Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Павлина Димитрова, 71-годишна учителка со срцево заболување, успешно се искачи до базниот камп на Монт Еверест, кој се наоѓа на надморска височина од 5.364 метри. Патувањето до подножјето на највисокиот врв во светот траело околу 10 дена, јавува Актуално. Идејата за хималајската авантура се родила за време на патување во Португалија, а минатата година, а за својот 70-ти роденден од пријателите од фолклорната група добила подарок – патување до ...
Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, 13 јуни, во 11:22 часот на подрачјето на Егејското Море, во близина на Измир. Според достапните податоци, епицентарот на потресот бил лоциран источно од турскиот град. Според податоците на Европско-медитерански сеизмолошки центар, хипоцентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од околу 7,5 километри под површината на земјата. Земјотрес со јачина од 3,7 ...
Обвинителството од Битола почна истрага против 36-годишник кој од јануари до јуни годинава силувал 12 – годишно девојче. Контактот со детето бил воспоставен преку социјалните мрежи, каде што осомничениот и детето претходно се допишувале. Покрај делото силување, против 36-годишникот се води истрага и за прикажување на порнографски материјал на дете. Поради опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори делото, но и да влијае врз ...
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски на седницата на која се носеше ребалансот на Буџетот за 2026 година кажа дека во Програмата за животна средина планирани се 4.8000.000 денари за набавка на електрични велосипеди, што ја потврдува тенденција за Битола да стане вело град, преку создавање на вело инфраструктура, но и набавка на велосипеди кои ќе можат да ги користат граѓаните. Како што објасни претседателот на Советот Бојан Бојкоски ...
Книгата „Белене – Островот на заборавените“ од Недјалко Гешев ќе биде претставена на 25 јуни во 18:30 часот во Францускиот институт, соопштија издавачите од „Сиела“, пренесува БТА. Настанот ќе вклучува и дискусија на тема „Човекот кој избега од Белене. Двапати“ посветена на сеќавањето, личните сведоштва и историјата. Настанот ќе го отворат амбасадорката на Франција во Бугарија, Мари Демулен, заменик-шефот на мисијата на Кралството Белгија во ...
Шестото издание на фестивалот „Ало, Космос! Зборува Бугарија“ ќе се одржи на 26 и 27 јуни во Софија Тех Парк, при што вториот ден ќе биде посветен на образованието и можностите за кариера во областа на науката и вселенските технологии, јавува БНР. По тој повод, австралискиот експерт за космонаутика Сајмон Џенер, кој живее и работи во Бугарија, истакна дека ваквите иницијативи имаат клучна улога во инспирирањето на младите да изберат кариера ...
Најдобриот бугарски тенисер Григор Димитров, пред егзибицискиот натпревар со Стефанос Циципас, се сретна со млади спортисти со Даунов синдром кои ќе ја претставуваат Бугарија на Светското првенство за спортисти со Даунов синдром, чиј домаќин од утре е Софија, јавува БНР. Средбата во „Арена Софија“ беше исполнета со искрени емоции и насмевки, како кај натпреварувачите, така и кај нивните родители. Меѓу 20-те спортисти беше и Пламен Павлов – ...
Бугарскиот тенисер Иван Иванов беше награден на свечена церемонија во Будимпешта, каде што беа доделени наградите „Пјотр Нуровски“ за најдобрите млади спортисти во Европа. На настанот присуствуваа претседателката на Меѓународниот олимписки комитет, Кирсти Ковентри, и претседателката на Бугарскиот олимписки комитет, Весела Лечева, јавува БНР. Бугарскиот тенисер го освои четвртото место и доби парична награда што ќе ја искористи за своите ...
Бугарскиот град Перник е меѓу финалистите во изборот за титулата „Европска младинска престолнина 2029“. Кандидатурата на градот е изградена околу мотото „Move, Connect, Grow“ („Движи се, поврзувај се, развивај се“) и се темели на долгорочна визија за развој на младинските политики, создадена со активно учество на младите, јавува БНР. Според младинската медијаторка на општината, Викторија Димитрова, пласманот во финалето е признание за ...
