На прашањето кој ќе ја освои Премиер лигата на почетокот на неделата кога се решаваше шампионот, инстинктивниот одговор беше, ВАР. И додека се натрупуваа груби, скандалозни проценки кои директно ги обликуваа резултатите од темната дупка, се појави друга мисла: ако Арсенал по некое чудо прв ја помине целната линија, голема ѕвездичка треба да стои покрај нивното име во светите книги на фудбалот. Како ретко кога, ако воопшто и било така, во ...

Силекс, четврти пат во историјата, го освои Купот на Македонија. Екипата од Кратово во финалето ја победи Шкендија со 1:0 (0:0). 33-то издание на финалето, за жал ќе се памети по уште едно скандалозно однесување на навивачите на Шкендија, но и на фудбалерите на тимот од Тетово, по завршувањето на натпреварот. Навивачите на Шкендија, пред почетокот на дуелот, со свирежи го испратија интонирањето на македонската химна. Потоа развија ...

Селекторот на Македонија, Гоце Седлоски го соопшти списокот на фудбалери кои се во комбинација за претстојните пријателски натпревари на гостински терен против Босна и Херцеговина (29.05) во Сараево и Турција (01.06.) во Истанбул. Предводникот на националниот тим на располагање ќе има 27 играчи, а меѓу нив петмина кои за прв пат ќе го носат дресот на македонската репрезентација: дефанзивецот на романски УТА, Дин Аломеровиќ, десниот бек на ...

Атлетико Мадрид нема намера да го продава Хулијан Алварез, меѓутоа во клубот се подготвени да направат исклучок доколку стигне понуда од 150 милиони евра. Шпанските медиуми, шпекулираат дека токму таква понуда добиле на „Метропилитано“ од Париз. Луие Енрике, тренерот на ПСЖ, го одобрил трансферот, а клубот ја понудил бараната сума. Наводно, Атлетико нема да ја одбие, свесни дека во иднина нема да го добијат она што го бараат. И повоторно на ...

НБА ги објави имињата на копаркарите кои ја формираа најдобрата петорка на дебитанти за сезоната 2025/26. Купер Флег од Далас, Кон Кнепел од Шарлот, Ви-Џеј Еџкомб од Филаделфија, Дилан Харпер од Сан Антонио и Седрик Кауард од Мемфис се избрани во тимот на дебитанти. Флег претходно беше прогласен за најдобар „руки“ во НБА пред Кнепел. Двајцата и Еџкомб добија максимален број поени – 200 во изборот за најдобарот тим на дебитанти, Харпер имаше ...

Бразилскиот дефанзивец, Едер Милитао заврши уште една сезона за заборав, трета по ред. За проблемите со повредата оваа сезона, Милитао, го обвинува клубот и тренерот Чаби Алонсо. Смета дека премногу бил форсиран. Поради повредата Едер Милитао ќе го пропушти Светското првенство. Милитао ја заврши сезоната пред еден месец, а статистиката е поразителна. Во последните три години, кои беа обележани со сериозни повреди, тој одигра само 52 од 179 ...

Астон Вила чекаше 44 години на европски трофеј, постот го прекина синоќа во Истанбул, со победата над Фрајбург (3:0) во финалето на Лига Европа. Победата на Астон Вила значи дека Премиер лигата може да има дури шест претставници во Лигата на шампионите следната сезона. Тимот на Унаи Емери веќе обезбеди место во елитата, со пласманот меѓу првите пет екипи од првенството, но сега Борнмут и Брајтон имаат можност со пласман на шестото, прв пат ...

Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, има голема желба да го донесе во својот тим, поранешниот соиграч, Џон Стоунс. Англискиот репрезентативец, пред две недели објави дека нема да го продолжи договорот и дека во летниот преоден рок ќе го напушти Манлчестер Сити. Стоунс наскоро ќе наполни 32 години, поради што Компани смета дека неговото искуство може да донесе дополнителен квалитет во неговиот тим. Привлечно за Баерн е што Сотоунс би го ...

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, стана четвртиот менаџер во историјата на УЕФА кој освоил пет европски трофеи. Емери со причина се нарекува „Кралот на Лигата на Европа“, бидејќи вечерва успеа да го освои овој трофеј петти пат во кариерата. Прво три пати по ред славеше со Севилја (2014, 2015, 2016), еднаш со Виљареал (2021) и сега со Астон Вила (2026). Само еднаш загуби финален меч во Лига Европа, со Арсенал во 2019 година. Подвиг за ...

Манчестер Сити влегува во нова ера по заминувањето на Пеп Гвардиола, а клубот веќе подготвува огромна реконструкција на тимот вредна дури 200 милиони фунти. Челниците на Сити планираат три големи трансфери ова лето, така што Енцо Мареска веднаш ќе добие тим способен да ја продолжи својата доминација во Англија и Европа. Иако многумина веруваат дека заминувањето на Гвардиола ќе означи крај на една ера и голем пад за Сити, луѓето во клубот ...

