Американскиот претседател Доналд Трамп ги убеди Русија и Украина да прифатат тридневен прекин на огнот кој ќе важи од сабота. Тој ќе вклучува запирање на сите борбени дејства, како и размена на по 1.000 заробеници од секоја страна, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл. Барањето било директно покренато од него. Тој изрази голема благодарност до лидерот на Кремљ, Владимир Путин и до украинскиот претседател Володимир Зеленски за ...

Трошоците за живот продолжуваат да растат, а паричниците на граѓаните се сè попразни. Најновата статистика на Државниот завод за статистика покажува дека трошоците за живот на годишно ниво се зголемени за 5,7%, додека цените на мало пораснале за 5%. Инфлацијата во април, во однос на март, изнесува 1,3 %. Во исто време, проекциите на Народната банка се дека инфлацијата годинава ќе достигне околу 4 %. Критики за мерките против инфлацијата ...

Идниот унгарски премиер Петер Маѓар поседува забележителен талент често да ги користи ситуациите во своја полза со мали, но ефективни гестови. Станува збор за талент каков што немал ниту еден политичар во поновата историја на земјата, а кој во голема мера му помогна на Маѓар за историскиот изборен успех на неговата партија Тиса на 12 април 2026 година. Еден миг што беше илустриран со фотографии и подоцна стана вирален во Унгарија се случи на ...

Кремљ драстично ги заостри безбедносните мерки околу претседателот Владимир Путин. Причина за тоа, наводно, се сè посилните стравувања од атентат и државен удар. Ова произлегува од извештај на европска разузнавачка служба, кој го цитираат рускиот истражувачки портал „Important Stories“, како и Си-Ен-Ен и „Фајненшл тајмс“. Наводните планови за државен удар во Русија ги поделија набљудувачите во два табора. Едни сметаат дека вакво сценарио, ...

По политичките промени во Бугарија и изборот на нова влада предводена од Румен Радев, од Скопје пристигнуваат различни пораки и очекувања за иднината на односите меѓу двете земји. Ставовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се разликуваат во однос на тоа како ќе се развива дијалогот со Софија и какво влијание ќе има врз европската перспектива на земјата. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче бара почитување, премиерот Христијан Мицкоски предупреди на вжештена ...

Кога коалицијата составена од конзервативните партии ЦДУ/ЦСУ (Унија) и Социјалдемократската партија (СПД) стапи на власт на 6 мај 2025 година, очекувањата од германската влада не можеа да бидат поголеми. И токму сојузниот канцелар и лидер на ЦДУ, Фридрих Мерц, беше тој што сам ја подигна летвичката највисоко. Највисок приоритет требаше да има економскиот подем. Во рок од неколку месеци, граѓаните ќе почувствуваат дека Германија оди напред, ...

Во пресрет на Денот на Европа, политичката сцена е обележана со жестоки препукнувања и меѓусебни критики меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМоколу европската иднина и евроинтеграцијата на земјата. Фокусот се префрли на уставните измени, односите со Бугарија и политичката одговорност за застојот во процесот. Филипче: Никој нема право да го блокира европскиот пат Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во поткастот „Риштази“ на Коха порача дека Мицкоски нема ...

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информира дека внимателно ја следи состојбата со хантавирусната инфекција, по појавата на случаи кај патници на крузер во Јужен Атлантик. Во моментов, нема регистрирани случаи, патници или блиски контакти поврзани со Македонија, ниту постојат индикации за ризик по јавното здравје во земјата. ИЈЗ: Достапни се реагенси за детекција Од Институтот посочуваат дека станува збор за мултинационален кластер на случаи, ...

Ученик oд седмо одделение во битолско училиште на Тик-Ток објавил листа со име и презиме на негови соученици со закани по нивниот живот. Не му било првпат да им испраќа закани на средби надвор од училиштето или преку социјалните мрежи, но алармот се вклучил откако последната закана била со посочен датум за реализација. По претставка од родители, одржан бил родителски состанок, а директорот на училиштато информираше дека случајот е пријавен во ...

Проруски ориентираниот евроскептик Румен Радев во четвртокот најави дека ќе работи на намалување на цените и враќање на стабилноста во Бугарија, откако го именуваше новиот владин кабинет. Мандатот за состав на влада му беше доверен од страна на претседателката, по масовните протести што ја соборија претходната влада. Партијата „Прогресивна Бугарија“ (ПБ), предводена од поранешниот воен пилот Радев, освои 44,6 проценти од гласовите на ...

