Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Само неколку часа откако израелски и американски бомби почнаа да детонираат во Техеран во саботата, Русија се огласи со јасен став преку постојаниот претставник на земјата при ООН, Василиј Небензија, кој зборуваше за „неиспровоциран чин на вооружена агресија против суверена и независна земја-членка на ОН“. Москва е еден од ретките, но најцврсти сојузници на Техеран, а евентуалниот колапс на иранскиот режим би можел да биде удар за ...
Иако иранските закани го доведоа поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец во голема мерка до прекин, експерти се сомневаат дека Иран ќе ризикува долгорочна блокада на рутата како одмазда за израелско-американските напади. „Околу 70 проценти од трговијата на Иран што не е поврзана со нафта, минува низ пристаништа кои зависат од проодноста на Ормускиот теснец“, вели аналитичарката за гас и економија, Далга Хатиноглу од „Иран Интернешнл“, ...
Грција во 1992 година му нудела на тогашниот македонски претседател Киро Глигоров финансиска помош од 100 милиони долари за земјата во замена за промена на името на државата, но тој го одбил предлогот, се наведува во неодамна декласификуван документ на американската тајна служба ЦИА. „(...) и покрај големата економска потреба на Македонија, Глигоров одбил приватна понуда од грчки функционери од 100 милиони долари финансиска помош под услов ...
Станува збор за уште една тирада на Доналд Трамп, на која во вторникот вечерта во живо посведочија камерите во Белата куќа. Тој веќе не сака „да има никаква врска со Шпанија“, најави американскиот претседател. Тоа е „ужасна“ земја и од сега натаму тој ќе „ја сопре сета трговија со Шпанија“, рече Трамп. Шпанскиот премиер дециден Уште на самиот почеток на војната со Иран, Шпанците појасно од сите други европски држави се дистанцираа од САД. ...
Во конфликт околу тоа кој има право да одлучува како да се постапува во војната против Иран, Сенатот застана на страната на претседателот Доналд Трамп. Таканаречената Резолуција за воени овластувања беше отфрлена во овој дом на американскиот Конгрес со мнозинство гласови од републиканците. Против резолуцијата гласаа 53 сенатори, а 47 беа за. Едно „пребегнување“ од двете партии Со резолуцијата требаше да му се забрани на Трамп да ги продолжи ...
Дали нападот врз Иран беше дозволен според меѓународното право? Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ја осуди тековната офанзива против Иран започната од Соединетите Американски Држави и Израел на 28 февруари. Тој се повика на забраната во Повелбата на ОН за употреба на сила против друга држава и изјави дека нападите претставуваат „сериозна закана за меѓународниот мир и безбедност“. „Мислам дека повеќето меѓународни правници би се ...
Со децении наназад, различни американски претседатели користеа воена сила или тајни операции за отстранување неподобни влади во странство. Резултатите на овие интервенции се мешани – и зависат од тоа што се смета за „успех“. Во актуелниот конфликт со Иран, САД и Израел од самиот почеток јасно наведоа дека нивната цел е елиминирање на секоја иднa нуклеарна или конвенционална закана од Техеран и соборување на ослабениот режим на мулите. ...
Емануел Макрон пристигна во тајната база на нуклеарни подморници каде што требаше да го одржи својот говор - со перфектна кореографија за тежината на пораките што ќе ги испорача: придружуван од ескадрила нуклеарно-способни авиони „Рафал“. „За да бидеш слободен, мора да ти се плашат“, рече Макрон, „а за да ти се плашат, мора да бидеш моќен.“ Претседателот на Франција процени дека неговата земја, една од двете нуклеарно способни за напад ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија синоќа соопшти дека македонската амбасада во Абу Даби во координација со властите во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на чартер летови за евакуација на македонските државјани. Повикани се сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а кои досега не се пријавиле, во најкраток рок да се пријават на телефонскиот број +971 56 ...
Фридрих Мерц веќе трет пат беше гостин кај американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа – и уживал во заедничка работна вечера „во добра атмосфера“, рече канцеларот во интервју за информативната емисија „Тагестемен“ на првиот канал на германската телевизија. За нападот врз Иран тој изјави дека и американската влада и Израел имале добри причини за тоа: „Иран беше на чекор до поседување нуклеарно оружје. И носечките ракети и ...
