- Либан се соочува со два избора – продолжување на војната со сите хуманитарни, економски и политички последици или преговори кои ви довеле до завршување на судирот и воспоставување на стабилност. Избрав преговори и се надевам дека ќе успееме да го спасиме Либан - посочи Аун. Тој посочи дека целта на разговорите со Либан е завршување на непријателствата, повлекување на израелските сили и распоредување на либанската армија долж меѓународно ...

“Марадона од Карпатите“ или најдобриот фудбалер во историјата на Романија, Георге Хаџи, од денеска и официјално е селектор на селекцијата на неговата земја. Да потсетиме дека тој доаѓа на местото на неодамна починатиот Мирчеа Луческу а беше селектор на неколку натпревари во далечната 2001 година. Претседателот на Романската фудбалска федерација, Разван Бурлеану, потврди дека Хаџи потпишал четиригодишен договор. Главната цел за новиот селектор ...

Се вели дека Германката, родена во 1969 година, дејствувала во име на украинските разузнавачки служби во градот Пјатигорск во регионот Ставропол, соопшти ФСБ. Според ФСБ, целта бил објект што го користат руските органи за спроведување на законот. Се вели дека во ранецот на жената е пронајдена бомба, а потоа е деактивирана. Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи изјави во Берлин дека министерството „ги зело предвид ...

Откако американската морнарица отвори оган и заплени ирански товарен брод, од Иранското министерство за надворешни работи сметаат дека Вашингтон покажал несериозност да води било каков дипломатски процес и рекоа дека засега немаат во план да ги продолжат преговорите. -Знаете дека Америка тврди дека ја поддржува дипломатијата, но во исто време презема одредени чекори што докажуваат дека Вашингтон не е сериозен во следењето на патот на ...

Според информациите кои утрово протекоа од Шпанија, четворица играчи на Реал Мадрид не сакале да патуваат со тимот на едно од гостувањата оваа сезона. Имено, станува збор за натпревар што се одигра во рамките на 27-то коло од Ла Лига во Селта на 6 март. Реал Мадрид успеа да победи со гол во 95-тата минута со малку тешкотии, а сега се појавија информации за играчите кои не сакале да одат на тој натпревар. Новинарот Пепе Алварез, познат по ...

По вчерашната победа над Арсенал од 2:1, најголемите светски букмејкери веруваат дека Манчестер Сити ќе ја освои Премиер лигата. Тимот на Пеп Гвардиола го победи Арсенал на домашен терен во 33-то коло од Премиер лигата, па сега „граѓаните“ заостануваат само три бода зад водечките „топчии“, со натпревар помалку. За првпат оваа сезона, Сити е главен фаворит за освојување на титулата, со коефициент од 1,68. По 31-то коло, нивниот коефициент беше ...

Експлозијата се случила синоќа во Вирудунагар, фабрика за пиротехнички материјали која требало да биде затворена, но во тој момент внатре имало околу 50 работници, јавува Би-Би-Си. Втора експлозија во истата фабрика се случила додека биле во тек спасувачките операции, при што биле повредени уште 13 лица, иако никој не претрпел сериозни изгореници. Причината за експлозиите сè уште не е позната и истрагата е во тек. Спасувачките операции беа ...

Освен што оствари многу важна победа во трката за пласман во Лигата на шампионите следната сезона, екипата на Ливерпул со победата на гости кај Евертон со 2-1 запиша нов историски рекорд. „Црвените“ станаа првиот тим во историјата на англиската елита што победил на 60 различни стадиони. Вирџил ван Дајк го постигна победничкиот гол за гостите во 100-тата минута, а тоа беше и првото „Мерсисајд дерби“ одиграно на новиот „Дикинсон Хил“ стадион на ...

Една од најголемите легенди на Ливерпул, крилниот напаѓач Мохамед Салах, изрази надеж дека ќе може да се збогува со клубот на донстоинствен начин. Египќанецот претходно го најави своето заминување од клубот на крајот од сезоната. „Чувството кога ќе постигнеш гол и ќе победиш е прекрасно. Најважно е да му помогнеме на тимот да се смири и да се чувствува самоуверено. Знаевме пред натпреварот дека ќе биде тешко, и ми е мило што успеавме да ...

Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД издаде нова дозвола во петокот, според која руска нафта и нафтени производи натоварени на танкери до 17 април можат да се купат до 16 мај, се вели во документот. Трансакциите со Иран, Куба и Северна Кореја се ослободени од дозволата. Вашингтон со тоа ги суспендираше санкциите за руска нафта и нафтени производи по трет пат од почетокот на ...

Во интервју вчеравечер, добитничката на Нобеловата награда за мир изјави дека „апсолутно“ се гледа себеси во Венецуела наскоро, предупредувајќи дека земјата ризикува немири доколку изборите се одложат. „За мирно решавање на немирите и очекувањата на венецуелскиот народ, веруваме дека е многу важно да се преземат чекорите што ги бара целата земја, а тоа се слободни и фер избори“, рече Мачадо (58). САД го киднапираа венецуелскиот претседател ...

