Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
ФИФА го отстрани холандскиот судија Роб Диперинк од својата листа на судии за претстојното Светско првенство, откако беше уапсен во Лондон во април под сомнение за сексуален напад врз малолетник. Иако лондонската полиција во меѓувреме ја прекина истрагата против него, светската фудбалска организација остана зад својата одлука. Диперинк, кој требаше да служи како видео асистент судија (ВАР) на турнирот, се најде под истрага по пријавата во ...
Чаби Алонсо и се враќа на тренерската работа. Шпанскиот стручњак, по завршувањето на сезоната ќе стане нов менаџер на Челзи. По краткиот и неуспешен престој во Реал Мадрид, шпанскиот стручњак Чаби Алонсо реши да ја прифати понудата од „Стенфорд Бриџ“. Според англиските медиуми, Челзи и 44-годишникот напреднале далеку во преговорите и се очекува сè да биде завршено по денешниот натпревар од финалето на ФА Купот против Манчестер Сити. ...
Сан Антонио Спас се пласираа во финалето на Западната конференција, откако ја добија серија против Минесота со 4-2, додека на Истокот, Детроит со победат во Килвленд избори мајсторка. Сан Антонио ја прегаси Минесота во шестиот меч со 139:109. Мечот беше решен во третата четвртина кога Спарс дојдоа до предност од 36 поени. Тимот од Тексас го одигра можеби најдобриот натпревар во плејофот, а херој на вечерта беше Стефон Касл со 32 поени и 11 ...
Фудбалерите на Вардар на ја освоија шампионската титула, 12-та во клупската историја и прва по пауза од шест години. Во пресрет на последното коло, Вардар, стекна недостижна предност во однос на сега поранешниот првак, Струга Трим Лум. За да ја обебеди титулата во 32-то коло, на Вардар му беше потребен бод во Струга. Црвено-црните ги освоија трите. Славеа минимална победа со голот на Цетковиќ во петтата минута. Вардар во сезоната 2026/ 2027 ...
Драмата околу враќањето на кошаркарскиот клуб од Дубаи во татковината продолжува. Клубот од Обединетите Арапски Емирати се заканува дека ќе ја напушти АБА лигата. Дубаи се пресели да игра во Сараево поради војната на Блискиот исток, но по испаѓањето од Евролигата одлучи да се врати во Обединетите Арапски Емирати. „Во договор со лигата, испративме писмо до Клуж и Будуќност за да разјасниме дали имаат административни пречки да патуваат во ...
Легендарниот германски голман Мануел Нојер (40) е на проширениот список на Јулијан Нагелсман за претстојното Светско првенство, а според германските медиуми, договорено е неговото враќање во репрезентацијата по пензионирањето во 2024 година. Наводно, селекторот и голманот на Баерн се сретнале и се согласиле Нојер да се врати во репрезентацијата. Сепак, ова наводно не му гарантира место меѓу 26-те патници на Светското првенство, а конечниот ...
Дејвид Бекам стана првиот британски спортист кој станал милијардер, според листата на најбогати Британци за 2026 година објавена од „Сандеј Тајмс“. Заедничкото богатство на Бекам и неговата сопруга Викторија се проценува на 1,185 милијарди фунти. Со тоа, тие го зазедоа второто место меѓу спортските личности, зад семејството на поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун, чие богатство се проценува на две милијарди фунти. Бекам, поранешниот ...
Маркос Сенеси ќе го напушти Борнмут на крајот од сезоната, а неговиот статус на слободен агент веднаш го привлече интересот на гигантите од Премиер лигата. Клубот од јужна Англија официјално потврди дека аргентинскиот стопер нема да го обнови договорот, со што ќе заврши неговата епизода на стадионот „Виталити“ по четири години. Сенеси пристигна во Борнмут во 2022 година од Феенорд и за време на престојот во клубот израсна во еден од ...
Јапонскиот селектор Хаџиме Моријасу во петокот го објави списокот од 26 играчи на кои смета за Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Поранешниот стопер на Арсенал, сега играч на Ајакс, Такехиро Томијасу се најде на списокот, и покрај фактот дека не играше за „Самураите“ речиси две години поради серија повреди. Томијасу последен пат играше за Јапонија во квалификацискиот натпревар за Светското првенство против Сирија на 11 јуни 2024 ...
Во Мадрид се води сериозна војна и прашањето е дали Флорентино Перез ќе излезе како победник. Со прес конференцијата што ја одржа во вторникот, најкратко на сите им порача: „Јас сум Бог, а на изборите кој и да ми се спротивстави, ќе изгуби“. Потоа откако ја префрли вината за неуспешната сезона на група ултраси и неколку медиуми кои „работат против клубот“, критиките кон судиите беа неизбежни. Тоа не беа критики, туку сериозни обвинувања. ...
