„Ученички од трето одделение терале врсник да бакнува ВЦ-школка“, „ Наставник тепал ученик со аутизам среде училишниот двор“, „Основец претепал наставничка и нападнал соученици“. Ова се неколку од насловите во медиумите во последните месеци, кои илустрираат со какви проблеми се соочуваат учениците, нивните родители, но и вработените во македонските училишта. Понекогаш се работи за булинг – меѓуврсничко насилство што се случува меѓу самите ...

Фалсификуваните сертификати по англиски јазик што ги добиле двете осудени директорки преку бугарското студио „Јулија“, биле откриени случајно при друга истрага на полицијата во Агенцијата за администрација, дознава БИРН. Од август 2022 година под мерки за следење биле вработени во Агенцијата, кои, за пари им помагале на кандидати да го положат испитот за административен службеник. Според извори на БИРН од истрагата, инспектори од одделот за ...

Сопственичката на „Анго“, фирмата што требаше да ја изгради спорната катна гаража до Собранието, Анкица Трпковска, е избрана за член на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), државната институција што го регулира телекомукацискиот сектор. На собраниската седница, која се одржа во вторникот, за неа гласаа 61 пратеник од владејачкото мнозинство. Трпковска нема да биде вработена во АЕК, туку ќе треба да учествува на седниците ...

„Во галаксија, не толку многу далечна, има опасно и моќно оружје, кое може да го избрише целото постоење. За несреќа, тоа се наоѓа во главата на еден тотален лузер.“ Ова е најавата за првиот македонски анимиран долгометражен филм „Јон Вардар против галаксијата“, каде што главниот херој има супермоќ да запаѓа во неволји. Во ова интергалактичко патување за целото семејство, главни улоги имаат и емоционално незрел робот, како и многу, многу ...

По тридецениска доминација, бизнисменот Доне Таневски на пат е да ја изгуби контролата врз хотелскиот гигант „Македонија турист“, која ја има уште од периодот на транзицијата. Берзанските промени, во последниве три месеци, на површина исфрлија тројца нови и потенцијално клучни играчи во хотелското акционерско друштво, бизнисмените Фатмир Етеми, Зоран Антиќ и Симеон Павлов. Заедно, тие имаат поголем удел од Таневски. Она што се истргува на ...

По пауза од неколку месеци, новинарите повторно ќе можат да го користат Централниот регистар бесплатно. Вчера Собранието изгласа измени во Законот за Централен регистар со кој новинарите со писмено барање ќе можат бесплатно да добиваат податоци од регистарот за истражувачки цели. Како што беше праксата и пред паузата, која се појави поради ставот на новата власт дека оваа бесплатна услуга мора да се регулира со закон. До октомври, новинарите ...

Ви пристигнува известување дека имате нова порака на Инстаграм. Некој од вашите пријатели ве моли да кликнете на одредена веб-страница и да гласате за нив, со барање да им помогнете да добијат некаква награда. Но, веб-страницата е лажна, а вашиот пријател никогаш немал намера да ја побара услугата. Станува збор за еден од најчестите примери за крадење профил на социјалните мрежи. Оваа шема не е нова. Се појавува одвреме-навреме како потсетник ...

Двајца нови членови на Советот на обвинители добија зелено светло од собраниските комисии и останува пратениците да го потврдат нивниот избор. Комисиските филтри ги поминаа струшкиот адвокат, Ардијан Демири, и истражителот од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ведат Салихи. 50-годишниот Демири во биографијата напишал дека ги завршил студиите на Правниот факултет во 2004 година. Работел како преведувач, соработник и ...

Не е сѐ сервирано на тацна, вели Катерина Илијовска, една од основачите на платформата за поодржлив начин на живот „Јес фор лес“ (Yes for less), раскажувајќи го своето искуство за селектирање отпад. Иако во земјава веќе три децении се водат кампањи за подигнување на јавната свест за справувањето со отпадот, од кои некои беа организирани и од државни и локални институции, и натаму нема никакво системско решение за одвојување на употребливите ...

Синоќа во Скопје, неколку ромски организации го одбележаа 5 ноември, Светскиот ден на ромскиот јазик. На настанот насловен „Слушни ромски“, повеќето од говорниците зборуваа на ромски, што ретко се случува. На панел-дискусија се разговараше за важноста на употребата на литературниот ромски јазик, со цел да се развие културата и книжевноста на заедницата, а настанот вклучуваше и перформанс на ромски јазик. Во 2008 година се промовира првиот ...

Во последната верзија на Законот за основно образование која веќе е стигната во Владата се избришани зборовите „род, сексуална ориентација и родов идентитет“ како основи за дискриминација. Ова беше соопштено денеска на брифинг за новинари на организацијата „Коалиција Маргини“. Од таму, алармираа дека со измените се обесхрабруваат жртвите на ваков вид дискриминација да пријавуваат. Тие нагласуваат дека со овие категории Законот за основно ...