Веројатноста за тоа да се случи во наредната недела се проценува на еден отсто. Тоа се случи во Јапонија во 2011 година кога земјотрес со интензитет од 7,3 степени претходеше на огромен земјотрес со магнитуда од девет степени според Рихтеровата скала, при што предизвика цунами, а загинаа приближно 20.000 луѓе. Јапонската Агенција за управување со пожари и катастрофи соопшти дека досега не е пријавена штета или повредени лица по денешниот ...

- Русија останува одговорен и важен играч на глобалните енергетски пазари. Пазарите во моментот поминуваат низ тешки времиња и секако, тешко е да се игнорираат руските количини - посочи Песков. Тој, коментирајќи го продолжувањето на одлуката за ублажување на американските санкции за продажба на руска нафта, истакна дека е невозможно да не се земат предвид многу руските енергетски резерви на глобалните пазари. Министерството за финансии на САД ...

Абас Масџеди Арани, шеф на иранската организација за форензичка медицина, изјави дека оваа бројка претставува потврдени смртни случаи, јави денеска новинскиот портал „Џамаран“. Според шефот на Организацијата за легална медицина, меѓу загинатите има 496 жени и 383 деца и малолетници. Најголем број жртви се регистрирани во главниот град Техеран, како и во Исфахан и крајбрежната провинција Хормозган. Активистите уште пред неколку недели ...

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека земјотресот се случил во 16:53 часот (07:53 GMT) во близина на брегот на регионот Санрику, на длабочина од 10 километри, пренесе ДПА. Издадени се предупредувања за цунами, втор највисок степен на тревога по предупредувања за големи цунами, за погодените региони, при што агенцијата наведе дека бранови до три метри би можеле да достигнат до делови од островите Хоншу и Хокаидо. Јапонската ...

– Воената соработка меѓу државите не треба да го поткопува меѓусебното разбирање и довербата меѓу земјите во регионот, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи, како одговор на прашање за годишните воени вежби организирани од Филипините и САД, во кои ќе учествуваат и јапонски сили. - Тоа што на Азиско-пацифичкиот регион му е најмногу потребно се мирот и спокојството, а тоа што му е најмалку потребно е вклучувањето на ...

Ова ќе биде првиот извоз на јапонски воени бродови од крајот на Втората светска војна, а испораката на првиот брод на Кралската австралиска морнарица е закажана за 2029 година, објави Си-Ен-Би-Си. Акциите на „Мицубиши Хеви Индустрис“ пораснаа за 3,64 проценти откако компанијата го објави договорот. Тие пораснаа за околу 75 проценти во последните 12 месеци. Договорот од 10 милијарди австралиски долари (7,15 милијарди долари), првпат објавен во ...

По вчерашниот пораз од Манчестер Сити на гости со 2:1, Арсенал полека ја загуби предноста на врвот во Премиерлигата. Сепак, шпанскиот стратег на клупата на „топчиите“, Артета, го нагласи фактот дека последната фаза од сезоната ќе биде одлучувачка за конечната распределба на местата. „Битката за титулата практично повторно започнува. Тие имаат натпревар помалку, ние водиме со три бода, а остануваат уште пет натпревари. Сè е во тек и ништо не е ...

- Не е донесена никаква одлука во врска со ова прашање – рече портпаролот Есмаил Багаи на прес-конференција во Техеран, пренесе ДПА. Прекинот на огнот меѓу Иран, САД и Израел, кој стапи во сила на 8 април, треба да истече в среда, при што следните чекори засега не се јасни. Претседателот на САД Доналд Трамп вчера изјави дека американски претставници денеска ќе пристигнат во Исламабад за понатамошни разговори. Маратонските преговори меѓу Иран ...

Се чини дека Бруно Фернандеш, иако има договор со Манчестер Јунајтед до 2027, најверојатно си оди од “Олд Трафорд“! Има најави е пред трансфер во С. Арабија, но тие не се единствените што го сакаат. Одеднаш, Фернандеш се најде на врвот на листата на желби на исклучително амбициозните лидери на тимот на Галатасарај. Оваа сезона, Бруно Фернандеш игра во одлична форма, постигнувајќи осум гола и додавајќи 18 асистенции во 30 натпревари во Премиер ...

Џалали посочува дека нападите на САД и Израел врз Иран не успеале, бидејќи нивната декларирана намера била „промена на режимот“, но, според него, Исламската Република денес е пообединета од претходно. „Иран обезбедува безбедно поминување. Врз основа на безбедносните мерки и правниот режим во Ормуската Теснина, бродовите и пловните објекти можат да минуваат“, изјави Џалали за „Ведомости“. Џалали посочува дека нападите на САД и Израел врз Иран ...

