Дресот, кој Мајкл Џордан го носел против Јута Џез, ќе стане најскапиот во спортската историја. Во 1998 година, Чикаго Булс ги победија Јута Џез со 4:2 во финалето на НБА и станаа шампиони, а MВП на финалната серија беше Мајкл Џордан. „Неговото Летечко Височество“ одигра неверојатна серија и имаше 24 поени во третиот натпревар кога Чикаго победија со разлика од 42 поени (96:54), и ова сè уште е најубедливата победа во еден натпревар од ...

Шпанскиот херој од Светското првенство, Феран Торес, имаше блескаво деби во дресот на актуелниот европски првак, ПСЖ. Напаѓачот со два гола не дозволи пораз на „светците“ на гостувањето во Рен. Натпреварот заврши 2:2. Европскиот шампион губеше со 2:0 во првото полувреме против Рен, откако Шимански постигна прекрасен гол во деветтата минута, а предноста ја зголеми Лепол во 38-та минута. Во тоа прво полувреме, ПСЖ доминираше. Ја имаше ...

Барселона убедливо победи на гостувањето кај Елче во второто коло од Ла Лига, актуелниот првак победи со 5:0 (2:0). Каталонците поведоа во 14-та минута, кога Рафиња беше прецизен од пенал и им донесе водство на гостите. Елче се обиде да одговори, но Барселона успеа да зададе уште еден удар до крајот на првото полувреме. Во третата минута од судиското продолжение, Рафиња му асистираше на Карим Адејеми, кој ладнокрвно го погоди долниот десен ...

Фудбалерите на Њукасл и Ливерпул одиграа возбудливи 2:2 во воведното коло од Премиер лигата. „Црвените“ се спасија буквално во последните секунди со голот на Доминик Собослај од пенал, во деветтата минута од судиското продолжение, триесет секунди пред судијата Стјуарт Атвел да пзначи крај на возбудливиот дуел. Покрај Собослај, голема заслуга за израмнувањето и бодот за тимот на Ираола има и Шпанецот Виктор Муњоз, кој изнуди пенал. Њукасл, ...

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на Големата награда на Холандија, 12-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1. Британецот, актуелен шампион, ја забележа 13-та победа во кариерата, втора оваа сезона. Норис беше 11,5 секунди пред Кими Антонели во Мерцедес на целта, додека вториот возач на германскиот тим, Џорџ Расел, го освои третото скалило на подиумот. Британецот беше помалку од секунда пред поранешниот тимски колега ...

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Борнмут со 2:1 по пресврт во второто полувреме. Голот за победа, во 91 минута, го постигна Јошко Гвардиол, по интервенција на ВАР. Претходно, додавањето беше испратено низ срцето на одбраната од резервниот играч Рајан Шерки. Потребни беа минути или две за голот да биде потврден, бидејќи еден од играчите на гостите беше половина чекор предоцна за да „се извлече“, а откако хрватскиот фудбалер совлада ...

Манчестер Сити постигна договор со Лил за трансфер на мароканскиот играч за врска Ајуб Буади. Договорот е вреден почетни 95 милиони евра, со дополнителни пет милиони преку потенцијални бонуси. Ова е третиот најскап трансфер во клупската историја. Пред Буади се само Џек Грилиш (117 милиони фунти) и Елиот Андерсон (116 милиони фунти). Буади треба да се пресели на „Етихад“ и да потпише договор до 2031 година, со можност за продолжување на ...

Нотингем Форест со пораз ја започна новата сезона. Вчера со 0:1 загуби дома од Лидс. На „Шумарите“ им е јасно дека им треба напаѓач. Пари имаат, ќе го трошат заработеното од трансферот на Елиот Андерсон во Манчестер Сити. Нотингем Форест испрати понуда од околу 82 милиони евра за напаѓачот на Брентфорд, Игор Тијаго. Бразилскиот напаѓач е под договор до 2031 година, но растечкиот интерес за него би можел да доведе до трансфер кон крајот на ...

Реал Мадрид го победи Еспањол со 2:1 на гостински терен во својот прв натпревар од новата сезона во Ла Лига. Ова беше првиот официјален натпревар на Жозе Мурињо по враќањето на клупата на Реал, 13 години по завршувањето на неговиот прв мандат. Херој на победата беше Карлос Еспи, кој постигна гол во 90-та минута за конечни 2:1. Реал поведе во деветтата минута, кога по нафрлувањето на Арда Гулер, Џуд Белингам со глава ја погоди топката за ...

Домаќинот Охрид го освои трофејот на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“. Во финалето, Охрид го победи Вардар со 29:27 (12:10). Првиот дел од финалето мина во израмнета игра, се играше гол за гол, а ниту еден тим се до финишот на првото полувреме немаше предност поголема од еден гол. Охриѓани подобро влегоа во вториот дел, во 40-та минута стекнаа предност од четири гола (17:13), која до крајот не ја испуштија. Охрид до победата го ...