Тие што немаат време да ги следат дневните случувања, што кусо се информираат преку фејсбук-објавите на порталите или можеби ги гледаат само најавите во вечерните ТВ-дневници, би добиле искривена слика дека со укинувањето на етничкиот балансер се сопира и изворот на проблемите во јавната администрација од чии услуги многумина не се задоволни. „Квалитетот треба да ја води Македонија напред, а не балансерот, Бадентерот или партиската книшка“, ...

Веќе две недели, откако беше именуван за директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски е главна тема во јавноста. Изборот на премиерот Христијан Мицкоски оваа институција да ја води 41-годишниот разузнавач е спорен поради неколку причини- неговата диплома за положен ТОЕФЛ од бугарското јазично студио Јулија, за кое нема информации дека издава сертификати, како и партиското членство во ВМРО-ДПМНЕ каде што до лани беше ...

Пет години по донесувањето на новиот Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер во 2019, алатка што ја користат новинарите, граѓанските организации и граѓаните, за да добијат податоци што ги имаат институциите, формирана е работна група за негова промена. Иницијативата доаѓа од Агенцијата што го штити правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, која ја менаџира Пламенка Бојчева. Овие измени се предлагаат во ...

Поранешен член на политичка партија од Скопје, пожарникар од Кавадарци и нивни пријател од Валандово, два часа убедуваа стотина граѓани вклучени на вебинар за апликацијата ДГПТ дека ќе испуштат животна шанса ако не инвестираат во неа. Раскажуваа дека заработката е сериозна и за кратко време се враќаат неколкукратно повеќе средства од вложените, а профитот расте ако се убедат и други луѓе да влезат во истата шема. „Еве, не мора повеќе, доволно ...

Повеќе од 16 милиони тони комунален отпад биле создадени во Македонија, во изминативе дваесет години, откога почна да се зборува за изградба на регионални депонии, односно центри за селектирање и за рециклирање. Тоа го покажуваат податоците од Заводот за статистика. Ако сето тоа количество домашно ѓубре се натовари во стандардните камиони што ги користат комуналните претпријатија, тие би направиле колона од над 11 илјади километри, како од ...

Сомнителниот увоз на јаглен за РЕК Битола, интересите зад проектот за катна гаража до парламентот, купувачот на запленетите станови на Сашо Мијалков, фирмите за надзорот на Бехтел и Енка, набавките на софтвер поврзани со Драги Рашковски– сите овие приказни кои предизвикаа внимание и имаа влијание во јавноста беа сработени со употреба на податоците од Централен регистар и користењето на правото за пристап до информации од јавен карактер. Но, ...

За првпат кај нас, највисокиот суд минатата недела усвои начелно правно мислење, со кое ја задолжува државата да обезбеди здрава животна средина. Тоа значи дека врвот на судската власт застана зад правата на граѓаните, да живеат во здрава и чиста животна средина. Со тоа се создаде правен терен, доколку од некое загадување граѓаните трпат штета, да можат да ја тужат државата. За тоа што конкретно значи оваа одлука на Врховниот суд, ...

Којзнае што си помисли полскиот судија кој вчера беше на седницата на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, на која, Ирина Трајкоска-Стрезоски, беше избрана за нова директорка, кога слушна како претседателот на ова тело, судијата Беким Мехмеди, само што почна расправата, веднаш побара пауза. Верojатно затоа, судијата, кој инаку е во Македонија во проект на Делегацијата на Европската унија за владеење на правото, збунето ...

Во последниов период на социјалните мрежи се споделуваа многу различни информации за вложување пари во интернет апликациите како Конти и слични. Додека едни уверуваат дека овие апликации се одличен извор за брза заработка, други се жалат на измама и губење многу пари. БИРН истражува колку е распространета оваа појава во македонското општество и затоа сакаме да ги слушнеме вашите искуства со интернет апликациите во кои се вложува одредена сума ...

Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, во јануари годинава влезе во парламентот. По еден месец, пратениците го изгласаа, а примената почна шест месеци подоцна, односно од овој септември. Овој закон пропишува дека, кога јавниот обвинител има основани сомнежи дека некој сторил криминал, но нема доволно докази да го гони кривично, треба да достави инцијатива за проверка на стекнатиот имот до Финансиската полиција. Законот ...

Во Македонија има сè помалку студенти, а оние што одлучуваат високото образование да го завршат на домашните универзитети, ги преферираат информатичките науки и медицината. Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации покажува дека за последните десет години, бројот на студентите се намалил за седум илјади, односно за 12 отсто. Вкупниот број студенти во учебната 2023/2024 година изнесувал 55.316, а дури 20 отсто од нив учат на државните ...

