Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Селим Сар, заменик-претседател на MÜSİAD, изјави во Софија дека целта е трговската размена меѓу Бугарија и Турција да надмине 10 милијарди долари, нагласувајќи ја потребата од поинтензивна деловна соработка меѓу соседните држави, јавува БГНЕС. MÜSİAD е меѓу најголемите бизнис-организации во Турција со над 14.000 членови и повеќе од 70.000 компании во над 85 држави, вклучително и фирми од одбранбената индустрија. Организацијата планира да ...
Бугарија официјално ја стартуваше визата за дигитални номади, а приемот на апликации веќе е отворен. Земјата се утврдува како нова европска дестинација за легална работа на далечина, поддржана од пониски трошоци за живот, млади и динамични градови и разновидни можности за патување. Во 2025 година Бугарија стана дел од Шенгенскиот простор и премина на еврото, што дополнително ја олеснува мобилноста низ Европа, објавува „Еуроњуз“, пренесува ...
Бугарската национална телевизија (БНТ) и приватната телевизија Bulgaria On Air вечерва ќе ja претстават премиерата на најновата бугарска серија „Мамник“, создадена според истоимениот роман на Васил Попов и инспирирана од неговиот успешен аудиосеријал, соопштуваат од екипата на БНТ. Настанот ќе се одржи од 19:00 часот во Cinema City, Mall of Sofia, на булеварот „Стамболиски“. Една од главните улоги во серијата на инспекторката Божана Горнева ...
Бугарскиот научноистражувачки брод „Св. Св. Кирил и Методиј“ ја посети шпанската антарктичка база „Габриел де Кастиља“, лоцирана на вулканскиот остров Дисепшн, со цел да достави материјали за изградба на нова лабораторија, јавува БТА. Екипажот на бродот, заедно со персоналот на базата, реализираше товарно-растоварна операција за истовар на опремата, натоварена во Картахена, Шпанија. Испораката вклучуваше материјали за нова научноистражувачка ...
Според проценката на Државниот департмент на САД, Бугарија е меѓу најбезбедните туристички дестинации во Европа со ниво на ризик 1 („Применувајте ги вообичаени мерки на претпазливост“). Таа припаѓа на групата источноевропски држави со низок ризик и без сериозни терористички закани, што ја прави привлечна алтернатива на пооптоварените западноевропски дестинации. Земјата се издвојува со богато културно-историско наследство, вклучително и ...
Роден на 1 февруари 1882 година во селото Фролош, Ќустендилско, во крајно сиромашно семејство, тој започнува да работи како писар. Неговите сограѓани, препознавајќи го неговиот талент, го охрабруваат да студира сликарство и собираат средства за да може да го развие својот дар. Така, во 1903 година е примен во Уметничкото училиште во Софија (денес Национална ликовна академија) како вонреден ученик и учи кај истакнати уметници како Иван ...
Проф. д-р Вили Лилков/Фактор Во 1939 година една организација во Чехословачка, наречена „Бетар“, си поставува задача да преведе во Палестина околу 500 Евреи. За таа цел го купува италијанскиот товарен брод „Стефано“ и го носи во Братислава. Поранешните сопственици инсистираат бродот да го смени името. Тогаш бугарскиот Евреин Рубен Соломон Франко, кој ја извршува купопродажбата, му го дава името „Пенчо“, што всушност бил неговиот прекар од ...
Варшава е отворена за евентуално распоредување на германски трупи во Полска во обид да се обезбеди прекин на огнот во Украина, според полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски. „Германските војници се стационирани во Полска со години како дел од разни мисии на НАТО“, рече Сикорски, заклучувајќи дека присуството на трупи на Бундесверот на полска територија нема да биде новост. Сикорски ја даде изјавата вчера по состанокот во ...
Во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на булеварот „Србија“ во Скопје, тешко биле повредени две лица кои се превезувале со трицикл „томос“. Според информацијата од СВР Скопје, на 6 јануари 2026 година околу 21:50 часот било пријавено дека дошло до судир меѓу патничко возило „даихатсу“ со бугарски национални ознаки, управувано од Ј.Ч. (63) од Прилеп, со престој во Скопје, и трицикл „томос“ управуван од М.С. (18) од Скопје. Во несреќата, ...
