Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите заинтересирани клубови дека од денеска е отворен процесот на пријавување на екипи за учество во следните натпреварувања: ФФМ Детски лиги ФФМ Регионални лиги за петлиња и помлади петлиња Во следната сезона, во рамки на ФФМ Детските лиги ќе бидат опфатени пет натпреварувачки категории: – Родени 2015 година – Фудбал 9 – Родени 2016 година – Фудбал 7 – Родени 2017 година – Фудбал 7 – Родени ...

Спортска Мрежа започнува со нова спортска емисија – „Судиско продолжение“, која ќе ги носи најинтересните случувања од македонскиот фудбал и футсал, низ анализа, статистика, коментари и дебата. Во фокусот на емисијата ќе бидат Првата, Втората и Третата македонска фудбалска лига, но и Првата и Втората женска фудбалска лига, како и Првата и Втората футсал лига. Во секое издание ќе се навраќаме на најважните моменти од изминатото коло – ...

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) неколку одлуки со кои се изречени парични казни, но и неколку фудбалери добија забрана за настап. – Торес Јоакин Едуардо, фудбалер на ФК Вардар, се казнува со забрана за настап на 5 натпревари, поради добиен црвен картон на натпреварот од 2. коло во Прва МФЛ, помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Шкендија. – Анес Мељичи, фудбалер на ФК Шкендија, се казнува со забрана за настап ...

ФК Металург 2025 го одржа првиот тренинг и официјално ги започна подготовките за сезоната 2026/27, која ќе биде историска за клубот. Новоформираниот тим за првпат ќе се натпреварува во македонскиот фудбал, а своето деби ќе го има во Четвртата регионална лига – Скопје. Првиот собир и тренинг беа одржани во вторник, 11 август, со што и официјално започна новото поглавје за клубот. Од Металург 2025 најавуваат амбициозен пристап и голема желба за ...

Пелистер продолжува да го гради составот со кој ќе атакува на највисоките позиции во Втората македонска фудбалска лига, а едно од новите имиња во битолскиот тим е Кире Стојанов. 20-годишниот фудбалер пристигна од Брера Струмица и игра на позицијата лево крило. Младиот фудбалер со голем мотив го очекува новиот предизвик во дресот на Пелистер, а во својата порака до навивачите истакна дека заедничката цел е експресно враќање во елитата. ...

МЗТ Скопје продолжува со формирањето на составот за новата сезона, а најново име во редовите на актуелниот македонски кошаркарски гигант е охриѓанецот Петар Бошалески. 22-годишниот бек-шутер, висок 197 сантиметри, денеска официјално го стави потписот на договорот со „металците“ и ќе биде дел од тимот во сезоната која следува. Бошалески зад себе има интересен развој во македонската кошарка. Настапите во домашната Суперлига ги започна во дресот ...

Фудбалската федерација на Македонија му додели на ОФС Кочани 1.300 столчиња кои ќе бидат монтирани на Градскиот стадион „Никола Мантов“. На овој начин ќе се добие нов и подобар изглед на самиот стадион. „Денес потпишав договор со кој Фудбалската федерација на Македонија му додели на ОФС Кочани 1.300 столчиња, со што значително ќе се подобри инфраструктурата и условите на Градскиот стадион „Никола Мантов“. Ова е уште еден конкретен чекор кон ...

Дебитантот во Втората женска фудбалска лига продолжува со промоција на нови играчи, а најново засилување е Даниела Волческа. 18-годишна фудбалерка која игра во везната линија и доаѓа од младинската екипа на ЖФК Љуботен и треба да биде одлично засилување во тимот на новајлијата за сезона 2026/2027 во ВЖФЛ. Медана од Тетово продолжува да го креира ростерот за дебито во Втората лига, а во следниот период ќе бидат промовира уште девојки за ...

Женскиот фудбалски клуб Речица, со поддршка на Општина Куманово и ОСС Куманово, ќе биде организатор на традиционалниот турнир во женски фудбал „ЖФК Речица 2012-2026“, со кој уште еднаш се става акцент на промоцијата и унапредувањето на женскиот фудбал во кумановскиот регион. На турнирот ќе учествуваат четири екипи – ЖФК Речица, ЖФК Каменица Саса, ЖФК Љуботен и ЖФК Истатов, кои ќе имаат можност да одиграат квалитетни контролни натпревари и да ...

Дебитантот во Втората женска фудбалска лига, ЖФК Менада, се засили со Тамара Петровска, која доаѓа од редовите на Слободен. Се работи за 22-годишна фудбалерка од Тетово која може да покрие повеќе позиции во средниот ред и ќе биде вистинско засилување и освежување во тимот кој за првпат ќе настапи во ВЖФЛ. Петровска кариерата ја започна во Шарпланинка, а потоа беше дел од Љуботен и Скопје. ЖФК Менада од Тетово продолжува да го комплетира ...