Сагата околу Мурињо и Реал продолжува. Според шпанските медиуми, Флорентино Перез и актуелното раководство на Реал веруваат дека Мурињо е единствениот тренер кој може да го смири хаосот во соблекувалната и да ја врати контролата врз тимот, кој е сериозно потресен од внатрешни конфликти во последните месеци. Португалскиот стручњак наводно постигнал конечен договор со мадридскиот гигант во четвртокот, а неговата официјална промоција се ...
Манчестер Јунајтед е во силна позиција да обезбеди две клучни засилувања во средниот ред ова лето, во вкупна вредност од 152 милиони евра, додека Мајкл Карик е на прагот официјално да биде назначен за нов постојан менаџер на клубот. „Црвените ѓаволи“ планираат да бидат амбициозни во летниот преоден рок. Тие се охрабрени од фактот дека ќе играат во Лигата на шампионите следната сезона, што им олеснува да привлечат врвни играчи. Зајакнувањето ...
Килијан Мбапе (27) одлучи дека тензиите во Реал Мадрид не се доволно високи, па затоа започна отворена војна со тренерот Алваро Арбело (43). По победата од 2:0 против Овиедо, натпревар кој го започна како резерва, францускиот напаѓач застана пред новинарите и без „влакна на јазикот“ го изрази своето незадоволство. „Тренерот ми рече дека сум четвртиот напаѓач“, рече Мбапе, со што ја покрена лавината што може да го означи крајот на сезоната ...
Рома ја активираше откупната клаузула за напаѓачот на Астон Вила, Дониел Мален, објавија италијанските медиуми. Клубот од Рим ќе плати 25 милиони евра за 27-годишниот Холанѓанец. Клаузулата беше автоматски активирана откако Рома се квалификуваше за европските натпреварувања. Дека Рома ќе игра во некој од европските купови, стана јасно во средата, кога Интер го освои Купот на Италија. Мален се пресели во Рома на позајмица во јануари. Во 16 ...
Кулминира драмата во борбата за шампионската титула во Премиер лигата на Англија. Деновиве, тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е во центарот на вниманието. Според англиските медиуми, шпанскиот стручњак наводно им ветил луксузни часовници „Ролекс“ на играчите на Барнли доколку успеат да го сопрат Арсенал во претпоследното коло. Арсенал е на прагот да ја освои својата прва титула во англиската лига од 2004 година. Тимот на Микел ...
Францускиот селектор Дидие Дешан, прв целосно ги откри картите и го објави конечниот список од 26 играчи за Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Дешан, кој ја предводеше Франција до титулата на Светското првенство во 2018 година и финалето четири години подоцна во Катар, ќе се повлече по Светското првенство во 2026 година, не направи многу изненадувања во изборот на тимот. Мбапе веројатно ќе биде капитен и покрај повредата на ...
Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Овиедо со 2:0 (1:0) во последниот натпревар од 36-то коло од шпанската Ла Лига. „Кралевскиот клуб“ релативно лесно се спарви со тимот кој веќе се пресели во втората лига. Стрелци на головите беа Гонзало Гарсија во 44-та и Џуд Белингем во 80-та минута. Мечот мина во мрачна атмосфера на полупразниот „Сантијаго Бернабеу“. На почетокот навивачите со свирежи го испратија претседателот Флорентино Перез. Тој ...
Бразилската фудбалска асоцијација (ЦБФ) денес потврди дека Карло Анчелоти потпиша нов договор до летото 2030 година. Во кратко соопштение, ЦБФ нагласи дека Бразил ќе продолжи да биде под команда на еден од најдобрите тренери во историјата, истакнувајќи дека имаат апсолутна доверба во него дека ќе го направи „Селесао“ сила каков што беше некогаш. Анчелоти го презеде Бразил минатото лето откако го напушти Реал Мадрид по четири години. ...
Според англиските медиуми, финалето од плејофот за пласман во Премиер лигата можеби нема да се одржи во сабота, 23 мај, бидејќи Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) го истражува скандалот „Спајгејт“, во кој е вмешан Саутемптон. Би-Би-Си Спорт известува дека сослушувањето, спроведено од Независниот дисциплински комитет, ќе се одржи најдоцна во вторник, 19 мај. По нерешениот резултат во првиот натпревар (0:0), Саутемптон победи со 2:1 во реваншот ...
Ракометната репрезентација на Македонија длабоко зачекори на Светското првенство во 2027 година, во Германија. Вечерва во Прешов, во првиот бараж натпревар за пласман на Мундијалот, Македонија ја победи Словачка со 31:24 (18:13). Избраниците на Кире Лазаров, во Словачка го демонстрираа својот квалитет и во целост ја оправдаа улогата на фаворит во овој бараж. Првите 20 минути беа изедначени, како да сакаше Кире Лазаров да ја испитат силата ...