Одбројувањето до кулминацијата на сезоната започна – финалето на Лигата на шампионите ќе се одигра на 30 мај,на „Пушкаш Арена“, во Будимпешта. Тренерот на новиот/стариот шампион на Франција и новиот/стариот финалист на Лигата на шампионите на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, разговараше со новинарите, десет дена пред натпреварот на сезоната, за предизвикот наречен Арсенал. На прашањето, каков ефект врз играта на Арсенал, ќе има фактот дека ...

Кошаркарите на Оклахома го победија Сан Антонио (122:113) и го израмнија резултатот на 1-1 во финалето на Западната конференција на НБА лигата. Овој пат, Спарс не успеаја да го сопрат Шеј Гилџис-Александер, кој го заврши натпреварот со 30 поени и девет асистенции. Сан Антонио не се предаде во ниту еден момент, неколку пати се вратија во игра, но во последната четвртина не може да го следат темпото на противниците. Оклахома славеше така, и ...

Фудбалерите на Астон Вила на доминатен начин ја освоија титулата во Лига Европа. Во финалниот меч, одигран на сѕадионот на Бешикташ во Истанбул, тимот од Бирмингем го победи Фрајбург со 3:0 (2:0). Астон Вила финалето го реши во интервал од 17 минути, кога постигна три гола. Разликата во квалитетот беше очигледна, Фрајбург речиси и да не се закани кон голот на Мартинез. Се истакнаа Буендија и Роџерс со по гол и асистенција. Серијата ја ...

Фудбалерите на Силекс четврти пат во клупската историја го освоија Купот на Македонија. Екипата од Кратово, во 33-то финале на Купот ја победи Шкендија со 1:0 (0:0). Со вој триумф Силекс избори пласман во квалификациите во Лига Европа. Финалето го реши интернационалец од Босна и Херцеговина, Алиќ во 71-та минута. Напаѓачот на Силекс ја искористи изнонредната асистенција на Донов и од пет метри ја смести топката во голот. Фудбалерите на ...

Интер се ближи кон крајот на многу успешна сезона, кога станува збор за домашниот фронт, што беше доволно за раководството на клубот да му понуди нов договор на тренерот Кристијан Киву. Романецот го презеде тимот на крајот од минатата сезона, по заминувањето на Симоне Инзаги. И веднаш во првата сезона, тој ја освои двојната круна, Скудетото и купот, што беше прв пат „нероаѕурите“ да успеат да ги освојат двата домашни трофеи од познатата ...

Американецот со македонски пасош, кошаркар на Панатинаикос, Ти-Џеј Шортц, е цел на Хапоел Тел Авив. „Израел Хајом“, тврди дека Хапоел сака да го доведе Шортс бидејќи верува дека мали се шансите да ја добие трката за потписот на плејмејкерот на Валенсија, Жан Монтеро. Монтеро, репрезентативец на Доминиканската Република е член на идеалната петорка на Евролигата, како и МВП на четвртфиналето од плејофот. 22-годишникот веќе ја изрази својата ...

Арсенал ја обезбеди титулата едно коло пред крајот на Премиер лигата. Но, тоа не значи дека во последното коло, кое на програмата е во недела, нема да има неизвесни и важни дуели. На теренот, Арсенал ќе ја слави титулата на „Слехрст Парк“ против Кристал Палас. Овој натпревар ќе биде ревијален, Арсенал е шампион, а Кристал Палас сигурно нема да запне бидејќи три дена подоцна ги очекува финалето, во Конференциската лига, против Рајо Ваљекано. ...

Директорот на кошаркарската секција на Фенербахче, Џем Џиричи, откри дека и Тејлен Хортон-Такер и Тарик Биберовиќ ќе го носат дресот на европскиот шампион и следната година. „Хортон-Такер се заљуби во клубот, ќе продолжи со нас следната сезона“, изјави Џиричи за „Спортс Диџитале“. Тој зборуваше и за Тарик Биберовиќ, за кого во претходните месеци се шпекулираше дека би можел да се пресели во НБА. „Во моментов нема ништо конкретно од НБА. ...

УЕФА Европа Лигата за натпреварувачката 2025/26 година дојде до крајот. Натпреварувањето започна пред десет месеци, за титулата ќе се борат Фрајбург и Астон Вила. Двата тима влегоа во натпреварувањето во главната фаза, во која клубот од Бирмингем беше далеку поуспешен, забележувајќи седум триумфи со единствениот неуспех против Го Ахед Иглс, кои славеа дома со резултат од 2:1. Од друга страна, Фрајбург ја заврши глвната фаза на седмата ...

Чаби Алонсо, како нов тренер на Челзи, веќе започнал да ја анализира ситуацијата во клубот и да го формира костурот на за следната сезона. Според англиските медиуми тој идентификуваше пет играчи кои ги смета за недопирливи. Шпанскиот стручњак, кој е нов тренер на „сините“, сака веднаш да воспостави јасна структура и хиерархија во тимот. Неговата идеја е да го изгради тимот околу докажани и клучни играчи кои можат да се справат со системот ...