Пелистер продолжува активно да го гради тимот за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, а најново име во ростерот на битолчани е Кире Стојанов. 20-годишниот фудбалер пристигнува од Брера Струмица и игра на позицијата лево крило, а во досегашната кариера настапуваше и за Беласица. Младиот фудбалер зад себе веќе има искуство од највисокиот ранг на македонскиот фудбал, со 29 настапи во Првата лига, на кои постигна четири гола и ...

Башкими неочекувано рано направи промена на тренерската позиција, откако по само две кола од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, клубот од Куманово ја прекина соработката со Гајур Реџепи и го назначи Шабан Сулејмани за нов шеф на стручниот штаб. Од клубот потврдија дека е постигнат договор со Сулејмани, кој во изминатиот период работеше како помошник-тренер во Работнички. За новиот стратег ова ќе биде нов предизвик во ...

Овој викенд ќе се играат мечевите од третото коло на Првата женска фудбалска лига, а веќе се познати и термините за сите пет натпревари. Третата рунда ќе биде отворена в петок од 16:30 со мечот во Гостивар меѓу Арсими и Башкими. Во сабота ќе се играат два мечеви. Од 16 часот во Кратово ќе се соочат Силекс и Скопје, а од 16:30 ќе играат Тиквеш и Шкендија Арачиново во Кавадарци. В сабота од 16:30 часот се игра меѓу Струга Трим Лум и Вардар, а ...

ФК Росоман влегува во нова фаза од своето функционирање, откако клубот доби ново раководство со јасна визија за понатамошен развој, подобри услови за фудбалерите и враќање на публиката на трибините. За нов претседател на клубот е избран Душко Кареов, додека новото раководство го сочинуваат Адријан Филипов, кој ќе ја извршува функцијата секретар, Веле Темелков, Стефан Јованов како спортски директор, Душко Димитров како тренер на голмани, како ...

Второлигашот Беласица натпреварите од есенската полусезона ќе ги игра под рефлектори односно во вечерен термин поради високите температури, а со тоа и подобри услови за игра, но и фудбалски амбиент во кој може да ужива публиката. Тоа што Беласица го практикуваше и во ланската сезона ќе го продолжи и во новата сезона, а истите ќе се играат додека налагаат временските услови, посочуваат од клубот преку соопштение. Беласица новата сезона во ...

Пелистер новата сезона во Втората лига ја отвара на домашен терен против дебитантот Камјани, а битолскиот тим информираше дека воведниот меч од првото коло на Втората лига ќе бида одигран во вечерен термин под рефлектори. Натпреварот е закажан за недела од 20 часот, а со тоа битолчани ќе имаат можност да го бодрат својот Пелистер во атрактивен термин кој може да донесе многу публика во одличен фудбалски амбиент. Пелистер кој лани испадна од ...

Фудбалскиот стадион во Турново денес има целосно нов лик и претставува објект кој со својата уреденост и услови може да одговори на највисоките стандарди за одигрување фудбалски натпревари. Од теренот, преку трибините и соблекувалните, па сѐ до целокупниот простор околу игралиштето, објектот е доведен во одлична состојба. Посебно внимание се посветува на самиот тревник, кој редовно се одржува и подготвува за натпревари. Се врши навремено ...

Второлигашот Брера Струмица ги промовираше првите две летни засилувања за новата сезона која стартува веќе овој викенд. Поранешниот освојувач на Купот на Македонија ги претстави Владимир Жоглев и Стефан Наумчески. Жоглев го засилува нападот на струмичани, доаѓа од Шкендија Арачиново, а низ неговата кариера искусниот 27-годишен голгетер настапуваше и за Осогово, Борец, Беса од Добри Гол, Победа Скопје, Вардар и Тетекс. 26-годишниот Наумчески е ...

Фудбалскиот терен во Росоман денес е во одлична, речиси идеална состојба, што е вистинска слика за тоа колку редовното одржување може да направи разлика. Зелената трева, уредниот терен и посветеноста во неговото одржување овозможуваат одлични услови за тренинзи и одигрување натпревари. Теренот редовно се коси, наводнува и валира, а токму континуираната грижа придонесува тревната подлога да биде рамномерна и квалитетна. Денес фудбалерите во ...

Третолигашот Брегалница од Делчево го промовираше своето петто летно засилување за новата сезона во Трета лига регион 3, откако беше претставен еден од најдобрите стрелци во изминатите сезона, Марио Атанасовски. 35-годишниот Атанасовски пристига од редовите на Карбинци, а претходно настапуваше за Рудар од Пробиштип кој е негов матичен клуб, потоа беше дел од Овче Поле, Осогово, Беласица и Каменица Саса. Претходно, како што објави Спортска ...