Агенцијата за управување со одземен имот бара да останат маркичките за изградба на хациенди на плацовите на Водно, кои беа одземени во судските постапки од поранешниот премиер Никола Груевски и неговиот братучед и поранешен шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков. Станува збор за четири огромни куќи, вцртани на два рида на Водно и вгнездени во самата шума. Три се ставени на плацот во боровата шума од десната страна на патот што води кон средно ...

„Заедничкото родителство“ е нов концепт за македонското законодавство. Се однесува на еднакво поделени обврски меѓу родителите по разводот на бракот. Моментално, во изработка е новиот граѓански законик со посебен оддел за семејноправните односи каде што би се вметнал овој концепт. Додека одредени групи родители сметаат дека заедничкото родителство би било позитивна промена, граѓанските здруженија се загрижени за тоа какви ефекти ваквото ...

„Не беше изненадување.“ Ова е коментарот на Елиза Триантафилу, новинарка во грчкиот „Инсајд стори“ (Inside Story), на резултатите од истрагата на обвинителот на Врховниот суд, кој ја ослободи грчката разузнавачка служба од каква било одговорност за скандалот со шпионски софтвер што избувна во 2022 година. Триантафилу беше една од новинарите што првично известуваа за тоа, а наодите од сторијата доведоа до оставка на шефот на разузнавање на ...

Министерот за спорт Борко Ристовски за БИРН изјави дека поради „ненамерен технички пропуст“ не ја пријавил фирмата на неговата сопруга во имотниот лист кој го поднел до Државната комисија за спречување корупција. БИРН побара објаснување од министерот зошто НИБО Солушн, фирмата на неговата сопруга, Николина Ристовска не е вклучена во неговата имотна состојба. Фирмата е формирана минатото лето со дејност останато рударство и вадење на камен. ...

Државна стипендистка со диплома од престижен лондонски универзитет дигнала раце и заминала во Холандија откако со години чекала работа на скопски факултет. Таа била дел од програмата за стипендирање на највисокорангираните универзитети на Шангајската листа. Програмата е воведена во учебната 2011/2012 година, со цел талентираните студенти да се вратат во државава како висококвалификуван кадар, барем на одреден период, кој е конкретно утврден ...

Министерството за образование и наука ги стокми измените на Законот за основното образование, кои се во фаза на јавна дебата и наскоро би требало да се најдат во Собрание. Тимот на актуелната министерка Весна Јаневска предлага измени на некои реформи што беа клучни во Законот за образование, во 2020 година, на претходната министерка Мила Царовска. Една од тие измени е поврзана со инклузијата во образовниот процес за децата со атипичен развој. ...

Несекојдневна глетка е да се види и да се слушне претставник од религиозните заедници, уште помалку монахиња, на панел каде што фокусот е родовата еднаквост. Минатиот викенд, сестра Ефимија од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во Рајчица учествуваше на дебатите за родова еднаквост, организирана од Асоцијацијата за здравствена едукација ХЕРА во Маврово. Таму беа и новинари, политичари и претставници од бизнис-секторот. Нејзиното присуство ...

Дождот што паѓаше изминативе два дена ги изгасна сите пожари во земјава, со што стави крај на една од најдраматичните летни сезони во историјата на Македонија, во која во некои денови беа активни и повеќе од 50 пожари. Колку годинава беше полоша од претходните покажа и податокот од Европскиот информациски систем, според кој во 2024 година изгореле над 90 илјади хектари шума, или 3,6 отсто од целата територија на земјата, што е девет пати ...

weather icon

Скопје

-5ᴼ / -5ᴼ
1.03
80%
1014
weather icon

Белград

-7ᴼ / -10ᴼ
1.03
88%
1010
weather icon

Загреб

-3ᴼ / -6ᴼ
0.51
86%
1007
weather icon

Софија

-5ᴼ / -5ᴼ
2.57
74%
1014
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
3.37
63%
1010
weather icon

Љубљана

-2ᴼ / -3ᴼ
1.03
97%
1007
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
3.58
49%
1015
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
3.09
70%
1015
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
69%
1017
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -3ᴼ
5.14
80%
1007
weather icon

Будимпешта

-5ᴼ / -7ᴼ
0.45
84%
1008
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
6.69
48%
1012
Currency

61.555

Currency

52.853

Currency

70.9578

Currency

35.3623

Currency

38.0917

Currency

66.0649

Currency

7.56297

Currency

0.65614

Currency

0.33649

Currency

0.5246

Currency

1.22495

Currency

0.58743

Сребро

2439.02

Платина

69516.08

Злато

142522.91

Бакар

11.67

Паладиум

54399.06

Родиум

316684.85

Рутениум

44142.98

Цинк

3.17

Калај

44.87

Кобалт

59.52

Иридиум

169549.30

Алуминиум

3.10