Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Драмата на натпреварот помеѓу Данска и Украина за среќа имаше позитивен исход. Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен (34) се струполи во 65-та минута, но по десетминутна медицинска интервенција, стана и сам го напушти теренот, проследен со аплауз од трибините. Натпреварот заврши кратко потоа, во 79-та минута. Сцените потсетуваа на Европското првенство во 2021 година, кога Ериксен доживеа срцев удар, и овој пат играчите формираа круг околу ...
За жал, сцените од Европското првенство 2021 се повторија, Кристијан Ериксен повторно колабираше на теренот. Сè се случи во 65-тата минута од пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина. Претходно, искусниот Данец имаше кратка расправија со играч на гостинскиот тим. Недолго потоа, тој почна да се држи за градите. Медицинскиот персонал беше итно повикан да му помогне на 34-годишниот фудбалер. По неколкуминутен прекин, беше одлучено ...
Пари Сен Жермен го информирал Реал Мадрид дека Португалците, Жоао Невеш и Витиња не се на продажба, одбивајќи понуда од 150 милиони евра за еден нив двајца. Но, како што објави шпански „АС“, играч за врска од Португалија би можел да го облече дресот на Реал Мадрид ова лето, ако Перез победи на изборите денес, што е очекувано, и Жозе Мурињо стане тренер. Матеус Фернандеш од Вест Хем е личен избор на Жозе Мурињо, пишува „АС“, и треба да се ...
Александар Серлот од наредната сезона ќе го предводи нападот на Јувентус, тврдат бројни релевантни извори од Италија. Норвежанецот ги договорил личните услови со Јувентус и чека финализирање на преговорите меѓу клубовите. Се шпекулира дека Атлетико бара 30.000.000 евра за неговиот трансфер, додека планот на Јувентус е да го намали обесштетувањето. Во текот на изминатата сезона, Серлот постигна 20 гола во сите натпреварувања, беше златен ...
Андреа Кими Антонели победи на најпозната Ф1 трка во светот, Големата награда на Монако. 19-годишниот Италијанец, со победата низ улиците на Монте Карло, урна неколку рекорди. Ја забележа петтата победа во низа и стана најмладиот возач со гренд слем (стартувше од пол-позицијата, водеше од првиот до последниот круг и го извозе најбрзиот круг во трката). Во трката обележана со откажувањето на фаворитите, излегување на безбедноснотот возичо и ...
Речиси ниту еден голем градежен проект, во последно време, не може да избегне одложувања и пречекорувања на трошоците, а работата на стадионот „Спотифај Камп Ноу“ и целиот комплекс „Еспаи Барса“ не е исклучок. Не само што реновирањето е одложено во споредба со првичните планови, туку и заемот од 1,45 милијарди евра, кој го обезбеди „Голдман Сакс“, се покажа како недоволен. На Барселона ѝ требаат повеќе пари за да го заврши својот амбициозен ...
Ирачкиот напаѓач Ајмен Хусеин беше задржан и испрашуван речиси седум часа на аеродромот О’Хара во Чикаго откако пристигна со репрезентацијата на Светското првенство. На Хусеин конечно му беше дозволено да влезе во Соединетите Држави, но на фотографот на тимот му беше забранет влез во земјата. Според ирачки спортски службеник близок до репрезентацијата, телефонот на Хусеин бил проверен по пристигнувањето. По речиси седумчасовно испрашување, ...
Турските медиуми објавија дека турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу би можел да стане ново засилување на Фенербахче, во случај претседателскиот кандидат Хакан Сафи да победи на претстојните клупски избори. Според извештаите од Турција, Сафи наводно постигнал принципиелен договор со играчот од средниот ред на Интер, но реализацијата на трансферот ќе зависи од исходот на изборите, како и од евентуалниот договор со италијанскиот клуб. Се ...
Бразилската фудбалска репрезентација го победи Египет со 2:1 во последниот тест пред почетокот на Светското првенство, но тренерот Карло Анчелоти доби причина за загриженост. Десниот бек Весли мораше да го напушти теренот во 17-та минута поради повреда на глуждот. Според бразилските медиуми, станува збор за истегнување, па затоа е избегната сериозна повреда, но конечната проценка ќе биде позната по дополнителните прегледи. Бразил нема многу ...
Победник на Големата награда на Унгарија, осмата трка во сезоната на Мото ГП, е возачот на Дукати, Марк Маркез. Маркез на „Балатон парк“, прослави голем јубилеј, ја забележа 100-та победа во кариерата, која ја чека од септември 2025 година и трката во Сан Марино. Ова е првата победа на Маркез од Сан Марино, пред 266 дена. Валентино Роси има најмногу победи во „кралската класа“, 89, додека Марк Маркез ја забележа 74-та. На второто место беше ...