Прволигашот од Чегране, Арсими, продолжува со засилувањето на составот, а клубот денес официјализираше уште две нови имиња. Нови членови на тимот се голманот Ристо Јанков и сенегалскиот централен дефанзивец Ел Хаџи Геј. Јанков во Арсими пристигнува со сериозно искуство од македонскиот и меѓународниот фудбал. 27-годишниот чувар на мрежата во досегашната кариера го бранеше голот на Македонија Ѓорче Петров, Шкендија, Тиквеш, Брегалница и ...

Екипата на Новаци продолжува активно да го комплетира ростерот за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, а најново име во составот е Стефан Ивановски. Станува збор за 22-годишен десен бек кој во Новаци пристигнува од Пелистер и со себе носи и искуство од настапи во највисокиот ранг на македонскиот фудбал. Ивановски своите фудбалски почетоци ги имаше во битолски ЛГ Спорт, по што продолжи во Талент, а потоа направи трансфер во ...

Македонскиот прволигаш Арсими продолжува да го засилува составот, а клубот официјализираше две нови имиња во тимот – Маркел Гони повторно ќе го носи жолто-црниот дрес, додека Мухарем Мислими пристигнува како засилување за одбранбената линија. Гони добро ја познава средината во Арсими, каде што настапуваше во вториот дел од минатата сезона. Шпанецот остави позитивен впечаток со своите настапи, а во 13 натпревари во ПМФЛ постигна три гола. И ...

24-годишниот Лука Савичевиќ во новата сезона ќе го носи дресот на битолскиот клуб. Савичевиќ пристигнува од Феникс 2010, каде што настапуваше откако претходно беше дел од Шпанската кошаркарска академија (СБА). Станува збор за кошаркар со искуство стекнато и во американската колеџ-лига НЦАА, каде што настапуваше за тимовите на Источен Мичиген и Лафајет колеџ. Токму настапите во САД му овозможија да се стекне со значајно искуство и да ја ...

Актуелниот шампион Скопје со триумф од 1:2 ја доби Каменица Саса на тест-меч за проверка на формата за новата сезона во Првата женска фудбалска лига. Стрелци за тимот од Пржино беа Милевска и Коларовска, кои обезбедија триумф за Скопје. Новата сезона во ПЖФЛ стартува на 23 август, а Скопје одбраната на титулата ја започнува против Кочани на домашен терен, а пак Каменица Саса ќе гостува кај Љуботен во дерби меч на поранешни шампиони. ...

ЖФК Љуботен продолжува со засилување на стручниот штаб пред новата сезона, а ново име во тимот е Магдалена Лекоска, која ја презема функцијата тренер на голманите. За Лекоска ова претставува враќање во клубот во кој остави значајна трага како голман и капитен, но овојпат во нова улога. Нејзиното богато играчко искуство, репрезентативниот стаж и тренерските квалификации се очекува да бидат голем плус за голманките на Љуботен. Лекоска зад себе ...

Третолигашот Брегалница од Делчево ги промовираше првите четири летни засилувања за новата сезона. Поранешниот прволигаш се засили на голманската позиција со Мартин Димитров, на бековската позиција доаѓа Давид Тренчев, а пак во средината од теренот тимот е засилен со Дејвид Иванов и Славче Митовски. Димитров е 25-годишен голман кој претходно беше дел од Осогово и Слога Виница. Тренчев, пак има 20-години се работи за млад фудбалер кој во ...

Женскиот фудбал во Куманово испишува нова страница. ЖФК Башкими 2024 од оваа сезона 2026/2027 ќе биде дел од Втората женска фудбалска лига, со што клубот за првпат ќе се натпреварува во сениорска конкуренција. За Куманово, како најголем град во Македонија, ова е историски момент, бидејќи за првпат во историјата градот ќе има свој женски фудбалски клуб во сениорска конкуренција. Башкими 2024 зад себе има неколку сезони во кои се натпреваруваше ...

ГФК Тиквеш продолжува со засилувањето на играчкиот кадар за новата сезона, а најново име во редовите на кавадаречкиот прволигаш е 20-годишниот Мухамед Елмас. Елмас во Тиквеш пристигнува од редовите на Македонија ЃП, а во досегашната кариера има настапувано и за Работнички и Гостивар. Станува збор за млад и перспективен фудбалер, кој во Кавадарци доаѓа со желба за нов предизвик и можност за дополнителен развој. Дваесетгодишниот фудбалер зад ...

Прволигашот Вардар остана без тренерот Кристијан Фабијани, откако клубот и аргентинскиот стратег спогодбено го раскинаа договорот. Фабијани пристигна во Вардар со големи амбиции, но неговата мисија на клупата на „црвено-црните“ не траеше долго. Аргентинецот го презеде тимот на местото на Гоце Седлоски, но не успеа да ги исполни поставените цели. По елиминацијата од европските натпреварувања, Вардар вчера го претрпе и поразот во скопското ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
65%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
65%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
69%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
62%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
90%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76