Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Струга Трим Лум за шест дена ги совлада Вардар и Шкендија со по 1:0 и го презеде првото место во Првата македонска фудбалска лига. Откако Марјан Радески го реши гостувањето кај Вардар, Христијан Малески го постигна единствениот гол во саботното дерби со Шкендија. По директниот дуел на 7 ноември, Струга има 29 бода, два повеќе од тетовскиот состав. Малески погоди со глава по нафрлување на Папе Фал во второто полувреме. Шкендија во два наврати ...
Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2028 година. Избраниците на Кирил Лазаров го одработија последниот тренинг пред првиот предизвик, во кој на домашен терен ќе ја пречекаат селекцијата на Луксембург. Македонските ракометари утре ќе ја имаат првата можност да ги освојат бодовите во новиот квалификациски циклус, а дуелот со Луксембург ќе биде ...
ТФТ Скопје денеска од 18 часот, му гостува на Херцеговац во второто коло од групната фаза на АБА 2. Минатосезонскиот финалист ја бара првата победа по убедливиот пораз во Тузла, додека домаќинот има можност да отвори со две победи. ТФТ загуби од Слобода Енергоинвест со 61:106, а најголемиот дел од разликата се создаде до полувремето, кога скопскиот тим веќе заостануваш со 26:54. Официјалната статистика бележи 16 загубени топки и шест погодени ...
Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав во ракометната Суперлига. Деветтиот триумф во девет настапи му донесе 18 бода, но најблискиот конкурент сега е Алкалоид со 16 — токму противникот што го очекува во следното првенствено коло. Бодовната последица од дербито е двојна. Вардар ја зголеми предноста над битолчани од еден на три бода, а Пелистер со првиот пораз остана на 15. Истовремено, Алкалоид ...
На 26 август 1977 година е испишана првата страница од приказната која денес трае веќе 49 години. Приказната за РК Младост 1977 Богданци – клуб кој одамна е многу повеќе од спортски колектив и кој низ децении стана еден од симболите на Богданци и македонскиот ракомет. Името Младост не е случајно. Клубот го добил името по младината – по младите деца од Богданци кои спортувале и за кои ракометот бил место каде што ги правеле првите спортски ...
Охрид продолжува со максимален учинок во Регионалната лига. „Гладијаторите“ славеа на гостувањето кај Будванска Ривиера со 22-20 и со два од два ја започнаа својата авантура во новото регионално натпреварување. Клучот кон новите бодови охриѓани го поставија во првите 30 минути. По почетните 2-2, избраниците на Борис Ројевиќ направија серија од пет гола и за кратко време стигнаа до 7-2. Сигурната игра во одбраната, предводена од одличниот Дино ...
Алкалоид не успеа да ја круниса премиерата пред домашната публика во Регионалната лига со победа. Скопскиот тим вечерва во Автокоманда загуби од Партизан со 31-39, во натпревар во кој гостите го скршија отпорот на домаќинот во второто полувреме. Првите 30 минути донесоа рамноправна борба. Алкалоид во поголемиот дел од полувремето беше во негатива, но не дозволуваше Партизан да се одлепи. Српскиот состав на пауза замина со само два гола ...
Македонскиот футсал шампион Проект со пораз ја започна европската авантура во претквалификациите за Лигата на шампионите, откако во „Bluebox Arena“ беше совладан од домаќинот Атлетик Клуб Грац со 6:0. Резултатот, сепак, не ја отсликува целосно сликата од натпреварот, особено ако се земат предвид случувањата на теренот и низа судиски одлуки кои предизвикаа реакции од македонскиот табор и публиката во салата, а на голема штета на Проект. ...
Еурофарм Пелистер продолжува со максимален ефект во Регионалната лига. Битолчани вечерва на домашен терен го совладаа Ловќен со убедливи 45-33 и стигнаа до втората победа во новото натпреварување, по триумфот над Партизан во првото коло. Уште од почетокот беше јасно дека бодовите ќе останат во Битола. Ловќен го отвори резултатот, но пелистерци веднаш возвратија со серија од 4-0 и ја презедоа контролата врз натпреварот. Во 10. минута ...
Виктор Велкоски повторно го облекува дресот на Брегалница и ќе биде ново засилување за штипскиот тим. Станува збор за искусен и квалитетен дефанзивец кој може да одговори и на позицијата последен играч за врска. 30-годишниот Велкоски зад себе има богата кариера, во која настапуваше за Вардар, Љубанци, Пелистер, ФК Скопје, Работнички, Победа и Брегалница. Исто така, има интернационално искуство, настапувајќи за Лачи од Албанија, Егиниакос од ...
