Државната комисија за спречување корупција отвори предмет за кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ветува поволности за жителите на таа општина во болницата „Аџибадем Систина.“ Антикорупционерите, за БИРН, велат дека она што тие може да го испитаат е дали приватната болница е донатор на неговата кампања. Според Изборниот законик, фирми може да финансираат кампања во износ до 30 илјади евра, а како донација се ...

Овој текст не е за мене! Иако можеби ова прво ви паѓа на памет читајќи го насловот, искуството на стручњаците за интернет-измами предупредува дека сите сме потенцијални жртви на онлајн-стапиците. Вистина е дека повозрасните и дигитално помалку писмените се поранливи, меѓутоа никој не е имун. Раководителот на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти (ЦИРТ), Севдали Селмани, во изјава за БИРН, потенцира оти компјутерската ...

Локалните избори повторно го ставија во фокус проблемот со бездомните кучиња. Некои од кандидатите ветуваа инвестирање во поголеми стационари, додека други воопшто не ги спомнуваат бездомните животни во своите програми, иако глутниците кучиња по улиците одамна се голем проблем во главниот град. Проценките се дека само во Скопје има помеѓу 4.000 и 5.000 улични кучиња, бројка, која како што објаснува Радмила Пешева, директорката на ЈП „Лајка“, ...

Меѓународните санкции можат да бидат ефикасна алатка што ги држи одговорни моќните личности за своите постапки, но доколку не бидат проследени со конкретни чекори во своите земји, нивното дејство може да остане ограничено. Санкциите насочени кон влијателни личности и нивните компании на Западен Балкан се редовна појава повеќе од една деценија. Само во октомври, Обединетото Кралство воведе нови мерки против девет лица поврзани со криминална ...

Бизнисмен што посредувал меѓу клиенти во измамнички центри, кој за заштита на неговиот идентитет ќе го наречеме Петар, за БИРН раскажува за тоа што се случувало внатре во самите центри. Во неговата канцеларија, далеку од светот на измамите, тој го вклучи спикерфонот и повика агент од активен белградски кол-центар. „Работиме како психотерапевти. Мора да ги знаеш проблемите на клиентот – што го мачи, какви му се односите со сопругата, за што ...

На 19 октомври, во две мали европски држави се одржаа локални избори. Кампањите и во двете земји се одвиваа по некаков воспоставен ред, со таа разлика што, во Македонија, без проблем се трошеа пари за спонзорирање објави на социјалните мрежи, додека во Естонија, тоа беше забрането. Естонија е земја-членка на Европската Унија, а десетина дена пред изборите, двете највлијателни мрежи, Фејсбук и Инстаграм, престанаа да ги објавуваат ...

Минатата недела, дел од заштитената куќа на Владо Малески во Струга се урна поради градежни активности на објектот кој бил лепенка до неа. Куќата на македонскиот писател и автор на националната химна е типичен пример на староградска архитектура од 19-от век и заштитена како значајно културно наследство. Јавното обвинителство во Струга отвори постапка за инцидентот, а охридскиот Завод за заштита на спомениците излезе на терен за да ја ...

Резултатите од локалните избори не изненадија многумина. Сите претходни испитувања на јавното мислење покажуваа дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе однесе победа во повеќе општини, а дека СДСМ нема да направи успех, со што значително би ги подобриле резултатите од ланските парламентарни избори. Сепак, за многумина, изненадување е четвртото место што го освои нивната кандидатка за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, и големиот пораз во ...

За граѓаните на главниот град што секојдневно зависат од едвај функционалните автобуси има една добра и неколку лоши вести. Конечно, фаворитите за градоначалник на Скопје се согласуваат дека јавниот превоз мора физички да се оддели од автомобилите, како прв чекор кон минимум достоинствен транспорт. Ова е добрата вест, а лошите се дека одвојувањето чини и тој процес трае, додека новите електрични автобуси повторно се одложуваат откако летоска ...

Уште пред да почне судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, меѓу Јавното обвинителство и дел од адвокатите што ги бранат обвинетите се отвори жесток јавен судир. Адвокатите го оценија обвинението како паушално и нејасно и со предвидување дека предметот ќе се суди маратонски. Обвинителството испрати писмо до Адвокатската комора, барајќи одбраната да се воздржи од јавни настапи додека не почне судењето. Оттаму, пак, возвратија дека барањето е ...

На предната страна, на еден од мостовите во центарот на Кочани, распространо е бело платно, на кое со црвени букви пишува: „Години на молк секогаш водат до минута молк“, потсетник на трагедијата што го срози градот пред осум месеци. Веднаш над него се издига билборд со еден од кандидатите за градоначалник и изборната парола „За живот во Кочани.“ Двете пораки рефлектираат поинакви реалности што се разминуваат во малиот град – една за животот ...