Во центарот на Русе, недалеку од брегот на Дунав, се наоѓа куќата на Никола Обретенов – револуционер, четник од четата на бугарскиот поет и револуционер Христо Ботев и соработник на апостолот на слободата Васил Левски и револуционерот Љубен Каравелов. Денес објектот е познат како музеј-куќа „Баба Тонка“ и ја раскажува историјата на едно од најзначајните семејства во бугарското националноослободително движење, пишува БГНЕС. Изградена во ...
Со влегувањето во еврозоната, Бугарија не е само извршител на политиките наметнати од Европската централна банка, туку преку Бугарската народна банка учествува во нивното креирање. Ова го изјави претседателката на Бугарија Илијана Јотова на церемонијата по стапувањето во должност на проф. д-р Николај Неновски како член на Управниот совет на БНБ, пренесе БГНЕС. Шефицата на државата му честиташе на гувернерот Димитар Радев, на целото ...
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека американските сили го ликвидирале Хектор Рустенфорд Гереро Флорес, познат како Нино Гереро, водач на венецуелската криминална организација Трен де Аргуа. Трамп наведе дека операцијата била изведена по негова наредба и во координација со властите во Венецуела, но не откри каде точно се случил нападот. Администрацијата на Трамп претходно воведе санкции против Гереро и други лидери на групата ...
Меѓународниот монетарен фонд и Украина постигнаа договор на ниво на експертски тимови за првата ревизија на четиригодишната програма за финансирање на земјата. Доколку договорот биде одобрен од Извршниот одбор на ММФ, Украина ќе добие дополнителни 690 милиони долари. Од Фондот соопштија дека Украина до крајот на март ги исполнила сите клучни економски критериуми, иако дел од реформите доцнеле или не биле целосно спроведени. Поради тоа е ...
Младите остануваат во фокусот на политиките на Владата, а за 2026 година се обезбедени речиси 40 милиони евра за мерки за вработување кои треба да опфатат повеќе од 10.000 граѓани, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, преку Оперативниот план за вработување во 2025 година биле опфатени над 2.600 лица, од кои речиси 1.500 млади до 29 години, а биле отворени и близу 2.200 нови бизниси. Средствата за планот биле зголемени за 7,5 милиони евра во ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, го обвини Иран дека лаже за условите од неодамна постигнатиот договор, тврдејќи дека верзијата што иранските власти ја пласирале во медиумите не одговара на договореното. „Тоа што го објавија нема никаква врска со вистината“, напиша Трамп на Truth Social, оценувајќи ги иранските претставници како „нечесни луѓе“. Тој го осуди и наводниот напад со дрон врз индиски бродови во Ормускиот Теснец, наведувајќи ...
Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа осмата седница, на која беа разгледани преостанатите отворени прашања поврзани со подготовката на измените и дополнувањата на Изборниот законик. На покана на Министерството за правда, на седницата присуствуваа претставници на институциите кои претходно доставија предлози, мислења и препораки во рамки на процесот на подготовка на измените на Изборниот законик за кои беа ...
Министерството за правда и Министерството за животна средина и просторно планирање потпишаа Меморандум за разбирање со Експертиза Франција (Expertise France), Француската агенција за развој (AFD) и Амбасадата на Франција во Република Северна Македонија, со што официјално се потврдува заедничката заложба за унапредување на климатската и еколошката правда во земјата. Меморандумот ја воспоставува рамката за спроведување на регионалниот проект ...
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, е избран за вршител на должност претседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), кој ги обединува стопанските комори од регионот на Западен Балкан. На седницата одржана во Белград, Република Србија, Азески беше едногласно избран со мандат да спроведе темелни корекции во структурата на КИФ и на Бизнис советот, составен од најголемите компании од регионот. Во рамки на ...
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе дбиде во интервал од 22 до 28 степени. Во Скопје, променливо облачно и посвежо. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец. ...
