Ракометната федерација на Македонија одново се одлучи домаќин во баражот за Супер лигата да биде Прилеп, каде в среда од 20 часот ќе се соочат Младост од Богданци и Струга. Екипата од Богданци заврши на второто место во Првата лига и ќе мора по потешкиот пат односо преку бараж да бара влез во елитата, а пак стружани ќе се борат за опстанок втора година по ред. “Паткарите” и минатата сезона играа бараж токму во Прилеп против Мулти Есенс ...

Македонскиот младински репрезентативец Димитар Узунчев би можел кариерата да ја продолжи во словенечкиот гигант Целје. Според информациите, талентираниот десен бек е пред трансфер во поранешниот европски шампион, откако со своите настапи сезонава остави силен впечаток во домашниот шампионат. Дваесетгодишниот ракометар настапуваше за Бутел Скопје и беше еден од позабележителните млади играчи на својата позиција. Со добрите партии го привлече ...

Охрид е на чекор до историски успех во европските натпреварувања, откако во реванш- финалето од Европскиот куп на ЕХФ пред домашната публика ќе ја пречека унгарска Татабања. Македонскиот претставник во првиот натпревар во Унгарија успеа да слави со 28-29 и со минимална предност ќе влезе во битката за трофејот. Во пресрет на решавачкиот дуел, ЕХФ ги одреди и официјалните лица за натпреварот во „Билјанини Извори“. Правдата на теренот ќе ја ...

Салата „Боро Чурлевски“ вечерва ќе биде сцена на еден од најважните натпревари за Еурофарм Пелистер оваа сезона. Битолскиот состав од 18:00 часот ќе се соочи со екипата на Алкалоид, во директна борба за позициите во самиот врв на Супер Лигата. Во пресрет на средбата, Охрид се наоѓа на второто место со 52 бодови, додека пелистерци имаат два помалку и се трети на табелата. Со евентуален триумф, избраниците на битолскиот клуб ќе се израмнат со ...

Во битолско Црнобуки успешно беше организиран завршниот турнир од ФФМ Детската лига за Преспанско-пелагонискиот регион, каде младите фудбалски надежи низ неколкудневни возбудувања се бореа за пласман на големата завршница во Скопје. Одличниот терен во Црнобуки понуди максимално добри услови за игра, а младите фудбалери покажаа голема борбеност, талент и спортски дух во сите генерации. Пласман на завршниот турнир во Скопје обезбедија следните ...

Капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди, поради повреда на коленото ќе ги пропушти претстојните контролни натпревари против БиХ и Турција. Барди се појави на собирот на националниот тим, но по извршените медицински прегледи беше утврдено дека не е во можност да му се стави на располагање на селекторот за дуелите со Босна и Херцеговина на 29. мај во Сараево и Турција на 1. јуни во Истанбул. Капитенот на македонската ...

Ракометарите на Радовиш со победа се простија од суперлигашкото друштво, откако во последното коло од плеј-аут фазата славеа против Струга со 32-29, а натпреварот имаше и силна емотивна нота — легендарниот голман Славјан Паунов го одигра последниот меч во својата богата професионална кариера. Радовишани, кои и покрај испаѓањето во понизок ранг, не дозволија сезоната да ја завршат без победа, пред својата публика стигнаа до единствениот ...

МОЛ Татабања ќе биде значително ослабена за реваншот против ГРК Охрид во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, откако унгарскиот состав остана без еден од своите клучни играчи. Матеј Хавран заработил сериозна повреда на првиот финален натпревар одигран во Унгарија, по што деталните прегледи потврдиле кинење на предните вкрстени лигаменти. Тоа значи дека ракометарот нема да може да настапи на реваншот кој следува во Охрид. Иако нема да биде дел од ...

Шампионот на Македонија, РК Вардар, со победа ја затвори сезоната во Супер Лигата, откако во последното коло славеше против РК Бутел Скопје со 36-34. Иако „црвено-црните“ веќе ја имаа обезбедено титулата, гостите одиграа храбар натпревар и долго време беа рамноправен ривал во „Јане Сандански“. Средбата првично требаше да се одигра на теренот на Бутел, но скопскиот тим му излезе во пресрет на Вардар, кој сакаше токму пред својата публика да ги ...

Општина Чешиново-Облешево и градоначалникот Јорданче Костадинов упатија честитка до својот сограѓанин Стојче Стојов, кој како фудбалер на Силекс го освои Купот на Македонија за сезона 2025/2026. Кратовскиот прволигаш во големото финале славеше минимална победа од 1:0 над Шкендија и со тоа стигна до трофејот во националниот Куп, а воедно обезбеди и пласман во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Од Општина Чешиново-Облешево истакнаа ...