Како и обично крикот поради згаснатите два животи во Скопје се излеа на социјалните мрежи при што гневот за трагедијата на младата мајка и нејзината малолетна ќерка се истури врз сопругот и таткото, и врз полицијата и социјалните служби. По барање или под влијание на полицијата, медиумите брзо по веста за трагичниот настан престанаа да го користат зборот самоубиство и го заменија со зборот „пад“. Што е сосема неточен збор за опис на настанот. ...
САД се во војна. Зошто – за тоа претседателот Доналд Трамп и членовите на неговата администрација во меѓувреме изнесоа повеќе причини. Се чини како на секои неколку часа да се појавуваат нови, додека други одеднаш паѓаат во заборав. „Прво, ги уништуваме способностите на Иран да користи и да произведува ракети“, изјави Трамп во понеделникот. „Второ, ја уништуваме нивната морнарица и веќе потопивме десет бродови. Трето, осигуруваме дека ...
Трагичниот настан во скопската населба Карпош, во кој живототго загубија мајка и шестгодишно дете по пад од балкон, бил претходен од низа случаи на семејно насилство, расправии и пријави од соседи. Полицијата повеќепати интервенирала, но и покрај тоа трагедијата не била спречена. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на вонредна прес-конференција соопшти дека полициските службеници интервенирале по пријава за расправија меѓу ...
НАТО нема да дозволи да се создаде безбедносен вакуум во регионот, особено во услови на ескалација на конфликтите на Блискиот Исток и продолжувањето на војната во Украина. Алијансата останува посветена на заштитата на секоја своја членка, беше порачано на заедничката прес‑конференција на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте,кој престојува во официјална посета на земјава. Руте: Северна ...
Европските улици овој викенд беа исполнети со Иранци од дијаспората кои ликуваа по американско-израелските напади во кои беше убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи. „Диктаторот е мртов. Ова е најдобриот ден во мојот живот“, изјави еден човек за ДВ додека танцуваше по улиците на Брисел. На другата страна на градот, претставниците на ЕУ не се ништо помалку критични кон иранскиот режим. Тие воведоа низа санкции против Техеран ...
Кина остро ги осуди нападите врз Иран и убиството на шефот на државата и верски водач Али Хаменеи, кое Пекинг го опиша како „еклатантно и сериозно кршење на суверенитетот на Иран“. Принципите од Повелбата на Обединетите нации се брутално погазени, соопштуваат од кинеското Министерство за надворешни работи. За Кина, Иран покрај Русија, е најважниот снабдувач со гас и нафта. Според проценките, 90 проценти од иранската нафта биле извезувани во ...
Трагедијата во скопската населба Тафталиџе, во која животот го загубија мајка и нејзината ќерка по пад од балкон, предизвика лавина реакции во јавноста. Се бара лоцирање на одговорноста и одговори од институциите - кој се има потфрлено и во овој трагичен настан. „Сите имаме потфрлено во овој случај. За три месеци има четири жртви во земјата. Ова мора итно да го вклучи алармот кај институциите. Со пропустите, неизрекувањето на адекватни мерки ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц (ЦДУ) последните недели вложуваше напор да го коригира впечатокот дека е пред сè „надворешнополитички канцелар“. Забележливо повеќе се фокусираше на внатрешната политика, што беше значајно и во контекст на неговиот реизбор како претседател на конзервативната партија – што успешно се случи минатиот викенд. Но веднаш потоа, Мерц повторно се врати во улогата на активен светски дипломат. Со посетата на Кина, ...
Иако Македонија е географски далеку од конфликтната зона на Блискиот Исток, домашната економија е исклучително чувствителна на глобални енергетски и трговски шокови. Кризата може да предизвика поскапена нафта, зголемени трошоци за енергенси, нарушувања во снабдувањето и нови пазарни притисоци. Енергетски шокови и поскапувања Професорот Ванчо Узунов за ДВ вели дека во динамичниот, глобализиран свет ниту една држава не може да се смета за ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница на Економско-социјалниот совет најави дека минималната плата ќе се зголеми и ќе почне да се исплаќа со мартовската плата, односно во април. Тој истакна дека Владата не презема обврски за периоди надвор од тековниот мандат, кој завршува во 2028 година, туку се фокусира на реализација на политики во рамките на актуелниот мандат. „Откако сме избрани како Влада, до сега ги имаме регулирано ...