Помина половина од кампањата за локалните избори. Додека кандидатите за градоначалници и за советници се смешкаат на билбордите, се појавуваат по секоја трета објава на социјалните мрежи и се туткаат за да ги собере во телевизиските студија, на вечерните митинзи, сликата е малку поинаква. Традиционално, таму тие се „предгрупа“ пред главниот настап на партиските лидери. Барем кај двете партии што сите години досега редовно си ги менуваа ...

Од пишување текстови и објави на социјалните мрежи до генерирање видеа и до софистицирани употреби во медицината, технологиите што користат вештачка интелигенција (ВИ) сè почесто стануваат секојдневие. Во последниве години, брзиот развој на ВИ отвори прашања за најдобрите практични и етички употреби на оваа технологија, но и на опасностите што може да ги донесе, особено околу елиминирањето на одредени работни места и економските последици од ...

На прв поглед, компанијата „Oлимпус прајм“ повеќе наликува на перспективен технолошки стартап отколку на еден од многуте безлични кол-центри што се појавуваат во главниот град на Србија. Сместен во зграда со модернистички дизајн, во новиот бизнис-кварт во Белград, компанијата изгледа како дел од престижно опкружување – се наоѓа веднаш до кинескиот културен центар и до луксузен хотел. Но, кога српската полиција, едно врнежливо јануарско утро ...

Топка одамна не се протнала низ мрежата од кошот на игралиштето што деновиве го посетивме во населбата Серава, во скопски Чаир. Теренот е затскриен меѓу тесни улички и новоизградените куќи и згради и, наместо за кошарка, служи како паркинг. Веднаш до него се распаѓа напуштена куќа. И на тоа место, како што ни рече локалниот жител Џемаил, некој сакал да подигне зграда. „Ама изгледа не им успеа“, рече пензионерот што живее во близина на ...

Во повеќе од 30 години како новинар поминав речиси низ сè што оваа професија може да понуди – од известување од војни и покривање на политичките случувања, до водење на централниот дневник на јавниот сервис. Имало успеси и признанија, но и цензура, притисоци, откази и напади. Крилата повеќапати ми биле потскратувани, но никогаш не сум зажалила што го избрав овој пат. За мене, новинарството секогаш било повеќе од работа; тоа е начин на живот, ...

Речиси половина од времето поминато на минатонеделниот брифинг со новинарите, премиерот Христијан Мицкоски го потроши говорејќи за шесте реформски закони од правосудството, кои требаше да бидат усвоени до јуни, за земјава да ги добие ветените пари од Брисел. Крајот на годинава е новиот рок за нивно усвојување. Мицкоски рече дека во тие закони нема измена што е „страшно реформска.“ „Со други зборови, бараат пари од Европската Унија, односно да ...

„Транспарентноста не е наш трик, таа е темел на нашето одговорно владеење“, вака владината портпаролка Марија Митева, со фејсбук-статус го дочека најновото рангирање за активна транспарентност, на кое Илинденска бр. 2 имаше скок од седум места во однос на лани. Рангирањето мери колку самите институции објавуваат информации, без да им се побараат. Меѓутоа, впечатокот на новинарите, засилен со официјални податоци, покажува дека државата сè ...

Ќе наврши речиси месец откако во јавноста повторно се појави темата за наводно незаконско следење јавни личности, меѓу кои и премиерот Христијан Мицкоски како опозиционер, преку службите на Агенцијата за национална безбедност. Сѐ тргна од брифинг во АНБ, на кој, директорот Бојан Христовски, на повиканите новинари им соопштил дека противправно биле користени ресурсите за следење на Агенцијата од 2019 до 2024 година. Оттаму испратиле ...

Вкупниот буџет за медиумската кампања што ја спроведе ВМРО-ДПМНЕ по повод една година откако дојде на власт изнесувал околу 33.000 евра (2.019.075,19 денари). Оваа информација партијата ја даде за БИРН, неколку часа по објавувањето на текстот „ВМРО-ДПМНЕ ги крие трошоците на кампањата за една година власт“, каде што детално објаснивме колку тешко партиите даваат информации за трошењето партиски пари, иако имаат законска обврска тоа да го ...

Со собир пред Владата и под слоганот „Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените“, премиерот Христијан Мицкоски, во јуни ја одбележа првата година од мандатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во отчетот пред јавноста не изостанаа фалбите изразени низ бројки – за изградени километри патишта, за покачени плати и пензии, за издвоени средства за бизнисите, општините, животната средина… Но, кампањата што потоа под истиот ...