Македонскиот ракомет испраќа во заслужена пензија една од најпознатите и најдолговечни судиски двојки. Прилепчаните Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески официјално ставија крај на својата богата судиска кариера, оставајќи зад себе импресивни 27 години активен стаж и повеќе од 900 отсудени натпревари. Низ речиси три децении поминати на ракометните терени ширум Македонија, Седлоски и Ангелески беа препознатливи по професионалниот пристап, ...

Третолигашот Борец, со поддршка од Општина Велес, организира бесплатен автобуски превоз за сите навивачи, симпатизери и љубители на фудбалот за бараж натпреварот против Кожуф од Гевгелија за влез во Втората македонска фудбалска лига. Натпреварот ќе се одигра во Кочани, а велешани очекуваат голема поддршка од трибините во обидот да обезбедат експресно враќање во второлигашката конкуренција. Борец сезонава ја освои шампионската титула во ...

Младиот, но веќе докажан македонски фудбалер Анџело Николовски продолжува да испишува успешни страници во својата кариера. Со шампионската сезона на Брегалница во Втората македонска фудбалска лига, 24-годишниот Николовски по четврти пат успеа да избори промоција во елитното друштво на македонскиот фудбал. За Николовски ова е вторпат да слави пласман во Првата лига токму со Брегалница, а штипскиот клуб сезонава го подигна и шампионскиот пехар ...

ГРК Охрид вечерва го одигра последниот натпревар од Супер Лигата против Тиквеш, и успеа со победа да го затвори последното коло од домашното првенство. Веднаш по натпреварот, во изјава за Спортска Мрежа, тренерот на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ, направи анализа на сезоната пред реванш- финалето во Европскиот Куп и порача дека неговиот тим е подготвен да го даде последниот атом сила во битката за историски трофеј. Исто така, Ројевиќ истакна дека е ...

По завршувањето на финалниот турнир од М20 лигата, следуваат нови обврски за најдобрите млади кошаркари во земјата – репрезентативните активности. Во периодот од 3 до 6 јуни, стручниот штаб на машката У20 репрезентација ќе одржи серија селективни тренинзи со цел комплетирање на составот за настап на Европското првенство – Дивизија „Б“, кое ќе се одржи во Братислава од 10 до 19 јули годинава. Тренинзите ќе се одржуваат секој ден со почеток во ...

Македонскиот ракомет се подготвува да испрати еден голем спортски работник, професионалец и човек кој со години беше симбол на пожртвуваност, искуство и верност. Искусниот голман Славјан Паунов на 45-годишна возраст одлучи да стави крај на својата богата и голема ракометна кариера. Популарниот Цаци, човекот кој со години го бранеше голот на РК Радовиш, утре ќе го го одигра последниот натпревар во својата кариера, кога Радовиш во рамки на ...

Еурофарм Пелистер 2 продолжува со создавање на млада и перспективна екипа за следната сезона, а ново име во составот на битолскиот тим е талентираниот Андреј Георгиев. Битолчанецот од наредната сезона ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер 2, каде ќе има можност дополнително да го развива својот потенцијал и да биде важен дел од тимот. Георгиев важи за еден од најперспективните млади ракометари на својата позиција, а оваа сезона блескаше во ...

Ракометарите на ГРК Охрид со убедлива победа над Тиквеш од 29-22 успешно ја затворија сезоната во македонската Супер лига и останаа во трка за второто место на табелата. Натпреварот од последното коло во плеј-офот, иако Тиквеш беше формален домаќин, се одигра во СЦ „Билјанини извори“ во Охрид, со цел охриѓани да добијат повеќе време за одмор и подготовка пред историското реванш финале во ЕХФ Европскиот Куп против Татабања. Тренерот Борис ...

Пелистер в недела на Градскиот стадион во Кавадарци ќе го одигра бараж натпреварот за опстанок во Првата македонска фудбалска лига против второлигашот Шкендија Арачиново. Верната навивачка група „Чкембари“ најавува „окупација“ на Кавадарци, собир во голем број и силна поддршка за својот миленик во најважниот меч сезонава – триумф во баражот за опстанок во елитата. Натпреварот меѓу Пелистер и Шкендија Арачиново стартува во 16:30 часот, а од ...

МЗТ Скопје Аеродром повторно се искачи на тронот на македонската кошарка, откако „сино-белите“ со максимални 3-0 во финалната серија против Маџари ја освоија 13-тата шампионска титула во својата историја. Во третиот натпревар од финалето, одигран во салата „Наум Наумовски-Борче“, аеродромци славеа со 80-74 и уште еднаш потврдија дека се најквалитетниот тим сезонава во „МТЕЛ“ Супер лигата. Маџари одлично го отвори натпреварот и во првата ...

