH THE FIRST GOAL OF THE 2026 WORLD ...
Со спектакуларна церемонија на преполниот стадион во Мексико Сити официјално започна Светското првенство 2026, непосредно пред воведниот натпревар меѓу домаќинот Мексико и селекцијата на Јужна Африка. Повеќе од 80.000 навивачи на трибините беа сведоци на импресивно отворање исполнето со музика, светлосни ефекти и богата кореографија која ја славеше фудбалската игра и културното наследство на земјите домаќини. Кулминацијата на церемонијата ...
Светското првенство во фудбал пристигнува со нова димензија! Најголемиот Мундијал во историјата ќе донесе незаборавни натпревари, нови херои и спектакуларни моменти од трите земји домаќини – Канада, Мексико и САД. Следете нè секој ден за анализи, приказни и сè што треба да знаете за патот кон светскиот фудбалски трон! Последна за презентација за Мундијалот е Групата Л, во која за првите места главниот збор ќе го имаат Англија и Хрватска, а ...
Шпански Реал Мадрид и официјално го потврди враќањето на Жозе Мурињо на клупата на најтрофејниот европски клуб. Одлуката била донесена на денешниот состанок на управниот одбор предводен од претседателот Флорентино Перез, по што Португалецот беше именуван за нов шеф на стручниот штаб. Мурињо потпиша договор со „кралскиот клуб“ до 30 јуни 2029 година, а својот втор мандат во Мадрид ќе го започне со стартот на летните подготовки, закажани за 13 ...
Фудбалските репрезентации на Мексико и Јужна Африка во Мексико Сити ќе го отворат Светското првенство (СП) во САД, Канада и Мексико, а селекторите Хавиер Агире и Хуго Брос ги одредија стартните тимови. Во стартниот тим на Мексиканците, ќе го нема Едсон Алварез од Фенербахче, на клупата остана и Сантиаго Хименез од Милан, исто и легендарниот голман Гиљермо Очоа. Мексико (4-1-4-1): Рангел; Рејес, Монтес, Васкез, Гаљардо; Лира; Алварадо, ...
Капитенот на македонската репрезентација Филип Кузмановски одигра нов натпревар на Азиското клупско првенство во дресот на Кувајт. Кувајт доживеа пораз од Бурган со резултат 24-30 (11-15). Филип Кузмановски беше во ростерот и постигна вкупно два гола. Најдобар стрелец кај Бурган беше Махмуд со осум гола, а поддршка му беше Косуке Јасихура, средниот бек кој последната полусезона ја мина во ГРК Охрид со шест гола. Јапонецот ја доби и наградата ...
Светското првенство во фудбал пристигнува со нова димензија! Најголемиот Мундијал во историјата ќе донесе незаборавни натпревари, нови херои и спектакуларни моменти од трите земји домаќини – Канада, Мексико и САД. Следете нè секој ден за анализи, приказни и сè што треба да знаете за патот кон светскиот фудбалски трон! Продолжуваме со презентација на учесниците на шампионатот, следна е Групата К во која фокусот е кон Португалија и Кристијано ...
Женскиот ракометен клуб Вардар и официјално потврди дека во сезоната 2026/27 повторно ќе биде дел од европските клупски натпреварувања. Скопскиот клуб го искористи правото што го избори преку домашното првенство и го пријави својот настап во ЕХФ Европскиот куп, третото по ранг натпреварување под капата на Европската ракометна федерација. За „црвено-црните“ ракометарки ова ќе претставува нова можност за меѓународна афирмација и стекнување ...
Светското првенство во фудбал пристигнува со нова димензија! Најголемиот Мундијал во историјата ќе донесе незаборавни натпревари, нови херои и спектакуларни моменти од трите земји домаќини – Канада, Мексико и САД. Следете нè секој ден за анализи, приказни и сè што треба да знаете за патот кон светскиот фудбалски трон! Продолжуваме со презентација на учесниците на шампионатот, следна е Групата J, во која е актуелниот првак Аргентина предводен ...
Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, уште пред почетокот е обележано како историска пресвртница, но и со бројни контроверзии. Патот до организацијата на турнирот беше исполнет со политички игри, борба за власт во ФИФА и влијание на американската политика. Првично, според ротирачкиот систем на ФИФА, домаќин на СП 2026 требало да биде Канада. Земјата веќе се подготвувала за организацијата и се сметала за ...
Светското првенство во фудбал е пред самиот старт. Љубителите на фудбалот со нетрпение го чекаат најголемиот Мундијал во историјата со 48 репрезентации кој ќе се игра во следните месец и половина. Има и големи имиња кои нема да бидат дел од планетарниот собир. Некои се непласирани, некои се неповикани, а некои нема да играат затоа што испаднаа од конкуренција заради повреди. Во продолжение, погледнете ги идеалните тимови... НАЈДОБРИ 11 КОИ НЕ ...
Светското првенство во фудбал пристигнува со нова димензија! Најголемиот Мундијал во историјата ќе донесе незаборавни натпревари, нови херои и спектакуларни моменти од трите земји домаќини – Канада, Мексико и САД. Следете нè секој ден за анализи, приказни и сè што треба да знаете за патот кон светскиот фудбалски трон! Gol.mk ви носи и прогнози на наши фудбалски легенди и работници за спортскиот настан. Серијалот пред првиот меч на Мундијалот ...
Мароко се соочи со сериозен проблем непосредно пред стартот на Светското првенство, откако остана без двајца важни репрезентативци. Откако претходно стана јасно дека Абде Езалзули отпадна од комбинација, следуваше нов шок. Поради повреда Мундијалот ќе го скокне и Најеф Агерд. Нивното отсуство ќе биде сериозен удар за Мароко пред стартот на шампионатот.. Нивни замени ќе бидат Марван Саадан и Амин Сбаи, кои добија дополнителен повик и ќе ...
Првиот утрински натпревар на Мундијалот. Дуелот со кој ќе биде отворен денот на Светското првенство, меѓу Јужна Кореја и Чешка, ќе започне во 04:00 часот наутро (ноќта меѓу четврток и петок). Со овој натпревар ќе започне низата рани утра што многу љубители на фудбалот ќе ги поминуваат со најпопуларното спортско натпреварување во светот. Додека постоеше, Чехословачка двапати играше финале на Светското првенство – во 1934 и 1962 година – и беше ...
Чешка по две децении повторно ќе игра на Светско првенство, а најголемата надеж на селекцијата е напаѓачот на Баер Леверкузен, Патрик Шик. Искусниот голгетер во пресрет на првиот натпревар на турнирот против Јужна Кореја ги сподели своите очекувања. „Сите фудбалери сонуваат да играат на Светско првенство, на најголемата сцена во фудбалот. Ова е можеби последното искуство кое ми недостасува и навистина со нетрпение го очекувам. Во двата ...