Кристал Палас ја освои Конференциската лига, со победата над Рајо Ваљекано 1:0. Финалниот натпревар во Лајпциг, го реши Жан-Филип Матета во 55.минута. Кристал Палас прв пат во историјата освои европски трофеј, но со ова финале заврши златната ера на Оливер Глазнер во клубот. Под водство на овој тренер Палас претходно го освои ФА купот и Суперкупот на Англија. Во првото полувреме се почувствува важноста на овој натпревар. Рајо Ваљекано имаше ...

По девет години, во кои освои се што можеше да се освои, Енди Робертсон го напушти Ливерпул. Како што стојат работите, Шкотланѓанецот ќе ја продолжи кариерата во Тотенхем. Тотенхем беше заинтересиран да го доведе Енди Робертсон во зимскиот преоден рок, но Шкотланѓанецот не беше подготвен да се збогува со Енфилд во тој момент. Откако заврши сезоната, Робертон брзо постигнал договор за личните услови со Спарс, кои се спасија од испаѓање од ...

Првиот човек на Интер, Џузепе Бепа Марота, им соопшти добри вести за навивачите на тој клуб. Во разговор со медиумите, Марота откри дека и покрај понудата на Барселона, Алесандро Бастони дури и не размислува да го напушти Интер, иако медиумите пишуваа поинаку овие денови. „Мислам дека нашите навивачи можат да се релаксираат во врска со ситуацијата со Бастони. Тој никогаш не побарал да си оди, среќен е овде, а Интер не е клуб што живее од ...

Новак Ѓоковиќ по три часа и 44 минути го мина второто коло на Ролан Гарос. Третиот носител го победи Валентан Роаје со 3:1 (6:3, 6:2, 6:7, 6:3). Ѓоковиќ беше на пат да забележи лесна победа, рутински ги доби првите два сета, имаше брејк предност во третиот, но застана откако започнаа проблемите со првиот сервис. Лошо го одигра и тај-брејкот, водеше 3:0, со две грешки го врари противникот во игра, а имаше меч топка која не ја искористи, па ...

Селекторот на аргентинската репрезентација, Лионел Скалони, призна дека капитенот Лионел Меси нема да биде целосно подготвен кога ќе му се приклучи на тимот за да ја одбрани титулата на Светското првенство во 2026 година. Ѕвездата на Интер Мајами го повреди тетивата на својот последен настап во МЛС, предизвикувајќи загриженост кај навивачите на Аргентина само неколку недели пред почетокот на турнирот во Северна Америка. Осумкратниот ...

Вест Хем Јунајтед поминува низ агонијата по преселбата во Чемпионшип дивизијата. И покрај ова, челниците на клубот од Источен Лондон нема да преземат радикални потези. Португалскиот тренер Нуно Еспирито Санто нема да биде отпуштен и ќе остане на истата позиција следната сезона. На крајот од минатиот септември, тој потпиша тригодишен договор, кој останува на сила и покрај неуспехот. Иако речиси целата сезона ја помина на чело на стручниот ...

Поранешниот напаѓач на ПСЖ, Одсон Едуар, откри дека ја одбил шансата да го претставува Хаити на претстојното Светско првенство иако ќе му бил загарантиран настап на најголемата фудбалска сцена. Напаѓачот објасни дека ја донел одлуката од, како што вели, принципиелни причини, бидејќи не сака да ги „прескокне“ играчите кои ги поминале комплетните квалификации. „Не чувствував дека е исправно да играм на ова Светско првенство. Играчите се бореа ...

Барселона бара нов напаѓач по емотивното заминување на Роберт Левандовски, а спортскиот директор Деко веќе ги направи првите чекори. На сите во Барселона им е јасно дека со оглед на финасиската ситуација, невозможен е трансферот на Хулијан Алварез. Атлетико за Аргентинецот бара 150 милиони евра, во кеш. Според шпанските медиуми, Деко отпатувал во Лондон за да се сретне со менаџерот на напаѓачот на Челзи, Жоао Педро. Според шпанските ...

Легендарниот Аргентинец Анхел Ди Марија во интервју за Би-Би-Си изјави дека Луј ван Гал го натерал да го мрази Манчестер Јунајтед и животот на „Олд Трафорд“. Ди Марија истакна дека Луј ван Гал секогаш секогаш му ги потенцирал лошите работи, никогаш не го истакнал она шшто било добро во играта на Ди Марија. „Сè започна многу добро. Потоа започнаа проблемите со Ван Гал и сè се распадна“, вели Ди Марија. Кај како Гал, Ди Марија играше на ...

Еден од симболите на шампионската генерација на Лестер во сезоната 2015/16, голманот Каспер Шмајхел ја заврши својата професионална кариера откако сериозна повреда на рамото го принуди да донесе конечна одлука. Искусниот дански голман, кој моментално игра за Селтик, не можеше да игра во последните месеци поради проблеми со рамото, а по консултациите со лекарите, стана јасно дека пензионирањето ен најдобрата опција. Во емотивно обраќање до ...