Екипата на Шкупи зад себе остави сезона за заборав во Првата македонска фудбалска лига, откако чаирчани испишаа низа негативни рекорди и сезоната 2025/2026 ја завршија на последното место на табелата. Клубот од Чаир во текот на целата сезона се соочуваше со сериозни финансиски проблеми и забрани за трансфери, поради што најголемиот дел од натпреварите ги одигра со младински состав. Тешката ситуација во клубот директно се одрази и врз ...

Тетовска Шкендија официјално потврди дека Јетон Беќири повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на „црвено-црните“, откако двете страни решија да ја завршат соработката по крајот на сезоната 2025/2026. Од клубот соопштија дека договорот на Беќири истекол со завршувањето на натпреварувачката сезона, а по заедничка анализа и проценка било одлучено во овој момент патиштата да се разделат, со што се затвора едно значајно поглавје во поновата ...

Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Силекс, на емотивен начин се прости од еден од најискусните фудбалери во своите редови, откако Милош Николиќ официјално стави крај на својата професионална играчка кариера. Во натпреварот од последното коло, 37-годишниот фудбалер за последен пат го носеше дресот на кратовскиот клуб, со што беше заокружена една успешна приказна која траеше четири сезони во „сино-црвениот“ табор. Николиќ во ...

Македонскиот шампион Вардар и официјално го промовираше Кристијан Фабијани за нов шеф на стручниот штаб на „црвено-црните“, откако клубот по освојувањето на шампионската титула остана без досегашниот стратег Гоце Седлоски. 42-годишниот аргентински тренер пристигнува во Скопје со интернационално искуство и амбиција да го предводи Вардар во квалификациите за Лигата на шампионите, но и во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, каде ...

Драматичното последно коло во Прва македонска фудбалска лига донесе големи разочарувања за два поранешни шампиони на Македонија. Работнички и Македонија ЃП од следната сезона ќе се натпреваруваат во Втората лига, откако не успеаја да обезбедат опстанок во македонската фудбалска елита. Работнички на домашен терен доживеа тежок пораз од Тиквеш со 1-3 и така ја заокружи една од најтешките сезони во поновата клупска историја. Кавадарчани одиграа ...

По големата победа над МОЛ Татабања во првиот меч од финалето на ЕХФ Европскиот Куп, охриѓани повторно се враќаат на обврските во домашниот шампионат. Пред реваншот за европскиот трофеј, тие утре ќе го одиграат последниот натпревар од плеј-офот во Супер Лигата против ГРК Тиквеш. Иако првично натпреварот требаше да се игра во Кавадарци, поради напорниот финален меч, патувањето за Унгарија и густиот распоред пред реваншот, дуелот ќе се одигра ...

Познати се стадионите на кои ќе се одиграат бараж натпреварите за пополнување на местата во Прва македонска фудбалска лига за следната сезона. На стадионот во Битола силите ќе ги одмерат АП Брера Струмица и Скопје. Струмичани ќе се обидат да го задржат прволигашкиот статус, додека Скопје ќе атакува на враќање во македонската фудбалска елита. Во Кавадарци, пак, ќе се одигра вториот бараж дуел меѓу Пелистер и Шкендија Арачиново. Битолчани ќе ...

Искусниот фудбалер Јорданчо Наумоски продолжува да испишува значајни страници во својата кариера, откако сезонава стигна до својата петта промоција од Втората во Првата македонска фудбалска лига. Наумоски оваа сезона беше дел од Брегалница, која ја освои шампионската титула во Втора македонска фудбалска лига и од следната сезона повторно ќе настапува во македонската елита. За 31-годишниот фудбалер ова е петти ваков успех во кариерата, со што ...

Во четврток, на 28 мај, фудбалското внимание во прилепскиот регион ќе биде насочено кон Житоше, каде што ќе се одигра големото финале од Купот на Општински фудбалски сојуз Прилеп. Во битката за трофејот силите ќе ги одмерат ФК Братство 07 Житоше и Влазними Јуниор од Пресил, а натпреварот ќе се одигра на стадионот во Житоше со почеток од 17:00 часот. Од редовите на домашниот клуб упатија повик до љубителите на фудбалот и до жителите на Житоше ...

Екипата на Кул обезбеди влез во Третата македонска фудбалска лига – Север за следната сезона, откако во бараж натпреварот со убедливи 5:0 го доби тимот на ССК Нова. Натпревар во кој фудбалерите на Кул беа доминантни од самиот почеток и со добра игра стигнаа до висока победа, со која од следната сезона ќе бидат дел од третолигашкото друштво. Натпреварот беше одигран на стадионот „Цементарница“ во Скопје. Инаку, ФК Кул важи за клуб кој ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.79
41%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
4.02
56%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.88
41%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.85
53%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
6.43
52%
1016
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
46%
1017
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.02
50%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.46
55%
1017
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
47%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
43%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
3.13
52%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.63
99%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Злато

135639.33

Калај

53.60

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Сребро

2186.28