Откако претседателот Масаи Уџири го презеде водството на Далас Маверикс, една од првите големи одлуки беше франшизата да се раздели со тренерот Џејсон Кид. Инсајдерите објавија, а во текот на ноќта беше потврдено, дека Далас ќе бара нов тренер, бидејќи Кид не се вклопува во идеите на новиот менаџер. Тој имаше уште четири години од договорот, според кој требаше да заработи уште 40.000.000 долари, а беше наведено дека двете страни спогодбено ...

Арсенал ја освои титулата во Англија по 22 години, откако Манчестер Сити одигра нерешено 1:1 на гостински терен против Борнмут во 37-то коло од Премиер лигата. Арсенал има 82 бода, што е за четири повеќе од Сити, во пресрет на последната рунда. Клубот од Лондон ја освои 14-та титула шампион на Англија, прва по сезоната 2003/04 кога беше непоразен. Веднаш по завршувањето на натпреварот на „Виталити“ во Борнмут, навивачите на Арсенал почнаа ...

Мортен Хјулманд (26), капитен на Спортинг од Лисабон и стандарден репрезентативец на Данска, е првата желба на Жозе Мурињо во летниот преоден рок во Реал. Ова го објави радио станицата Копе со напомена дека Спортинг ќе го продаде Хјулманд за околу 50 милиони евра, иако неговата клаузула за отштета е 80 милиони евра. Данецорт во Спортинг пристигна пред три години, од Лече за 19 милиони евра. Оттогаш, го предводеше Спортинг до две шампионски ...

Манчестер Сити му ја предаде шампионската титула на Арсенал, со ремито кај Борнмут. Тренерот на тимот од „Етихад“, Пеп Гвардиола, на прес-конференцијата, најмногу зборуваше за веста дека го напушта тимот на крајот од сезоната. Дефинитивно, во предиграта на судирот помеѓу Борнмут и Манчестер Сити, најавата на англиските медиуми дека Пеп Гвардиола го напушта тимот со кој освои 20 трофеи беше пожешка тема од фактот дека во тој натпревар ...

Њујорк Никс ги победија Кливленд Кавалирс со 115:104, во првиот финален натпревар во Источната конференција. Њујорк Никс, до предност од 1:0 во финалната серија, дојдоа откако надоместија минус од 22 поени на четвртата четвртина и му дозволија на Џејлен Бренсон да стане херој на „Медисон Сквер Гарден“ со дури 38 поени, 5 скока и 6 асистенции. Следниот натпревар е закажан за ноќта помеѓу четврток и петок во 2:00 часот по македонско време. ...

Челзи и Манчестер Сити наскоро би можеле да завршат во сериозна правна битка околу Енцо Мареска. Според англиските медиуми, клубот од „Стемфорд Бриџ“, планира официјална жалба и потенцијална правна постапка против Сити поради начинот на кој италијанскиот тренер го напушти Челзи претходно оваа година. Мареска ненадејно ја напушти клупата на „сините“ на почетокот на годината, а сега е главен кандидат да го наследи Пеп Гвардиола во Манчестер ...

Арсенал е новиот шампион на Англија. Во натпреварот од 37-то коло од Премиер лигата, Манчестер Сити ремизираше 1:1 на гостински терен кај Борнмут и со тоа остана на 78 бода, четири помалку од Арсенал пред последното коло од Премиер лигата. На тимот на Пеп Гвардиола му беше потребна победа во овој натпревар за да остане во трката за титулата, но четата на Гвардиола не успеа, штп значи дека по 22 години Арсенал повторно е шампион на Англија. ...

Иако на теренот изборија место во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата, фудбалерите на Саутемптон нема да се борат на Вембли за влез во елитата бидејќи беа прогласени за виновни во сега веќе познатата шпионска афера. Можност да игра во најскапиот меч во светот (победникот добива 200 милиони фунти), добија фудбалерите на Мидлзбро. ќе се сретне со Хал на Вембли утре. Мидлсбро побара Саутемптон да биде исфрлен од плејофот откако ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го откажа настапот на најпрестижниот турнир во светот, Вимблдон. Алкараз имаше одличен почеток на сезоната, го освои Австралија Опен, но потоа влезе во серија на лоши резултати поради повреда на зглобот. Поради ова, тој се откажа од турнирите во Барселона, Мадрид и Рим, а потоа го откажа и Ролан Гарос. Непосредно пред почетокот на Ролан Гарос, Алкараз исто така го откажа Вимблдон, турнир кој го освои ...

Екипите на ФК Силекс и ФК Шкендија утре од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочат во финалето од Купот на Македонија, натпревар кој ќе го даде последниот трофеј сезонава и место на европската сцена. За Силекс ова е можност успешната сезона да ја круниса со трофеј, откако шампионатот го заврши на четвртата позиција. Тренерот Александар Васоски очекува тежок и неизвесен дуел против искусниот состав на Шкендија. „За нас ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.79
41%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
4.02
56%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.88
41%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.85
53%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
6.43
52%
1016
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
46%
1017
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.02
50%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.46
55%
1017
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
47%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
43%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
3.13
52%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.63
99%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Калај

53.60