Во Кичево се евидентирани поплави на повеќе стамбени објекти на улицата „Прилепска“, поради што е започната евакуација на жители. На терен интервенираат екипи на Општина Кичево, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст, ЈКП „Комуналец“ и други надлежни служби. Во Охрид, пак, пријавени се поплавени подруми, гаражи и дворови на повеќе локации. За состојбата се известени локалната самоуправа и Кризниот штаб на Општина Охрид, кои ...
Министерството за финансии на Бугариja соопштува дека не се одржувале, ниту се планира да се одржуваат состаноци за продолжување на едномесечниот период на двојна циркулација на левот и еврото и дека не се подготвува измена на Законот за воведување на еврото. Институцијата се спротивставува на манипулативни тврдења кои го користат нејзиното име за остварување политички цели. Од 1 јануари 2026 година, еврото станува официјална валута на ...
На 7-ми јануари 1862 г. во затвор во Цариград умира големиот бугарски поет и собирач на народни песни од Македонија Константин Миладинов. Роден е 1830 г. во Струга. Учел гимназија во Јанина. Потоа бил учител во битолското село Трново. Завршил филологија на универзитетот во Атина. Бил учител во битолското село Магарево. Во 1856 г. заминал за Одеса и студирал филологија на универзитетот во Москва. Таму ги обработува собраните во Македонија ...
Папата Лав XIV го назначи монсењор Румен Станев за епископ на Софиско-Пловдивската епархија, каде што досега ја извршуваше функцијата епархијален администратор на истата епархија, пренесува БГНЕС. Веста беше соопштена истовремено во Ватикан, од прес-службата на Светиот Престол, и во Пловдив, во катедралата „Свети Лудвиг“, од апостолскиот нунциј монсењор Лучано Суриани, претставник на папата во Бугарија, соопштија од Католичката црква во ...
621 млади луѓе на возраст од 18 години од Бугарија добиваат можност за бесплатно патување со воз низ цела Европа. Тие се дел од повеќе од 40 илјади млади Европејци кои учествуваат во иницијативата на Европската комисија DiscoverEU, јавува БГНЕС. Есенскиот круг за аплицирање беше отворен за млади лица родени помеѓу 1 јануари 2007 година и 31 декември 2007 година од земјите членки на ЕУ и од државите асоцирани со програмата „Еразмус+“. Вкупно ...
Убиените во масовни гробници, за убијците – споменици. На Балканот слободата чини многу скапо, а Македонија ја плаќа највисоката цена во изминатиот век, пишува БГНЕС. „Убиј го непријателот!“ – тоа го прави на крајот на 1944 година и на почетокот на следната година насилно наметнатата нова власт во Скопје. Таа го прогласува за непријател сопствениот народ. Во јануарскиот терор од 1945 година, познат како „Македонската крвава Коледа“, најнапред ...
Државјанин на Турција бил ограбен во такси возило. Според информацијата од полицијата, 27-годишниот А.Ј.Е. од Турција вчера пријавил дека заедно со сопругата се качиле во возилото пред трговски центар на подрачјето на Гази Баба. Крајната дестинација им била Бит Пазар. Кога пристигнале, патникот извадил 2000 денари и 50 евра и го прашал такси возачот колку треба да плати за услугата, а тој му ги одзел парите и ги избркал од возилото. Од МВР ...
Од Украина, меѓу другото, се очекува да создаде услови младите мажи да ѝ служат на безбедна и економски здрава Украина, наместо да заминуваат во европските земји, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц обраќајќи му се на украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Економскиот капацитет ќе биде неопходна гаранција дека Украина ќе може уверливо да ја одврати Русија во иднина. Драг Володимире, сакам ова отворено да го кажам: тоа подразбира и ...
Министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Полска денес попладне ќе одржат состанок на таканаречениот „Вајмарски триаголник“, а форматот ќе биде доминиран од темата за поддршка на Украина, соопшти француското Министерство за надворешни работи. Јохан Вадефул, Жан-Ноел Баро и Радослав Сикорски ќе се сретнат во Париз, еден ден откако Елисејската палата беше домаќин на самитот на „коалицијата на подготвените“, на кој беше изразена ...
