Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Македонија ја оправда фаворитската улога против Словачка, во баражот ги доби двата натпревари и се пласира на 30-то Светско првенство. Македонија осми пат по ред, а 10-ти пат во историјата ќе игра на ракометен Мундијал. Македонската ракометна репрезентација, противниците на Мундијалот, ќе ги чека од вториот шешир. Ждрепката ќе се одржи на 10 јуни. 32 репрезентации ќе бидат поделени во осум групи од по четири екипи. Првите три селекции ќе ...
Наполи, на коло до крајот на сезоната, го потврди своето место во Лигата на шампионите за следната сезона. Наполитанците славеа кај Пиза со 3:0 и го обезбедија второто место на табелата. Пласманот на Наполи во Лигата на шампионите, автоматски ја активираше откупната клаузула за Расмус Хојлунд (23). „Небесно сините“ ќе треба да му исплататат 44.000.000 евра на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“, за Хојлунд, на Аталанта и платија ...
Кошаркарите на Кливленд го победија Детроит со 125:94 и се пласираа во финалето на Источната конференција. Кливленд за титулата на Истокот и пласман во големото финале ќе игра против Њујорк, кој претходно ја нокаутира Филаделфија со 4:0. Донован Мичел се истакна на паркетот и покажа дека не е случајно лидер на овој тим. Од друга страна, кај домашниот тим, кога беше најпотребно, Кејд Канингем беше целосно надвор од игра, што исто така ...
Фудбалерите на Барселона го победија Бетис со 3:1 во последниот натпревар пред своите навивачи оваа сезона. Ова беше 19-та победа на Каталонците во 19-от натпревар пред своите навивачи во сезоната што завршува следниот викенд. Двоен стрелец беше Рафиња, еден гол даде Кансело, но централна фигура на натпреварот, без сомнение, беше напаѓачот во заминување, легендарниот Роберт Левандовски, кој го одигра последниот натпревар (на Камп Ноу) за ...
Антоан Гризман го одигра последниот натопревар во дресот на Алтико Мадрид на „Метропилитано“ стадионот во Мадрид. Во претпоследното коло, Гризман со капитенската лента, го предводеше Атлетико до победата над Џирона (1:0). Во својот последен натпревар, Гризман доби шпалир од сите играчи и громогласен аплауз и овации од навивачите. Повеќето од нив не можеа да ги задржат солзите, исто како и Гризман. Натпреварот имапе посебна симболика, ...
Хаос избувна во претпоследното коло од француската Лига 1, на натпреварот меѓу Нант и Тулуз кога навивачите упаднаа на теренот и го прекинаа дуелот. Прекинот се случи во 22-та минута, кога беа фрлени факели на теренот, петарди, топовски истрели. ⚽ Nantes – Toulouse 📢 Envahissement de terrain à la Beaujoire ! 📆 Dimanche 17 Mai pic.twitter.com/Utq6q3himU — Ultras Made in France (@UltrasMadeinFR) May 17, 2026 Потоа ултрасите на Нант влетаа ...
Со исклучок на натпреварот меѓу Барселона и Бетис, сите натпревари од претпоследното коло на шпанската Ла Лига се одиграа во терминот од 19 часот. Големи возбудувања имаше до самиот крај. Покрај Овиедо, кој беше отпишан одамна, сега пред испаѓање се Мајорка и Џирона, кои со поразите во ова коло останаа под цртата, додека спасот сега е посигурен за Елче и Леванте. Елче победи со 1:0 против Хетафе и направи огромен чекор за да обезбеди барем ...
Последниот натпревар од саботната програма, од претпоследното коло на Премиер лигата донесе уште еден тежок удар на Вест Хем. Надежта за опстанок, ако тлееше, сега е речиси згасната. Вест Хем загуби на гостувањето кај Њукасл, кој славеше со резултат од 3:1. Блицкригот на „страчките“ во првото полувреме го фрли во очај Вест Хем. Волтемаде во 15-та и Осула во 19-та минута го совладаа Хермансон. Конечниот удар на „чеканите“ им го зададе Осула ...
Ракометната репрезентација на Македонија со убедлива победа 38:23 над Словачка го завери пласманот на Светскотоп првенство. Македонија осми пат по ред, а вкупно 10-ти, ќе игра на ракометниот Мундијал. По победата во првиот натпревар во Прешов, во реваншот прашањето кое се наметнуваше беше со колкава разлика ќе победи Македонија. На полувреме Македонија имаше плус од седум гола, во вториот дел разликата стана и двоцифрена и така и заврши ...
Јаник Синер, најдобро рангираниот тенисер на планетата, во неделата во Рим стигна до ново импресивно достигнување во својата кариера. Италијанскиот тенисер ја освои титулата на Настерс турнирот Мастерс во „Форо Италико“, откако го победи Каспер Рудо со 2-0 (6:4, 6:4) во сетови. Синер ја продолжи неверојатната серија, победи и на шестиот последовен Мастерс турнир. Исто така го комплетираше и „златниот мастерс“ – сега ги има сите турнири од ...
