Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Со 627 квадратни километри, националниот парк Шар Планина е малку поголем од десетте скопски општини заедно. За него се грижат вкупно 18 луѓе, од кои на десетина, редовната работа им е на терен – ренџерите и шумските техничари, а другите се директорот, двајцата раководители, административците и ИТ-техничарот. Треба да бидат над 50, но пари има само за една третина од она што предвидела систематизацијата. Шар Планина е првиот и досега ...
Четири дена откако ја поднесе, денес парламентот ѝ ја констатира оставката на Татјана Димитровска, претседателката на Антикорупциската комисија. Нејзиниот мандат траеше едвај година и пет месеци. На челната позиција на ДКСК дојде со најави за бескомпромисна борба со корупцијата, но наместо да остане запаметена по судирот со моќниците, мандатот ѝ завршува во судир со законот. Стартот на новиот состав на Антикорупциската комисија што го ...
Новата година традиционално е период кога се сумира сработеното и се поставуваат приоритетите за периодот што следи. Во таа рамка, активизмот и волонтерството остануваат области во кои промените најчесто зависат од поединци или од неформални иницијативи наместо од системски решенија. Иако нивната работа ретко добива институционална поддршка, ефектите се видливи и мотивирачки за многумина. Затоа БИРН споделува неколку приказни, за луѓето, кои, ...
Ако годината што изминува се погледне низ призма на истражувањата, анализите и темите што ги отвори БИРН, заедничкиот именител на речиси сите стории е ист – системот не функционира. Во некои случаи, неговата нефункционалност доведе до трагедии со човечки жртви, во други создаде неправди, нееднаквост, селективна примена на законите и дополнително го отежна секојдневниот живот на граѓаните. Системските пропусти чинат животи „Ќе има големо ...
По пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, властите ветија „ресетирање на системот“. Девет и пол месеци подоцна, системот е ист: без политичка одговорност и со закони кои евидентираат трагедии, наместо да ги спречуваат. Да не се случеше катастрофалниот пожар во Кочани, дискотеката и денес ќе работеше исто онака како што работела 13 години наназад, затоа што Законот за угостителска дејност и денес е истиот каков што бил и кога се случи ...
Истата тегличка македонски ајвар, која Бранимир Јовановиќ во Виена ја купил за 4 евра, во маркет во Скопје непосредно пред новогодишните празници, го чинела 5 евра (290 денари). Економскиот аналитичар и истражувач, кој веќе пет години живее во Австрија и работи во Виенскиот институт за меѓународни економски студии, не бил многу изненаден. Одамна говори дека во Македонија, оние што се на власт не работат во интерес на граѓаните, а цената на ...
Додека судиите од Кривичниот суд се подготвуваат да го оценат обвинението за трагедијата во дискотеката „Пулс“, во соседната зграда на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција уште се собираат доказите за втората истрага што се води за Кочани. Обвинителката од специјализираното одделение за кривични дела што ги сториле полицајци, шест и пол месеци собира докази за нивната одговорност за случајот. Oсомничените како службени ...
Нема напредок. Со eдна реченица, Европската Унија годинава, во најновиот извештај го „закопа“ напредокот на земјава за реформите во правосудството. Лани имавме ограничен напредок. Годинава ни толку. Комисијата, не само што не гледа прогрес, туку предупредува дека владата и парламентот се мешаат и вршат притисок врз правосудството. „Повторените изјави од високи политичари претставуваат прекумерно влијание и заплашување и ја поткопуваат ...
Европскиот суд за човекови права во Стразбур ги усвои тужбите на тројца македонски судии што ги разреши Судскиот совет поради нестручно вршење на судиската функција. Судот минатиот месец едногласно одлучил, а вчера ја објавил одлуката дека на врховниот судија, Стојанче Рибарев, штипската апелациска судијка Сузана Здравева и битолската судијка Силвана Илиевска им било повредено правото на фер судење. Со други зборови, државата го прекршила ...
Љупчо Коцевски реши да ги пресретне, она што извесно ќе беа непријатни дискусии за неговиот мандат, па во истото време кога беше закажана седницата на собранието за негово разрешување, на прес-конференција ја соопшти одлуката да поднесе оставка. Во своето обраќање, освен квалификацијата дека неговото разрешување е политичко, тој говореше за случаите што ги отворило Обвинителството, вклучително и за Кочани, за предметите за Антикорупциска и ...