Поранешниот ас на Челзи и Англија, Френк Лампард, е прогласен за менаџер на годината од страна на Здружението на менаџери на лигата (LMA), откако го врати Ковентри Сити во Премиер лигата за прв пат од сезоната 2000/2001. „Небесно сините“ на Лампард ја освоија Чемпионшип лигата со дури 11 бода предност пред Ипсвич Таун и се вратија во елитата по 25 години. Престижната награда, позната како наградата „Сер Алекс Фергусон“, му ја додели ...

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, донесе одлука која го привлече вниманието на локалната јавност во последните денови. Италијанскиот тренер, по три години го врати Нејмар во репрезентацијата за претстојното Светско првенство. Враќањето на Нејмар отвори и дебата за култната „десетка“, односно кој ќе го ноди овој број на грбот. На почетокот се чинеше дека легендарниот напаѓач ќе остане без бројот што го следеше низ целата негова ...

Фудбалерите од Кристал Палас и Рајо Ваљекано, вечерва во Лајпциг, ќе се борат за трофејот во Конференциската лига на УЕФА. Два тима кои никогаш претходно не играле во европско финале ќе се борат за првиот голем европски трофеј, а Рајо воедно се бори за првиот трофеј во клупската историја. Иако без многу европско искуство, двата тима покажаа исклучителна ефикасност и борбеност во текот на целата сезона, што ги донесе до финалниот меч и ...

Тренерот на Бостон Селтикс, Џо Мазла, е прогласен за најдобар тренер во НБА, со што официјално заврши доделувањето на индивидуални награди, за сезоната 2025/2026. Мазула ги предводеше Селтикс до 56 победи и второ место на Истокот и покрај тоа што Џејсон Тејтум го пропушти поголемиот дел од сезоната поради скината Ахилова тетива. Бостон, сепак, беше елиминиран во првото коло од плејофот, губејќи од Филаделфија со 4-3 во серијата. Мазула, кој ...

Полни раце работаа имаше полицијата во Лајпциг, во пресрет на финалниот натпревар на Конференциската лига, во кое Кристал Палас и Рајо Ваљекано ќе се сретнат вечерва во 21 часот. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат судири меѓу навивачи во близина на паб во германскиот град, група луѓе облечени во црни маици како трчаат кон навивачи облечени во дресови на Кристал Палас, по што на сцена стапи интервентната полиција. 🇩🇪💥 The ...

Холандскиот фудбалер Дониел Мален официјално стана „постојан“ член на Рома, која го откупи од Астон Вила за 25 милиони евра. Рома имаше обврска да купи – според условите на позајмицата, која беше реализирана во јануари, доколку избори пласман во Лигата на шампионите, а ќе важеше и за Лига Европа, „Волчицата“ претходно му плати два милиони евра на поранешниот европски шампион за позајмица. Мален одигра 20 натпревари за тимот на Џанпјеро ...

Оклахома Сити Тандер ги победија Сан Антонио Спарс со 127:114 во ноќта зад нас. Во петтиот натпревар, актуелните шампиони го одбранија својот домашен терен, спречија брејк. До победата ги предводеше актуелниот MВП, Шеј Гилџес-Александер со 32 поени, 2 скока и 9 асистенции. Шеј имаше само 39% од поле, односно 7/19 од игра, од кои шутираше 5/16 за два поени, а исто така реализираше 17 слободни фрлања и беше прецизен 16 пати. Следниот ...

Милан остана без Лигата на шампионите, поради што многу навивачи на „росонерите“ сметаат дека (скоро сигурната) разделба со 40-годишниот Лука Модриќ мораше да биде многу поубава. Челниците на паднатиот гигант го отпуштија тренерскиот штаб предводен од Масимилијано Алегри, како и целиот спортски сектор поради неуспешната сезона, па сè укажува дека искусниот хрватски играч од средниот ред нема да остане на „Сан Сиро“. Сепак, она што го напиша ...

Нико Паз не сака да брза со враќањето во Реал Мадрид и по пласманот на Комо во Лигата на шампионите, сака да остане уште една година. Џанлука Ди Марцио денес откри дека Аргентинецот нема ништо против да остане уште една сезона во Комо, со кого ќе се натпреварува во Лигата на шампионите, наместо да биде во пеколна конкуренција на клупата на Реал Мадрид. Реал Мадрид има опција да го откупи за само 9.000.000 евра, но таа клаузула важи само ...

Македонската репрезентација се подготвува за двата контролни натпревари против Босна и Херцеговина (29. мај) во Сараево и против Турција (1. јуни) во Истанбул. Сефер Емини од дански Сондерјиске е еден од фудбалерите кој се надеваат на деби настап во дресот на македонската репрезентација. „Сите сега одат на одмор, а ние сме тука со репрезентацијата и максимално ќе се подготвиме за овие два натпревари. Има многу нови играчи, јас сум еден од ...