Иако Иран има само три до четири проценти удел во глобалното производство на нафта, неговата близина до Ормускиот теснец, кој се смета за најкритична точка за транспорт на нафта во светот, ги поттикнува аналитичарите да прогнозираат скок на цената. Долготрајно затворање или прекин на сообраќајот низ теснецот, преку кој се транспортира една петтина од светските потреби за нафта, би можело да доведе до тоа цената на овој енергенс да го надмине ...
Над 400 македонски граѓани чекаат евакуација од Блискиот Исток поради ескалацијата на воениот конфликт меѓу САД, Израел и Иран. Според најновите информации, се изработува план за безбедно извлекување на македонските државјани од Иран, додека за оние кои се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати и Катар, во моментов не постојат безбедни услови за евакуација. План за евакуација од Иран и состојбата во ОАЕ и Катар Министерството за надворешни ...
Атентатот врз врховниот лидер на Иран, ајатолах Али Хаменеи, ја турна Исламската Република во најопасната криза од Исламската револуција во 1979 година — соочена со војна на сопствена територија, нерешено прашање на наследник и растечки внатрешни тензии. И покрај шокот од убиството на Хаменеи, пет регионални официјални лица и аналитичари предупредуваат дека не треба да се очекува брз колапс. Според нив, политичкиот систем на Иран е намерно ...
Често во македонскиот печат, но, и во коментарите и прилозите на различните социјални мрежи, Македонците се дополнително гневни на ЕУ што се обидувала „на брза лента“ за прием во ЕУ да ја стави токму Украина. Независно од геостратешките фактори, кои секогаш се дел и од политиката на ЕУ, имам чувство дека во македонската јавност, која како пак да пропадна во ставот на „жртва на историјата“, лесно се забораваат некои значајни факти. Во Украина ...
Со оглед на воената ескалација на Блискиот и Средниот Исток, директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, предупредува на ризик од нуклеарен инцидент. „Не можеме да исклучиме можно испуштање на зрачење со сериозни последици - вклучително и евакуација на области од големи размери, големи како или поголеми од големите градови“, предупреди тој на вонредна седница на организацијата во Виена. По последните напади ...
Смртта на Али Хаменеи означува историска пресвртница - не само за Иран, туку за целиот регион. 86-годишниот духовен и политички водач беше убиен во израелско-американски воздушен напад. Според Уставот, совет од 88 шиитски верски лица треба да одлучува кој ќе го наследи. Можни кандидати се поранешниот претседател Хасан Рохани, синот на Хаменеи, Моџтаба, кој важи за близок до Револуционерната гарда, како и Хасан Хомеини, внук на основачот на ...
Конфликтот на Блискиот Исток продолжува да се шири по атентатот врз шефот на иранската држава, ајатолахот Али Хамeнеи. Либанската милиција Хезболах испука неколку ракети кон Израел во текот на ноќта и со тоа, на страната на Техеран, се приклучи во борбата против заколнатиот непријател. Израел одговори со бомбардирање на јужните предградија на Бејрут и други делови на северната соседна земја. Истовремено, израелските воздухопловни сили, според ...
Состојбата во моментов е стабилна и безбедна - тоа е генералната оценка од синоќешната седница на Советот за безбедност, кој расправаше за безбедносната состојба во Македонија по воените дејствија на САД и Израел кон Иран и иранските напади кон земјите во Персискиот залив, во кои има американски бази. „Состојбата во којашто се наоѓаме врз основа на податоците од Агенцијата за разузнавање и од АНБ, и од Министерството за надворешни работи и ...
Висок функционер од Белата куќа изјави во неделата дека „новото потенцијално раководство“ на Иран наводно покажало подготвеност за разговори со Соединетите Американски Држави, откако американските и израелските сили спроведоа масовен напад врз Техеран, во кој беа убиени врховниот лидер на земјата и други високи функционери. Функционерот наведе дека претседателот Доналд Трамп е „на крај“ подготвен да разговара, но засега воената операција ...
Тројца припадници на американските вооружени сили се убиени, а петмина сериозно повредени за време на нападите на САД врз Иран, соопшти американската армија во неделата. Тоа се првите американски жртви во големата офанзива која предизвика ирански ракетни одмазднички напади. Централната команда на САД (CENTCOM), која го надгледува Блискиот Исток, ја објави веста на платформата X, но не прецизираше кога и каде се случиле нападите. Во ...