Речиси 40 години, неделното сатирично списание „Леман“ редовно излегуваше во Турција. Но на 26 јуни беше објавена карикатура што ја прикажува Газа под оган, со две фигури именувани Мухамед и Муса (Мојсеј) – пророкот на исламот и пророкот во јудаизмот. Во една од сцените, двајцата ликови меѓусебно се претставуваат: „Assalamu alaikum (Мирот нека биде со тебе)“, јас сум Мухамед. „Wa alaikum assalam (И со тебе)“, јас сум Мојсеј. Издавачите на ...
Последниот број на хрватскиот политички неделник „Глобус“ излезе вчера, а издавачот „Ханза медиjа“ како причини за згаснувањето ги наведе пазарните и деловните околности. „Глобус“, кој беше ценет во 1990-тите и 2000-тите години по својата независна уредувачка политика, се чини дека стана уште една жртва на падот на приходите од реклами и колапсот на продажбата на печатени медиуми што го погодува целиот сектор. Преминот кон онлајн-платформа не ...
Мартин Џорлев, млад музичар, добропознат на алтернативната сцена како фронтмен на бендот „Луфтханза“, настапи во едно различно издание на овогодинешниот музички фестивал ПИН во Скопје. Само една недела по издавањето на неговиот најдолгоподготвуван соло-албум „На Балкан, сам“, Џорлев и уште седум музичари што го придружуваа, свирејќи под името „Животни“, ги изведуваа новите песни во Младинскиот културен центар (МКЦ). Музички издржаниот ...
Буџетот на програмата за ретки болести, преку која се лекуваат 430 пациенти, е намалена од 24 милиони евра на 17,5 милиони евра за 2026 година, алармираат здруженијата на пациенти. Тие велат дека средствата што досега ги обезбедувала државата едвај биле доволни. А ова кратење дополнително ќе „удри“ по овие ранливи пациенти, чии лекови може да чинат по стотици илјади годишно. Весна Алексовска, претседателката на здружението на граѓани со ретки ...
Суд сместен во станбена зграда, канцеларии претворени во судници, судови сместени во згради во кои има уште по три државни институции, теписон и мебел стари 40 години, и рочишта што се снимаат на цедеа. Ако на тоа се надоврзе и преполовениот број судии од 363, од потребните над 600, и недостигот од судски службеници и администрација, заклучокот е дека македонското судство мора да импровизира за да преживее. Приливот на предмети расте, а ...
По повеќе од една деценија тивок политички живот и речиси целосно исчезнување од јавната сцена, Горан Минчев исплива во прв план како де-факто втор човек на владејачката партија ЗНАМ и министер задолжен за „ресетирање“ на неефикасната јавна администрација. Во улогите на реформатор на државниот апарат и генерален секретар на ЗНАМ, Минчев влезе со тридецениско искуство во СДСМ, партија со која и натаму има силна емотивна врска и која го врзува ...
Од 25 ноември до 10 декември се одбележуваат 16 денови активизам за борба против родово базираното насилство. Во тој период, политичарите и други јавни личности интензивно зборуваат за овој општествен проблем, кој секогаш не е во фокус во другиот дел од годината. Само годинава, во земјава имаше четири случаи на фемицид, меѓу кои беа брутално убиените Росица Коцева од Велес и Рамајана Асан од Скопје. Иако Македонија ја ратификуваше ...
Антикорупциската комисија денеска доби нов претседател. За првпат, челник на ова тело, суштинско за откривање и особено за спречување на корупцијата, станува човек однатре. Правникот Адем Чучуљ, од 2006 година е во Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), од времето кога институцијата броела шест вработени. Почнал како записничар и пишувал соопштенија, советувал и учествувал во стратегии и дебати, за лани да стане генерален ...
Зар остана нешто неизградено? Ова е прашање што скопјани често си го поставуваат по повеќе од две децении интензивна градба на станбени згради и на висококатници во главниот град, кои целосно го изменија ликот на повеќето населби во него. Низ годините, многу празни простори, запуштени места, поранешни индустриски комплекси, големи паркинзи, дури и функционални паркови се претворија во градежни зони. Населбите со куќи во кои живееше по едно ...
Граѓанските здруженија повторно предупредуваат дека ќе нема доволно пари за програмата за заштита на населението од ХИВ, тренд што се провлекува во последниве неколку години. Програмата, имплементирана од Министерството за здравство, има две пошироки компоненти – терапија за ХИВ пациенти и активности за превенција што ги спроведуваат граѓански здруженија. Активистите се загрижија откако забележаа дека предлог-буџетот за 2026 предвидува 1,45 ...
