Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Германскиот тенисер Александар Зверев, од вечерва, официјално е најдобар тенисер во светот. На АТП листата во живо, Зверев го престигна Италијанецот Јаник Синер и стана 30-тиот тенисер кој успеа да биде најдобар на планетата во еден момент. Зверев стигна до таму со победата над Холанѓанецот Талон Грикспор во второто коло од турнирот во Виена. Германецот победи со 6:4, 6:4, а мечот траеше 95 минути. Зверев стана вториот Германец, по ...
Новак Ѓоковиќ оваа сезона го забележа својот најлош настап на Мастерс турнирите од 2005 година. За прв пат по 21 година, најдобриот тенисер на сите времиња не успеа да стигне до четвртфиналето на барем еден од турнирите од серијата 1000 од споменатата 2005 година, кога неговиот најдобар резултат беше третото коло во Париз. Тогаш младиот Ѓоковиќ, одигра само четири натпревари во овие престижни натпреварувања и забележа резултат од 2-2. ...
Фудбалерите на Лидс го победија Тотенхем со 1:0 во 10-то коло од Премиер лигата. Лидс победи по пет последователни натпревари без триумф, во исто време ја прекина серијата на Тотенхем од три победи. Можеби овој натпревар не беше најспектакуларниот можен, но имаше што да им понуди на англиските фудбалски фанови. Иако Тотенхем имаше поголем посед на топката, тимот на Лидс имаше дури четири одлични шанси, а успеаја да искористат само една ...
Луис Хамилтон ја освои првата пол-позиција за Ферари во тековната сезона, во првенството во Формула 1. Британецот до 105-та пол-позиција во кариерата, дојде пред сонародникот Џорџ Расел од Мерцедес и тимскиот колега Шарл Леклер. Ова е прва пол-озиција за Хамилтон во Ферари и прва за него по пауза од нешто повеќе од три години, кога како возач на Мерцедес, во 2023 година стартуваше прв на Големата награда на Унгарија. Седумкратниот светски ...
Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше на Големата награда на Малезија, 19-та трка од сезоната на шампионатот Мото ГП, и направи голем чекор кон одбрана на титулата. Маркез со леснотија стигна до доминантна победа во Сепанг, негова седма во сезоната, три секунди пред победникот во спринтот во саботата, Педро Акоста од КТМ Рејсинг. На третото скалило на подиумот се искачи возачот на Гресини, Алекс Маркез, кој беше речиси две секунди зад ...
Макс Ферстапен победи на трката за Големата награда на Мексико, пред Луис Хамилтон , но приказната на денот е Андреа Кими Антонели. Италијанецот трката ја заврши на третото место и со 19 години и 68 дена стана најмладиот светски првак во историјата. Мерцедес повторно има шампион по 2020 година, а Италија го доби првиот шампион по 73 години кога шампион беше легендарниот Алберто Аскари. Што се однесува до трката на автодромот „Ерманос ...
Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, стана 36-ти шампион во историјата на Формула 1 и ѝ ја донесе на Италија четвртата титула. Антонели до титулата дојде на четири трки пред крајот на сезоната, благодарение на третото место на Големата награда на Мексико. Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја забележа третата победа во сезоната, 74-та во кариерата, пред Луис Хамилтон во Ферари и новиот шампион Антонели. 🤩 Formula 1 tarihinin en özel ...
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, не беше задоволен од ставот на својот тимски колега, Шарл Леклер, за време на трката за Големата награда на Мексико. Седумкратниот светски шампион овој пат не се воздржа како што можеби требаше. Имаше пол-позиција на стартот, започна добро, но потоа Шарл Леклер го исфрли од патеката и со тоа го загуби првото место. До крајот на трката, Хамилтон успеа да заврши втор зад Макс Ферстапен, што не го направи ...
Џорџ Расел (28) не учествуваше во прославата на Кими Антонели, кој со освојувањето на третото место на Големата награда на Мексико стана најмладиот светски шампион во историјата на Формула 1. Британскиот возач на Мерцедес беше целосно уништен по уште една трка обележана со проблеми со автомобилот, а шефот на тимот Тото Волф јавно призна дека Мерцедес го изневериле. На возраст од 20 години и 68 дена, Антонели ја освои титулата на четири трки ...
Францускиот возач Естебан Окон дефинитивно нема да ја заврши тековната сезона во Формула 1 со тимот на Хас, а моменталниот лидер во шампионатот на Формула 2, Рафаел Камара, ќе вози наместо него на претстојната трка во неговиот роден Бразил. Ова е епилогот на одлуката, што ја донесе Хас, во саботата, кога реши да го замени Окон среде тркачкиот викенд за Големата награда на Мексико Сити. Се покажа дека причината за таа брзоплета одлука била ...