Возачот на Гресини, Алекс Маркез, претрпел повреди кои ќе бараат итна медицинска интервенција, објави неговиот тим Гресини Дукати во официјално обраќање до јавноста. Според првичните информации, на Алекс му е дијагностицирана мала фрактура на седмиот цервикален пршлен (C7), додека подетални проценки на неговата здравствена состојба ќе бидат извршени во текот на следната недела. 🚨🇪🇸🏍️ ALERTE INFO | Énorme CRASH impliquant Alex Márquez en ...
Шеј Гилџес-Александер од Оклахома Сити Табдер ја освои својата втора последователна награда за најкорисен играч (MВП) во НБА. Тој стана 14-тиот играч во историјата на лигата што ја освоил наградата за најкорисен играч две години по ред, изјавија повеќе извори за ESPN. Шеј Гилџес-Александер ги победи другите финалисти, Никола Јокиќ од Денвер и Виктор Вембањама од Сан Антонио, по уште една доминантна регуларна сезона во која ја предводеше ...
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Нотингем Форест со 3:2 во 37-то коло од Премиер лигата. Со победата над Форест, Јунајтед го обезбеди третото место на табелата на крајот од сезоната, додека овој пораз нема никакво влијание врз на гостите од Нотингем. Домашниот тим поведе во петтата минута преку Шо, гостите израмнија во 53-та минута преку Морато. „Олд Трафод“ повторно се радуваше во 55-та минута, а потоа и во 76-та, кога Куња и ...
Хаотичната Голема награда на Каталуња, заврши со победа на Фабио Диџантонио. Возачот на ВР46 тимот, победи пред Жоан Мир (Хонда) и Фермин Алдегер (Гресини Дукати). Трката, која ја обележа страшниот инцидент на крајот од 11-оти круг, поради што беа истакнати црвени знамиња, а Алекс Маркез заврши во болница, донесе вистинска драма на рестартот и во последниот круг. Рестартот на трката траеше неколку свиоци, кога повторно беа истакнати ...
Тежок инцидент инцидент ја прекина Мото ГП трката во Барселона. На половина од трката, во 12-от круг се случи инцидент, поради што дирекцијата на трката веднаш истакна црвено знаме. Моторот на Педро Акоста, во тој момент водечки во поредокот, откажа на правецот, Алекс Маркез, возач на Гресини Дукати, се обиде да го заобиколи, но имаше контакт со моторот на КТМ, по што се удри во оградата. Дукатито одлета, тркало удри во моторот на Фабио Ди ...
Фудбалерите на Рома го победија Лацио со 2:0 во „Дерби дела Капитале“. Најголем губитник во претпоследното коло е Јувентус, загби дома од Фиорентина 0:2 и сега има минимални шанси да избори пласман во Лигата на шампионите. Градското дерби, на „Олимпико“ во Рим, го реши дефанзивецот на Рома Џанлука Манчини. Ги постигна двата гола – првиот во 40-та минута и вториот во 66-та минута од играта. Три минути подцна двата тима останаа со фудбалер ...
Баерн ја затвори сезоната со „петарда“ против Келн, во победата 5:1, три гола постигна Хари Кејн. Британската машина за голови е новиот германски рекордер по број на голови во една сезона, моментално има 58 гола, а треба да го одигра и финалниот меч во Купот на Германија против Штутгарт. Кејн за три гола го надмина достигнувањето на Роберт Левандовски (55 гола) од сезоната 2019/20. На 50 натпревари, англискиот напаѓач постигна 58 гола и ...
Иако претходно оваа недела за време на церемонијата на доделување награди на Унијата на професионални фудбалери на Франција, изјави дека сака да остане во Марсеј, иднината на Гринвуд во Франција останува неизвесна. „Лига 1 е одлично првенство. Играме неверојатни натпревари и за мене ова е една од најдобрите лиги во кои сум играл. Се надевам дека ќе останам“, рече Гринвуд. Сепак, сега е речиси сигурно дека Марсеј нема да игра во Лигата на ...
Челзи официјално го назначи Чаби Алонсо за нов тренер на клубот, а Шпанецот потпиша четиригодишен договор што стапува на сила на 1 јули. Алонсо беше надвор од терените откако го напушти Реал Мадрид во јануари, помалку од осум месеци откако седна на клупата на „кралскиот клуб“. Пред тоа, тој го водеше Баер Леверкузен три години и ја напиша историјата на германскиот клуб со освојувањето на првата титула во Бундеслигата во 2024 година, заедно ...
Две кола пред крајот на сезоната во втората лига на Шпанија, играчите на Расинг од Сантандер го обезбедија враќањето во елитната конкуренција на шпнскиот фудбал. Последен пат во елитата, клубот од „Ел Сардинеро“ стадионот, играше во 2012 година. Расинг го победи Ваљадолид со 4:1 пред своите навивачи во саботата, но за конечен триумф и потврда за враќањето во Ла Лига 1 го чекаа исходот до дуелот меѓу Алмерија и Лас Палмас – и добија најдобра ...