Тренерот на Панатинаикос жестокот го навреди репрезентативецот на Македонија, Ти-Џеј Шортс, на полувремето од натпреварот против Валенсија. Валенсија наорави чудот, избори пласман на Завршниот турнир, откако ги загуби првите два натпревари на домашен терен. Мајсотрката, Валенсија ја доби со 81:64. Од почетокот, и покрај тоа што беше видлива нервоза кај играчите на двата тима, Валенсија играше за нијанса подобро. На полувреме имаа предност ...
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, изјави дека е уверен дека ќе остане на чело на клубот следната сезона. Холанѓанецот има уште една година од договорот и, според повеќето извори, клубот ќе го задржи и покрај неговата лоша сезона и фактот дека Чаби Алонсо е моментално достапен. „Не мислам дека самиот ќе одлучам за ова. Имам секаква причина да верувам дека ќе бидам менаџер на Ливерпул и следната сезона. Прво, имам договор со клубот. Второ, ...
Менаџерот на Хартс, Дерек Мекинс, изјави дека неговиот тим е „сам против сите“ откако контроверзниот пенал во 99-та минута му донесе победа на Селтик, против Мадервил и ги остави во игра за титулата во шкотската Премиер лига пред последното коло. Во натпреварот што доведе до драматичен расплет, Мадервил имаше 2:2 во судиското продолжение, но тогаш по интервенцијата на ВАР и одлуката на судијата Џон Битон, Селтик доби пенал за победа. ...
Италијанските медиуми објавуваат дека тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, цврсто одлучил да го напушти клубот на крајот од сезоната поради наводен конфликт со т советникот во клубот, Златан Ибрахимовиќ. Нивниот однос, како што се тврди, е целосно прекинат, пишува „Фудбал Италија“. Актуелната сезона е турбулентна за „росонерите“. Иако претходно имаа серија од 24 натпревари без пораз, тимот доживеа целосен пад на формата од почетокот на ...
Откако одржа скандалозна прес-конференција пред два дена, каде што објави нови претседателски избори и ги критикуваше медиумите и Барселона, Флорентино Перез синоќа даде ново интервју за „Ел Чирингито“. Во него, претседателот на Реал Мадрид зборува за Чаби Алонсо, Жозе Мурињо, Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и претстојните трансфери. Еве ги најважните моменти од интервјуто за кое станува збор: За двете последователни сезони на Реал Мадрид ...
Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер Сити, изјави дека ништо не зависи од неговиот тим во борбата за титулата. Две кола до крајот, Арсенал има предност од два бода во однос на „Граѓаните“. Шпанецот е свесен дека сè е сè уште отворено, но дека мора да чекаат кикс на ривалот. „Знаеме дека по Брентфорд и ова вечерва ништо не зависи од нас. Сè уште се надеваме. Борнмут е следен. Погледнете што прават тие. Потоа ја имаме Астон Вила. Го знаеме ...
Роберт Левандовски (37) е се поблиску до сензационално заминување од Барселона откако доби понуда од Саудиската професионална лига која, како што се вели, би му го променила животот. Според полскиот „WP Sportowe Fakty“, Ал-Хилал е решен да го доведе 37-годишникот за да го засили нападот со уште една икона на светскиот фудбал. Клубот од Ријад му ги презентирал финансиските детали од договорот. Иако неколку клубови беа поврзувани со полскиот ...
Ергин Атаман не сакаше да зборува за својата иднина по болниот крај на сезоната во Евролигата. По поразот на Панатинаикос против Валенсија во петтиот натпревар од плејофот, 81:64, тој го впери прстото во судиите. Поранешниот европски шампион остана без пласман на Завршниот турнир, а турскиот тренер го нагласи огромниот дисбаланс во слободните фрлања по натпреварот. „Ја проверив статистиката и видов дека шутевите за два, за три, сè е ...
Кошаркарите на Кливленд победија во Детроит по продолжението со 117:113 и дојдоа до до меч топката, во полуфиналето на Источната конференција. Кавалирс ја забележаа трета последователна победа ќе имаат можност да го потврдат своето место во финалето на Истокот пред своите навивачи. Иако домаќините стигнаа до големи плус 15 во средината на втората четвртина, тимот од Охајо успеа да ја преполови таа негатива до полувремето. Потоа поведоа ...
Фудбалерите на Интер го освоија Купот на Италија со победата 2:0 над Лацио. Интер сезонава ја освои дуплата круна, опрва по 2010 година, кога актуелниот тренер Кристијан Киву, беше командант на одбраната, Избраниците на Кристијан Киву ја потврдија својата доминација на „чизмата“, а Лацио речиси и да не беше конкурентен во финалето на својот стадион. Иако беа гости, „нероазурите“ целосно го надиграа Лацио и поведоа во 14-та минута со автогол ...