Иван Сапунџиев по две години повторно го облече дресот на Пелистер, а повратникот во Битола верува дека младата екипа има голем потенцијал и желба за докажување. „Имаме доста помлада екипа од досегашните и верувам дека ќе биде „погладна“ за докажување. Сигурен сум дека момците се спремни да остават име во македонската кошарка“, вели Сапунџиев. Искусниот бек очекува изедначена сезона во домашното првенство, во која секој натпревар може да биде ...
Второлигашот Пелистер продолжува со засилувањето на играчкиот кадар во пресрет на новата сезоната, а во таборот на битолскиот клуб пристигнаа две нови имиња. 20-годишниот бек Марко Стојиливески е нов фудбалер на Пелистер. Младиот дефанзивец доаѓа по кратката епизода во Смедерево, а претходно беше дел и од Брера Струмица. Стојиливески во Пелистер ќе има можност да продолжи со својот развој и да се наметне во составот на битолскиот тим. Покрај ...
Шампионот на Словенија, Врхника со победа од 8:1 над Макаби Нетанја, кој е шампион на Израел ја отвори групата А во претквалификациите за Лигата на шампиони, херој е Гашпер Трдин, а победата доаѓа преку пресврт. Израелскиот шампион со сили за едно полувреме, шампионот на Словенија се разигра во вториот дел. Израелскиот тим го отвори резултатот со гол на Адам Кохен за водство од 0:1, а до крајот на првиот дел Трдин погоди за 1:1. Во вториот ...
Македонскиот футсал шампион Проект е подготвен за првиот европски предизвик. Вечерва од 20:00 часот тимот го очекува дуел против домаќинот Атлетик Футсал Клуб Грац, во рамки на претквалификациската група А од Лигата на шампионите. Во таборот на Проект владее позитивна атмосфера, а подготовките за вечерашниот натпревар се заокружени со последната анализа на противникот и финалните тактички подготовки. Стручниот штаб детално го анализираше ...
КК Работнички Скопје го потврди ангажманот на младинскиот репрезентативец Атанасиј Трајанов, кој во новата сезона ќе го носи дресот на скопскиот клуб. 20-годишниот Трајанов во Работнички пристигнува од редовите на второлигашот Партизан Водно Санс, а зад себе има настапи за младинските репрезентации на Македонија. Трајанов беше дел од генерацијата до 18 години која во 2024 година го освои златниот медал на Европското првенство – Дивизија Б, ...
Новото засилување на шампионот, американскиот бек Ноа Фарахан, веќе десетина дена работи со новите соиграчи и ги сподели првите впечатоци од престојот во Скопје. Фарахан вели дека брзо се адаптирал на новата средина и е импресиониран од приемот кој го добил во клубот и градот. „Скопје е навистина убав град, особено Аеродром каде што минувам најголем дел од времето, а луѓето се прекрасни и ме пречекаа со раширени раце. Стручниот штаб, ...
И официјално, Иван Николов повторно е дел од својот матичен клуб Брегалница. 24-годишниот играч за врска се враќа во Штип по период во кој настапуваше за Академија Пандев и Вардар, а стекна и интернационално искуство. Николов во својата кариера беше дел од данскиот Сондерјиске, како и од Радник Бјелина од Босна и Херцеговина. Сега следува нова страница во кариерата на младиот фудбалер, кој повторно ќе го носи дресот на клубот во кој ги ...
Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во претквалификациите за Лигата на шампионите, со натпревар против домаќинот и шампион на Австрија, Атлетик Футсал Клуб Грац. За првиот натпревар од групата А се познати и официјалните лица кои ќе ја делат правдата во „Blue Box“ во Грац. Главен судија на натпреварот ќе биде Срѓан Михајловиќ од Србија, додека негов прв асистент, односно втор судија, ќе биде Жоао ...
ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите, а првиот противник ќе биде домаќинот Атлетик Футсал Клуб Грац. Местото на првиот натпревар, но и на сите од групата е „Blue Box“ – модерна троделна спортска сала во Грац, која е изградена како дел од комплексот на BG/BORG Graz-Liebenau. Иако однадвор впечатокот е дека станува збор за ...
Еурофарм Пелистер вечерва го игра вториот натпревар во новата сезона од Регионалната лига, а по успешниот старт против Партизан, битолчани повторно ќе играат пред својата публика. Во салата „Боро Чурлевски“ гостува црногорскиот шампион Ловќен, а почетокот на натпреварот е закажан за 18:00 часот. Пелистерци ја отворија сезоната со победа над Партизан од 35-31 во натпревар одигран пред полни трибини. Избраниците на Лино Червар одиграа сигурно и ...