Тенерифе ја приреди најголемата сензација во европската кошарка оваа сезона. Тимот од Канарските Острови го елиминираше Реал Мадрид, а конечниот резултат од третиот натпревар од четвртфиналната серија од плејофот на АЦБ лигата во „Висинк Центарот“ беше 95:107 (24:23, 21:26, 28:21, 22:37). Иронично е што тимот на италијанскиот тренер Серхио Скариоло стигна многу подалеку во Евролигата, односно до финалето, а последен пат „кралскиот клуб“ ...
Плановите на Арсенал да доведе голема ѕвезда во летниот преоден рок, барем засега нема да се остварат. Хулијан Алварез, напаѓач означен како приоритет од страна на менаџерот, Микел Артета, одбил да се пресели во Лондон. Според, новинарот на „СЕР Депортивос“, Педро Фулана, Арсенал е единствениот клуб подготвен да даде конкретна понуда до Атлетико за 26-годишниот напаѓач. Сепак, договорот не е можен бидејќи Алварез немал намера да се враќа во ...
Португалија го победи Чиле со 2:1, во пријателски меч одигра во Лисабон. Натпреварот го обележа она што се случи во финишот на првото полувреме, кога судијата подели два црвени картони. Физички се пресметаа чилеанскиот дефанзивец Иван Роман и португалската ѕвезда Рафаел Леао. Рамон заврши на земја откако Леао го турна во лицето со рака, по што другите играчи ја смирија ситуацијата. Судијата им покажа на Рамон и на Лео директни црвени ...
Андреа Кими Антонели ја освои пол-позицијата пред утрешниот старт на Големата награда на Монако, поставувајќи време за 43 илјадитинки побрзо од Макс Ферстапен во последниот обид, кога истече времето предвидено за квалификациите. Додека лидерот во шампионатот, тинејџерот од на Мерцедес ја преминуваше целта, Шарл Леклер, домашниот миленик, возач на Ферари, заврши во ѕидот во близина на пристаништето и го оштети своето возило, откако минута ...
Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе (27) одигра индивидуално одлична сезона за Реал Мадрид. Тој беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите и во Шпанското првенство, но Реал не освои ниту еден трофеј минатата сезона. Пред Светското првенство, тој даде интервју за „Сораре“, во кое зборуваше за бројни теми. Една од нив беше споредбата помеѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо. „Играв со Меси и против Роналдо. Кристијано е мојот идол, но ...
Фудбалската репрезентација на Парагвај ги заврши подготовките за Светското првенство со убедлива победа, но прославата беше засенета од загриженоста за повреда на клучениот играч, Хулио Енсисо. На последниот тест пред Мундијалот, Парагвај ја победи Никарагва со 4:0 во пријателски натпревар, а навивачите им приредија спектакуларно збогување. Paraguay got quite the send off in their friendly vs. Nicaragua before leaving for the World Cup ...
Ултрас групите на Милан ги повика другите навивачи да „се подготват за уникатен протест“ против сопственикот на клубот, Грио Кардинале. „Ќе биде долго лето, а најлошото допрва доаѓа“, порачаа тие во повикот до навивачите. Милан не успеа да избори место во Лигата на шампионите за следната сезона и тоа дополнително ги налути навивачите. Ултрасите претходно организираа протести барајќи од клубот да го отпушти извршниот директор Џорџо Фурлани. ...
Њујорк Никс стигнаа до нов брејк во луда завршница и се враќаат дома, во „Медисон Сквер Гарден“ со предност 2-0 во НБА финалето, Никс славеа во Сан Антонио со 105:104 (25:34, 31:18, 28:23, 21:29). Тимот на Мајк Браун влезе во последната четвртина со водство од 12 поени по одличната изведба во втората и третата четвртина, но домашните успеаја да се свртат и да поведат со два поени на самиот крај со тројката на Виктор Вембањама. Но ...
Германската фудбалска репрезентација остана без еден од најталентираните играчи за Светското првенство. Вундеркиндот на Баерн Минхен, Ленарт Карл се повреди на последниот тренинг, пред последниот контролен натпревар. Селекторот Јулијан Нагелсман потврди дека ситуацијата воопшто не е наивна. „Карл се повреди на денешниот тренинг. Не изгледа добро. Мора да почекаме дијагноза и да видиме дали ќе може да игра на Светското првенство или ќе мора ...
Саша Зверев, е првиот финалист на Ролан Гарос во 2026 година. Зверев го победи Јакуб Меншик со 3-1. Германецот славеше по три часа игра во Париз со 7:5, 6:2, 3:6, 6:3 и за првата титула на најголемите турнири ќе се бори против Коболи или Арналди. Зверев досега три пати играл финале и никогаш не успеал да освои Гренд слем титулата. Беше поразен од Доминик Тим во 2020 година на Ју-ес опен, од Карлос Алкараз на Ролан Гарос во 2024 година и од ...