Хајди Елиот купила Форд Транзит од 2015 година за 15.000 фунти (околу 17.230 евра) и во текот на изминатата година го трансформирала во импресивен простор исполнет со розови детали. Откако живее во комбе, заштедува 1.400 фунти (околу 1.600 евра) секој месец. Женски дом од соништата на тркала Преобразбата од 20.000 фунти (скоро 23.000 евра) ѝ овозможила да создаде свое „женско комбе“ со посебни простории за спиење и дневен престој, рерна, ...

„Пет тактички балистички ракети, истрелани кон целна зона лоцирана околу остров на оддалеченост од околу 136 километри, погодиле површина од 12,5 до 13 хектари со многу висока густина, целосно демонстрирајќи ја својата борбена моќ“, соопшти севернокорејската државна агенција КЦНА. Тестирањето било спроведено под директен надзор на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун,а е продолжение на серија пробни гаѓања извршени изминатите неколку седмици ...

За време на изведбата на „One Less Lonely Girl“ од 2009 година, Џастин Бибер покани некого од публиката да му се придружи на сцената. Набрзо се покажа дека тоа е Били Ајлиш, која го следеше настапот во публика. Пејачката се качи на сцената и се расплака од смеа од шок, пред да падне на колена додека Бибер продолжи да пее. Тој ѝ се приближи, ја прегрна и ја одведе до стол поставен среде сцената. Додека седеше, Били го закопа лицето во рацете ...

Тој го документира својот тежок режим на тренинг во серија на YouTube каде што проверува дали другите можат да го следат неговото темпо. Ја документира својата рутина на YouTube Волберг ја започна својата сопствена серија на YouTube наречена „4AM Club Challenge“, наменета за секој што е подготвен да вложи сериозен напор. Иако порано имаше уште построга рутина и се будеше уште во 2:30 часот наутро, во меѓувреме се откажа од неа. И покрај ова, ...

Сите сме склони кон претпоставката дека колку луѓето изгледаат подобро, толку повеќе понуди добиваат. Но, дали митот дека убавината подразбира поголемо сексуално задоволство е вистинит? Еве го одговорот. Американскиот социјален психолог Џастин Лемилер ги разгледувал научните истражувања за да открие дали атрактивните луѓе имаат повеќе сексуални партнери и пронашол три различни студии кои доведувале до истиот заклучок – да, за ова пишува Дејли ...

Во ново интервју, актерката тврдеше дека вештачката интелигенција ќе може да ја заврши работата на Шаламе за десет години, но дека никогаш нема да може да го замени танчерот на сцената, пишува EW. „Танчерите се суперхерои“ Во интервју за The New York Times објавено во саботата, Терон, која самата била танчерка во младоста, нагласи колку е тешка дисциплината на танцот. „Танцувањето е веројатно едно од најтешките нешта што некогаш сум ги ...

Американските сили пресретнаа и презедоа контрола врз товарен брод под иранско знаме во Оманскиот Залив, откако се обидел да ја пробие поморската блокада во близина на Ормуската Теснина, изјави претседателот Доналд Трамп, додека Техеран вети дека ќе одговори. Иран „наскоро ќе одговори“, пренесе Press TV, медиум близок до раководството на земјата, цитирајќи ја врховната заедничка воена команда на Иран, пренесе ДПА. Трамп на својата платформа ...

Барселона би можела да добие неочекувана финансиска инјекција од француската Лига 1, а таа се поврзува со заборавениот Ансу Фати. Шпанецот моментално е на позајмица во Монако од Барселона до крајот на сезоната, а овој клуб сака да му понуди перманентен договор, кој пред неколку години се сметаше за едно од идните големи имиња во фудбалот, но неколку повреди имаа негативно влијание врз потенцијалот на Фати. Според „Мундо Депортиво“, Монако е ...

Нафтата од типот „брент“ за испорака во јуни се тргуваше за повеќе од 7 отсто повисоко во споредба со претходната недела, достигнувајќи 97 долари за барел, додека американската референтна нафта „West Texas Intermediate“ (WTI) забележа слични покачувања. На почетокот на ескалацијата кон крајот на февруари, „брент“ се тргуваше под 70 долари. Скокот на цените следуваше по зголемените тензии во Ормуската Теснина, каде што американската морнарица ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
59%
1013
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
70%
1014
weather icon

Загреб

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
90%
1015
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
54%
1013
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
7.16
54%
1011
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
96%
1014
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
2.68
64%
1013
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
63%
1014
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
82%
1014
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
4.63
65%
1008
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
1.34
51%
1013
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
71%
1012
Currency

61.6317

Currency

52.3013

Currency

70.8135

Currency

37.5034

Currency

38.324

Currency

67.1857

Currency

7.67135

Currency

0.69779

Currency

0.32957

Currency

0.52505

Currency

1.16583

Currency

0.56173

Платина

66712.80

Калај

49.88

Бакар

12.14

Рутениум

55395.74

Цинк

3.44

Паладиум

49215.93

Иридиум

253540.09

Родиум

324722.54

Сребро

2840.84

Алуминиум

3.53

Кобалт

45.39

Злато

166450.52