САД и Иран, и покрај примирјето, се гранатираа меѓусебно во Ормускиот теснец. Дополнително, американската војска нападна поединечни цели во Иран. „Американските сили одговорија на неиспровоцирани ирански напади и возвратија со удари во самоодбрана“, соопшти Регионалната команда на САД за Блискиот Исток (ЦЕНТКОМ) на социјалната мрежа X. Командата дополнително соопшти дека иранските напади биле одбиени кога американски разурнувачи со наведувани ...

Тој носи посвечена и потрадиционална облека од својот претходник. Освен тоа, папата Лав XIV, за разлика од папата Франциско, повторно живее во Апостолската палата, високо над плоштадот Свети Петар во Ватикан. Исто така повремено се повлекува во папската летна резиденција, Кастел Гандолфо, што папата Франциско никогаш не го правеше. Кога станува збор за надворешни обележја, американскиот кардинал Роберт Превост, кого конклавата го избра пред ...

Германско-македонскиот бизнис самит, посветен на технологијата, иновациите и дигиталната инфраструктура, ги обедини претставниците на владата и бизнис-секторот од Македонија и Германија. Премиерот Христијан Мицкоски порача дека партнерството со Германија не е само економска соработка, туку претставува заедничка визија за иднината. „Германија не е само економски партнер. Таа е симбол на индустриска моќ, технолошки развој, дисциплина и стабилен ...

Македонија во моментов не е подготвена за уставни измени поради недостиг на доверба и кредибилитет во процесот, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговијаТимчо Муцунски. Тој нагласи дека Владата нема услови да преземе чекори кон спроведување на уставните измени. Изјавата беше дадена по заедничката прес-конференција со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој е во прва официјална посета на земјата. ...

Идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, сака да обезбеди враќање во мејнстримот на ЕУ и презема брзи чекори за да ги поправи релациите нарушени во годините на владеење на Виктор Орбан. Дел од таквата мисија е планот земјата да биде подготвена за влез во еврозоната до крајот на деценијата. Но, некои во земјата, меѓу кои и гувернерот на централната банка, веруваат дека тој временски рок е премногу амбициозен, со оглед на тоа што премиерот во ...

Основниот кривичен суд Скопје изрече пресуда од 12 години затвор за Стојанче Јовановски, кој беше обвинет за загрозување на сигурноста, телесни повреди во контекст на семејно насилство и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана. Трагедијата се случи на 2 март годинава, кога Ивана го загуби животот, скокајќи од балкон заедно со нивната шестгодишна ќерка Катја. Максимални казни за сите три дела Судот го прогласи Јовановски за виновен ...

Околу 120.000 деца во Македонија се погодени од сиромаштијата. Најризични групи се многудетните семејства (54,8%), ромските семејства (47%) и еднородителските домаќинства (45%). Речиси секое второ дете во овие категории живее под прагот на сиромаштија. Најновата анализа на УНИЦЕФ укажува дека се потребни итни и структурни мерки, поради што се предлага воведување универзален детски додаток како основна поддршка за сите деца и дополнителен ...

Стивен Флин, претседател на Шкотската национална партија во Вестминстер, зборува со воочлива самодоверба. „Ќе има уставен шок на овие острови“, вели тој за британска телевизија, со надеж дека Шкотската национална партија ќе се наметне во Шкотска и дека Плејд Кимру ќе победи во Велс. Иако велшките националисти не се обврзаа непосредно по изборите да одржат референдум, уставот на Плејд Кимру наведува дека нејзината цел е да „обезбеди ...

Сите велат во Македонија сè стои во место. Не сум сигурен — мислам дека еден од главните проблеми на испораката на македонската политика е дека кај нас се случуваат премногу работи, цело време. Не е проблемот што ништо не се случува — проблемот е што сè се случува, но ништо не се завршува. Ако ги следиме медиумските наративи, добиваме впечаток дека државата е во постојана вонредна состојба, без пауза или разрешница. Секое утро почнува со ...

Фридрих Мерц постојано нагласуваше дека има добар личен однос со Доналд Трамп – како еден од ретките европски државници. Во рок од една година колку што е на канцеларската функција, Мерц го посети Трамп трипати во Белата куќа. Средбите поминаа во срдечна атмосфера, иако подоцна внатрешнополитичките критичари на Мерц тврдеа дека канцеларот му се додворувал на претседателот. Во секој случај, изгледаше дека трансатлантските односи се ...