Мохамед Салах (34), испрати остра порака до менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, во изненадувачка објава на социјалните мрежи. По девет години, легендата на „Црвените“ го напушта клубот за кој одигра 441 натпревар, постигна 257 и забележа 122 асистенции, и ги освои сите трофеи. По поразот од Астон Вила (4:2) во претпоследното коло, што под знак прашалник го става настапот на Ливерпул во ЛШ следната сезона, само една година по освојувањето на ...
Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, призна дека постои можност за негово враќање во Реал Мадрид, но истакна дека во моментов е многу поблиску до останување во Лисабон. Искусниот стручњак успеа да го разбуди португалскиот гигант и да го врати во борбата за најголемите трофеи, но титулата сепак не беше достижна. Изминатите две недели се повеќе се шпекулира дека тој ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“. Мурињо откри дека неговиот агент, Жорже ...
Кристијано Роналдо (41) три и пол години откако се приклучи на Ал Наср, се уште не освоил важен трофеј. Во финалето на Азиската Лига на шампиони 2, што е пандан на Лига Европа, Ал Наср загуби од Га,мба Осака со 0:1. И покрај доминацијата на Ал Наср во првото полувреме, јапонскиот тим поведе во 30-тата минута. Стрелец на голот за победа беше Турчинот Дениз Хумет. До крајот на натпреварот, Осака ја задржа предноста и стана првиот јапонски ...
Вечерва заврши сезоната 2025/2026 во германската Бундеслига. Одамна беше познато дека Баерн е шампион, а Борусија Дортмунд заврши на второто место. И двата тима победија во последното коло. Баерн беше подобар од Келн со 5:1, со хет-трик на Хари Кејн, а Дортмунд победи против Вердер со 0:1. Освен нив, во Лигата на шампионите ќе играат Лајпциг и Штутгарт. Хофенхајм и Леверкузен изборија пласман во Лига Европа, додека Фрајбург се квалификуваше ...
Манчестер Сити го победи Челзи со 1:0 на Вембли и го освои ФА Купот. Стрелец на единствениот гол беше Антоан Семењо во 72-та минута, кога со „штикла“ го совлада Сначез, по додавањето на Ерлинг Халанд. Ова е осма победа на клубот од Манчестер во ФА Купот, а Челзи исто така има осум, но последната победа ја има во 2018 година. Рекордер е Арсенал со 14 трофеи. Ова е втор трофеј за граѓаните оваа сезона, откако го освоија и Лига Купот со победа ...
Фудбалерите на Селтик го победија Хартс со 3:1 во последното коло и ја освоија титулата во Шкотска. Великанот од Глазгов стигна до својата петта последователна шампионска титула, иако оваа сезона се чувствуваше дека Хартс ќе ја прекинат својата доминација и ќе го кренат пехарот во домашното првенство по 66 години. Важноста на натпреварот се чувствуваше на теренот, па не видовме многу возбуда во првото полувреме, сè до финишот кога беа ...
Алекс Маркез, на Гресини Дукати, победи во спринтот пред Големата награда на Каталуња. Помладиод од браќата Маркез, го искористи лошото издание на возачите на Априлија, Хорхе Мартин и Марко Бецеки, ја доби трката пред Педро Акоста (КТМ), кој стартуваше од пол-позицијата и возачот на ВР46 тимот, Фабио Диџанантонио. Хорхе Мартин падна по четврти пат за 24 часа на патеката Каталуња, што лидерот во генералниот пласман, Марко Бецеки, не успеа да ...
Мохамед Салах наскоро официјално ќе го напушти Ливерпул, а неговата следна дестинација сè уште не е позната. Познато е дека саудиските клубови се заинтересирани за Египќанецот, а одличниот фудбалер евентуално би можел да остане во Европа. Според информациите на турскиот медиум „А Спор“, Фенербахче е подготвен да тргне што е можно поагресивно за да го потпише египетскиот напаѓач. Наводно, контактите со неговите претставници веќе се ...
Роберт Левандовски официјално потврди дека ја напушта Барселона на крајот од сезоната. Полскиот напаѓач се збогува со каталонскиот клуб со емотивна порака на Инстаграм, ставајќи крај на неколку месечните шпекулации за неговата иднина. „По четири години полни со предизвици и напорна работа, време е да продолжам понатаму. Заминувам со чувство дека мисијата е завршена. Четири сезони, три трофеи“, напиша Левандовски. Искусниот голгетер особено ...
ФИФА го отстрани холандскиот судија Роб Диперинк од својата листа на судии за претстојното Светско првенство, откако беше уапсен во Лондон во април под сомнение за сексуален напад врз малолетник. Иако лондонската полиција во меѓувреме ја прекина истрагата против него, светската фудбалска организација остана зад својата одлука. Диперинк, кој требаше да служи како видео асистент судија (ВАР) на турнирот, се најде под истрага по пријавата во ...