Фудбалерите на Баерн Минхен го освоија германскиот Суперкуп наречен „Франц Бекенбауер“, откако во финалето славеа над Борусија во Дортмунд со 2:1 (2:0). Натпреварот се играше на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд, но дури ни тоа не ѝ помогна на Борусија да избегне уште еден пораз во дуелот против баварскиот гигант. Екипата на Винсент Компани повторно демонстрираше поголем квалитет од својот голем ривал, иако „милионерите“ дадоа се од себе, ...

Фудбалерите на Брентфорд го надиграа и убедливо го поразија Тотенхем со 3:0 (2:0) во првото коло од новата сезона во Премиер лигата. Тимот на Роберто Де Зерби донесе многу скапи нови играчи во текот на летото, но ниту еден од нив не се покажа како засилување во првото коло. Спарс буквално беа разбиени од Брентфорд. „Пчелките“, одигра феноменален натпревар, победата ја најави Луис-Потер во 12-та минута по големата грешка на Бергвал. ...

Иако сезоната низ Европа штотуку започна, веќе добивме еден од кандидатите за наградата „Пушкаш“. Во натпреварот од 2. коло од англискиот Чемпионшип, Бирмингем и Бристол, видовме чиста мајсторство во режија на Доминик Балард. Напаѓачот на гостинскиот тим успеа да ја смести топката во мрежата со удар со петица што ги побива сите закони на физиката. Дојдовниот центаршут од левата страна не беше добар и Балард тргна во спротивна насока од ...

Фудбалерите на Севилја победија во Билбао со 3:1, во второто коло. Мечот го обележаа грешките на фудбалерите на Атлетик, кои им ја подарија победата на гостите од Андалузија. Шпанската фудбалска репрезентација ја освои титулата светски шампион, а најдобар голман на тој турнир и незаменлив чувар на мрежата беше Унаж Симон, голманот на Атлетик Билбао. Во второто коло од Ла Лига, голема грешка на Симон, Билбао претрпе пораз дома од тимот на ...

Фудбалерите на Хал го победија Манчестер Јунајтед со 2:0 во првото коло од Премиер лигата. Хал ја постигнаа првата победа против Јунајтед во историјата на Премиер лигата. Победата на Хал му ја донесоа централните дефанзивци во првото првото полувреме. Иако Манчестер Јунајтед доминираше во поседот на топката, Хал се бранеше организирано во првото полувреме и се закануваше во транзиција. Јунајтед ја имаше првата голема шанса во 13-та минута, ...

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас и оваа сезона нема да игра за РБ Лајпциг. Еламс, минатата сезона беше на позајмица во Наполи, а оваа ќе ја мине на северот на Италија, во Аталанта. Елиф Елмас, како што пишуваат италијанските медиуми, во Бергамо пристигна на барање на тренерот Маурицио Сари. 26-годишникот го стави потпис на договорот, кој вклучува едногодишна позајмица, со можност Аталанта да го откупи неговиот договор по ...

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, триумфираше во спринт трката што се возеше во рамките на Големата награда на Холандија, 12-та рунда од овогодинешното првенство во Формула 1. Во Зандворт, Британецот ја забележа својата трета спринт победа во пет трки оваа сезона, со секунда и пол предност во однос на Шарл Леклер во Ферари. На третото скалило на подиумот беше бранителот на титулата Ландо Норис, кој беше повеќе од две секунди зад него. Иако ...

Голманот на Јувентус, Микеле Ди Грегорио (29), се сели во Борнмут, каде што ќе игра на позајмица оваа сезона. Англискиот клуб ќе има право да го откупи неговиот договор за сума од 14 милиони евра, пишуваат италијанските медиуми. Ди Грегорио ја напушта Серија А со учинок од 133 натпревари во кои примил 141 гол и ја задржал мрежата чиста на 50 натпревари. Во последната сезона, тој примил 36 гола во 37 натпревари, а 17 од нив завршил без да ...

Кристијано Роналдо (41) се врати на теренот и веднаш постигна гол, покажувајќи дека дури и на 41 година нема намера да забави. Португалскиот напаѓач беше стрелец во победата на Ал-Наср од 4:0 против Ал-Ријад. Роналдо ги пропушти првите натпревари од сезоната бидејќи се приклучи на тимот подоцна по обврските за Светското првенство. Тренерот Ангелос Постекоглу го остави на клупата во натпреварот против Ал-Ријад, а го внесе во игра во 62-та ...

Ливерпул и Интер го официјализираа трансферот на Куртис Џонс. Играчот од редот за врска е третото засилување кое во Интер пристигнува од Премиер лигата, во актуелниот преоден рок. Претходно актуелниот италијански првак се засили со Џон Стоунс (Манчестер Сити) и Џед Спенс (Тотенхем). „Сите во Ливерпул сакаат да му се заблагодарат на Куртис за неговата посветеност и придонес кон клубот во текот на изминатите 16 години и му посакуваат се ...