Помина повеќе од една деценија од тешката несреќа на Михаел Шумахер на скијање, но здравствената состојба на легендарниот возач на Формула 1 е сè уште една од најголемите мистерии во светот на спортот. Од 2013 година, семејството на седумкратниот светски шампион не дава никакви информации за неговото закрепнување, а германскиот телевизиски водител Флоријан Кениг, долгогодишен пријател на Шумахер, верува дека е време јавноста да ја прифати ...
Легендарниот австралиски возач Алан Џонс, светски шампион во Формула 1 во 1980 година и прв освојувач на титулата во автомобил на Вилијамс, почина на 80-годишна возраст, по кратко боледување. Веста за неговата смрт ја потврди неговата сопруга Аманда Батлер-Дејвис во соопштение објавено од „Motorsport Australia“. „Со голема тага објавуваме дека нашиот сакан Алан почина на 5 ноември, по кратко боледување. Ќе им недостига на сите што му беа ...
Пред Големата награда на Сао Паоло, Џорџ Расел не сакаше да крие дека колку многу го исцрпила оваа сезона. По уште едно големо разочарување во Мексико, возачот на Мерцедес призна дека серијата проблеми го оставила целосно исцрпен. Расел влезе во сезоната 2026 како еден од главните фаворити за титулата, но брзо сфати дека брзината на автомобилот нема да биде доволна ако сигурноста продолжи да го издава. Последниот удар дојде во Мексико, каде ...
Во ноќта помеѓу понеделник и вторник, во НБА беа одиграни 15 натпревари. Портланд победи во Денвер со 118:110. Денвер Нагетсите доминираа во првата четвртина, која ја добија со 31:19. Имаа и +14 во втората четвртина 48:34. Од тој момент, гостите ги зедоа работите во свои раце. Во третата четвртина, дојдоа до предност 82:80, а пресвртот се случи во последната четвртина. Со серија од 15-4, Портланд дефинитивно го сврти натпреварот и не го ...
Ти Џеј Шортс ја пронајде вистинската форма во Валенсија, а одличните игри на почетокот на сезоната беа наградени со големо признание. Организацијата на Евролигата го прогласи за најкорисен играч (MVP) за месец октомври. Репрезентативецот на Македонија има одличен период зад себе, во кој се етаблираше како еден од најдоминантните поединци во елитното европско натпреварување. Бројките најдобро го илустрираат неговиот придонес. Во девет ...
Комесарот на НБА, Адам Силвер, наводно е наклонет кон идејата за скратување на натпреварите на 40 минути. Причината е загриженоста за повредите и натпревари што ги пропуштсат најголемите ѕвезди во лигата. Според Крис Маникс од „Спортс илустрејтед“, Силвер е отворен за предлогот НБА натпревар да се игра, во четири четвртини од 10 минути, моделирани по европски модел. „Мислам дека на Адам Силвер, од она што го слушнав, му се допаѓа идејата за ...
Виктор Вембањама одигра натпревар за паметење и ги предводеше Сан Антонио Спарс до драматична победа над Далас со 112:111. Францускиот центар постигна рекорд во кариерата со 52 поени и 24 скока, заедно со осум блокади, во еден од најдоминантните индивидуални настапи оваа сезона. Вембањама веќе во првото полувреме покажа дека го очекува посебна ноќ. Во првите 24 минути, тој постигна 29 поени, фати 15 топки и забележа пет блокади, со што ...
Лос Анџелес Лејкерс го победија Сакраменто со 116:103 во НБА лигата. Ова беше седма победа на „езерџиите“ во деветтиот натпревар од оваа сезона и осмиот во кој незапирливиот Лука Дончиќ постигна над 35 поени. Овој пат застана на 40, со одлична реализација од поле. Имаше 6/13 за три поени, 12/13 за еден, а забележа девет скока и седум асистенции. Словенецот, по овој натпревар застана рамо до рамо со најголемите имиња во историјата на ...
Извонредните индивидуални партии на Никола Јокиќ, Шеј Гилџис-Александер и Џејлен Браун и донесоа победи на нивните тимови изминатата ноќ во НАБ лигата. Денвер ги победи Торонто Репторс со 128:109. Јокиќ забележа 32 поени, 11 асистенции и 10 скока, остварувајќи го својот трет трипл-дабл во сезоната, 201-ви вкупно во кариерата, и 90-ти, што го постигна веќе во третата четвртина. Покрај српскиот центар, се истакна и дебитантот Брајс Хопкинс, ...
Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс, во ноќта помеѓу четврток и петок, забележаа рутинска победа во дуелот со Мајами Хит, 120:100. За Вориорс, по лошиот почеток на сезоната со три порази, ова е дури шеста победа по ред, додека Мајами Хит го претрпеа шестиот пораз и сега се на 3-6. Мајами добро се држеше до третата четвртина, која мина во апсолутна доминација на „воините“, и ја добија со 15 поени разлика (38:23). Мајами не успеа да се врати ...