Успешните средби на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со турскиот министер за трговија Омер Болат и министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу, резултураа со договори за воспоставување на директна авиолинија Анкара -Скопје и карго железничко поврзување меѓу двете земји, објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата, Николоски. Министерот за трговија на Турција на социјалната ...
Првата бугарска комеморативна монета од 2 евра, посветена на бугарската азбука, е вклучена во Монетарната програма на Бугарската народна банка (БНБ) и во моментов е во постапка на одобрување согласно европската правна рамка и националното законодавство, соопшти Бугарската народна банка, пренесува БНР. Реакцијата следува откако во документ на Советот на Европската Унија од 29 мај беше наведено дека земја-членка од еврозоната поднела приговор ...
Вкупно 17.889 студенти од странство студираат во државните и приватните високообразовни установи во Бугарија во текот на тековната академска година. Од нив, 7.034 студенти се од 26 земји-членки на Европската Унија (ЕУ), а 10.855 се од 99 земји надвор од ЕУ – односно вкупно од 125 различни држави. Ова за БТА го соопшти прес-службата на Министерството за образование и наука (МОН). Податоците покажуваат дека бројот на странски студенти во ...
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.В.(47) од Виница. Тој се сомничи за сторени кривични дела „неизвршување на судска одлука“ и „загрозување на сигурноста“. На 04.06.2026, пријавениот дошол во домот на родителите на неговата сопруга во Штип и откако одбила да разговара со него упатил закани на неговата сопруга и нивните родители со што ја прекршил судската решение на Основен суд Штип, според кое биле изречени три забрани – забрана да ...
Оркестарот на Филхармонија на 20 јуни, со почеток во 21 часот во Градскиот парк ќе ја изведе музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, која ќе биде моќна завршница на концертната сезона „Без Филтер“, соопштија од Македонската филхармонија. Во реализација на овој проект, покрај оркестарот на Филхармонија на РСМ, учествуваат музичари од Софиската филхармонија, Државниот симфониски оркестар од Солун, хорот на МОБ, детскиот хор ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Бизнис форумот помеѓу Република Турција и Република Северна Македонија, кој се одржа во Истанбул. Форумот беше отворен од министерот Муцунски и министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат, а на него учествуваа бројни претставници на институциите, стопанските комори и бизнис-заедниците од двете земји. Во ...
Министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова, денеска во бугарското министерството за надворешни работи се сретна со градоначалникот на општина Нијагарини Водопади, Канада, Џим Диодати, кој престојува во посета на Бугарија со цел зајакнување на културната дипломатија. Средбата се одржува во пресрет на 60-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Бугарија и Канада. Двајцата изразија уверување дека оваа ...
Зголемување на економската соработка и трговската размена меѓу Македонија и Турција, унапредување на билатерланите односи и создавање нови можности за соработка и инвестиции, беа тема на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со министерот за трговија Омер Болат како и Абдулкадир Уралоглу, министерот за транспорт на Турција. Средбата се оддржа во рамки на македонско-турскиот бизнис форум ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Ѓ.(43) од охридското село Лескоец. Тој се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Имено според полицијата, на катастарска парцела во државна сопственост во охридското село Трпејца, пријавениот неовластено изградил индивидуална семејна куќа без одобрение за градба, издадено од надлежен орган. СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Ѓ.(43) од ...
Од Општина Карпош изразуваат сериозна загриженост за зачестените случаи на вандализам и оштетување на урбаната опрема и детските игралиштата на цела територија на општината. Во изминатиов период, наведуваат од општината, е евидентирано оштетување на клупи, корпи за ситен отпад, паркинг држачи за велосипеди, детски и спортски реквизити и останата урбана опрема. Последниот случај на кршење на канделабра, на највандалски начин, од страна на ...
„Ова е ден кога им оддаваме признание на генерациите питомци кои своето образование го минале токму тука, на офицерите и професорите кои со својата работа, знаење и посветеност ја граделе и ја унапредувале Воената академија како еден од најзначајните столбови на македонскиот одбранбен систем“ рече министерот Владо Мисајловски, денеска, (12 јуни) на свеченоста по повод одбележување на Денот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во ...