Продолжува војната со зборови меѓу поранешниот и сегашниот капитен на Манчестер Јунајтед. Откако Бруно Фернандеш го нарече Рој Кин „лажго“, легендарниот Ирец возврати со остра објава на социјалните мрежи. Несогласувањата започнаа откако Фернандеш постави нов рекорд во Премиер лигата со 21 асистенција во една сезона во победата од 3-0 над Брајтон, во последното коло. Пред тој натпревар, Кин го критикуваше пристапот на Португалецот кон играта ...

Карлос Кеирош, селекторот на Гана, го објави списокот од 28 играчи за Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Африканската земја претрпе голем удар на нешто повеќе од две недели пред почетокот на натпреварувањето, бидејќи напаѓачот Мохамед Кудс отпадна поради повреда. Напаѓачот на Тотенхем заработи повреда на квадрицепсот во јануари и се очекуваше да се врати во март. Сепак, 25-годишниот ас сè уште не се опоравил, па Кеирош не го ...

Списокот за СП 2026 на шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте постави историски преседан: за прв пат од 1930 година, на него нема ниту еден играч на Реал Мадрид. Ситуацијата е сосема спротивна во таборот на најголемиот ривал, бидејќи дури осум фудбалери на Барселона ќе учествуваат на првенството, што е втор најголем број во историјата на клубот, пишува „АС“ во текстот насловен: „Барселона – Реал Мадрид 8:0“. Одлуката на селекторот Де ла ...

Карлос Кеирош, селекторот на Гана, го објави списокот од 28 играчи, за Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Африканската земја претрпе голем удар на нешто повеќе од две недели пред почетокот на натпреварувањето, бидејќи напаѓачот Мохамед Кудс отпадна поради повреда. Напаѓачот на Тотенхем заработи повреда на квадрицепсот во јануари и се очекуваше да се врати во март. Сепак, 25-годишниот ас сè уште не се опоравил, па Кеирош не го ...

Жозе Мурињо денес ќе стане нов тренер на Реал Мадрид, или во спротивно, како што објасни „Марка“, целата приказна за враќањето на Португалецот на клупата на шпанскиот гигант ќе има многу понеизвесен исход. Имено, по пристигнувањето во Бенфика во септември 2025 година, Мурињо стави клаузула во договорот дека може да го раскине договорот 10 дена по последниот натпревар. Ова беше направено од практични причини, бидејќи во тој момент ...

Фудбалерите на Волфсбург, не ја искористија шансата за која се изборија во последното коло од сезоната во Бундес лигата. Волфсбург, во плеј офот не успеа да го елиминира Падерборн (третопласираниот тим во Втората лига) и по 29 години испадна од Бундес лигата. Натпреварот започна на најдобар можен начин за Волфсбург. Веќе во 3-та минута, Џенан Пејчиновиќ ја искористи асистенцијата на Адам Дагим и му донесе водство на својот тим со прецизен ...

Аргентинската репрезентација доби добри вести само три недели пред почетокот на Светското првенство. Капитенот Лионел Меси не е сериозно повреден. Неговиот клуб, Интер Мајами, објави дека на Меси му е дијагностициран истегнување на мускулот на левата бутина, додека точниот датум на неговото враќање на теренот ќе зависи од текот на неговото закрепнување и медицинските проценки. Според аргентинскиот весник „Ла Насион“, осумкратниот освојувач ...

Њујорк Никс се пласираа во финалето на НБА за прв пат од 1999 година, откако ги победија Кливленд Кавалирс со 130:93 и ја добија серијата со 4-0 во финалето на Источната конференција. Карл-Ентони Таунс постигна 19 поени и 14 скока, Оу-Џи Ануноби додаде 17 поени, Лендри Шамет имаше 16 поени од клупата, а Микал Бриџис и Џејлен Брансон додадоа по 15 за Никс, кои станаа четвртиот тим во историјата со серија од 11 победи во плејофот. Последниот ...

Како што објавија медиумите во Грција, Олимпијакос постигнал договор со плејмејкерот на Црвена звезда, Коди Милер-Мекинтаер. Само еден ден по освојувањето на европската титула, тимот од Пиреја веќе почнува да прави планови за следната сезона. Дел од тие планови е искусниот 32-годишен Американец, кој ќе го остане во црвено-бело, но од Белград ќе се пресели во Атина. Тој се согласил на договор со грчкиот гигант за 2+1 сезони. Треба да ...

Навивачите на Аргентина ширум светот со нетрпение очекуваат вести откако Лионел Меси го напушти стадионот „Ну“, во недела навечер, поради очигледен проблем со левата нога. Интер Мајами ја победи Филаделфија Јунион, со 6:4, во последниот натпревар од МЛС лигата пред Светското првенство , но резултатот падна во втор план поради повредата на најдобриот Аргентинец и еден од најомилените играчи во светот. Меси се држеше за задниот дел од левата ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Злато

135639.33

Родиум

257205.97

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Бакар

13.01