Голден Стејт Вориорс би можеле значително да го променат тимот за следната сезона, планираат да доведат многу кошаркари, а еден од нив би можел да биде Никола Јокиќ. Голден Стејт ја следи ситуацијата околу Никола Јокиќ и се надева дека српскиот центар би можел да биде достапен следното лето, смета новинарот од НБА, Џејк Фишер. „Вориорс се меѓу тимовите кои прашуваат: „Дали сме сигурни дека Никола Јокиќ нема да биде достапен следното лето?“ ...
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ бележи неверојатна статистика на почетокот од новата сезона. Лука Дончиќ е веројатно најдобриот кошаркар во светот во моментов, изминатата ноќ ги предводеше Лејкерси до победа над Портланд (124:118) со неверојатни 53 поени и по пет скока и асистенции. Моментално, во просек бележи 40,1 поен по натпревар. Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс повторно се запиша во историјата на славната франшиза, станувајќи ...
Кливленд Кавалирс, изминатата ноќ, ги победија Филаделфија Севентисиксерс со 119:95. Многумина во Охајо беа многу возбудени за враќањето на Леброн Џејмс, а уште повеќе возбудени за убедливата победа на нивниот тим од 24 поени. Леброн рече дека не добил „пеколно добредојде“ како што добил пред 16 години кога пристигнал за прв пат како играч на Мајами, но дека имал многу лош натпревар. Доби свирежи од трибините, но многу помалку отколку што ...
Ракометарите на Вардар 1961 и по третото коло се уште се без победа во Групата Б, во Лигата на шампионите. Вечерва во „Јане Сандански“, македонскиот првак загуби од Висла Плоцк со 26:32 (13:15). Вардар 1961 пред домашната публика падна „без испукан крушум“, против тактички беспрекорната Висла. Гостите не потклекнаа на атмосферата во „Јане Сандански“, од стартот го наметнаа својот ритам, стекнаа предност од 3:0, потоа и 7:2. Вардар до ...
Еурофарм Пелистер го забележа својот втор пораз во групната фаза од Европската лига. Вечерва во Германија, Гумерсбах го порази Пелистер со 38-28 (20-15). Пелистер постигна два гола на почетокот, потоа Губерсбах одговри со серија 5:1, го презеде водството и до крајот само ја зголемуваше предноста. Тренерот на Пелистер Лино Червар, слично како и против Ла Риоха го плати цехот со определбата во нападот да игра „седум на шест“. Гумерсбах на ...
Ракометарите на Вардар, во четвртото коло го забележаа четвртиот пораз во Лигата на шампионите. Вечерва во Полска, Висла го победи Вардар со 33:32. Првите 20 минути од првиот дел го одреди текот на натпреварот. Висла демонстрираше добра игра во одбраната, дојде до предност 14:6. Успеа Вардар некако да го спушти минусот на три гола до крајот на полувремето. Во втроиот дел Висла најчесто имаше предност од три гола, Вардар успеа да се доближи ...
Украинецот со македонски пасош, Дмитро Хориха, доби дозвола од Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) да настапува за репрезентацијата на Македонија. На оваа тема, говореа првиот човек на Македонската ракометна федерација, Александар Стефанов и селкеторот, Кирил Лазаров. „Мислам дека добиваме еден ракометар што ќе даде тежина и голем придонес, тој е во зенитот на својата кариера и се надеваме дека со него ќе добиеме на квалитет и ќе ...
Ракометарите на Вардар во петтото коло ја запишаа првата сезонска победа во Лигата на шампионите. Вечерва во Нант, македонскиот првак убедливо победи со 27:33 (13:16). Вардар во Нант демонстрираше цврста игра во одбраната, со која диригираше брилијантниот голман Валах. Полскиот голман натпреварот го заврши со 17 интервенции. Неговите одбрани, неговите соиграчи знаеја да го материјализираат. Црвено-црните по петтата минута го наметнаа својот ...
Репрезентите на Македонија, во ЕХФ Европскиот куп, ГРК Охрид и Алкалоид го добија противниците со кои ќе се соочат во третото коло. Бранителот на гтрофејот, ГРК Охрид, во второто коло немаше проблеми со Спор Тото од Турција, забележа две убедливи победи. Во третата рунда, екипата од Охрид ќе се соочи со екипа од Литванија. На 21 или 22 ноемвир, ГРК Охрид ќе гостува кај Драгунас Клаипеда . Реванот во Охрид ќе биде една недела подоцна. ...
Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави спискот на играчи за дуелите со Луксембург и Грција во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2028 година. На списокот на Лазаров од 18 ракометари, нема место за пикерот на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски, додека неговиот клупски колега, ветеранот Никола Митревски се наоѓа меѓу резервите. Во рамките на ЕХФ неделата, за Македонија ќе дебитира, ...