Една година по стапувањето на должност на владата на канцеларот Фридрих Мерц (ЦДУ), големото мнозинство граѓани на Германија е незадоволно од нејзината работа. Но, во тие истражувања доминираат прашања поврзани со внатрешната политика. Надворешната политика тука не игра значајна улога. Притоа, токму како и претходната влада на Олаф Шолц (СПД), и оваа – пред сè поради руската агресија врз Украина – се соочува со бројни надворешнополитички ...

Евроамбасадорот Михалис Рокас повика на политичко обединување како предуслов за напредок на Северна Македонија кон ЕУ. Тој ова го истакна на конференција во Скопје по повод 30 години дипломатски односи меѓу ЕУ и Македонија. „Северна Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблиску до таа цел отколку што мислиме. Она што недостига во овој момент се малку прагматизам и желба за обединување низ политичкиот спектар за да се случат ...

Еко-активистите од иницијативата Охрид СОС предупредуваат дека Охрид се соочува со сериозна градежна експанзија, која доведува до масовно уништување на зеленилото и загрозување на животната средина. Според нив, неконтролираната урбанизација во последните години го доведува во прашање квалитетот на живот, природните ресурси и иднината на градот како светско наследство. Охрид го губи зеленилото Активистите посочуваат дека градежната експанзија ...

Кина ќе игра „поголема улога" во напорите за ставање крај на војната во регионот на Персискиот Залив, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји за време на средбата во Пекинг со неговиот ирански колега Абас Арагчи. Пекинг ќе се ангажира поинтензивно за намалување на тензиите и запирање на борбите, ќе продолжи да ги поддржува мировните разговори и ќе настојува да придонесе за враќање на мирот и стабилноста во регионот, рече Ванг. ...

Дебатата за предвремени избори во Македонија останува во фокусот на јавноста и покрај пораките од Владата дека засега не се размислува на таа тема. Премиерот Христијан Мицкоски најавува реформи и стабилност до 2028 година, додека СДСМ ја критикува работата на Владата и порачува дека „на премиерот му се брза за предвремени избори“. Мицкоски: Фокусот е на реформи, не на избори Мицкоски денеска ги разјасни дилемите во јавноста околу неговата ...

Во пресрет на најавеното окрупнување на коалицијата „Вреди“, која се очекува на 9 мај официјално да прерасне во единствена политичка партија, се засилуваат политичките тензии во албанскиот блок. Изет Меџити, кој според најавите, ќе биде копретседател заедно со Биљал Касами, се најде во центарот на остри обвинувања од страна на ДУИ, додека „Вреди“ возврати со критики кон поранешните власти. ДУИ со обвинувања кон Изет Меџити Опозициската ДУИ ...

Една изјава на премиерот Христијан Мицкоски експресно ја рабранува политичката сцена во Македонија. На новинарско прашање околу обвинувањата од опозицијата за односите со Бугарија и блокадата на еворинтеграцискиот процес на Македонија, премиерот даде одговор кој го отвори прашањето - дали ќе има избори пред редовниот термин во 2028 година? „Јас жалам што тие повторно одлучија да коленичат на туѓите интереси, наместо за застанат рамо до рамо ...

Во Романија владите ретко опстојуваат подолг период. Последен пат еден премиер ја извршуваше функцијата цел мандат од 2004 до 2008 година. Од државната криза во 2012 година наваму, Романија имала единаесет избрани премиери, а покрај нив и седум преодни премиери. Формално, со земјата управувале вкупно 19 различни кабинети. Накратко: земјата одамна е хронично нестабилна. Сега во Романија повторно падна една влада. Во вторникот (5.05.2026), ...

Една навидум неважна вест вчера (05.05) осамна на медиумите токму кога беше донесена првата пресуда за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Веста беше дека градоначалникот на Кочани применил закон во ситуација кога дошло до дуплирање на функции кај една иста личност: и претседател на Советот на општина Кочани и директор на основното училиште во Кочани. Мало задлабочување во веста и случувањата кои и претходеле, покажува дека во Кочани по ...

Дали е можна безбедна придружба на танкери и трговски бродови низ Ормускиот Теснец од страна на американските вооружени сили? ДВ ги собра најважните прашања и одговори во врска со транспортот на танкери за нафта и гас низ теснецот. Што е познато за „Проектот слобода“? Во рамките на „Проектот слобода“, според податоците на Американската централна команда (CENTCOM), треба да бидат ангажирани повеќе од 100 копнени и поморски летала, како и ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
66%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.35
66%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
62%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
89%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.37
75%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.41
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Злато

135639.33

Бакар

13.01

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Алуминиум

3.54