Француската филмска актерка Брижит Бардо, која почина минатиот месец на 91-годишна возраст, денеска ќе биде погребана во летувалиштето Сен Тропе на француската ривиера, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти. Погребната церемонија ќе се одржи во 10 часот во црквата „Нотр Дам де л’Асумпсион“, по што Бардо ќе биде погребана во строга приватност на градските гробишта. Комеморација отворена за граѓаните и обожавателите ќе се одржи во ...
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани. Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни ...
Времето денес променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени, јавува УХМР. Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. ...
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Владата Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши упатија божиќни честитки до православните христијани, нагласувајќи ги вредностите на мирот, солидарноста, семејството и заедништвото како темели на стабилно и праведно општество. Претседателката Сиљановска-Давкова: И годинава, божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж и ќе нè потсетат на ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за целосно утврдување на околностите поврзани со фотографиите на кои се гледа верски обред врз службени полициски возила во кругот на Министерството. Од МВР соопштија дека по завршување на постапката, јавноста ќе биде соодветно информирана за утврдените факти. Фотографиите, кои деновиве се појавија ...
Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, по повод големиот христијански празник Божиќ упати порака за мир, заедништво и градење праведно, толерантно и слободно општество, во кое младите ќе ја гледаат својата иднина. „Го честитам најрадосниот празник во христијанството со традиционалната честитка – мир Божји, Христос се роди“, порача Филипче, заблагодарувајќи им се на присутните и упатувајќи желби за мирни и весели празници до сите ...
Каракас и Вашингтон постигнаа договор за извоз на венецуелска сурова нафта во САД во вредност до две милијарди долари, изјави вчера американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека ова ќе го пренасочи снабдувањето од Кина и дека Венецуела ќе избегне големи намалувања на производството на нафта. Трамп изјави дека договорениот обем е помеѓу 30 и 50 милиони барели нафта под санкциите на САД. Според него, нафтата ќе се продава по пазарна ...
Државјаните на уште 25 земји, меѓу кои и Венецуела, може да мора да положат гаранција до 15.000 долари за да добијат американска виза, соопшти американскиот Стејт департмент. Со ова, листата опфаќа вкупно 38 држави, претежно од Африка, Латинска Америка и Јужна Азија. Новите правила стапуваат на сила на 21 јануари. Гаранцијата ќе изнесува 5.000, 10.000 или 15.000 долари и ќе се утврдува при интервјуто за виза Б1/Б2, а уплатата ќе се врши преку ...
На денешен ден се одбележуваат 170 години од раѓањето на бугарскиот писател, поет-сатиричар и јавен деец Стојан Михајловски (1856–1927), автор на текстот на химната посветена на светите Кирил и Методиј – „Врви, народе възродени!“, јавува БТА. Михајловски е роден на 7 јануари 1856 година во градот Елена. Син е на книжевникот Никола Михајловски и внук на Иларион Макариополски. Се школува во Елена, Трново и во Цариградскиот султански лицеј, а во ...
Иван Николов/БГНЕС В навечерието на Нова година кметът на Босилеград Владимир Захариев и подопечният му председател на Националния съвет на българското национално малцинство (НСБНМ) Стефан Стойков, ощастливиха „милия народец” с поздравителни адреси. В тях те напомниха на жителите на Босилеград (сакън да не забравят!) за „големите постижения” през 2025 г., постигнати благодарение лично на тях двамата. Захариев напомни за (още недовършен, ама ...
„Христо Ботев е религија. Тоа е нешто со кое сум пораснат – со него како личност и со целото негово прекрасно, ненадминато творештво.“ Ова го изјави за БГНЕС Александар Ботјов, потомок на генерал Кирил Ботев, брат на Христо Ботев. Во Софија и во други градови на Бугарија беше одбележана 178-годишнината од раѓањето на големиот бугарски поет и револуционер. „Како Бугарин, не само како дел од семејството Ботјови, сакам да ги чуваме нивните ...
Националниот военоисториски музеј на Бугарија во неколку продолженија ќе ги претстави знамињата што се претставени на календарот за 2026 г. во издаваштво на самата институција. Месецот јануари е обележан со едно од најраните знамиња на кое се појавува трите бои на бугарското државно знаме, иако тие не се во редоследот што ни е познат. Станува збор за знамето на четата на големиот бугарски војвода Филип Тотју. На него, хоризонтално, се ...