Српскиот репрезентатиовец, син на тренерот на Црвена звезда, Дејан Станковиќ, Александар, се враќа во Интер по успешната сезона во Клуб Бриж. Талентираниот фудбалер, роден во 2005 година, повторно ќе стане член на миланскиот гигант во трансфер кој ќе се реализира на трајна основа, пишуваат италијанските медиуми. Станковиќ ќе потпише петгодишен договор со Интер, кој ќе го врзе за клубот до летото 2031 година. Враќањето на српскиот ...
Баерн Минхен направи голем чекор кон потпишувањето на ѕвездата на Ајнтрахт Франкфурт, Натаниел Браун. Баварците постигнале вербален договор со дефанзивецот. Германскиот репрезентативец стана приоритет за Баерн, кој под водство на тренерот Винсент Компани составува тим за следната сезона, пишува „Goal.com“. Тренерот на Баерн, Компани, лично инсистира на трансферот на 22-годишниот лев бек, кој зад себе има извонредна сезона. Баварците ...
Големата неизвесност околу настапот на Брил Емболао на Светското првенство во 2026 година конечно заврши. Напаѓачот на швајцарската репрезентација доби дозвола за влез во Соединетите Американски Држави и наскоро ќе им се придружи на своите соиграчи во кампот на репрезентацијата во Сан Диего. Фудбалерот на Монако, не замина со сиграчите на почетокот на неделата, бидејќи американските власти одлучија дополнително да ги проверат неговите патни ...
Фудбалерот на Реал Мадрид, Арда Гулер, ја доби наградата за најубав гол во сезоната во шпанската Ла Лига. Турчинот го постигна тој гол во натпреварот од 28-то коло против Елче на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Ја освои топката во својата половина, забележа дека противничкиот голман е далеку од голот и со вистинска мајсторство ја погоди мрежата од 65 метри. Оваа награда може да биде голем поттик за Гулер, кој ќе биде носител на играта во ...
Дресот на фудбалската репрезентација, на малата карипска држава, Курасао е најубавото нешто што навивачите ќе можат да го видат на Светското првенство. Курасао, под водство на селекторот Дик Адвокат, ќе го има своето деби на Светското првенство и самиот факт што е меѓу фудбалската елита е доволна причина вниманието на добар дел од навивачите да биде насочено кон оваа селекција. Навивачите изминатите денови, зборуваа за дресот на Курасао. ...
Ламин Јамал е убедливо најскапиот играч во светот. Според најновото истражување на „CIES“ (Фудбалска обсерваторија) – проценката е дека суперталентираниот Шпанец вреди 358.100.000 евра, што звучи неверојатно. Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе му го чуваат грбот. Норвежанецот вреди 227.300.000 евра, а Французите многу помалку од она што ПСЖ некогаш го плати за него. Потоа Мбапе отиде од Монако во Париз за 180.000.000 евра. Сега неговата вредност ...
Долгогодишниот спонзор на Фудбалскиот клуб Шкендија, „Еколог“, се огласи со соопштение, по жестоката казна што му ја додели Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Поради многуте инциденти што се случија во финалниот натпревар, во Купот на Македонија, Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија, парични ја казни Шкендија со вкупно 105.000 евра и го исфрли клубот од натпреварите во Купот за ...
Кошаркарскиот клуб Арис развива сериозен проект, што треба на клубот да му ја врати старата слава, која ја имаше во ерата на кошаркарската легенда Никос Галис. Нов тренер на клубот е актуелниот селектор на Грција, Василис Спанулс, а како што пишуваат грчките медиуми, прв засилување во новата ера треба да биде македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ. Димитријевиќ има добра сезона во дресот на Баерн. Со тимот од Минхен тој избор ...
Формула 1 ќе продолжи да се вози во Лас Вегас барем до 2037 година, откако беше постигнат нов договор за десетгодишно продолжување. Организаторите на трката со тоа ја потврдија долгорочната иднина на еден од најатрактивните настани во светскиот спорт. Големата награда на Лас Вегас, која се одржува во срцето на градот и се протега по булеварот Лас Вегас Стрип, за кратко време стана синоним за врвна забава, луксузно гостопримство и уникатно ...
Светската фудбалска федерација (ФИФА), ја објави последната листа пред стартот на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Актуелниот светски првак, Аргентина, на Мундијалот ќе доппатува и како број 1 на листата на ФИФА. „Гаучосите“ напредуваа за две позиции, а два позиции паднаа Французите, тие се трети на оваа листа. Меѓу Аргетина и Франција се наоѓа Шпанија. На најновата листа, македонската фудбалска репрезентација назадуваше, по ...