Денвер Нагетс завршија голема работа пред почетокот на новата НБА сезона, Демар Дерозан се согласи да соработува со тимот предводен од српскиот ас Никола Јокиќ. Како што објави познатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија, шесткратниот Ол-стар ќе потпише едногодишен договор вреден 3,9 милиони долари, па Денвер ќе добие огромно искуство и уште еден играч способен да креира поени во нападот. BREAKING: Six-time NBA All-Star DeMar DeRozan has agreed to ...

Манчестер Јунајтед го договори трансферот на Карлос Балеба (22) од Брајтон. „Скај Спортс“, објави дека Јунајтед ќе плати околу 75 милиони евра фиксна сума и околу 6 милиони преку бонуси, а Брајтон ќе добие и процент од идните продажби. Камерунскиот играч за врска треба да потпише петгодишен договор, а медицинските прегледи се очекуваат во следните 24 часа. Балеба ќе биде третото големо засилување на Јунајтед во средниот ред по Андреј Сантос ...

Клеј Томпсон, еден од најдобрите шутери во историјата на кошарката, конечно одлучи каде ќе ја игра својата 14-та НБА сезона. Според инсајдерот, Шамс Чаранија, 36-годишниот Клеј Томпсон ќе игра за Мајами Хит следната сезона. „НАЈНОВО: Клеј Томпсон, според очекувањата, ќе потпише за Мајами Хит кога ќе помине низ таканаречената постапка за „откажување“, бидејќи се согласил да го откупи сопствениот договор со Далас Маверикс“, објави Чаранија. ...

Фудбалерите на Арсенал го победија Ковентри со 3:0 во првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата. За прв пат, „топџиите“ одиграа натпревар на стадионот „Емирати“ како актуелни шампиони на Англија, а одбраната на тронот ја започнаа со сигурна и убедлива победа. Головите за тимот на Микел Артета ги постигнаа Каи Хаверц, Букајо Сака и Мартин Едегор. Ковентри се врати во елитата по 25 години и храбро влезе во играта, но Арсенал брзо ја ...

Дисциплинската комисија на ФИФА изрече жестоки казни за инцидентите што се случија по завршувањето на финалниот меч на Светското првенство, меѓу Шпанија и Аргентина (1:0). Најлошо помина Аргентинецот Леандро Паредес, кој беше суспендиран на дури 10 репрезентативни натпревари, додека неговиот соиграч Науел Молина доби забрана за играње на седум натпревари. Паредес и Молина ќе мора да платат казна од по 77.000 евра за учество во инцидентите. ...

Англискиот репрезентативец Езри Конса е нов играч на Арсенал, објави денес клубот од Лондон. Конса потпиша четиригодишен договор со Арсенал, а клубот и плати 60 милиони евра на Астон Вила за неговиот трансфер, објави „Скај Спортс“. „Исклучително сум возбуден. Привилегија е да бидам тука и едвај чекам да почнам. Сакам да продолжам да победувам, сакам да победувам и токму затоа сум тука. Ова е горд момент за мене и моето семејство, ќе играм ...

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата за спринт трката во Формула 1 во Зандворт. Британецот го извози најбрзиот круг во квалификациите за спринт со време од 1:11.567 и за само 41 илјадити дел од секундата го надмина својот сонародник Ландо Норис од Мекларен. Третото место му припадна на возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој беше само 55 илјадити дел од секундата зад Расел. Колку неизвесни беа квалификациите најдобро ...

Фудбалерот на Челзи, Жоао Педро, ќе потпише нов договор со до 2032 година, со можност за продолжување на соработката за уште две години, објавија британските медиуми. 24-годишниот бразилски напаѓач му се придружи на тимот од „Стемфорд Бриџ“ минатото лето од Брајтон за 55 милиони фунти со дополнителни пет милиони бонуси. „Кога потпиша, клубот соопшти дека договорот траел до 2033 година, но договорот бил до 2032 година со опција за ...

Барселона постигна договор со Лаутаро Мартинез во врска со потенцијален трансфер од Интер, тврди шпанскиот „Ел Чирингито“. Според нивните информации, каталонскиот клуб има целосен договор со менаџерот на аргентинскиот напаѓач Алехандро Камања, но најважниот дел, договорот со Интер, се уште не е започнат. Барселона се сврте кон Лаутаро откако не успеа да постигне договор со Атлетико Мадрид за трансферот на неговиот сонародник Хулијан ...

Легендарниот германски фудбалер, Тони Крос, нема дилема, дека престижната „Златна топка“, треба да остане во Париз. Актуелен лауреат е Усман Дембеле, Крос смета дека оваа година, наградата треба да му припадне на Хвича Кварацхелија. „Кваратцхелија е без сомнение број еден во моментов. Тој ја заслужува „Златната топка“, воопшто не се сомневам во тоа“, рече Крос и продолжи. „Минатата сезона, но и на почетокот на оваа, тој е најдобриот ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53