Ракометарите на Алкалоид денеска ја започнуваат новата сезона со натпревар против Партизан во рамките на Регионалната лига. Македонскиот претставник го очекува дуел на домашен терен, во салата во Автокоманда, каде што од 19:00 часот ќе се соочи со српскиот тим. Алкалоид со амбиции влегува во новото регионално натпреварување, а првиот натпревар ќе биде можност тимот да го покаже својот потенцијал уште на стартот. Средбата ќе може да се следи ...
Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите. Тимот од Македонија од 20:00 часот ќе се соочи со домаќинот на групата, Атлетик Футсал Клуб Грац, во салата Bluebox Arena во Грац, Австрија. Проект во Австрија пристигна со позитивна атмосфера и големи амбиции, по фантастичната сезона 2025/2026 во која ја освои двојната круна во македонскиот футсал, а првенството ...
РК Вардар нема да гостува кај Динамо Панчево во рамките на второто коло од Регионалната ракометна лига. Средбата беше закажана за 26 август, но натпреварот е одложен по барање на македонскиот шампион. Причината за ваквата одлука се кадровските проблеми во составот на црвено-црните, кои во овој период се соочуваат со повеќе повредени ракометари, но и вирус кој зафати дел од екипата. Од Вардар потврдија дека барањето за промена на терминот е ...
Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот старт против Војводина, охриѓани гостуваат кај Будванска Ривиера во Црна Гора. Натпреварот во Будва е закажан за 19:00 часот, а избраниците на Борис Ројевиќ влегуваат со јасна цел – нова победа. Охрид во првото коло славеше над Војводина со 36-30, па со позитивна атмосфера го очекува и вториот натпревар во новото регионално натпреварување. Пред гостувањето во Будва, ...
Дарко Ѓукиќ останува дел од Охрид и во новата сезона, со што паднаа во вода најавите за негово можно заминување од клубот и трансфер во Партизан. Искусното крило ќе продолжи да го носи дресот на охриѓани и ќе биде на располагање на тренерот Борис Ројевиќ и во сезоната која следува. Ѓукиќ минатата сезона имаше значајна улога во составот на Охрид, со важни погодоци во битката за третото место во Супер лигата, но и во историскиот европски успех ...
ЖФК Менада од Тетово продолжува амбициозно да го гради тимот за својата дебитантска сезона во Втората женска фудбалска лига, со јасна цел – веднаш да атакува на историски пласман во Првата лига. Тетовскиот клуб промовираше две искусни и добро познати имиња во македонскиот женски фудбал – Елена Петровска и Сара Хусеин, кои со своето искуство треба да бидат меѓу главните носители на тимот. Петровска, позната и по прекарот Ецка, има 28 години и ...
Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе го претставува македонскиот футсал во претквалификациите за Лигата на шампионите. За сите навивачи кои сакаат да го следат настапот на Проект, ги издвојуваме точниот распоред, термините и салата во која ќе се играат натпреварите. Сите три натпревари на македонскиот шампион ќе се одиграат во Bluebox Arena во Грац. Распоред на натпреварите: 📅 26 август – 20:00 часот 🇲🇰 ...
Кошаркарскиот клуб Соколи 1993 од Штип и официјално ќе биде дел од највисокиот ранг на македонската кошарка во сезоната 2026/27. По разгледувањето на пристигнатите пријави и целокупната документација, Комисијата за лиценцирање при Кошаркарската федерација на Македонија утврди дека штипскиот клуб ги исполнува сите потребни услови за пополнување на слободното место во Суперлигата. За местото конкурираа три клубови, но правото за настап во ...
Познат е распоредот за 5. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое ќе се игра во период од петок до понеделник. Колото ќе го отворат Силекс и Шкендија, кои ќе се сретнат во Кратово во дербито на оваа рунда. Натпреварот е закажан за петок со почеток од 16:00 часот. Истиот ден, од 17:00 часот, Струга на домашен терен ќе ја пречека Брегалница. Во сабота на програмата е натпреварот меѓу Арсими и Скопје. Тимот од Чаир гостува во Гостивар, а ...
Кошаркарската федерација на Македонија соопшти дека по усвојувањето на жалбите од Арбитражната комисија и по завршената постапка за лиценцирање, осум екипи ги исполнуваат условите за настап во Првата лига – жени во сезоната 2026/27. Во елитната женска конкуренција ќе играат: ЖКК Гевгелија обезбеди место во највисокиот ранг како победник на Втората лига – жени во сезоната 2025/26. КФМ ќе продолжи да го следи исполнувањето на условите за ...