Откако БИРН објави дека дронот што ја снимаше акцијата за чистење на градот не бил пријавен за лет во системот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, новиот скопски градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, во интервју за Канал 5, рече дека не знае кој ги објавил снимките од дронот, но дека тоа не се луѓе од неговото опкружување. „Друг ги објави сликите. Не се сеќавам дали беше некој портал, не знам точно, но еве ќе провериме“, кажа Ѓорѓиевски. Чиј ...
Четири дена по пожарот во магацинот, во кој се складирале литиумски батерии и електронски отпад, познати се само неколку состојки во воздухот што го дишеа жителите на Трубарево и скопјани. За другите се најавуваат резултати в петок, а за дополнителните анализи ќе треба да се почека до следниот месец. Од утре, јавните обвинители излегуваат на терен, каде што ќе вршат увид на изгорениот магацин. Но, инцидентот во Трубарево беше само еден од ...
Дронот што ги снимаше панорамските кадри од акцијата за чистење на Скопје не бил пријавен за лет во Агенцијата за цивилно воздухопловство, покажуваат јавно достапните податоци на оваа институција. Правилата налагаат секое летало што лета на македонското небо, претходно да биде регистрирано заедно со неговиот оператор, а летот претходно да биде најавен во системот. Во други случаи, кога правилата биле прекршувани, Агенцијата за цивилно ...
Дванаесет нови жолти канти, со ознаки за рециклирање. Зад нив – десетина луѓе со подигнати тупаници, како знак за подготвеност да се влезе во борба со скопското ѓубре. Сцената на фотографијата на социјалната мрежа Фејсбук ја сподели првиот човек на Општина Центар, Горан Герасимовски, кој со својата екипа се вклучи во помпезната акција за чистење на главниот град, која на 6 ноември ја организираше новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Но, оваа ...
Се чини дека Обвинителството го приложило секое ливче или документ што го собрало, а кое е поврзано со работењето на дискотеката „Пулс“ во Кочани за да биде доказ во судската постапка. Oва е првичниот впечаток кога ќе се види обемната листа на докази, што обвинителите ја поднесоа пред првото рочиште. Тие предложија околу 1.400 материјални докази: oд документи од пред три децении, до билети од дискотеката, цедеа со фотографии, видеа, технички ...
Ако некој сака да го провери списокот на одземени лиценци од градежните компании, што Министерството за транспорт го објави непосредно по трагедијата во Кочани, ќе наиде само на пораката „грешка 404“, која означува дека некоја страница веќе не постои. Тоа беше една од најсподелуваните информации кога се појави пред осум месеци, но веќе ја нема на страницата на Министерството. Ништо подобро нема да помине ниту обидот да се најдат соопштенијата ...
Првото рочиште за пожарот во Кочани покажа дека судењето за трагедијата нема да се темели само на факти и докази, туку и на емоции и правни компромиси. Обвинителството на самиот почеток одлучи дел од доказите и сведоците да ги повлече, но и да спои во истата постапка обвинение за уште еден обвинет во обид да го скратат времето за судење, што, секако, се очекува да трае со години. Обвинителите ќе го носат најголемиот товар во случајот за оваа ...
Горан Герасимовски го освои вториот мандат како градоначалник на Општина Центар, по два изборни круга. Центар е една од само шест општини во кои победи неговата партија, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, која, барем според бројките, го имаше најлошиот резултат досега, иако партиското раководство тврдеше дека состојбата не е толку лоша. Со добиени 11.108 гласа, Герасимовски има речиси ист број гласови како сите други петмина партиски ...
По повеќе од две децении, познато лице се врати во бараките кај Градскиот парк. Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, повторно е дел од градската администрација, меѓутоа овојпат како советник. Неговото искуство, заедно со улогата на опозиционер, го става во позиција да ги коментира првите денови од мандатот на Орце Ѓорѓиевски и да укаже на приоритетите во следните четири години. По сериозниот изборен пораз на опозицискиот блок, со ...
По четири години неизвесност и јавни полемики околу изградбата на кулите спроти хотелот „Холидеј ин“, Обвинителството стави точка на случајот: Нема криминал. Ја отфрли кривичната пријава што ја поднесе Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), со заклучок дека во неа нема елементи на кривично дело. Две обвинителства работеа на случајот. ДКСК, во април 2021 година ја испрати кривичната пријава до Обвинителството за гонење ...