На првиот ден од учебната година, во Дебар Маало беше откриен шарен мурал и беше организиран настан по повод 40-годишнината од забавната и едукативна емисија за деца „Бушава азбука.“ Додека децата преку игра и креативни активности ги учеа буквите, нивните родители носталгично се присеќаваа на спомените од своето детство поврзани со култната серија со која тие се запознавале со македонската книжевност, култура и традиција преку музика, ...

Цените на становите во најатрактивните општини вртоглаво растат, а речиси половина од купопродажбите се во готовина, откри неодамна гувернерот Трајко Славески – што отвори сомнежи дека недвижностите сè почесто се купуваат како инвестиција, а не за домување, што ја крева цената. Во исто време, Агенцијата за катастар, со години, не го објавува регистарот на цени за купување и наем, иако тоа е законска обврска. Тој треба да биде алатка со која ...

Училишната година за основците во Бутел почна со правење списоци за набавка на училишни униформи. Но, за разлика од лани, кога сетот од трите парчиња, две маици и блуза, го набави општината, годинава ќе треба да гo платат родителите. Голем дел од ланските парчиња се износени или надраснати, а носењето на униформите со логото на општината е задолжително за време на наставата. На овој начин, проектот што требаше да ја намали „класната разлика ...

Денешниот први септември е втор за Весна Јаневска како министерка за образование. Минатата година, кога за првпат го дочекa првиот училиштен ден како министерка, имаше изговор за хаосот со кој се соочува македонското образование. Беше само три месеци на функцијата, па за недостигот од учебници, вината можеше да ја префрли кај претходната влада. Сега, со повеќе од една година помината на министерската позиција, вели дека „проблемите не се ...

Италијанскиот инфлуенсер со сенегалско потекло, Kаби Ламе, од годинава е лицето со најмногу следбеници на Тик-ток. Откако во 2020 година, за време на пандемијата, ја изгубил работата, почнал да објавува видеа со смешна содржина. Ламе сега има над 160 милиони следбеници и веќе глумел во неколку филмови. Една од причините зошто Тик-ток стана омилено место на младите е неговиот алгоритам, кој за миг може обично видео да го направи вирален хит и ...

Ако некој Холанѓанец се сомнева дека во сообраќај е пуштено небезбедно возило, доволно е на интернет само да ја впише неговата регистрaција и ќе види дали е регистрирано, кога поминало на технички преглед, но и какви проблеми имало претходно. Ова е пракса во повеќе европски држави. Некаде, податоците се бесплатни и отворени и за странци, во други достапни се за локалните жители, а може и да се наплаќаат. Кај нас, пак, вакви информации немаат ...

Партиското рекламирање со државни пари останува најголемата аномалија на изборните процеси, вели во разговор за БИРН, директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Зоран Трајчевски. Тој смета дека моделот гради клиентелистички односи меѓу партиите и медиумите. Анализите на АВМУ откриле и дека новоотворени портали, меѓу кои и од странство, зеле буџетски пари за избори, користејќи го моментот дека нема контрола и ...

Движејќи се низ улиците на македонските градови, ретко може да се најдат рампи за пристапност. И тие што ги има, не се секогаш соодветни – стрмни се и одвај би можеле да ги користат родители со бебиња во колички. А, за луѓето со физичка попреченост, ваквите рампи се практично бескорисни. Освен што државава континуирано не успева да им помогне на луѓето со попреченост во физичкиот свет, таа доцни и со процесите за дигитална пристапност. ...

Рид покриен со она што наликува на слој од снег се појавува на видикот по петминутното возење по прашлив пат во Општина Градско. Во непосредната околина нема куќи или други објекти, иако остатоците од измет од домашни животни и расфрлениот отпад помеѓу плански засадените зимзелени дрвја се доказ дека луѓето некогаш го посетувале ова место – но не повеќе. Мајското сонце што се разгорува над пејзажот ја подига температурата на над 30 Целзиусови ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
58%
1024
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
3.09
36%
1025
weather icon

Загреб

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
45%
1025
weather icon

Софија

12ᴼ / 10ᴼ
4.12
58%
1024
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
3.39
48%
1024
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
0.51
56%
1024
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
4.12
52%
1023
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
24%
1022
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
36%
1023
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
46%
1025
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
2.24
40%
1026
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
71%
1024
Currency

61.6317

Currency

53.0924

Currency

70.9022

Currency

37.2414

Currency

38.8546

Currency

68.0063

Currency

7.69735

Currency

0.67482

Currency

0.33707

Currency

0.52497

Currency

1.20575

Currency

0.57843

Платина

69606.37

Злато

166049.28

Кобалт

66.14

Паладиум

52823.68

Алуминиум

3.35

Родиум

368126.05

Сребро

2704.52

Бакар

11.80

Цинк

3.28

Иридиум

221848.72

Калај

51.64

Рутениум

45750.51